Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
НАСА го одложи планираното лансирање на мисијата „Артемис 2“, првиот екипажен лет во рамки на програмата „Артемис“, откако клучната проба на лансирната процедура заврши предвреме поради технички проблем со системот за гориво. Одложувањето ја поместува мисијата кон мартовски термин, додека инженерските тимови ги анализираат податоците и ги отстрануваат причините што го прекинаа тестот. Проблемот се појавил за време на т.н. „wet dress ...
Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се ...
Масуд Пезешкијан порача дека Иран е подготвен да отвори „фер и рамноправни“ разговори со САД за нуклеарната програма, но само ако се создаде атмосфера „без закани и неразумни очекувања“. Според објавите, претседателот му наложил на министерот за надворешни работи Абас Арагчи да ги „подготви условите“ за дипломатски процес, при што во аргументацијата се споменуваат и „барања од пријателски земји во регионот“ Техеран да одговори позитивно на ...
Украинските власти соопштија дека руските сили во раните часови извршиле напади врз Киев, Харков и други градови, при што имало повредени и нови пожари, а повторно е погодена енергетската инфраструктура во услови на силен мраз. Локалните служби информираа за четворица ранети во Киев и Харков, а репортерски тим на Ројтерс бил сведок на силна експлозија по полноќ во главниот град, каде температурите се движеле околу -20 степени. Во Киев, според ...
По години стагнација и „замрзнато“ градилиште во срцето на универзитетскиот кампус, Министерство за образование и наука го отвора процесот за довршување на двата недовршени објекти кај Ректоратот на УКИМ. Според планот што се вади од фиока, објектите ќе им се доделат за користење исклучиво на ФИНКИ, додека за факултетот за физичка култура/образование се најавува нов објект на неговата сегашна локација. Највидливата промена е симболична, но и ...
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, порача дека работниците денес би имале најмалку 6.000 денари повисоки плати доколку, како што тврди, лани не било блокирано решение во кое работодавачите биле подготвени на раст на платите, а државата привремено да се откаже од дел од придонесите. Трендафилов ја врза тезата за платите со јавните финансии: според него, повисоките плати не се само социјална мерка, ...
Од оваа недела, туристите и нерезидентите што сакаат да ѝ се приближат „од прва линија“ на Фонтана ди Треви – до самиот раб каде што традиционално се фрла паричка – ќе треба да платат влезница од 2 евра. Новата мерка не ја укинува посетата како јавен простор, туку ја дели на две искуства: бесплатно гледање од плоштадот и платен, контролиран пристап до најтесниот појас околу водата. Градските власти ја оправдуваат промената со бројките што ...
Додека Македонија ја тресе картелски скандал со 5 тони дрога, власта молчи. Нема одговор ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот Симе уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Од ВМРО рекоа дека станувало збор за „исклучиво само една фотографија“. Но, излезе и втората фотографија. Сега еве и трета фотографија на Симе со премиерот Мицкоски. Ова се истакнува во соопштението на СДСМ, кое во продолжение го прененсуваме ...
Кочанската полиција доби ново раководство, со промени на двете највидливи позиции во локалната хиерархија. За нов началник на ОВР Кочани е поставен Тоше Стојанов, кој ја презема функцијата од Филип Костовски. Истовремено, за командир на Полициската станица од општа надлежност е именуван Драганче Даневски, на местото на Горан Миленковски – Спенсер. Во кратките биографски линии што се пласираат во јавноста, Стојанов се претставува како ...
Висок мурал во чест на оперската легенда Марија Калас во јужниот грчки град Каламата е прогласен за најдобар мурал во светот за 2025 година од страна на „Стрит Арт Ситис“, меѓународна платформа која документира и промовира урбана уметност. Делото со големи размери, создадено од грчкиот визуелен уметник КЛЕ – професионалното име Клеоменис Костопулос – ја покрива целата висина на станбена зграда на улицата Аристоменус и брзо стана едно од ...
Премиерот во Атина ја отвори јавната и парламентарната дебата за уставна ревизија, со аргумент дека Уставот од 1975 година обезбедил стабилност по падот на воената хунта, но дека денешните предизвици – од вештачка интелигенција до климатска криза – бараат поинакви институционални „алати“ и обновена доверба во државата. Во неговата рамка за промени, централно место добива прашањето за политичката одговорност и контролата врз извршната власт, ...
„Срам и пари“ (Shame and Money) во режија на Висар Морина, ја освои големата награда на жирито (World Cinema Grand Jury Prize: Dramatic) на овогодинешното издание на филмскиот фестивал „Санденс“. Филмот е реализиран како ко-продукција помеѓу Германија, Косово, Северна Македонија, Словенија, Албанија и Белгија. Македонски ко-продуцент е Марија Димитрова со „Лист продукција“од Скопје, а со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна ...
По најновото обвинение за злоупотреба на европските пари од ИПАРД програмата за подршка на земјоделството, индициите сугерираат дека случајот со Џевдет Насуфи и Илија Стоилев можеби е само врв на ледениот брег. Фокусот на истражителите сега се шири кон претходни јавни повици и договори склучени во изминатите години. Крајниот исход од овие постапки ќе биде тест за македонскиот правосуден систем и неговата способност да се справи со високата ...
„Време е да се осмелиме да преземеме смели реформи што ќе го зајакнат авторитетот на нашите институции и довербата на граѓаните“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и повика на уставна реформа со која ќе се укине имунитетот на министрите, што постојано предизвикува контроверзии во неодамнешните истраги. „Време е да се осмелиме да преземеме смели реформи што ќе го зајакнат авторитетот на нашите институции и довербата на граѓаните. ...
Во згради расфрлани низ Шенжен, Чангша и Пекинг, кинеските трговци продаваат супстанции од далечина што многумина никогаш не би ги инјектирале во своите тела. Нивните производи: пептиди, кратки синџири на аминокиселини, се рекламираат на интернет како чудотворни решенија за подобар сон, губење на тежина, подобрување на меморијата, побрзо заздравување или дури и подмладување на кожата. Ветуваат совршено тело испорачано во лиофилизирани ампули. ...
Бугарското обвинителство отвори опсежна истрага за организирана мрежа која тајно снимала клиентки во козметички салони во Бургас. Со помош на ФБИ и Интерпол, властите во Бугарија се обидуваат да ги отстранат снимките на десетици жени и малолетнички, дистрибуирани на интернет за профит, додека сопствениците негираат директна одговорност. Скандалот ескалираше на 2 февруари 2026 година по серија пријави од клиентки во центарот на Бургас, што ...
По серијата на широко објавувани украински напади со беспилотни морски дронови врз руските поморски сили во Црното Море, Кремљ се обиде да возврати. Ставрос Алтамазоглу*, воен новинаар и аналитичар за воени и безнедносни прашања, во својот текст за Нешенел Интерес, истакува дека откако започна големата руска инвазија на Украина во февруари 2022 година, украинските воени и безбедносни служби покажаа извонредна генијалност во осмислувањето и ...
Локалните и федералните власти во Лас Вегас истражуваат куќа за која се сомнева дека се користи како биолошка лабораторија и се обидуваат да утврдат за какви материјали станува збор. Претресот е спроведен во сабота наутро, но истражителите сè уште точно не знаат што пронашле, дознава ABC News од полициски извори. Истрагата е покрената поради прекршување на прописите Истрагата е покрената по пријава за прекршување на прописите. Кога се ...
Професорите д-р Алексеј Дума и д-р Горазд Росоклија, специјалист по неврологија, невропатологија и психијатрија на Универзитетот Колумбија во САД, го дупнаа балонот на сензационалистичките медиуми во Македонија кои информациите за научна соработа меѓу институти во Македонија и Америка што се појавија во дел од фајловите на Епштајн ги прогласија за “трговија со мозоци“. Горазд Росоклија во изјава за Топ Тема на Телма, објасни дека станувало ...
Популарниот српски глумец, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ на социјалните мрежи објави дека во Србија постои црна листа на глумци кои под своевиден прогон затоа што ја критикуваат власта и владдењето на Александар Вучиќ. „Знаете каков беше предизвикот? Фактот дека добар дел од нас актерите од Србија кои глумат во овој филм во последните неколку години не можеме да работиме во Србија. На црната листа сме, забранети сме. Потоа отидовме во ...
Кога министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека „зголемувањето на пензиите со политичка одлука“ и барањето за минимална плата се „различни работи“, таа всушност ја отвора најнепријатната дилема: зошто државата има право да биде „политичка“ кога се работи за пензионерите, а одеднаш станува „набљудувач“ кога се работи за работниците? И уште поважно – зошто пензионерите во таа логика се сведени на буџетска ставка и изборна ...
Европската унија (ЕУ) и нејзините членки ќе ги интензивираат напорите за наоѓање решение за проблемите со престојот на одредени професионални категории од Западен Балкан во тој блок, вклучувајќи ги и професионалните возачи. Ова денес го изјави шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина (БиХ), Луиџи Сорека. Сорека напиша на мрежата X дека ЕУ ќе соработува во ова со земјите-партнери, вклучувајќи ја и Босна и Херцеговина, откако ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден, 1 февруари 2026 година, системот за автоматски надзор „Безбеден град“ регистрирал вкупно 646 сообраќајни прекршоци на територијата на целата држава. Податоците покажуваат дека и понатаму најголем проблем во сообраќајот претставуваат пречекорувањето на дозволената брзина и непочитувањето на светлосната сигнализација. Според официјалната статистика, во ...
По серијата реакции од граѓани кои работеле во Ирак и Авганистан и добиле даночни решенија, Управата за јавни приходи излезе со став дека не станува збор за „ретроактивно оданочување“, туку за обврска што одамна постои во законот за данок на личен доход. Директорката Елена Петрова тврди дека проблемот кај многумина не е во обврската, туку во практиката: по неколку години, дел од луѓето тешко доаѓаат до потврди дека данокот веќе им бил платен ...
Во Владата синоќа беше конституиран Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, нов координациски механизам што треба да ја притисне државата да оди „до крај“ во предметите за висока корупција – не само со кривични постапки, туку и со одземање на нелегално стекнат имот. Премиерот Христијан Мицкоски настапи со порака дека „нема селективна правда“ и дека „нема заштитени, нема недопирливи“, притоа поврзувајќи ја политичката ...
Денес, вторник 3 февруари 2026, Македонија ќе влезе во ден со студено утро и температури околу нулата, а по котлините и повисоките места и под нулата, по што преку ден ќе следи релативно блага зимска стабилизација со претежно облачно до променливо облачно време. Во Скопје утринската температура ќе се спушти до околу -2, а дневната ќе достигне околу 11 степени. Сличен температурен распон се очекува и во Пелагонија и Полошкиот регион: Битола и ...
Греми 2026 победниците беа објавени вчера во Лос Анџелес, каде што најголемите награди ги однесоа Bad Bunny, Kendrick Lamar и SZA, додека Billie Eilish и Finneas O’Connell ја добија наградата за песна на годината, а Olivia Dean беше прогласена за најдобар нов изведувач. Наградата за албум на годината ја доби „Debí Tirar Más Fotos“, со што Bad Bunny влезе во историјата како прв изведувач со целосно шпански албум што ја освоил главната ...
Марс ноќе обично останува невидлив за камерите што ги гледаме во дневните панорами: без сончеви сенки, без „црвенило“ од прашината во атмосферата, само студена темнина и тивок терен. Токму затоа новата снимка од роверот Curiosity – направена во кратерот Гејл, во подножјето на планината Шарп – изгледа како сцена од хорор: кружна дупка во карпа, купче исфрлен материјал околу неа и црна силуета од дел од роверот што го „јаде“ аголот на кадарот. ...
Забрана за социјални мрежи за деца најавуваат Франција и Шпанија во првите денови од февруари 2026 година, со различни старосни прагови, откако францускиот претседател Емануел Макрон зборува за лимит под 15 години, а шпанската влада турка закон за забрана за деца под 16, со аргумент дека мерките се нужни поради онлајн вознемирување и последици врз менталното здравје. Во Франција, Макрон најави дека социјалните медиуми ќе бидат забранети за ...
По големиот пад на крајот од минатата недела, вредноста на златото на берзата, достигна највисоко ниво на нестабилност од финансиската криза во 2008 година и со тоа стана понестабилно од криптовалутата биткоин. Остриот пад на цената на златото од четврток, 29 јануари, беше предизвикан од високиот шпекулативен интерес на трговците за американскиот долар и плановите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со назначувањето на нов шеф ...