Со енергија која ја полни сцената, со жар кој допира до срцето, и со талент што го надминува нивното искуство — младите актери од Едукативниот центар „Едусфера“ оставија незаборавен впечаток на битолската културна сцена. Театарската претстава „Зет за Кристина“, изведена во рамките на БИТ ФЕСТ, беше повеќе од аматерска претстава — беше вистинска прослава на младинската креативност и театарски дух. Публиката бараше место повеќе, а оние кои беа ...

Бела Ноќ – Битола 2025: Крајот на август е асоцијација на Широк Сокак во бело Крајот на август во Битола отсекогаш има своја симболика – Широк Сокак во бело. Деновиве, градот повторно го живее традиционалниот спектакл „Бела Ноќ“, дел од јубилејното издание на Битфест. Два дена, една улица и еден дрес-код. Широк Сокак блеснува во своето најсветло издание – како сцена за програма што ги спојува генерациите и ја слави македонската музика. Оваа ...

На 26 август 2025 година, во “Пионерски – Книга бар” во Битола, ќе се одржи Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ – Поттикнување социјална иновација и претприемништво во меѓукултурен и меѓурелигиски контекст. Настанот, Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ ќе ги претстави главните резултати од двегодишната работа на проектот: нова наставна програма за социјална иновација, ...

Игор Ангелов ја носи монодрамата „Сите најубави нешта“ во UTOPIA – распродаден настан во рамките на БИТФЕСТ Битола ќе има ретка привилегија: на 27 август, еден од најистакнатите македонски актери, Игор Ангелов, ќе настапи со монодрамата „Сите најубави нешта“ во UTOPIA Private Membership Club. Настанот, кој е дел од програмата на БИТФЕСТ – Битолското културно лето, е веќе целосно распродаден – уште еден доказ за огромниот интерес на публиката за ...

„Битолскиот клавир Петко“ ја оживеа магијата на Бит Фест – Првата детска сликовница за Битола, за кратко време стана вистинска атракција Во рамките на културниот настан „Бит Фест“, во книжарницата Book’s House се одржа промоцијата на сликовницата „Битолскиот клавир Петко“. Авторка е Елена Наумовски Нена, а илустрациите се на Мирјана Бубевска. Настанот се одвиваше во волшебна атмосфера и предизвика огромен интерес кај публиката. Целиот прв тираж ...

Музички спектакл во Струмица: Глобалниот хитмејкер Џекс Џонс заедно со регионалните шампиони Бејби Лазања и Бајага и Инструктори доаѓаат на гала забавата Get EXITed Струмица по четврти пат ќе стане центар на регионалната музичка сцена, кога оваа година на 7 септември ќе се одржи големата Get EXITed забава која редовно собира илјадници посетители од цела Македонија и регионот. Публиката ја очекува незаборавна вечер во која на иста бина ќе се ...

На 21 август, ракометното игралиште во Битола ќе стане најгласната и најживата рокенрол сцена во земјата. Паркети, култниот бенд кој остави длабок белег на македонската музичка сцена, го слави јубилејот – 30 години од издавањето на својот прв албум „Грижа на совеста“. Формирани во првата половина на 90-тите години во Битола, Паркети започнаа како локален андерграунд состав, препознатлив по својата иронична лирика… Блуз-рок енергија и ...

Портите не се само дрвени или железни премини — тие се неми сведоци на времето, чувари на сеќавањата. Граничник меѓу јавното и личното, надворешното и внатрешното. Секоја порта крие приказна – за домот, за семејството, за минатото кое живее зад неа. Оваа година изложбата на фотографии СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА која ЦЕРИ ја реализира по тринаесетти пат е посветена на битолските порти. 13-то издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА е дел од годишната ...

Битолската коњаница „Галоп“ ја оживеа македонската традиција на еден незаборавен начин. Традицијата не е само минато, таа е живата нишка што нè поврзува со нашите корени. А кој ги знае своите корени, може да ја гради својата иднина. И секоја песна, секоја игра, секоја приказна носи дел од душата на народот. Токму со таа идеја, „Галоп Битолска Коњаница“ на автентичен и величествен начин, се појави на свадба и приреди незаборавен спектакл за ...

Пита со Пиперки и Сирење – Летен Рецепт за Вкусен Оброк/ Идеална е за доручек, ручек или лесна вечера. Оваа пита е толку добра што ќе ја правите и по најголемата жега. Иако топлотниот бран не е најдобро време за палење на рерната, верувајте – вреди да направите изузеток поради оваа вкусна пита! Пита со Пиперки и Сирење – Летен Рецепт за Вкусен Оброк е совршен избор за оние топли денови кога барате нешто лесно, но вкусно. Оваа пита со пиперки и ...

Има места каде што не одиш само за да изгледаш убаво. Одиш за да бидеш запаметен. Така е во Studio M. Место кое не е само фризерски салон. Би рекла дека тоа е мал ритуал за големи моменти. Моменти каде убавината и таа фризура станува посебен автентичен потпис кој ви припаѓа само вам. И кога станува збор за фризура та, таа не е само она што се гледа во огледало. Таа е дел од твојата приказна. Идентитет, грст самодоверба која ја создаваат виртузни ...

Летен Мирис за 2025?/ Летото е идеално време да го замениме тешкиот зимски парфем со нешто полесно, освежително и незаборавно. Жешките денови бараат летен мирис што не гуши. Доколку се прашувате кои се најдобрите летни парфеми за 2025, подгответе се за сензуално патување низ мирисни ноти што заведуваат. Цитрусниот и акватски летен мирис е хит оваа година. Tom Ford Soleil Blanc носи луксузна комбинација на кокос, бело цвеќе и сончева топлина. Jo ...

Рижото со свежи печурки од Пелистер: кремасто и неодоливо. Домашна магија на вкусот – идеално за љубители на традиционална и модерна кујна. Ако некогаш сте се шетале по шумите на Пелистер, сигурно сте ги почувствувале мирисите на буковки, вргањи, лисичарки… Е токму тие печурки се срцето на овој рецепт. Денес ви претставуваме едноставен, но софистициран оброк: Кремаст рижото со свежи македонски печурки. Овој рижото не е само јадење – тоа е ...

Позитивна, незаборавна хипнотична атмосфера! Токму онаква каква што му прилега на една светски популарна ѕвезда – Армин Ван Бурен. Синоќа под битолското небо се случи вистински спектакл. Музичка еуфорија како што одамна не се памети. Армин Ван Бурен е еден од најголемите диџеи на светската електронска сцена… А во градот на културата, музиката и уметноста, во Битола, ова легендарно име донесе посебна енергија. Ди џејот со препознатлив потпис, во ...

Armin Van Buuren доаѓа во Битола на 3 август Еден од највлијателните светски диџеи и продуценти, Armin Van Buuren, ќе настапи во Битола на 3 август (недела), на стадионот „Петар Милошевски“. Настанот е дел од неговата летна турнеја и претставува едно од најголемите музички случувања во Македонија годинава. Минатиот викенд, Van Buuren имаше заеднички сет со David Guetta во Ибица, како и настап на главната бина на фестивалот Tomorrowland. По двата ...

НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО ВО ГАЗА: Хуманитарни организации го демантираат Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – „ИМА ГЛАД!“ И покрај тврдењата на израелскиот премиер Нетанјаху дека во Газа нема глад, бројни хуманитарни организации, податоци од ОН и медицински извештаи укажуваат на сериозна и системска неухранетост, особено кај деца. Како што пренесува Deutsche Welle, делови од ова место веќе го надминале прагот на глад. Извештаи од теренот опишуваат ...

Со вечер на интернационална музика и игра исполнета со прекрасна музика и изведби, на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа свечено беше затворено 55 издание на Фестивалот „Илинденски денови“, кој како значајна традиционална манифестација и оваа година беше дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се заблагодари на организаторите наа 55 издани на,, Илинденси денови”. На ...

Илинденски денови 2025 година денес завршуваат, но и овој пат оставија длабок печат во душата на Битола. Овој град, кој со вековна историја, ја чува својата историја и традиција. Илинденски денови 2025, со сите свои настани и фотографии, ја одразуваат душата на Битола преку објективите на Ивона Кочов и Диоген Хаџи Коста Милевски. Фотографиите зборуваат најповеќе, а овие илинденску, зборуваат за традицијата и современиот градскиживот. Како ...

На 18 август (Понеделник) со почеток во 19:00 часот, во просториите на Books House Битола, ќе се одржи промоција на новата детска сликовница „Битолскиот клавир Петко“. Ова е прва книга, сликовница за деца од ваков вид посветена токму на градот Битола. Настанот е дел од програмата на Бит Фест 2025… И е наменет за најмладата публика, но и за сите вљубеници во приказни со локален дух. Оваа сликовница именувана како „Битолскиот клавир Петко“ ...

Во Галеријата ,,Ранко Струмениковски ” во Битола, во присуство на голем број присутни љубители на ликовната уметност свечено беше промовирана монографија за ликовното творештво на уметницата Билјана Толевска Наумовска .Објавата на монографијата со над 300 сликарски дела пред се акварели и лавири од уметницата Толевска претставува исклучителен настан за ликовната уметност и за издаваштвото кај нас, заради тоа што ваква објава не се случила во ...

Што е полошо: „Не знам“ или „Не ме интересира“? /Знаеш, понекогаш во животот, само еден разговор може да ти ја смени перспектива на целиот ден. Или можеби не. Но, во секој случај, еден ваков разговор може да те натера да се запрашаш за животот, светот и смислата на „не знам“. Или, уште полошо — смислата на „не ме интересира“. Што е полошо – просечен или успешен? Еден успешен пријател, кој секогаш знае што сака да постигне и кој никогаш не ...

Со традиционалното дефиле по Широк Сокак, пред стотици граѓани и гости, вчера свечено беа отворени 55 „Илинденски денови“. Ова е најзначајниот фестивал на народни песни и игри во Македонија. Битола уште еднаш се претвори во сцена под отворено небо, каде културите се сретнуваат преку игра, носија, ритам и боја. Во дефилето на 55 издание на,, Илинденски денови”, учествуваа над 1.300 учесници од Македонија и од шест земји. И тоа од: Грузија, ...

Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во НУ Центар за култура – Битола ќе се одржи 14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Во традиционалниот термин на две сцени во Центарот за култура ќе се одиграат десет претстави. А покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот оваа година подготви богата придружна програма. Шест претстави од Грузија, Унгарија, Хрватска, Бугарија… Албанија и ...

Еден од најголемите хитмејкери од екс – југословенските простори – Бајага, со своите Инструктори ова лето ќе одржи САМО ЕДЕН ексклузивен концерт во Македонија. Концертот е закажан за оваа НЕДЕЛА (27 ЈУЛИ) во Битола на Ракометното Игралиште, со почеток во 21 часот! Имено, концертите на Бајага и Инструктори се исполнети со повеќе од 2 и пол часа хитови и претставуваат врвна и квалитетна музичка забава за сите љубители на неговата музика. ...

13 премиери за неполни 11 месеци во Битолскиот театар, најновата „Рибарски караници“ По повод премиерата на комедијата под ѕвездено небо, „Рибарски караници“ на 25. јули, петок, на Ротинското езеро, се Битолскиот театар одржа прес конференција. Се работи за 13.премиера за сезоната 2024/ 2025 година. Овој текст се поставува по трет пат на сцената на Битолскиот театар. „За прв пат во 1957, со одиграни 25 претстави. Вкупно публика 6897, по втор пат ...

Синоќа, во рамките на 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ приреди концерт што секогаш ја надминува дефиницијата на сценски настап. Под насловот „Ритамот на душата, бојата на традицијата“, ансамблот ја претстави својата најнова продукција… Композиција на избрани кореографски слики и музички мотиви од различни етнографски региони на Македонија. Од динамизмот на Повардарјето, преку ...

Меркур наопаку во Лав: Подгответе се за драма! Да, пак е тука. Господин Ретрограден Меркур – космичкиот мајстор за хаос, e во знакот Лав. Тоа значи само едно: сите сакаме внимание, сите сакаме луксуз, ама батали логика и трпение! Од кафе што ќе те остави без пари до емотивни пораки испратени на погрешен број – ништо не е невозможно кога е Меркур наопаку поставен. Астролозите викаат: „не купувај, не потпишувај, диши длабоко и врати се на старите ...

ТАНЕЦ во Битола – кога сцената станува огниште на традицијата На 24 јули, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, започнува спектаклот за кој ќе се зборува. Со почеток во 20:30 часот, Националниот ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“ ќе ја донесе својата најнова сценска продукција: „Ритамот на душата, бојата на традицијата“. Концерт што го слави пулсот на народот, чекорот на предците и убавината на различноста во македонското фолклорно ...

Сонот галопира со срцето на Антонио! Поради сообраќајна несреќа не може да трча, но може да сонува: Приказната за Антонио инспирира. Во светот на бројки, на брзини, на гласни победи – тивките јунаци остануваат незабележани. Но понекогаш, тишината зборува најгласно. Антонио Николовски е едно такво дете – дете што не зборува, но кажува сè. Со поглед. Со присуство. Со срце што галопира иако телото мирува поради доживеаната сообраќајна незгода. ...

Некои пријателства кликнуваат без никаква интенција, план, намера. Така кликна и нашето со „Brass Brothers“. Пријателства кои од самиот старт знаеш дека остануваат вечно. И верувам дека си има тука судбината смешано прсти, па така позитивната енергија и љубовта каде и да ја распрскаш низ светот – ќе се најде. Ќе се најдат убавите луѓе. Ќе ти направи распоред и ќе се собере како жива од топломер. А штом сме кај температурата, синоќа гореше на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
76%
1024
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
64%
1026
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
50%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
71%
1025
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.75
66%
1024
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
61%
1027
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
65%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
39%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
90%
1024
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
62%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
77%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225