Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април – јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 ...

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:00 часот упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР. Во македонското законодавство, со законските измени на Кривичниот законик, нападот, физичкото насилство, сериозните ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, порача дека секоја генерација има свој Илинден, со своја мисија и задача, а сегашната има задача да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се ...

Три лица се поредени во несреќата што синоќа се случила на патарината кај Глумово, а во која учествуваа двајца моторџии и автомобил. Во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на наплатна рампа Глумово, во правец кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(35) од с.Порој, тетовско, мотоцикл „дукати“ со скопски ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и со заменик-министерот за правда Ален Деребан положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа. Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го ...

Седумдесет и тригодишен охриѓанец е приведен откако со пиштол му се заканлувал на сосед за паркинг место. Во неговиот дом пронајдени се пиштол „застава“, пушка „застава“, куршуми и резервни делови. На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано ...

Вчера во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска МВР. Вчера во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош ...

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во бизина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а ...

За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и спасување на членовите на ...

Двајца малолетници на возраст од 13 и 14 години се повредиле откако нивниот четирикл се превртел во близина на основното училиште во село Дебреше, гостиварско. На 01.08.2026 во 22:06 часот, во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во с. ...

Свети Илија во народната традиција се смета за „господар на громовите и дождовите“. Тој е светецот кој управува со небесните води и одлучува кога ќе врне, а кога ќе биде суша. Според македонските народни верувања и обичаи поврзани со празникот Илинден, дождот на овој ден има посебно значење. Се верува дека ако врне дожд на Илинден, тоа е знак дека светецот ја благословува земјата и посевите. Илинден се смета и за пресвртница во годишните ...

Одбојкарската репрезентација на Полска ја одбрани титулата во Светската Лига на Нации откако во финалето денеска ја совлада селекцијата на САД со 3-2 во сетови (25:21; 23:25; 25:27; 25:23 и 15:10). Ова за Полска е третата титула во ова натпреварување, а Американците по четврти пат во финалето се совладани. Полските одбојкари се најуспешните со три титули, додека Русија и Франција имаат по 2, а Бразил една титула. Во финалето Полска поведе со ...

Идејата на претседателот на ФИФА Џани Инфантино не доби поддршка, па така нема да има ништо од планот за продажба на делот од Светското првенство на приватни инвеститори. Оваа негова идеја наиде на сериозен отпор од неколку конфедерации пред сè од УЕФА. Но, како минуваат деновите и Инфантино се откажа од идејата. Новинарските истражувања дојдоа до неверојатна информација дека ако се реализирал овој негов план, платата на Инфантино би ...

За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и спасување на членовите на ...

Репрезентативецот на Белгија Кевин де Бруин е пред нов трансфер односно дресот на Наполи ќе го замени со дрес на клуб од Турција. За искусниот фудбалер интерес постои од Галатасарај и се очекува во следните денови турскиот шампион да испрати понуда до играчот. Најавите се дека Галатасарај подготвува двегодишен договор и дека финансиските услови ќе бидат поволни за фудбалерот. Репрезентативецот на Белгија Кевин де Бруин е пред нов трансфер ...

Никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ има право на своја историја. Имаме долг кон историската вистина и кон асномската генерација, којашто со крв извојува слобода и македонска република, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање по повод 2 Август – Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја предводеше владината делегација, на одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Во состав на делегацијата беа министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски и министерот за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ. На настанот присустуваа бројни делегации на установи, институции, граѓански здруженија, амбасади. Пред пруситните се ...

Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, Илинденската епопеја и Крушевската ...

Роберт Левандовски ги постигна првите два гола во МЛС лигата откако синоќа во дуелот на Чикаго и Шарлот беше најзаслужен за победата на неговата екипа Чикаго. Ова воедно беше прв натпревар на Левандовски на домашен терен и на најдобар начин го оправда трансферот. Полскиот напаѓач од Барселона дојде во Чикаго во летниот преоден рок. Левандовски првиот гол го постигна само две минути под водството на Шарлот, а во вториот дел беше прецизен по ...

Државата јакнее преку националното помирување. Ако сакаме нашата држава да биде пристојно место за живеење, мора да ги надминеме поделбите и да научиме да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес. Тоа ни е потребно повеќе од кога било порано, ова е главната порака на претседателката Гордана Сиљановска Давкова од нејзиното обраќање по повод 2 Август Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. -Државата јакнее ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со ...

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја предводи собраниската делегација на одбележување на 2 Август – Денот на Републиката во Крушево денеска во своето обраќање од Мечкин камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е нашата нова борба за Македонија. -Крушево – градот што е симбол на борбата за слобода и ...

Фудбалските прволигаши следниот викенд ќе го продолжат новото првенство со натпреварите од второто коло. Според распоредот дербито меѓу првакот Вардар и Шкендија Тетово ќе се игра во недела на 9.август со почеток во 17 часот, а во истиот термин ќе се игра и дуелот меѓу Скопје и Струга Трим Лум. Во првиот дуел од втората рунда во петок на 7.август од 17 часот ќе играат Шкендија Арачиново и Силекс, додека два дуела во два термина ќе се играат ...

Пожарите кои зафатија повеќе од 100.000 хектари во американската сојузна држава Вашингтон предизвикаа масовни евакуации и прекини во снабдувањето со електрична енергија во областа на Спокен, соопштија локалните власти. Околу 4.000 луѓе се борат против повеќе од 10 пожари ширум државата, изјави синоќа комесарот за јавно земјиште на Вашингтон, Дејв Аптергров, за време на виртуелна прес-конференција. Гувернерот на Вашингтон, Боб Фергусон, вчера ...

„Мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква“ по повод илинденските празнувања испраќа Архиепископот охриски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод во Илинденското послание што го пренесуваме во целост. Возљубени празникољупци, Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата народна и црковна историја, денот кога ...

Министерот за одбрана на Иран, генерал Сардар Ибн ал-Реза, денеска изјави дека „непријателите на земјата нема да ја затекнат иранската нација ниту изненадена, ниту пасивна“. Неодамнешните изјави на непријателот, иако изнесени во контекст на психолошки операции и кибер војување, ги набљудуваме како секоја друга закана која е вистинска и вредна за внимание. Нема да бидеме ниту изненадени, ниту пак пасивни; заканата ја земаме како основа за ...

Директорот на руска компанија која развива и произведува дронови, Андреј Черезов, беше хоспитализиран во тешка состојба откако беше застрелан во рускиот град Тула. Според рускиот портал „Маш“, полицијата го третира овој случај како обид за атентат. Според руските медиуми, Черезов, кој е раководител на Руската лабораторија за воздушен транспорт, бил нападнат во текот на ноќта во станбената зграда каде што живее. Според информациите објавени на ...

Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео во кое можеше да се види пожар во ТЦ Лептокарија, во општина Карпош. Најновите информации говорат дека пожарот е изгаснат. Пожарот во населбата Лептокарија (Опш.Карпош) е изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“. На интервенцијата учествувала БППЗ на Град Скопје со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео во кое можеше да се види пожар ...

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава. Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, нагласи дека поопасно од секоја криза е моментот кога еден народ ќе престане да верува во себе и нагласи дека нивна најголема задача во моментов не е само да управуваат со институциите, туку повторно да изградат доверба, чувство дека оваа држава повторно му припаѓа на народот, дека законите важат ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34