Над 950 деца на возраст од 4-12 години од целата земја се натпреваруваа на третото издание на МИНИ Трчај бе, детската верзија на веќе етаблираната трка Трчај бе, која и оваа година потврди дека е вистински празник на радоста, спорт от и заедништвото. Повеќе од 4.000 посетители ги бодреа најмалите тркачи – и сите заедно покажаа дека иднината навистина има нозе, насмевка и полет. Во 28 категории, поделени според возрасни групи и пол, малите ...

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, во петок на 6 јуни 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Културно-информативниот центар (Офицерски дом) во Битола ќе се одржи свечен културен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола. Програмата ќе понуди богата уметничка содржина, меѓу која настапи на женската вокална група „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, Хрватска. ...

Репертоар во 3 Д Кино Битола – за првата јунска седмица. Неделниот репертоар носи четири возбудливи филмски доживувања – од класични авантури до нови хорор сензации. Ве чека недела полна емоции, смеа и адреналин! Првиот неделен – јунски репертоар во 3 Д кино Битола е коктел од жанрови – од бескомпромисна акција и незаборавна Дизни магија, до нови хорор предизвици што ќе ве држат без здив! Том Круз се враќа во „Невозможна Мисија: Финална ...

Изминатиот викенд, во „Бајк Парк Смолево“, во организација на „Екстрим Бајк Тим“ од Битола се одржа втората „Smolevo Uphill Race“. Трка со планински велосипеди на нагорнина. Трката се одржа на патеката за искачување која се протега од црквата „Свети Атанас“ – Смолево до каналот, во должина од 2,8 км, висинска разлика 187м, со средна тежина и најстрмен нагиб од 7%. Меѓу натпреварувачите, лиценцираните велосипедисти, настапуваа во категориите: ...

„Кај што сонце грее, љубов извира… Во мене желба тлее назад да се вратам пак…Кај што среќно пеев, душа остана… А, штом те спомнат тебе, знам дека си бесмртна…“. Дел од најновото музичко парче во изведба на Бојана Скендеровски, насловено „Дома“. Темата всушност е првата композиција од проектот што Бојана го работи со Николче Мицевски. Истиот е во фаза на реализација. И јавноста ќе има можност да го слуша премиерно во периодот кој е пред нас. ...

110 млади музичари од 10 земји на годинешниот 7.Интернационален пијано натпревар Piano fest 2025 Во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, кој е храм на класичната музика, во тек е 7-то издание на Интернационалниот пијано натпревар Piano fest 2025. Истиот беше отворен со настапот на НУ Камерен оркестар Битола и лауреатот на Piano fest 2024 Златица Лазарова. Организатор на настанот и натпреварот е Здружението на пијанисти и музички ...

Филм инспириран од вистинска приказна за мултиплекс склероза, корумпиран систем и непокорна борба Во држава каде болестите често се третираат тивко и незабележливо, новиот филм со работен наслов „Течение“ го крши молкот за мултиплекс склерозата… Хронична, тешка и често невидлива болест со која илјадници луѓе во Македонија живеат секојдневно. Или, поточно – преживуваат. Режисер на филмот е Антонио Митрикески, едно од најпрепознатливите имиња ...

Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” во Битола БИТОЛЧАНИ: ЃУРА ВЕ КАНИ УТРЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА! По повод 10 години од без конкуренција најпосетениот стенд – ап на Балканот на сите времиња, Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” во Битола. Настанот ќе се одржи утре (Петок – 30 МАЈ) во Центарот за Култура со почеток во 20 часот! Влезниците, по цена од 750 денари се во продажба онлајн на ...

Стенд-ап спектакл на 4 август во Охрид – „Ова не е нормално“ со Марјан Ѓеорѓиевски и Бојан Велевски На 4 август, под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, ќе се случи вистински стенд-ап спектакл! Двајцата највлијателни и најбарани стенд-ап комичари во земјава, Бојан Велевски и Марјан Ѓеорѓиевски, ќе изведат специјална програма под наслов „Ова не е нормално“, носејќи целосно нови сетови, свеж материјал и ќе ви покажат зошто навистина ...

Поетите Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска ја претставуваа С. Македонија на меѓународниот поетски фестивал „CON-VERSI-AMO CON IL MONDO 2025“ во периодот 17-18 мај 2025 година во Кастел Маџоре, Болоња, Италија. Фестивалот е поддржан од Општина Кастел Маџоре, Унијата Рено Галиера, а е организиран од АУСЕР – Болоња во соработка со ПАС (PAS – Parco del Sapere Ginzburg) и Библиотеката “L’Isola del Tesoro”. Уметнички директор на фестивалот ...

Со доделувањето на наградите и изведбата на претставата КУФЕР.МК, официјално беше затворено 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025. Под слоганот „Еден збор – еден свет“, фестивалот на монодрама и оваа година го потврди својот статус како еден од најзначајните културни настани во регионот, со учество на истакнати уметници од Македонија и од светот. Во текот на петте фестивалски дена, публиката имаше можност да ...

По повод 51 година постоење, Друштвото на ликовни уметници Битола (ДЛУБ) организира свечена групна изложба на 22 мај 2025, во просториите на Ликовен салон на ДЛУБ. Изложбата со наслов СЛАВИМЕ УМЕТНОСТ обедини дела од повеќе генерации уметници – членови на ДЛУБ. Триесет автори, членови на нашето Друштво, ни ги откриваат своите светови преку различни техники. Оваа изложба сведочи за континуитет, заедништвото и креативната енергија која веќе ...

Нова премиера во Битолскиот театар „Чорбаџи Теодос“ во режија на Дамјан Димовски Во Битолскиот театар се одржа прес конференција посветена на најновата премиера ,,Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски . „Среќен сум што еден млад човек се зафати да работи театар со љубов. По 4-ти пат ова дело се поставува на сцената на Битолски театар. Првата поставка беше во 1946 година“, истакна на почетокот директорот Васко ...

Тиквички: лесни како облак, крцкави како чипс! Во тавата шушкаат совршени тиквички..Замислете си топло попладне, пријателите се собрале, а од кујната доаѓа мирис од детството. Овие тиквички не се натопени во тешко тесто, не се масни, ниту бледи. Тие се воздушести, крцкави на рабовите, меки внатре, со совршено балансирани зачини. Состојки: Подготовка: Најдобри се со ладен јогурт, павлака или класичен цацики. Овој рецепт ќе ги освои сите! извор ...

Првата лага е добитна – Трилер роман од Ешли Елстон. Барате психолошки трилер што ќе ве држи во неизвесност до последната страница? Овој мистериозен наратив од Ешли Елстон е возбудлива книга за млади и возрасни, полна со тајни, измами и прашања за вистинскиот идентитет. Иви Портер има совршен живот. Или барем така изгледа. Но, првата лага е токму нејзиното постоење – таа всушност не постои. Името е лажен идентитет доделен од мистериозниот ...

Бесплатен влез, над 30 музички ѕвезди ихуманитарна мисија на Д ФЕСТИВАЛ во Штип Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен open-air музички фестивал во Македонија оваа година одбележува јубилејно 15 издание кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт. Единствениот мултимедијален настан каде што музиката, уметноста и заедништвото се спојуваат во едно уникатно доживување, оваа година добива поголема хуманитарна ...

Новата Ера Започнува со Jurassic World: Rebirth – Скарлет Јохансон во главната улога! Подготвени за ново диносауруско лудило? Jurassic World: Rebirth е најновиот и највозбудлив додаток во легендарната франшиза „Jurassic Park“. Филмот ќе ја доживее својата премиера на 2 јули 2025 година. Режисерот Gareth Edwards („Rogue One“, „Godzilla“) и сценаристот David Koepp (кој стоеше зад оригиналот од 1993 година) се враќаат со спектакл кој ќе ги ...

„За да добиете треба да верувате дека ќе се случи- закони на привлекување“ Еден дервиш, појаснува: „Ако кажеш, еј болен сум.- Универзумот ќе ти одговори – ДА Болен си!“, Ако кажеш еј среќен сум.- Универзумот ќе ти одговори – ДА среќен си! Ако кажеш, еј сиромав сум. – Универзумот ќе ти одговори- ДА сиромав си. Ако кажеш несреќен сум.- Универзумот ќе ти одговори- ДА несреќен си! Внимавај што си правиш муабет, зошто универзумот е ехо. Тоа што ...

Будни во Свет на Скролери: Што Ако Не Сме Ние Чудните, Туку Свестените? Во време на екрани, паузата е бунт. А бунтот — новата свест.” Некој ќе каже: „Што ти е, премногу размислуваш.“ Но јас велам: не размислуваме доволно. Додека милијарди палци танцуваат преку екрани, ние што паузираме, што гледаме во небо, во лице, во зборови без емоџиња и лајкови — ние стануваме статистичка грешка. И тоа ми се допаѓа. Во свет каде што „најважното“ се ...

Од 17 до 23 мај, Битола ќе биде домаќин на 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама… Културен настан кој веќе четврт век ја афирмира моќта на индивидуалната актерска изведба… Ја поврзува домашната со светската театарска сцена. Годинава, овој фестивал на монодрама ќе понуди 10 монодрамски претстави во официјалната програма, со учесници од 9 држави: Македонија, Полска, Литванија, Шпанија, Киргистан, Грузија, САД, Романија и ...

Првото ѕвонче: како да ги подготвиме првачињата — и себеси — за новиот почеток? Можеби изгледа рано — сè уште е мај — но баш сега е време за љубопитна и тивка подготовка. Секоја есен носи златна магија, но за едно семејство во Македонија, ништо не е повозбудливо од првиот училишен ден на нивното прваче. Тоа е миг полн со емоции, гордост, неизвесност и — да бидеме искрени — мала паника. Што ако не му се допадне наставничката? Дали ќе си најде ...

По девијацијата на горниот слој на коловозот кој што се појави на неодамна асфалтираната ул. „Бурса“ во непосредна близина на Битолската пиварница, согласно договорот за изведување, настанатото оштетување ќе биде санирано од страна на изведувачот. – известуваат од Општина Битола. -Наведениот објект, односно ул. „Бурса“ е во гарантен период и сите аномалии кои што се појавиле или ќе се појавуваат, обврска е на изведувачот да ги санира, со цел ...

ГРАДОТ СТАНА ЗВУК: ПРОМОЦИЈА НА ПЛОЧАТА WE PRETEND IT’S A CITY ВО БИТОЛА На крајот на април една стара битолска куќа се претвори во резонантна точка на урбаната култура. Токму таму се одржа промоцијата на првата компилациска плоча од Битола – We Pretend IT’S A CITY ВО БИТОЛА. Настанот ја надмина формата на класична промоција и стана жива инсталација на градскиот звук. Публиката беше сведок на неповторлива вечер, во која настапија во живо ...

Сите сакаат слобода, ама само до таму додека не заѕвони алармот. „Најголемата трагедија на модерниот човек не е што нема слобода – туку што не знае што би правел со неа ако ја има.“ Анонимус (можеби си ти) Во време кога се колнеме во автентичност, а живееме филтрирани животи, слободата стана новиот затвор. Убава на Инстаграм, напорна во реалноста. Не нè мачи диктатура, туку нешто полукаво – комфорна парализа. Го сакаме изборот, додека не ...

Доајенката на Битолски театар, Соња Михајлова добитник на награда за животно дело на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ По предлог на НУ. Народен Театар Битола актерката Соња Михајлова, доајенка на македонската театарска сцена и долгогодишен член на Народниот театар во Битола, е добитничка на наградата за животно дело доделена од Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Ова признание претставува круна на ...

Што има ново во 3Д Кино Битола? Подгответе се за неверојатно искуство и кино репертоар. Од класика до акција, сè во 3Д кино Битола! Бунтовната принцеза Одлично бајковито искуство за најмладата публика. Оваа принцеза се издвојува од сите оние кои ги знаеме. Меѓу редови, пораката е силна, бунтовноста е голема, а чудата се случуваат само ако веруваш во нив. „Thunderbolts“ Кога Марвел вели „тимска работа“, не мисли на супер усогласени херои со ...

Кошарката се враќа на голема врата оваа мајска пролет! Над 30 екипи од пет држави. Стотици млади таленти и ветерани. 13 Меѓународен Велигденски Кошаркарски Турнир во организација на КК Младост. Турнирот ќе се игра во два викенда: 3 – 4 мај – младински категории (деца од 4 до 16 години) 10 – 11 мај – ветерани 40+ Кошарката во Битола ги поврзува сите возрасти. Од најмладите – дечиња од 4 години, до децениско искуство. Овој турнир не е само ...

Здружението за афирмација на култура, екологија и рурален туризам КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ Крушево објавува хуманитарен литературен конкурс “Ѕвездите светат бесконечно” во чест на загинатите, повредените и хероите од трагедијата во Кочани. Проектот “Ѕвездите светат бесконечно” е литературен конкурс од хуманитарен карактер. Целта на проектот е да се објави збирка книга од проза и поезија, посветени на прерано загинатите животи во трагедијата во ...

Реномираната писателка, поетеса и преведувач ќе биде дел од специјалната априлска средба на Книжевниот клуб UTOPIA. Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Utopia Private Members Club во Битола, ќе се одржи нова средба на книжевниот клуб, на која специјална гостинка ќе биде еден од најистакнатите гласови на современата македонска литература – Лидија Димковска. Димковска е авторка со импресивна биографија и меѓународно признание. ...

Шминката може да направи чуда. Веројатно ова веќе ни е познато, но откако ќе ги погледнете фотографиите подолу, ќе останете без зборови. Имено оваа make up артистка се чини дека ги преминува границите и прави чудесни трансформации. Нејзината цел е да изнуди насмевка и среќа кај дамите и за миг да ги натера да се почувствуваат дека се дел од некоја холивудска фела. Освен тоа, оваа девојка докажува дека шминката може и тоа како да ја сокрие ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
31%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
26%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.15
38%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
42%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
37%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
8.23
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
48%
1016
Currency

61.635

Currency

52.7137

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Калај

50.03

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Платина

64172.89