Мислев дека во тој авион смее да се пуши, вели поп-ѕвездата Бритни Спирс (43) по скандалот дека добила официјално предупредување за несоодветно однесување на приватен лет од Кабо Сан Лукас, Мексико, до Лос Анџелес во четвртокот. Според „Пипл“ и „ТМЗ“, пејачката за време на летот конзумирала алкохол и запалила цигара, што предизвикало загриженост кај членовите на екипажот. Стјуардесите ја предупредиле да ја изгаси цигарата – што и го направила – ...

Новак Ѓоковиќ ја освои 100-та титула во кариерата откако во финалето на турнирот во Женева го победи Хуберт Хуркач од Полска со 2:1. Она што го видовме во Женева беше навистина тениски спектакл. По нешто повеќе од три часа игра, голема борба и драма, победата дојде кај Ѓоковиќ кој слави јубилеј – дури 100-та титула во кариерата. Во вистински шампионски манир, Новак тој го врати брејкот на крајот од сетот и израмни на 4:4, воведувајќи го мечот ...

Авионот на Александар Зверев бил погоден од авион, поради што принудно слетал. Инцидентот се случил додека Зверев патувал на Ролан Гарос, вториот грен-слем турнир во сезоната, кој започнува в недела, заедно со уште неколку колеги. „Патувањето беше всушност феноменално. Тоа се некои смешни приказни. Моето патување беше забавно затоа што требаше да летаме вчера вечер во 18:45 часот и полетавме од Хамбург. Летав заедно со Лехечка, Накашима, ...

Вашиот љубовен хороскоп за јуни Овен Во вас ќе се разбуди оган кој одамна не сте го почувствувале. Срцето ќе сака повеќе, не само физички контакт, туку автентична врска. Во врската ќе треба да изберете помеѓу држење на дистанца и храброст да бидете ранливи. Ако се отворите, ќе доживеете нешто подлабоко од минливо задоволство. Слободниот Овен ќе биде магнет за внимание, но запрашајте се дали ве привлекува личноста или чувството дека сте ...

Парис Џексон пристигна на Канскиот филмски фестивал во смела креација, привлекувајќи внимание и со својот изглед и со избраниот стајлинг. Ќерката на славниот Мајкл Џексон, 27-годишната Парис Џексон, блесна на amfAR Галата на овогодинешниот Кански филмски фестивал, оставајќи многумина без зборови со својот изглед и стил. Атрактивната Парис имаше лежерна фризура и суптилна шминка во природни тонови што го истакнуваа нејзиното убаво лице, а со ...

Кан оваа година, покрај актерката Ева Лонгорија, доби уште една „очајна домаќинка“. Канскиот фестивал 2025 овие денови е центар на филмските и модните настани. Познати личности од целиот свет се собираат за да се дружат, а се чини дека веста за убаво поминато време на црвениот тепих стигнала и до Тери Хачер. Актерката го имаше своето деби на премиерата на „Историја на звукот“. Таа се појави во гламурозна тоалета од либанскиот дизајнер Ели ...

Барбара Палвин промени неколку модни креации на Канскиот филмски фестивал, а синоќа се појави во бела тоалета во која го привлече вниманието на присутните. Унгарската манекенка Барбара Палвин се најде во центарот на вниманието поради нејзината облека на Канскиот филмски фестивал. Таа носеше прекрасен снежно-бел фустан. На прв поглед, се чини дека не открила многу, сепак… Оваа убавица не можеше да им одолее на овогодинешните фестивалски ...

Уште едно парче облека се враќа на големото модно поле, а прашањето е, дали сè уште ќе ги носите овие панталони? Дури и ако не ви се допаѓаат, имајте на ум дека се совршено удобни. Модните трендови доаѓаат и си одат, а модните експерти велат дека овие панталони моментално се најголем хит, и тие се главна ѕвезда во комбинациите на љубителите на модата. Ако им се верува на модните експерти од страницата WhoWhatWear, денес тоа се таканаречените ...

Аудио книгата се вика „Меланија“, гласот е целосно позајмен од вештачката интелигенција, а првата дама на САД ја смета за иднината на издаваштвото. Првата дама на САД Меланија Трамп, како што објасни самата, добила „мала помош“ со објавувањето на аудио-мемоарите. „Чест ми е да ја претставам „Меланија“, аудиокнига управувана од вештачка интелигенција, раскажана целосно од вештачка интелигенција со мојот глас“, напиша Меланија Трамп во објава на ...

Споредувајќи ги цените за сместување, дневните трошоци за храна и пијалоци, локалниот превоз и основните активности на популарните сончеви дестинации низ Европа, ова се трите најевтини дестинации за оваа сезона. Сонувате да го замените вашето секојдневие со сончеви плажи некаде во Европа ова лето? Не си единствениот. Сепак, високите цени во познатите одморалишта лесно можат да ја расипат таа слика. Наоѓањето на совршената комбинација од ...

Внукот на Оливер Драгојевиќ, Петар Драгојевиќ, и неговата сопруга Андреа наскоро ќе станат родители по шести пат, во август, а се во брак осумнаесет години. Хрватскиот пејач Петар Драгојевиќ и неговата сопруга Андреа неодамна открија дека го очекуваат своето шесто дете, кое треба да се роди во август, а веста стигна до медиумите и одекна низ целиот регион, иако тие сакаа да ја чуваат во тајност, пишува Story.hr. Според пејачот, внук на ...

Британската суперѕвезда и поранешен водечки пејач на „Тејк дет“, Роби Вилијамс, објави дека ќе издаде нов поп албум на есен оваа година, а првата песна е веќе објавена. Водечкиот сингл „Rocket“ вклучува гитарско соло свирено од Тони Ајоми од хеви метал бендот Black Sabbath. „Насловот на албумот намерно потсетува на златните денови на бритпоп бендовите од 1990-тите како што се Take That, Blur и Oasis“, рече пејачот. „Почнав да правам албум што ...

Поентата не е да се изгладнуваме, туку корисно e да се чувствуваме малку гладни. Исто така, важно e да знаеме кога е доволно и да престанеме, рече таа. Нутриционистката д-р Рејчел Пол, позната на социјалните мрежи по своите практични совети за исхрана, сподели три навики кои ѝ помогнале да ослабе. 1. Замена на масното месо со сорти со ниска масленост Тaa сè уште понекогаш јаде црвено месо, но избира помалку масни парчиња секогаш кога е можно. ...

Пред една недела, на „Нетфликс“ пристигна документарната серија „Фред и Роуз Вест: Британска хорор приказна“, која се фокусира на еден од најстрашните случаи на сериски убиства во британската историја. Фред и Роуз Вест се запаметени како брачен пар кој извршил низа грозоморни злосторства во британскиот град Глостер помеѓу крајот на 1960-тите и крајот на 1980-тите: киднапирање, мачење, силување и убивање жени и девојчиња. Меѓу жртвите беа и ...

Д Фестивал, најголемиот летен open-air музички фестивал во Македонија оваа година одбележува јубилејно 15 издание кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт. Најголем дел од програмата го сочинуваат домашните артисти, а во таа листа ќе се запишат дел од најрелевантните претставници на современата македонска музичка сцена, уметници кои со своето дело веќе оставија неизбришлива трага, но и сѐ уште ја ...

Овогодинешниот 78-ми Кански филмски фестивал продолжува да собира мноштво познати ѕвезди и јавни личности, а по црвениот тепих прошета и Скарлет Јохансон. @gala.fr #scarlettjohansson #cannes2025 #tiktokfashion #onregardequoi #debeers ♬ Enchanted – Taylor Swift Актерката блесна на црвениот тепих и ги мамеше погледите со својата убавина, но и со луксузната креација што ја носеше, со која соодветно одговори на новите правила што ги наметна ...

Астролошките промени што ни ги носи јуни 2025 година отвораат врата кон одлични љубовни приказни – но само за оние кои се подготвени да ги препознаат. Јупитер се движи во Рак, нагласувајќи го домот, емоциите и блискоста, додека Венера во Бик носи стабилност и нежност во врските. Видете дали сте меѓу среќниците кои се насмевнуваат на љубовта. Јарец За Јарците, јуни е време кога универзумот ја презема улогата на посредник. Јупитер ја освојува ...

Јован Мицкоски – синот на Христијан Мицкоски синоќа славеше матура. Премиерот на својот профил на „Фејсбук“ откри дека од октомври ќе се гледаат на Машинскиот факултет, каде што тој работи како професор. „Синко среќна матура и добре дојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од октомври се гледаме на Машински“, напиша ...

Деновиве, првата дама на САД, Меланија Трамп, верно го следи својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп. Имено, на почетокот на март, Меланија зборуваше за законот „Take It Down Act“, чија цел е заштита на младите луѓе во дигиталниот свет. Американскиот претседател нагласи дека првата дама одиграла клучна улога во донесувањето на законот и дека таа е одговорна за фактот дека законот ќе им помогне на семејствата да се борат против ...

Доколку сакате сјајна и еластична кожа, ќе бидете воодушевени од рецептот за домашен колаген, кој не е нов холивудски тренд, туку докажана домашна практика што ги импресионира жените ширум светот. Домашниот колаген од коски и зеленчук не е само кулинарско носталгично искуство. Тоа е целосно природен извор на важни аминокиселини, минерали и колаген тип I, II и III – оној што ја гради вашата кожа, зглобови, коски и лигаменти. Иако додатоците во ...

Пејачката Џенифер Лопез неодамна присуствуваше на добротворниот концерт „Ring Them Bells“ во Њујорк. За посебната вечер, таа избра сатенски коктел фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело. Креацијата во боја на праска совршено ја искомбинира со крзнено палто, но и шминка во „природни“ тонови. Бидејќи целото издание беше достојно за вниманието на модните списанија, Џенифер гордо позираше пред објективот на фотоапаратот. И тука се ...

Свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез е за еден месец, па минатиот викенд тие решија да се дружат со пријателите на ергенската и моминската забава. Основачот на „Амазон“ ги однесе сите свои најблиски пријатели на дружење во Мадрид, додека новинарката се забавуваше во Париз со своите познати пријатели. Безос решил да излезе со пријателите во ресторанот „Тен кон Тен“ во Мадрид. Беше опуштен и насмеан, уживајќи во друштвото и специјалитетите на ...

Том Круз стана предмет на исмејување откако му пререче на еден обожавател што ги изел сите пуканки на премиерата на новата „Невозможна мисија“, но се чини дека сагата за актерот и пуканките сè уште не е завршена. Некој на Икс сподели видео во кое 62-годишниот актер јаде пуканки за време на проекцијата на „Невозможна мисија“, и тоа го прави на многу необичен начин. На премиерата, тој беше фотографиран со кутија пуканки во рака, покажувајќи го ...

Педро Паскал стекна глобална популарност благодарение на улогата на Џоел Милер во телевизиската адаптација на „Последниот од нас“. Верната адаптација на популарната видео-игра освои милиони гледачи, а Паскал заработи и номинација за Еми за најдобар глумец во драмска серија во 2023 година. Втората сезона од оваа многу популарна серија на HBO Max премиерно се прикажа на 13 април, а видеото од забавата на актерите по повод крајот на снимањето сега ...

Покрај познати имиња од светот на филмот и забавата, Канскиот филмски фестивал секогаш наоѓа место и за некои од најпопуларните модни инфлуенсери. Меѓу нив овој пат беше и Тамара Калиниќ, српската најпозната инфлуенсерка која има два милиони следбеници на Инстаграм. Тамара блесна во разни комбинации на облека на 78-то издание на фестивалот… И додека првите две вечери таа избра бели креации од брендови специјализирани за венчаници, на третата ...

Некои луѓе изгледа имаат шесто сетило – можат да почувствуваат што другите мислат и чувствуваат без да кажат ниту еден збор. Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци поседуваат исклучително развиена интуиција што им овозможува да ги „читаат“ другите луѓе како отворена книга. Риби Рибите често се сметаат за најинтуитивен знак на зодијакот. Нивната поврзаност со Нептун, планетата на соништата и илузиите, им дава речиси психички ...

Војводата и војвотката од Сасекс ја прославија седмата годишнина од бракот пред два дена, поради што нивната свадба е повторно во центарот на вниманието. Во текот на изминатите седум години, славниот пар покажа дека не им е непознато отстапувањето од традицијата, а така започна и нивниот брачен живот. Хари не побарал дозвола од таткото на Меган за брак, Меган одела сама до олтарот, а самата церемонија била спој на две култури. Нејзиниот ден ...

Српската актерка Анѓелка Прпиќ објави фотографии од своето трудничко стомаче, две години откако ја роди ќерката Чарна. Актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ (поранешна Прпиќ) објави фотографии од себе во доцната бременост на Инстаграм, изненадувајќи ја јавноста и наведувајќи ги сите да помислат дека е повторно бремена. View this post on Instagram A post shared by Anđelka Stević Žugić (@andjelkap) Таа објави фотографии со труднички стомак и напиша: ...

Џени Шугар ги опиша своите проблеми со слабеењето на порталот „Pop Sugar“, како ги решила и конечно почнала да слабее. Бидејќи нутриционистите постојано повторуваат дека појадокот го забрзува метаболизмот, не ѝ било јасно зошто воопшто не губи тежина, иако јаде интегрални житарки секое утро, односно практикува здрав појадок. „Не сфатив дека правам три грешки секое утро на појадок. И дури откако престанав да ги правам, ги видов посакуваните ...

Прославената супермоделка Ева Херцигова беше една од владетелите на модните писти во 1990-тите, но како што минуваат годините, таа одбива да дозволи некој да го заземе нејзиното место. Таа продолжи да импресионира со својот изглед, а многумина се прашуваат дали оваа жена навистина има 52 години. Во Кан, таа се појави заедно со Карла Бруни и Хелена Кристенсен, па заедно ги потсетија сите на златното доба кога беа неоспорни на сите модни писти. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
41%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 21ᴼ
0.0
52%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.37
33%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
89%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
5.14
48%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
53%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
39%
1019
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
42%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
69%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088