Актерот Бен Афлек, во придружба на шампионот од квизот „Ризик“ („Џепарди“), Џејми Динг, освои милион долари на квизот „Кој сака да биде милионер“, по што добивката ја донираше на хуманитарната организација „Истерн Конго инишатив“ (Eastern Congo Initiative). Организацијата, основана во 2010 година од Афлек, има за цел да им пружи помош на локалните заедници во Демократска Република Конго. Победата на Афлек доаѓа една година по триумфот на ...

Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, во просториите на Општината оствари средба со Давор Пушов, кој потекнува од Зрновци, а сега живее и работи во Австрија, и се бави со извонредно тежок спорт. Доаѓањето на Давор во Зрновци, градоначалникот Митев го искористи да му врачи спортска Пофалница за освоеното второ место на меѓународниот Strongman натпреварување „DASGYM – AUSTRIAN SUMMER GIANT 2026“ — најголемиот и најпрестижен ...

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе игра за 13. место на Европското првенство од дивизијата „Б“, денеска славеше против Исланд со 86:74. Утре во дуелот за 13.место противник ќе ни биде Велика Британија, која со 67:55 го совлада Азербејџан. Почетокот на дуелот е во 11:30 часот. По само десет минути игра македонскиот тим имаше негатива од 16 поени (9:25). Сепак во следната четвртина избраниците на селекторот ...

Руските воени сили извршија воздушни удари врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата во Одеса и Николаев во Украина, а кои наводно ги користат украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана. „Како резултат на нападот со високопрецизно воздушно оружје и беспилотни летала, во пристаништето Одеса се оштетени резервоари со гориво и мазива наменети за снабдување на украинските вооружени сили, додека во ...

Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, во просториите на Општината оствари средба со Давор Пушов, кој потекнува од Зрновци, а сега живее и работи во Австрија, и се бави со извонредно тежок спорт. Доаѓањето на Давор во Зрновци, градоначалникот Митев го искористи да му врачи спортска Пофалница за освоеното второ место на меѓународниот Strongman натпреварување „DASGYM – AUSTRIAN SUMMER GIANT 2026“ — најголемиот и најпрестижен ...

Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ под чие водство оваа репрезентација имаше забележителни резултати во моментов има три понуди да преземе репрезентација. Сите три понуди се од азискиот континент. Како најсигурна се смета понудата од Обединетите Арапски Емирати во висина од пет милиони евра годишно, а има најави за уште две понуди од Саудиска Арабија и Јужна Кореја. Според најавите можно е со Далиќ трансфер да направи комплетниот ...

Јунакот на Шпанија – стрелецот на победничкиот гол за шампионската титула во финалето против Аргентина, Феран Торес постои можност да ја напушти Барселона. Шпанскиот репрезентативец сака трансфер во европскиот првак ПСЖ. Договорот на Торес истекува за една година, а Барселона не направила ниту еден чекор за продолжување на неговиот договор. Иако замина Роберт Левандовски, Торес не е во плановите на тренерот Ханси Флик за една од опциите во ...

На ММА спектакл на UFC Белград, се случи срамен инцидент. За време на официјалното мерење на тежината, американскиот борец од албанско потекло Денис Бузуќа (28) се обиде да ја провоцира публиката кога го покажа симболот на двоглавиот орел. Овој гест, кој во последните години стана препознатлив начин за провоцирање на српските спортисти во дуели со албанските натпреварувачи, сега е виден и во самиот Белград, домаќин на еден од најголемите ММА ...

Арина Сабаленка, тенисерката број еден во светот, откри како ќе изгледа нејзината опрема за претстојното Отворено првенство на САД. Белорусинката го изненади брендот со кој соработува, овој пат решија да одат чекор понатаму. Сабаленка е двократна бранителка на титулата во Америка, а по изненадувачкиот пораз на Вимблдон, очигледно реши да се врати на голема врата – и во однос на тенисот и во однос на естетиката. За својот настап на четвртиот ...

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е еден од најбараните фудбалери ова лето, бидејќи неговиот договор со Јувентус истече и тој е слободен да избере нова средина, а според последните информации, Реал Мадрид е заинтересиран за него. Како што објави шпанскиот портал „Дефенса Централ“, Жозе Мурињо е заинтересиран за српскиот централен напаѓач, кого го гледа како идеална опција да биде резерва и често да го поддржува Килијан Мбапе во нападот ...

Шпанскиот „Мундо Депортиво“ направи истражување кои автомобили најчесто се расипуваат. На бензинската пумпа доста често гледаме возила од групацијата „Стелантис“, која вклучува брендови како што се „Пежо“, „Ситроен“, „Опел“, „Фиат“, „Алфа Ромео“, „ДС“, „Џип“, „Крајслер“ и „Доџ“. Исто така, добиваме многу возила од групацијата „ВАГ“ (Фолксваген, Ауди, СЕАТ, Шкода), како и „БМВ“ и „Мерцедес“, и двете поради големиот обем на продажба и ...

Без индустриски меса, без шеќерни желатини и сирупи…Пациентите во Оштата болница во Темпа, САД, од пред неколку месеци почнаа да добиваат исклучиво здрави и нутритивно богати оброци. Оваа болница стана првата американска болница која ги примени новите протоколи на министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Јуниор кој е во отворена војна со прехранбената индустрија што форсира ултрапроцесирана храна. „Болниците постојат за да ги лекуваат луѓето, ...

Албанија има по малку од сè вели во описот на нејзиното видео на Тик ток данска туристка, која летувала во Драч. На снимката, која стана вирална, таа комбинира многу моменти од нејзиното патување, меѓу кои и борба на улични кучиња, дете со цигара во рака, голем пожар над плажата, но и многу расположени лица: @ella_emtkjear Albanien bød på lidt af hvert (: #durresalbania🇦🇱 #saxophones #vacaciones #fyp #amf ♬ Saxophones getting louder – Sped ...

Фантастичен намаз од печен модар патлиџан и ореви, совршен за лесен оброк за време на летните жештини. Состојки: 1 модар патлиџан маслиново масло 3 чешниња лук 100 грама ореви 1/2 китка свеж магдонос 1 лажица сок од лимон 1 лажица цветен мед мелен црн бибер и сол Подготовка: Измијте го и исушете го модриот патлиџан, пресечете го на половина и премачкајте го со маслиново масло. Ставете го во рерна загреана на 220°C и печете го 35 минути. Во ...

Ноќва во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишија од слобода Е.У. (22), кој бил пријавен од неговата 25-годишна сопруга од Тетово. Таа, во присуство на социјален работник, пријавила дека нејзиниот сопруг Е.У., со кого не живеат заедно, околу 21:00 часот дошол во нејзиниот стан, упатувал навреди и без нејзина согласност го зел нивното тримесечно бебе. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ...

Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута. Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени ситуацијата и ќе се дефинираат координирани мерки. Тоа подразбира брза мобилизација на достапните ...

Охридскио портал „Охрид 1“ споделува снимка од колоните кои денес се направија кон Охрид на влезот од кај Битола. Колони возила имаше уште вчера преку ден и на патарините од Скопје, како и на сите кружни текови во градот. Охрид врие од народ не само од туристи кои го користат продолжениот викенд за одмор, туку и од млади кои се тука за големиот број на концерти закажани овие денови. Охридскио портал „Охрид 1“ споделува снимка од колоните кои ...

Ноќва во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода У.С.(26) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на кејот во Кавадарци, тој физички ја нападнал неговата 16-годишна партнерка од Кавадарци. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, земена е пријава од малолетничката, а У.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар присуствуваше на доделувањето на клучевите за новите 47 социјални станови, со што беше означено пуштањето во употреба на новиот станбен објект наменет за повеќе семејства. Мицкоски им посака на корисниците на становите здравје, среќа и домовите да им бидат место за мир и сигурност, најавувајќи дека Владата ќе продолжи со инвестиции во вакви проекти. За мене претставува посебна чест и задоволство ...

Грчките царинарници можеби не се во званичен штрајк, но во бел се сигурно. Мислам дека дури и намерно се изживуваат на овие пеколни температури, вели Лидија Горачинова-Илиева, професорка на Универзитетот во Штип. Два часа во колона, се движиме со брзина на желка и сѐ уште не ја гледаме границата. Да ти преседне одморот и да не ти текне уште еднаш да отидеш во Грција, вели таа откако вчера се најде во огромните колони на граничниот премин ...

Август 2026 година, според астролозите, ќе биде исклучително динамичен период во кој настаните ќе се одвиваат побрзо отколку што многумина очекуваат. Месецот носи силни емоционални осцилации, неочекувани пресврти и можност за затворање на стари поглавја за да се направи место за нови почетоци. Првите недели од август ќе бидат особено обележани со зголемени тензии и потреба од претпазливост, додека втората половина од месецот ќе донесе повеќе ...

Грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата. Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија, вели министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски по распределувањето 47 социјални станови во Дебар. Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог – наведува ...

До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...

Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ коишто директно со цевки и пумпи вода од река префрлеле во главниот резервоар. За тоа Обвинителството постапуваше и постапува и веќе имаме лица коишто се обезбедени, сослушани. Очекувам да имаме и проширување во истрагата. Одговорноста е лоцирана и се преземаат мерки, веќе е обезбедена техничка вода за користење. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на ...

Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на вашето семејство, особено децата, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од ...

Претседателот на Конфедерацијата на Северна, Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) Виктор Монталијани сериозно ја разгледува можноста за кандидатура за претседател на ФИФА. Според британските медиуми, тој би можел противкандидат на Џани Инфантино. Монталијани има амбиции да биде претседател на ФИФА, но ќе мора официјално да поднесе кандидатура до 18.ноември, кога истекува рокот за пријави. Инаку, негов приоритет сега е ре-избор на позицијата ...

Камерите на зградата во која, како што се сомнева, била убиена Људмила Туркова Константинова (28), како што се гледа на снимките до кои српски „Курир“ ексклузивно дошол, го забележале моментот кога руската државјанка последен пат жива влегла во станот од кој никогаш повеќе не излегла. На снимките од безбедносните камери се гледа и моментот кога, наредниот ден, осомничениот турски државјанин К. Е. (25), според сомнежите, го изнесува од ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. 2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.32
34%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
42%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.86
48%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.07
42%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.09
41%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
1.06
76%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
56%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.47
74%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.34
32%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.34
64%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
47%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.43
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Сребро

1853.71

Калај

54.92

Алуминиум

3.19

Бакар

13.08

Паладиум

40381.34

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36