Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                По повод премиерата на урнебесната комедија под ѕвездено небо, „Рибарски караници“ на 25. јули, на Ротинското езеро, Битолскиот театар во интензивни подготовки. Претставата е во режија на Јован Ристовски, и во истата играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски. Потоа Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска… Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски… ...
Синоќа, во Офицерскиот дом, се отвори изложбата „Фотоспоменар Илинденски денови 1973–1983“ на Атанас Нашоку – Саку. Нашоку, како битолски фото-мајстор со над 55 години творештво, со објектив што уловува магија, мимолетни моменти и лица полни со живот, синоќа потврди дека создава визуелен дијалог меѓу минатото и денес. Изложбата е врата кон историјата на Илинденски денови, но без звуци. Ве очекуваме да ја доживеете историјата и спомените на начин ...
ШОКАНТНО ВО ЖИВО: Израелска населничка ја оправдува смртта на над 20.000 палестински деца! Во емисијата Piers Morgan pUncensored, светот беше сведок на вознемирувачка изјава од израелската лидерка на доселеници Даниела Вајс. Таа без ни трошка емпатија зборуваше за масовните жртви во Појасот Газа. На прашањето како се чувствува за убиството на повеќе од 20.000 палестински деца од 7 октомври наваму, Вајс одговори со ладнокрвна порака: „Сите Арапи ...
Ова лето, Битола ќе биде дефинитивно најжежок град во Македонија. Комичарот Стефан Николовски со температурна прогноза за 3 -ти август! На 3 август, ова лето 2025, на Стадион ,,Петар Милошевски”, АРМИН ВАН БУРЕН ќе одржи не само спектакл, туку и музичка, сценска и продукциска лекција. Со целовечерна програма, која ги вклучува и LAURA VAN DAM… CYRILLIC и SEMPRE, Битола, Македонија и регионот ќе бидат сведоци на вистински звучен и визуелен ...
Од Широк Сокак до Светот: Битола е Сцената на Глобалниот Фолклор. Од 18 до 31 јули, Битола повторно ќе пулсира во ритамот на „Илинденски денови“. Најголемиот македонски фестивал за народни песни и игри, кој годинава го слави своето 55-то издание. Од Широк Сокак до сцените под ѕвездите, Битола живее преку фестивалот што ја поврзува традицијата со светот – со чекори од Мексико, песни од Индонезија, костими од Полска, звуци од Хрватска, и духот на ...
Павел Николоски од Прилеп, учесник во проектот Младинска медиумска лабораторија разговара со наставничката Тамара Гроздановски, која за учениците во ОУ „Коле Канински“ во Битола организира интерактивни работилници за борба со лажните вести и дезинформациите, со посебен акцент на влијанието на медиумите врз младите. Ако не знаете да препознаете што е вистина, може лесно да бидете измамени. Затоа медиумската писменост е исклучително важна, вели ...
По повод премиерата на претставата „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски, која ќе биде изведена до Ротинското езеро, Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, започна со реконструкција на патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Уште еден доказ дека театарот го менува светот. „Театарот не е професија, театарот е начин на живот. Голема благодарност до сите кои деноноќно ...
Мафини со малини и бело чоколадо — десерт што освојува!/ Ако барате лесен, брз и впечатлив десерт, не барајте повеќе! Мафини со малини се совршен избор за секоја прилика — летно дружење, кафе пауза или кога едноставно ви се јаде нешто слатко, а да не поминете саати во кујна. Малините носат свежина и пријатна киселкастост, додека белото чоколадо додава кремаста, раскошна сладост. Секој мафин е мало кулинарско уживање што ќе ги освои и најголемите ...
Медиумската писменост е наша одбрана од лаги и манипулации Во дигиталната ера, кога секој може да објави „вест“ со еден клик, способноста да разликуваме вистина од манипулација е поважна од кога било. Особено за младите, кои најмногу се информираат преку социјалните мрежи, медиумската писменост е клучна животна вештина. Павел Николоски од Прилеп, учесник во проектот Младинска медиумска лабораторија разговара со новинарката Емилија Мисирлиевски ...
40.000 луѓе во 16 минути молк во знак на солидарност – EXIT испрати силна порака: „Вие сте генерацијата која го менува светот!” Вечерва пристигнуваат The Prodigy… HS82, Eric Prydz, Lorenzo Raganzini b2b Paolo Ferrara и многу други Јубилејниот EXIT започна посилно од било кога! Првиот ден на фестивалот помина во знак на еден од најемотивните моменти во неговата историја. Во најгласната тишина која било кога е забележана на Петроварадинската ...
Страст и тајни: ќе опстои ли љубовта меѓу Ноа и Ник? Прочитајте го продолжението на љубовната сага што ги освојува срцата на читателите! Кога Ноа го запозна Николас, знаеше дека љубовта со него нема да биде тивка и мирна. Тие се две сили на природата – оган и струја – чиј судир создава страст што горат сè пред себе…и тајни што ја замаглуваат вистината. Во секој нивен допир блескаат молњи, а нивните срца гореа под тежината на љубовта и ...
Зелка без варење: Овој начин на подготовка сите ќе го посакаат. Кога ќе ја приготвите без варење, само со едноставен трик и неколку основни зачини – добивате неверојатен вкус што ќе ги изненади сите на трпезата. Зелка, кога не се вари, туку се динста, станува карамелизирана, сочна и полна со арома. Заборавете на класичните методи – со овој рецепт, дури и оние што ја избегнуваат зелката ќе побараат репете. Како да ја приготвите? Резултат: Зелка ...
Заљубен во својот одраз: Легендата за Нарцис! Стара е повеќе од две илјади години, но денес одѕвонува погласно од кога било. Во светот на селфија, филтрирана реалност и постојано самопромовирање, приказната за младиот човек заљубен во својот одраз нè предупредува што се случува кога љубовта кон сопствениот лик станува опсесија. Кога си премногу заљубен во себе – и тоа те чини сѐ! Во грчката митологија, Нарцис бил син на речниот бог Кефис и ...
Девојката со Тетоважа на Змеј! Доколку веќе не сте го гледале, наше е да ви предложиме. Ова е фантстично добар мрачен трилер што заслужува внимание Филмот „Девојката со тетоважа на змеј“ претставува интелигентна адаптација на романот на Стиг Ларсон. Американската верзија, во режија на Дејвид Финчер, се издвојува со мрачна атмосфера, стилска прецизност и силни изведби на Даниел Крег и Руни Мара, која ја оживува мистериозната Лизбет Саландер. ...
Богати и Сиромаси: Две Страни на Истата Илузија пишува: Ромина Марковска Богати и сиромаси – две страни на истата илузија, две сенки под истото сонце. Во свет каде што парите мерат успех, а изгубената човечност ретко се брои, нееднаквоста не е само економска. Таа е скриена, впишана длабоко во културата, во моралот, во самото срце на општеството. Животот на богатите и влијателните: Слобода со цена Богатите – често на пиедестал, но далеку од ...
Перцепција: Како Перцепцијата Ни Го Креира Животот? Не постои реалност како таква. Постојат само очи низ кои ја гледаме.“ – Цитат кој ми се врти во глава со денови. Светот низ огледалото на перцепцијата Оваа тема ми се роди еден обичен ден, додека чекав на семафор. Забележав човек кој изгледаше гневен – истиот оној кој, само неколку дена претходно, ми се насмевна пријателски. Што се смени? Тој? Јас? Или само начинот на кој го гледав? Можеби тој ...
Моќта на Мирисите: Совршена Атмосфера за Вашиот Дом? Мирисите имаат неверојатна способност да влијаат на нашето расположение и да создадат специфична атмосфера во просторот. Од мирисот ба сцежо испечен леб до неутралните есенцијални масла , секој мирис има потенцијал да ја обликува емоционалната клима во нашиот дом. Со помош на правилно избрани мириси, можете да го трансформирате вашето живеалиште, создавајќи средина која ќе биде релаксирачка, ...
Кога магарето со две вреќи злато станува генерал, честa и идеалите се ставаат на пауза. Колумна што погаѓа директно во совеста. Злато што преминува тврдини Со две вреќи злато денес се освојуваат тврдини без потреба од војна. Некогаш се мислеше дека тврдините се освојуваат со војска, со стрели и катапулти. Денес, не треба да се пука… или барем не секогаш со стрели и топови. Но сепак, се пука – и тоа со модерно оружје, а војни и денес се водат. ...
Интуиција: Зошто ретко лаже и зошто треба да ја слушаме? Mи рече – ама не ја послушав…Ми шепна тивко: „Не оди таму.“ Ми се јави со чувство во стомакот, со тензичен здив, со чудно молчење во главата. Ама јас? Ја покрив со „ама логично е“, со „сите велат дека е добра идеја“, со „не сакам да испаднам параноична“. Интуиција. Отидов. Прифатив. Му верував. И уште пред крајот на првата реченица – веќе знаев дека интуицијата ми праќала SOS. Само што јас ...
Злобата на луѓето: како да ја победиме? Нејзините маски се толку убаво нашминкани! Некои луѓе ќе те погалат по рамото само за подобро да измерaт каде да те прободат. Ќе ти се насмевнат со мед на усните, а со отров во срцето. Ќе те прашаат зошто крвави твојата душа – како да не знаат. Злобата на луѓето не секогаш боли гласнo Но злобата не секогаш доаѓа со остри зборови. Понекогаш е само поглед. Или молк што боли. Понекогаш седи сама на маса сама ...
Убавината не е луксуз – тоа е твоето право – СТУДИО М – Битола. Во срцето на старата битолска чаршија, се крие повеќе од фризерски салон. Ова е место каде секоја жена се чувствува важна. Место каде услугата не е само професионална – туку лична. СТУДИО М е вашата оаза за нега во Битола, стил и сензуално доживување на естетиката. Фризерски услуги со душа – затоа што вистинската убавина доаѓа од чувството дека си своја: „Убавината не е луксуз. Таа ...
Легендарната „Не кажувај либе добра ноќ“ оживува повторно – овој пат во изведба на Огнен Здравковски Една од најубавите македонски песни што остави неизбришлива трага во народното музичко творештво – „Не кажувај либе добра ноќ“ – сега е спакувана во ново руво. По незаборавните изведби на Петранка Костадинова, Васка Илиева, Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчевски, браќата Тавитјан и Нина Бадриќ…, оваа безвременска песна повторно ќе го допре срцето на ...
Еден од најголемите хитмејкери од екс – југословенските простори – Бајага, со своите Инструктори ова лето ќе одржи ексклузивен концерт во Македонија во Битола на Ракометното Игралиште, неколку дена пред Илинден, на 27 јули со почеток во 21 часот. Концертите на Бајага и Инструктори се исполнети со повеќе од 2 ипол часа хитови и претставуваат врвна и квалитетна музичка забава за сите љубители на неговата музика. Влезниците, во ограничен број, по ...
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, за време на посетата на болницата „Колестер“ во Есекс, проговори за личната борба со ракот и предизвиците по лекувањето. Таа откри дека, иако е во ремисија, секојдневието сè уште не ѝ се вратило во нормала. „Го завршувате лекувањето и мислите дека можете да продолжите понатаму, но вистинската борба дури тогаш почнува“, изјави Кејт. Таа нагласи дека пациентите често се соочуваат со потешкотии во обидот да ...
На 21-то издание на Меѓународниот фестивал на монодрама „АЛБА МОНО“ кое оваа година е се одржуваше од 23. до 30. јуни во Поградец, Албанија, актерот Здравко Стојмиров ја освои наградата за најдобар актер. Имено Здравко ја изведе претставата Фетишист, по Мишел Турние, а во негова режија, во продукција на Битолскиот театар. Интернационалното жири беше составено од Азура Де Грегорио, Ана Мариани и Клајди Малелари. Останатите награди отидоа кај: за ...
Тоа утро, на изглед рутинско, го почнав како и многу други. Кафе – продавница… Но, знаев. Деновите се наближуваа. Воздухот мирисаше на густо лето, и на еден ужасен јуни од пред три години. На болка што до балчак пече. „Знам дека убаво пишуваш. Напиши текст. Напиши за Неа.“ – Ми рече со таков молбен глас, токму оној што само една мајка може да го има. Со онаа тивка, топла прегратка што не беше само моја. Туку и нејзина. Се издишав. Грутка ми ...
Фестивалот Битола Отворен Град 2025 го заврши своето 24. издание со јасен став: културата не се конзумира – се живее. Во текот на четири дена, од 25 до 29 јуни, Битола повторно стана град што зборува преку изложби, концерти, работилници, зборови и винили. Сè започна со отворањето на изложбата “When Do I Stop?” од Харис Муриќ – визуелна хроника од 52 постери, создадени во текот на 52 недели. Муриќ ни подари нешто ретко денес: визуелна, лична ...
Достоинството пред Сè: Време е да си го Цениме Трудот. / Кога „фала“ се користи наместо фер плата, достоинството не смее да биде компромис. Оваа колумна е повик за враќање на вредноста на човечкиот труд – за сите што работат чесно, совесно и со срце. Зашто тоа не е привилегија. Тоа е основно човеково право. Без лична вредност, ниту еден напор не се чувствува вреден, а без вреднување – останува само умор. Достоинството е самопочит/ Не е ...
Премиера на претставата „Едмонд“ денес во Битолски театар Претставата „Едмонд“ според текстот на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски, денес премиерно ќе биде одиграна на големата сцена на Битолскиот народен театар. Се работи за петта по ред премиера за оваа година. На прес конференцијата директорот Васко Мавровски истакна дека во периодот септември 2024 / јуни 2025, постигнат е апсолутен рекорд. Рекорд на премиерно изведени претстави, ...
„Браќа, сестри, Македонци, нема таква сила која може да нè раздели! Браќа, сестри, Македонци, како пиреј сечи, корни, нема да ја истреби…“ стиховите од песната што во далечната 1994 година на фестивалот Валандово ја отпеа легендарниот Гоце Николовски, сега е спакувана во ново руво и е во изведба на Ламбе Алабаковски. А токму со новата верзија на легендарната македонска песна „Како пиреј“, во изведба на Ламбе Алабаковски и во аранжман на маестро ...