И покрај рестриктивните решенија кои органите на МАНУ биле принудени да ги донесат поради континуираниот пад на средствата наменети за основната дејност на Академијата, таа успешно и навремено ги реализирала сите активности и настани предвидени со Програмата за работа за 2024 година, оцени првиот човек на Академијата, Живко Попов во експозето на Редовното годишно собрание осврнувајќи се на работата за изминатата година. Во 2025 предложена е ...

Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот и министерот Фатмир Лимани лично, такво нешто не се случило. Самиот чин е недозволив и не смее да се случи, ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека повела постапка по службена должност против ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар, ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје и Министерството за здравство, за заштита од дискриминација на пациентите во здравствените установи, врз основа на здравствен статус, во областа пристап до здравствените услуги. Како што е објавено на нејзината официјална веб страница, Комисијата наведува дека по ...

Ерменскиот парламент го усвои нацрт-законот за започнување на процесот за пристапување на кавкаската земја во Европската унија (ЕУ). Законот, усвоен во последното читање со 64 гласа „за“ и седум „против“, ја повикува ерменската Влада да го иницира процесот. Во ова поранешна советска република расте недовербата кон Русија, историскиот сојузник кој сè уште одржува воена база на ерменска територија. Ерменија, исто така, ја критикува Москва за ...

Следејќи ги настаните кои ја брануваа студентската заедница предходната недела, не можев а да не се огласам. Предходниот понеделник, на крајно тажен и тензичен собир пред платото на УКИМ кој воопшто не би да се случил доколку системот фукционираше, право на збор си зема самиот систем, односно политичар чиешто место не беше тој ден пред студентите. Лавината на реакции после оваа несовесност на системот, од кои добар дел беа полни со говор на ...

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување од функцијата Јавен обвинител на РСМ поднесен од Владата. Седницата, како што информираше претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, е одложена поради немање на кворум – отсуство на тројца членови и за се понатаму јавноста ќе биде дополнително информирана. Предлогот за разрешување на државниот Јавен обвинител Љупчо ...

Владата е најголемиот работодавач во јавниот сектор, кој брои над 129 илјади лица, од кои минимум 25 илјади работници се директно се засегнати од минималната плата. Од УПОЗ повторија дека ова не е зголемување, туку законско усогласување со порастот на трошоците и порастот на платите Сојузот на синдикатите не е задоволна од фактот дека Владата усвоила информација за утврдување на минималната плата за 2025 година, „применувајќи ги законски ...

Ако не сте ја следеле најновата технологија, сигурно сте свесни дека вештачката интелигенција сè повеќе го зафаќа секој аспект од нашето општество, што предизвикува загриженост кај работниците. И додека иднината не се чини како некоја дистописка сцена од научно-фантастичен филм, ситуацијата може да се покаже далеку посложена за нас, обичните граѓани, како што напредува технологијата. Таков е барем ставот на милијардерот Бил Гејтс. Технолошкиот ...

По повод 2 Април, Светскиот ден на свесноста за аутизмот, во Младинскиот центар „Матично”, ќе биде отворена изложба на цртежи на Јана Иванова, ученичка во IV oдделение при ООУ. „Димитар Миладинов” oд Скопје. Изложбата ќе биде отворена до 30 април, а може де биде посетена секој работен ден од 10 до 16 часот. Нејзиното отварање ќе биде на 2 април во 12 часот. Помагатели на овој настан се Општина Центар, Комерцијална банка АД Скопје, Еурофарм ...

Во пожарите во Јужна Кореја најмалку 24 луѓе загинаа, а во критична состојба се 12 лица. Повеќе од 23.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. „Невидената криза и натаму е во критична фаза, ова е најлошиот шумски пожар во историјата“, рече Хан Дук-со, привремениот претседател на Јужна Кореја. Во пожарите изгоре и храм стар 1300 години во Уисеонг, а повеќето вредни предмети биле однесени на сигурно. Пожарите почнаа во петокот, и брзо ...

И покрај зголемувањето на цените на новите автомобили, еден пристапен модел успеа да го освои европскиот пазар и да го задржи титулата на најпродаван автомобил во 2024 година. Според новата студија, најпродаван автомобил во Европа за 2024 година беше Dacia Sandero, со вкупно 286.663 продадени единици. Овој популарен компактен хечбек се истакнува со својата достапност, со цена која е значително пониска од многу конкурентни модели. И покрај тоа ...

Кредитната агенција „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на ниво од ББ+ со стабилен изглед, оценувајќи дека земјата продолжува да води кредибилни и конзистентни макроекономски политики. Овие политики се поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрените показатели за управување во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформите во процесот на ...

Двајца новинари, дописник на јапонскиот дневен весник Асахи Шимбун и репортер на Ал Џезира, загинаа во израелските напади во Појасот Газа, јавија медиумите. Асахи Шимбун јави дека дописникот Мохамед Мансур (29) бил убиен во неговиот дом во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, додека Ал Џезира ја идентификувала втората жртва како нејзиниот дописник, 23-годишниот Хосам Шабат. – Нападите врз цивили, вклучително и новинари, никогаш не се ...

Хрватска оваа година се соочува со недостиг од околу 70.000 сезонски работници во секторите на туризмот, угостителството, градежништвото и трговијата, а се очекува работниците од Босна и Херцеговина повторно да бидат меѓу најбројните, пренесува агенцијата ФЕНА. Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, најбројни странски работници во земјата на крајот на минатата година биле државјаните на БиХ (38.100), по кои следуваат ...

Земјите од јужна Европа ја одбија иницијативата на Европската комисија за финансирање на одбраната преку поволни заеми, стравувајќи дека тоа дополнително ќе ги зголеми нивните веќе високи долгови, објави бриселски „Политико“. Предлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој вклучува пакет заеми во вредност од 150 милијарди евра и посебна клаузула за олеснување на фискалните правила на ЕУ, наиде на силен отпор, ...

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој беше правосилно осуден од Судот на Босна и Херцеговина за непочитување на одлуките на високиот претставник и е осомничен за загрозување на уставниот поредок, ја напуштил територијата на БиХ и отпатувал најпрво во Србија, а потоа во Израел. Неговото заминување отвори низа правни и политички дилеми, вклучително и можноста за издавање меѓународна потерница. Додик се појави во Батајница, Србија, ...

Синдикатот на Македонската филхармонија изрази незадоволство од одлуката на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој го назначи Мустафа Имери за нов директор. Според нив, оваа одлука претставува уште еден пример за непочитување на законските процедури и продолжување на нетранспарентните практики при именувањето на раководни лица. Тие тврдат дека партиските договори се единствениот критериум при изборот, наместо стручноста и ...

Бројот на пациенти кои се лекуваат во странство во моментов е 113, а се очекува во текот на денот да се вратат уште пет пациенти кои беа повредени во пожарот во дискотеката во Кочани – четири од Шпанија и еден од Грција, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Травари. -За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 115 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од ...

Владата има примарна обврска да ја гарантира безбедноста на граѓаните и да воспостави здрав и функционален систем кој во изминатите 30 години беше значително нарушен, изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински. По трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, тој најави темелни проверки не само на јавните објекти, туку и на угостителските објекти и станбените блокови низ државата. – За жал, времето беше кратко за да стигнеме насекаде и ...

Под влијание на циклонска активност до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 km/h), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m2). Прогноза за 27.03.2025 Минимална температура: 6°C до 11°C Максимална ...

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека состојбата во владината коалиција е стабилна, додека во рамките на коалицијата ВРЕДИ, од која доаѓа, таа е релативно стабилна. На прес-конференција во Министерството за здравство, тој нагласи дека темата на разговорот е здравството и дека не сака да навлегува во меѓукоалициски политички дискусии. Оваа негова изјава доаѓа по шпекулациите во албанските медиуми дека Таравари размислува да ја ...

Дарко Стојанов, првиот пациент од трагичниот пожар во Кочани кој се лекуваше во странство, вчера се врати во Македонија. Неговата здравствена состојба е стабилна, а следува подолг процес на опоравување. При неговото пристигнување, го пречекаа министрите за здравство и надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски. Дарко денеска се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака за трагедијата во која загинаа 59 лица. „Мили мои ...

Новата криминалистичка драма „Адолесценција“ на „Нетфликс“ ги освои гледачите низ светот, вклучувајќи го и регионов. Оваа мини-серија, составена од четири епизоди, нуди вознемирувачки и длабоко емотивен увид во насилството меѓу младите и факторите што придонесуваат кон него. Иако „Адолесценција“ не е директно базирана на вистинска приказна, нејзиниот автор Стивен Греам открива дека инспирацијата ја добил од растечката епидемија на убиства со нож ...

Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта против новиот закон со кој се забранува годишната Парада на гордоста и се дозволува користење на софтвер за препознавање лица за идентификување на организаторите и учесниците. Новинарите на Ројтерс од местото на настанот процениле дека околу 2.000 луѓе учествувале на протестот, извикувајќи „Европа“ и „Валкана Фидес“ додека се обидувале да блокираат клучен мост во Будимпешта. „Годниот закон усвоен минатиот ...

Со емотивни приказни и силни пораки, документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна“ ја доживеа својата премиера вчера во Кино Фросина, МКЦ, испраќајќи моќен повик за подигнување на свеста за донирање органи во Северна Македонија. Филмот е продуциран во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација”, финансиран од Европската Унија. „Овој филм е повеќе од само приказна – тој е сведоштво за храброста на пациентите, ...

Во врска со актуелната побарувачка на конзумни јајца во периодот пред Велигден, Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца. Како што информираат денеска од Стопанската комора на Северна Македонија, како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни ...

Со враќањето на првиот пациент лекуван во Белград, започна постепеното враќање на повредените во пожарот во Кочани. Медицинските тимови проценуваат дека процесот ќе зависи од здравствената состојба на секој пациент и препораките на лекарите во странство. Дарко Стојанов кој во моментов е во добра здравствена состојба вчера беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски. Според протоколите на ...

Иницијативата „На Точак“ реагира по најновиот случај на прегазени пешаци на пешачки премин на булевар „Партизанска“, нагласувајќи дека овој булевар не е автопат со предност за автомобилите, туку простор каде сите учесници во сообраќајот треба безбедно да коегзистираат. „Градските улици треба да бидат дизајнирани за смирено возење, а не за приоритет на моторниот сообраќај“, порачаа од „На Точак“, предлагајќи конкретни мерки за зголемување на ...

Кога ќе се случи трагедија, не постојат „тие“ и „ние“. Постојат само луѓе кои страдаат, кои сочувствуваат и кои помагаат. Затоа, ромската заедница, која честопати е навикната да биде објект на донации и хуманитарна помош, овој пат покажа дека и знае, и сака, и умее да дава. Асиб Зекир* Кочани деновиве не е само град, Кочани е болка. Болка која не познава возраст, етничка припадност или верска определба. Оваа болка се разлеа низ целата држава, од ...

Во германската индустрија се случуваат значајни промени: додека водечките фабрики од автомобилската индустрија, како Volkswagen (VW), укинуваат илјадници работни места поради забавениот раст на пазарот, производителите на тенкови, ракети и други воени технологии очајнички бараат нови вработени. Воениот сектор бележи подем поради зголемените трошоци за одбрана на земјите-членки на НАТО, а потребата за нова работна сила е сè поизразена, пишува ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
78%
1017
weather icon

Загреб

12ᴼ / 6ᴼ
1.03
72%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
87%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.19
90%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
91%
1019
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.17
70%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1016
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
85%
1016
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
87%
1017
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62