
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Главниот опозициски лидер во Турција, Озгур Озел, вети дека протестите ќе продолжат на национално ниво додека не се распишат предвремени претседателски избори или додека не биде ослободен затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу. Озел, претседател на Републиканската народна партија (ЦХП), објави дека масовните демонстрации во Истанбул оваа сабота ќе го означат почетокот на кампањата на партијата да го направи Имамоглу следен ...
Нов началник на Секторот за внатрешни работи во Штип е Бојан Величковски, а Игор Јаковлевски е новиот началник на ОВР Кочани. Промените се направени по пожарот во дискотеката во Кочани, во која загинаа 59 лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на 18 март ги разреши началниците на СВР Штип и ОВР Кочани со цел да се спроведе целосна истрага и без притисоци. „Со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага, донесов одлука ...
Русија изјави дека дел од западните санкции мора да бидат тргнати пред да се согласи на поморски прекин на огнот со Украина. Барањето на Кремљ следи по американското соопштение дека двете страни се согласиле да ги прекинат нападите во Црното Море. Русија инсистира на тоа дека санкциите за клучните банки, вклучувајќи ја и Роселхозбанк, мора да бидат укинати и да се врати пристапот до платниот систем SWIFT. И покрај тековните мировни преговори, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Париз во пресрет на европскиот самит за Украина, кој е закажан за утре, потврди неговиот портпарол. Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе биде домаќин на група европски лидери за да разговараат за Украина и безбедноста во Европа. Овој самит е продолжение на собирите на Макрон на европските и НАТО лидерите во февруари и март, каде што разговараа за безбедносните гаранции за Украина. ...
Стотици луѓе денеска протестираа во градот Газа, скандирајќи пароли против „Хамас“. Демонстрацијата следи по сличен протест во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа. Демонстрантите извикуваа „Надвор, надвор, ‘Хамас’ надвор!“ додека се собираа околу палестинско знаме кое го развеа еден од нив. Јавните протести против „Хамас“ се ретки, бидејќи движењето со години ја задушуваше опозицијата и управува со енклавата во услови на војна со ...
Франција ќе обезбеди околу 2 милијарди евра дополнителна воена помош за Украина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, обвинувајќи ја Русија за реинтерпретација и препишување на неодамнешните ограничени договори за прекин на огнот. „Можам денес да објавам 2 милијарди евра дополнителна воена поддршка за Украина“, рече Макрон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Макрон додаде дека противтенковски ракети, ракети ...
Министерот за здравство Арбен Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата, по трагичниот настан во Кочани, да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација. Тој повтори дека има држави кои се подготвени, доколку имаме потешки случаи за рехабилитација, да ги примат овие пациенти. „Процесот на рехабилитација на пациентите кои се лекуваат по трагичниот настан во Кочани ќе биде долг и макотрпен, меѓутоа таква е ...
Спогодбата меѓу САД и Русија за забрана на напади врз инфраструктурата која ѝ доставува енергија на Унгарија е во согласност со националните интереси на земјата, бидејќи го намалува ризикот за нејзината енергетска сигурност, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Москва, пренесе унгарската агенција МТИ. „Најважното прашање за Унгарија сега е кога ќе заврши војната во Украина и кога Централна Европа ќе добие мир“, изјави ...
Во ова интервју од серијата „Имаме неколку прашања за вас“ на Рацин.мк, разговараме со Марко Бислимоски, претседател на Републичката комисија за енергетика. Во фокус на овој разговор е новиот закон за енергетика кој е во неговата завршна фаза на подготовка. Како што посочува Бислимоски, законските новини се однесуваат на вклучувањето на македонската во регионалната мрежа на пазарите со електрична енергија како прв чекор кон единствениот ...
Делови од општина Карпош во текот на утрешниот ден ќе останат без струја. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од „ЕВН“, денеска соопшти дека поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат делови од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“ и „Осло“. Од девет до 11:00 часот, корисниците од „Њуделхиска“ – зграда број 2 и „Дрезденска“ – зграда ...
Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека засега останува да биде министер за здравство, иако дел од медиумите објавија информации дека ќе ја напушти коалицијата „Влен“. – Засега, да. Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро ...
Украина и Русија во средата се обвинија меѓусебно за кршење на примирјето постигнато со посредство на САД за напади врз енергетската инфраструктура, додека ЕУ ги отфрли руските услови за прекин на огнот во Црното Море. САД најавија посебни договори со Киев и Москва за прекин на нападите, но Украина инсистираше на тоа дека договорот е ефективен веднаш, додека Русија бараше повторно поврзување на санкционираната државна банка со глобалниот платен ...
Социјалните работници од Кавадарци денеска дадоа поддршка на нападната колешка од Прилеп. „Членовите на Синдикатот на вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Кавадарци денеска еден час ја прекина својата работа солидаризирајќи се со другите вработени од државата, во знак на жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп, каде врз наша колешка беше извршен обид за убиство“, беше кажано на собирот. Притоа ...
Владата и премиерот Христијан Мицкоски замолчеа во врска со барањето јавниот обвинител Љупчо Коцевски да си поднесе оставка. Позицијата јавен обвинител засега останува во рацете на Коцевски, бидејќи како што информираат од Владата каков и да биде одговорот од Советот на јавни обвинители, тој нема да биде испратен до Собранието, Од Владата засега нема информација зошто ја запре постапката за разрешување на Коцевски, и тоа во време по истрагата за ...
Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија. Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа пациентот на Скопскиот аеродром, изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат ...
Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На останатите 14 лица одбиени им се жалбите и за нив е потврдена мерката притвор. Од Обвинителството ...
Секретарот за одбрана на САДПит Хегсет испратил СМС со детали за планираниот воен напад врз лидерот на милитантите Хути во Јемен само два часа пред операцијата, според скриншотите објавени од Атлантик во средата. Откритието дека таквите многу чувствителни информации биле споделени преку комерцијална апликација за пораки – веројатно на лични уреди – предизвика бес во Вашингтон. Демократите повикаа на отпуштање на членовите на тимот за национална ...
Основниот суд во Кочани донесе одлука да ја замени мерката „ефективен притвор“ со куќен притвор за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и за поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Оваа одлука е резултат на разгледување на жалбите поднесени од вкупно 17 осомничени во случајот со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. За останатите 14 лица, судот ги одби жалбите и ја потврди мерката ...
Јужнокорејскиот конгломерат Хјундаи најави дека ќе инвестира приближно 21 милијарда долари во економијата на САД, од кои 5,8 милијарди долари ќе бидат наменети за фабрика за челик во американската сојузна држава Луизијана. Новата фабрика ќе вработи повеќе од 1.400 работници и ќе произведува челик од следната генерација што ќе се користи во двете американски фабрики за автомобили на Хјундаи за производство на електрични возила, пишува CNBC. ...
Откако владејачкото мнозинство и раководството на Собранието ја „укашка“ работата, денеска од таму до медиумите стигна ново соопштение. Во него се тврди дека пратениците во овие две недели работеле. „Работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа. ...
Триесетина ученици од основните училишта од Пробиштип и Злетово, заедно со нивните наставници, денеска беа во посета на редакцијата на порталот Рацин.мк. Учениците се запознаа со работата на порталот и поставија повеќе прашања за новинарската професија. Посетата во Скопје, каде што посетија и повеќе други редакции, е во органзиацијата ГРИТ од ПРобиштип, во соработка со „Лице в лице“ во рамки на проктот „Лице в лице дурбин – медиумски активизам ...
Сите гости на приемот по повод Денот на грчката независност, кој во календарот на Белата куќа е внесен како редовен годишен настан, си ја чешкале главата и си гледеле во врвовите на чевлите откако американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече Грција и Кипар – ривали, пренесува То Вима. Инаку прославата на Денот на грчката независност во Белата куќа поминала во добро расположение во сала преполна со грчки достоинственици и поддржувачи, како и ...
Младите Данкињи би можеле да бидат повикани на воена служба и тоа веќе на 1 јули 2025 година, најави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Пулсен. „Со оглед на моменталната ситуација во одбранбената и безбедносната политика, вооружените сили треба да регрутираат повеќе луѓе и затоа е важен сигнал да се воспостави целосен паритет меѓу жените и мажите до 1 јули 2025 година“, рече Поулсен. Првично, новиот рамковен договор, со кој се зголемува ...
Проектот за ископ на литиум Јадар во Србија, Европската унија ќе го прогласи како нејзин стратешки проект надвор од ЕУ за седум или осум дена. Такво тврдење денеска од Брисел упати претседателот на таа држава Александар Вучиќ, јави МИА од Белград. По работната вечера со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Вучиќ за српските медиуми изјави дека „оние кои се радуваа денеска ...
Русија и САД се договорија за списокот на руски и украински капацитети на кои се применува привремен мораториум на ударите против енергетскиот систем, објави каналот Телеграм на Кремљ. Оваа листа вклучува: – рафинерии за нафта; – нафтоводи и гасоводи и капацитети за складирање, вклучително и пумпни станици; – инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија, вклучувајќи —- електрани, трафостаници, трансформатори и дистрибутери; – ...
Бесплатната апликација за размена на пораки Signal стана фокус на вниманието откако Белата куќа потврди дека била користена за таен групен разговор меѓу високи американски функционери. Според извештаите, главниот уредник на магазинот Атлантик, Џефри Голдберг, по грешка бил додаден во групен разговор во кој се дискутирало за плановите за напад на Хутите во Јемен. Овој инцидент предизвика жестоки реакции, а лидерот на демократите во Сенатот, Чак ...
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е задоволна од конструктивниот и ефективен дијалог со САД и дека контактите со американската страна се „интензивни и продуктивни“. Песков потврди дека е на сила наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за мораториум на нападите врз украинскиот енергетски систем. По постигнувањето договор со американскиот претседател Доналд Трамп на 18 март, конфликтните страни да се воздржат ...
Претседателката на Сојузот на еколошки организации на Србија (СЕОС), Љиљана Браловиќ, изјави дека без разлика каква ќе биде одлуката на Европската комисија (ЕК) за проектот „Јадар“, во Србија нема да има ископ на литиум и дека борбата продолжува. „Овој проект е погубен. Знаеме дека претседателот и луѓето околу него лобираат за рудникот, бидејќи го гледаат како спас. Мислат дека поддршката на Европа ќе им помогне да останат на власт затоа што го ...
Пристаништата на Европската унија од денес повеќе не нудат услуги за претовар на течен природен гас (LNG) произведен во Русија или извезен од таа земја. Овие санкции беа воведени уште во јуни минатата година, но тогаш беше одобрено одложување на нивната примена до 26 март 2025 година за договорите склучени пред 25 јуни 2024 година. Од денес, во пристаништата на ЕУ исто така е забрането обезбедување техничка поддршка, брокерски услуги, ...
Од СДСМ денеска повторно излегоа со нови, како што велат, пропусти на надлежните институции кои можеби довеле да се случи трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која трагично го загубија животот 59 млади лица и близу 200 се повредени. Организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, повикувајќи се на официјални документи, изјави дека дискотеката „Пулс“ работела нелегално, а УЈП не постапила согасно законите. Костовски рече дека ...