Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Пехчево остана без банка, па неговите жители за подигнување плата или пензија, плаќање сметки и други основни банкарски услуги мора да патуваат до Берово или Делчево. Она што во другите градови трае неколку минути, за жителите на Пехчево сега може да значи цел ден патување, дополнителни трошоци и зависност од туѓ превоз. Најблиската банкарска експозитура е во Берово, оддалечено околу 10 километри, додека до Делчево има околу 30 километри. ...
Куќа од 4.000 пакувања за млеко изградил пензиониран ѕидар од Сорокаба, во бразилската сојузна држава Сао Паоло, откако немал доволно пари за традиционален градежен материјал. Необичниот двособен дом го привлекол вниманието како пример за повторна употреба на отпад, а инженер проценил дека со правилно одржување би можел да трае и 100 години. Пензионерот собрал повеќе од 4.000 картонски пакувања од долготрајно млеко и ги употребил наместо ...
Женската титула на Вимблдон ќе заврши во рацете на Каролина Мухова или Линда Носкова, кои денеска, 11 јули, ќе се сретнат на Централниот терен во првото целосно чешко женско финале во историјата на гренслем-турнирите. Натпреварот е предвидено да започне најрано во 17 часот по македонско време, а без оглед на исходот, Вимблдон ќе добие нова гренслем-шампионка. Мухова во финалето влегува со поголемо искуство од најголемите натпревари. Деветтата ...
Осумнаесет нови позиции во Владата се отворени преку огласи за вработување административни службеници, во период кога извршната власт најавува реформа, рационализација и намалување на јавниот сектор. Наместо кратење на преобемната администрација, институциите продолжуваат да бараат нов кадар, со плати од околу 29.000 до над 38.000 денари. Огласите се однесуваат на 18 различни работни позиции, а за дел од нив е предвидено ангажирање на повеќе ...
Заложничката драма во Берлин заврши во саботата наутро со ослободување на касиерката и апсење на напаѓачот, откако специјалните полициски сили упаднаа во супермаркетот „Реве“ во населбата Мариенфелде. Според германски „Билд“, и жената и осомничениот биле повредени, но полицијата засега не ја соопштила тежината на нивните повреди. Кризата траела точно 11 часа и 20 минути. Напаѓачот ја држел касиерката како заложничка од петокот околу 22 часот, ...
Министерката за финансии тврди дека нема одлука за зголемување на старосната граница, но самото споменување работа до 72 години отвори сериозна вознемиреност. Слободан Трендафилов предупредува дека дефицитот во пензискиот фонд не смее повторно да се покрива со здравјето и животот на работниците. Во Македонија нема одлука за задолжително пензионирање на 72 или 73 години. Нема ниту подготвен предлог-закон со кој граѓаните би биле принудени да ...
НАТО политички препозна дека безбедносната средина е значително променета и излегува од наративот на кризен менаџмент, прифаќајќи дека се наоѓа во постојана стратешка компетитивност со сериозни актери, истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев во своето гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија. Анализирајќи ги заклучоците од неодамнешниот самит на Алијансата, тој потенцираше дека фокусот веќе не е на експедициските операции, ...
Европската перспектива на Македонија останува од стратешко значење, но за нејзино успешно остварување клучни се домашните реформи, проактивноста и градењето национален консензус. Ова го истакна политикологот, архитект и поранешен министер Тони Поповски, кој во своето најново интервју направи детален пресек на предизвиците поврзани со уставните измени, евроинтеграцискиот пат и состојбата на домашната политичка сцена. Проширувањето на ЕУ како ...
Црна Гора храбро ита кон ЕУ и на 14 јули во Брисел ќе затвори уште две поглавја од пристапните преговори, додека Македонија останува заглавена пред следниот чекор, со барање за гаранции дека по уставните измени нема да се појават нови билатерални условувања. Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија дадоа зелено светло за привремено затворање на поглавјето 8, кое се однесува на политиката на конкуренција, и поглавјето 29, кое ја ...
Унгарија влегува во Европското јавно обвинителство откако Европската комисија на 10 јули официјално го потврди учеството на земјата во институцијата што истражува измами, корупција, перење пари и други кривични дела поврзани со буџетот на Европската Унија. Со одлуката, Унгарија станува 25. земја членка на ЕУ што му се приклучува на обвинителството. Како што објави EuAlive, потегот означува јасен прекин со политиката на владите на Виктор ...
Трамп му се закани на Иран дека Соединетите Американски Држави ќе извршат разорен напад врз земјата доколку Техеран се обиде да го убие. Американскиот претседател на 10 јули објави дека 1.000 ракети се „подготвени и насочени“ кон Иран и дека на армијата веќе ѝ дал инструкции како да одговори во случај на атентат. Во објавата на неговата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп тврди дека американските сили би ги нападнале сите делови на Иран и ...
Муса Џавит и Сенафи Нуредини, двајца македонски државјани кои полицијата ги поврзува со организираната криминална група „Беланоца“, беа уапсени вчера, 10 јули во Драч во меѓународната операција „Фјури“. По нив биле распишани потерници од Интерпол поради сомневања за убиства, ранувања, нелегално оружје и учество во криминална организација, а при апсењето кај нив биле пронајдени фалсификувани лични документи. Во дел од домашните извори името на ...
Детски игралишта низ Скопје повторно стануваат цел на вандализам, а последниот случај е забележан во Кисела Вода, каде што непознат сторител со моторно масло ги полеал реквизитите и клупите на игралиштето на улицата „Ѓорѓи Сугаре“. Просторот наменет за игра и дружење преку ноќ станал неупотреблив и потенцијално опасен за децата, додека жителите бараат надлежните да го пронајдат сторителот и да спречат нови оштетувања. Игралиштето се наоѓа во ...
Новото главно превозно средство на Кубанците се малите електрични трицикли, кои сè почесто ги заменуваат старите американски автомобили и автобусите на улиците во Хавана. Долготрајниот недостиг од гориво и сè почестите прекини во снабдувањето со електрична енергија ги натераа жителите да бараат поевтин и подостапен начин за превоз. Малите возила на три тркала, претежно од кинеско производство, денес се користат за превоз на патници и стока, ...
Становите на Груевски, вредни неколку милиони евра, повторно се нудат на продажба од државата, додека поранешниот премиер Никола Груевски живее во Будимпешта наместо да ја издржува затворската казна во Идризово, соопшти СДСМ. Од партијата обвинуваат дека тоа се случува во време кога граѓаните се соочуваат со долгови и минимална плата од околу 400 евра. Според СДСМ, на продажба се нудат станови и друг имот во вредност од неколку милиони евра, ...
Порфириј доби условна казна во Словенија во судска постапка за мобинг врз поранешниот православен свештеник Жељко Лубарда, чиј спор со раководството на Српската православна црква трае повеќе од една деценија. Окружниот суд во Љубљана го прогласил српскиот патријарх за виновен за злоупотреба на работното место, додека СПЦ ја оспорува постапката и тврди дека тој не бил известен за судењето. На Порфириј му била изречена условна затворска казна ...
Ерлинг Халанд и Норвешка вечерва во 23:00 часот во Мајами ќе играат четвртфинале против Англија, во натпревар што изгледа како судир меѓу најопасниот напаѓач на Мундијалот и репрезентација која секогаш носи повеќе притисок отколку што може мирно да поднесе. Ова е идеален мундијалски наратив: Халанд има седум гола, Норвешка го живее најголемиот фудбалски момент во својата историја, а Англија повторно е пред прашањето што ја следи со децении: ...
Министерката за финансии тврди дека нема одлука за зголемување на старосната граница, но самото споменување работа до 72 години отвори сериозна вознемиреност. Слободан Трендафилов предупредува дека дефицитот во пензискиот фонд не смее повторно да се покрива со здравјето и животот на работниците. Во Македонија нема одлука за задолжително пензионирање на 72 или 73 години. Нема ниту подготвен предлог-закон со кој граѓаните би биле принудени да ...
Уште двајца доктори и едно друго лице се приведени во проширената истрага за нелегален увоз, дистрибуција и употреба на медицински препарати и помагала, во јавноста позната како случајот со ботоксите. По судски наредби биле извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител наредил истрага против четири нови лица. Тројца се осомничени за ...
Стефан РИСТЕСКИ Патриотизмот не ја плаќа киријата. Љубовта кон татковината не ја заменува правната држава. Денес е Светскиот ден на населението. Уште еден датум на кој ќе слушнеме дека Македонија старее, дека се раѓаат сè помалку деца и дека младите заминуваат. Но младите не исчезнуваат. Ние ги испраќаме. Ги испраќаме кога им нудиме плата со која не можат да платат кирија. Кога за работа е поважно кого познаваат отколку што знаат. Кога ...
Уште двајца доктори и едно друго лице се приведени во проширената истрага за нелегален увоз, дистрибуција и употреба на медицински препарати и помагала, во јавноста позната како случајот со ботоксите. По судски наредби биле извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител наредил истрага против четири нови лица. Тројца се осомничени за ...
Една од најголемите производителки на нафта во светот се соочува со најтешката криза со гориво во последните децении. Долги колони се создаваат пред бензинските пумпи низ Русија, продажбата е ограничена, а дел од станиците се затворени бидејќи немаат што да им понудат на возачите. Кризата се прошири од окупираниот Крим и јужните руски региони до Сибир, Санкт Петербург и делови од Москва. Во повеќето региони се воведени ограничувања за ...
Античкиот театар, „Света Софија“, Долни Сарај и охридските улици повторно ќе станат голема сцена. На 12 јули започнува 66. издание на „Охридско лето“, кое во наредните 40 дена во градот ќе донесе повеќе од 700 уметници од 24 земји. Охрид влегува во една од најважните недели од летната сезона. Туристичката раздвиженост веќе се чувствува, последните подготовки на фестивалските сцени се во тек, а на 12 јули, со свечено отворање во Античкиот ...
Триесет и една година по геноцидот во Сребреница, судските факти се одамна утврдени, но политичката битка околу нив не запира. Додека семејствата сè уште погребуваат нецелосни останки од своите најблиски, дел од регионалните лидери продолжуваат да ја претвораат комеморацијата во ново поле за национални пресметки. Во Поточари, на 11 јули 2026 година, повторно ќе бидат отворени десет гробови. Во нив ќе бидат положени посмртните останки на луѓе ...
Патот кон Костур не води кон онаа Грција што најчесто ја бараме во летните месеци. Нема море, долги песочни плажи и островски белини. Наместо нив, зад планините се појавува темна езерска вода, а врз неа градот стои како да се обидува да го види сопствениот лик. Костур, денешна Касторија, е изграден амфитеатрално на тесен полуостров што навлегува во Орестијадското Езеро. Од едната страна се издигнува Вич, од другата Грамос, а меѓу планините и ...
Труење со храна во Штип е пријавено кај шестмина работници во фабриката „Адиент“ во ТИРЗ, откако на 8 јули јаделе оброк на работното место и подоцна побарале медицинска помош поради стомачни тегоби. Кујната што ја доставувала храната е привремено затворена, а надлежните сè уште ги чекаат лабораториските резултати што треба да покажат што го предизвикало труењето. Дел од работниците се сомневаат дека причината била цезар-салатата послужена со ...
Охридскиот Регион повторно е пред клучна одлука на УНЕСКО. Комитетот за светско наследство на својата 48. сесија, која ќе се одржи од 19 до 29 јули во Бусан, Јужна Кореја, треба да ја разгледа состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот Регион и да одлучи дали ќе биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува Македонија и Албанија да ја избегнат ...
Кога жештината ќе влезе во домот, многумина го земаат далечинскиот управувач и веднаш ја поставуваат климата на 16 или 18 Целзиусови степени, убедени дека така просторијата ќе се излади побрзо. Токму тука започнува летната грешка што може сериозно да ја зголеми сметката за струја – без домот да стане побрзо пријатен. Во период кога Европа се соочува со сè почести топлотни бранови, потребата од разладување веќе не се смета само за прашање на ...
Шпанија ја победи Белгија со 2:1 вечерва во Инглвуд и обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во 2026 година, откако Микел Мерино во 88. минута го реши драматичното четвртфинале и закажа европска пресметка со Франција. Шпанската репрезентација од почетокот ја презеде контролата врз топката, додека Белгија својата шанса ја бараше преку брзи противнапади. Притисокот донесе резултат во 30. минута, кога Фабијан Руис ја искористи ...
Вештачката интелигенција би можела да помогне во подобро разбирање и следење на мултиплекс склерозата, откако научници развија метод што овозможува откривање на оштетувања во мозокот кои досега тешко се забележуваа со стандардните магнетни резонанци. Новата технологија им дава на лекарите и истражувачите појасна слика за промените што се поврзуваат со напредувањето на болеста. Истражувачите користеле напредни алгоритми на вештачка ...