
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Ден пред стапување во сила на обврската за јавно објавување на цени на производите на веб-страниците, Здружението на приватни аптеки побара аптеките да бидат изземени од оваа регулатива. Тие сметаат дека новото правило претставува непотребен административен товар кој го одвлекува вниманието на фармацевтите од нивната основна задача, грижата за пациентите. Од Министерството за економија и труд велат дека се подготвени за дијалог, но досега не ...
Свежо, вкусно и хранливо! Дали тренираш или сакаш здрава исхрана? Ако целиш да ја зголемиш мускулната маса и истовремено да ги намалиш килограмите, подигни го нивото на протеини во твојата исхрана. Ова може да го постигнеш со избалансирани и вкусни оброци, како што е овој посен сендвич со туна, полн со протеини. Инспирацијата за овој рецепт дојде од новиот протеински леб од Жито Лукс, кој содржи 10 грама растителни протеини во две парчиња леб, ...
Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците на Таравари самостојно да оди на изборите за совети на општините. Од друга страна дефинитивно нема да има соработка на коалицијата „Вреди“ со АА на Таравари на локалните избори за градоначалници. – Тоа поглавје е затворено, а ние како коалиција „Вреди“ одлучивме да одиме заедно со ...
Владините партнери на ВРЕДИ ги следат превирањата во коалицијата, но уверуваат дека не е загорзена стабилноста на владата. Откако Таравари одлучи за локалните избори да има сопствени советнички листи и инфомрациите дека водел разговори со албанската опозиција, од Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, велат дека неприфатливо е за нив било кој од владејачката коалиција да соработува со ДУИ.„Секој еден кој што соработува зад отворени или ...
Напрегањето на мускулите, без оглед на начинот на вежбање, создава микроскопски солзи. Овие може да болат на почетокот, но на крајот ви помагаат да ја зголемите мускулната маса. Сепак, добрата вест е дека ова можете да го решите со правилна исхрана после тренинг.Бананите, бобинките, спанаќот и јајцата се меѓу најдобрите намирници за обновување на мускулите. Нивната хранлива вредност може да им помогне на вашите мускули да закрепнат побрзо, па ...
Македонија ќе биде претставена на светската Каратe 1 Премиер лига во Каиро, Египет, од страна на репрезентативците Петар Спасеновски во категоријата до 84 килограми и Стефан Стојановиќ во категоријата над 84 килограми, кои се членови на карате-клубот „Макпетрол“. Спасеновски е етаблиран национален репрезентативец, со бројни европски и светски медали, додека Стојановиќ минатата година го заврши како најдобро рангиран на светската ранг листа за ...
Босанската пејачка Џејла Рамовиќ во рамките на проектот „Дамир Хандановиќ – Нови Звук“ сними кавер на песната ,,Могу да проџем“ на Наташа Беквалац, која во новото издание се вика „Под вода дишем“, а од денеска е достапна на YouTube каналот DH Music Novi Zvuk.Во 14 часот е објавена песната „Под водом дишем“ на Јутјуб, а српскиот композитор и продуцент Дамир Хандановиќ ја најави како шеста песна во проектот каде неговите стари хитови ги пеат ...
Изградбата на противракетен одбранбен систем во САД, по барање на американскиот претседател Доналд Трамп, би можела да биде препуштена на група од три компании, вклучувајќи ја и SpaceX, во сопственост на милијардерот Илон Маск, кој исто така е близок соработник на Трамп.Според Ројтерс, SpaceX поднел понуда заедно со компаниите Palantir и Anduril, а тендерот на кој аплицирале е поврзан со изградбата на клучните делови од „Златната купола“, како ...
Министерството за здравство соопштува дека, според информациите на ВМА во Белград, утрово починал Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.Станува збор за пациент кој од првиот ден, според првичната тријажа што ја извршиле медицинските екипи, веднаш бил испратен на лекување во Воено-медицинската академија во Белград и изминатиов месец е интубиран и во критична состојба.„Пациентот имаше изгореници кои покриваа 27 проценти од телото и ...
Рускиот претседател Владимир Путин го спореди извршниот директор на американската вселенска компанија SpaceX, Илон Маск, со советскиот експерт за ракети и шеф на советската вселенска програма, Сергеј Королев, објави Киев Индипентет. „Знаете, има човек кој живее во Америка, Илон Маск, кој е, така да се каже, луд по Марс. Таквите луѓе, посветени на некоја идеја, ретко се појавуваат меѓу луѓето. Дури и кога на прв поглед нивните идеи изгледаат ...
„Сакам да го зајакнам приватниот сектор во Србија, сакам повеќе студенти да имаат право на буџетско финансирање на приватните факултети отколку што е случај денес“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, најавувајќи нов закон „со кој парите на факултетите ќе се распределуваат поинаку“. „Уште една важна работа што ќе ја предложам – и како граѓанин и како претседател, имам законска иницијатива, ќе прашам, ќе видам дали ќе се согласи ...
Почнувајќи од 22 април, Националната опера и балет ќе биде домаќин на „Денови на македонски кореографии“, кој ќе трае до 25 април. На отворањето ќе биле презентирани „Мокументари“ од Адријана Данчевска-Ровчанин и „Ехо на баронот“ од Дејан Митровски. Настанот е организиран од Скопје танцов театар, како што изјавија на прес-конференцијата менаџерот на операта и балетот, Киро Павлов, и уметничката раководителка на балетот, Марија Кичевска – ...
На поранешниот министер за економија Крешник Бектеши му е продолжен притворот, потврди неговиот адвокат Еленко Миланов.За истите околности му е изречена нова мерка притвор од 30 дена.Миланов најави дека ќе поднесе жалба на одлуката.Бектеши е во притвор од почетокот на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде досега животот го загубија 62 лица Инаку, Обвинителството синоќа соопшти дека на сите осомничени кои се во притвор ...
На 16.04.2025 околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, информира МВР. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки ...
Во симболот на културното наследство на Истанбул, Аја Софија, започнува обемен проект за реставрација, чија цел е зајакнување на градбата и нејзина заштита. Во моментот се реализира конзерваторска заштита на куполата на Аја Софија, едно од најголемите светски архитектонски чуда. Целта на овие активности е нејзино зајакнување во насока на поголема отпорност од земјотреси, но и зачувување на оригиналната форма. Активностите ќе се извршуваат од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи за уште една година забраната за влез на руски бродови во американските пристаништа.Документот објавен во американскиот Федерален регистар од страна на Белата куќа го докажува тоа, пренесува Telegraph.Во документот се вели дека националната вонредна состојба во однос на Русија била прогласена на 21 април 2022 година, под управа на тогашниот претседател Џо Бајден.Сегашното продолжување беше ...
Црвениот крст соопшти дека на апелот за помош на настраданите од пожарот во Кочани собрани се повеќе од два милиони евра. „Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со денеска се собрани 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани“ се наведува во соопштението. Денеска е извршен трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000,00 денари. Црвениот крст ...
Во срцето на Антарктикот, природата создава неверојатна глетка, црвен каскаден водопад кој се пробива над повеќегодишниот мраз на глечерот Тејлор. Овој феномен, познат како „крвав водопад“, е уште пофасцинантен отколку што изгледа. Неговата интензивна боја не се должи само на оксидирано железо, туку доаѓа и од ситни сфери богати со железо создадени од бактерии.Овие микроорганизми живеат во солено езеро скриено под глечерот. Кога оваа вода ќе ...
Специјални велигденски декорации, празнична атмосфера и интересни содржини за најмладите ги очекуваат посетителите на Дајмонд мол во периодот од 18 до 22 април. Во рамки на содржините кои го симболизираат велигденското празнување, на 18 април од 17.30 до 19.30 часот и на 19 април од 12.30 до 14.30 часот, ќе бидат организирани детски работилници за цртање на велигденски мотиви и креативно украсување на детските лица. Во истиот овој период, ...
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот – под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта. Ова денеска го велат ДУИ преку соопштение за јавноста.– Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради ...
Жителите на една куќа во Костур во соседна Грција ги дочекал… неочекуван посетител, бидејќи во нивниот тоалет се свила огромна змија. Според Никос Панајотопулос, раководител на Здружението за заштита на животната средина и грижа за дивиот свет, змијата живеела јадејќи глодари во канализациониот систем додека го посетувала базенот за да пие вода. Самиот ја презеде задачата да ја спаси змијата, објавувајќи и видео. „Можеби ова сме го виделе во ...
Британските трупи за прв пат употребија револуционерно безжично оружје за да уништат рој смртоносни беспилотни летала.Новата технологија може да ги таргетира и оневозможи електронските кола во дронови преку невидливи бранови, пренесува Телеграф.Британските или украинските трупи треба да се спротивстават на омилената тактика на Владимир Путин да користи роеви беспилотни летала за да ја порази противвоздушната одбрана.Во најголемата вежба против ...
Групите на студенти се уште ги блокираат објектите на Радио телевизија на Србија (РТС) во Таковска улица и студиото во Кошутњак, а јавниот сервис објави дека го менува програмскиот распоред поради тешките работни околности. Блокирани се сите три влеза на РТС , како и приодите кон зградата на РТС во Кошутњак. Во моментов има помалку студенти кои ја блокираат зградата на РТС на улицата Таковска од утринава, а се слуша голема од свирежи, вувузели ...
Фејсбук профил на Театар „Антон Панов“ Струмица На 15 април, во вторник, во театарот „Антон Панов“ во Струмица започнаа подготовките за новата театарска претстава „Синот“, чиј текст е дело на познатиот и актуелен драматург Флоријан Зелер. Режисерската палка ја држи Благој Мицевски, додека улогите на сцената ќе ги оживеат актерите Кољо Черкезов, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Михаил Велков и Ванчо Василев. Оваа претстава е вклучена во ...
Социјалната мрежа TikTok е полна со видеа на кои корисниците ги запираат минувачите и ги прашуваат што прават, а едно такво видео сними и тиктокер Кан, кој ја запре холивудската ѕвезда Џенифер Лопез на улица.Имено, на профилот наречен „hikhann_“ снимката со Џенифер Лопез има повеќе од 11 милиони прегледи, а тиктокерот и пришол велејќи дека е воодушевен од нејзината облека.„Со што се занимавате? ја праша, на што Лопез збунето го погледна и ...
Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска ги презеде должностите на премиерот Милош Вучевиќ. Мацут ја презеде функцијата премиер нешто пред 10 часот во Владата на Србија, каде претходно се сретна со Вучевиќ. Мацут во вторникот во српското Собрание ја претстави програмата и составот на својот кабинет, а во споредба со владата предводена од Вучевиќ ќе има третина од новите министри. Поранешниот премиер на Србија, Вучевиќ, на својот Инстаграм профил им ...
Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, денес се приклучи на тимот волонтери во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче.Заедно со останатите волонтери, подготвуваше оброци за социјално загрозените граѓани и учествуваше во бојадисување на велигденски јајца, во пресрет на претстојните велигденски празници.На хуманитарната акција ѝ се приклучија и пратеникот Бојан Стојаноски, како и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески. ...
Бугарија има највисока стапка на смртни случаи во сообраќајот на патиштата во Европа, со 81,6 смртни случаи на милион жители, 78 отсто над просекот на ЕУ од 45,5 смртни случаи на милион жители. Ова го покажаа резултатите од истражувањето на најновите податоци за сообраќајни несреќи објавени од Европскиот совет за безбедност на транспортот (ETSC) и анализирани од швајцарската веб-страница Vignetteswitzerland, специјализирана за пазарот на ...
Јирген Клоп, на крајот од претходната сезона, го напушти Ливерпул и се приклучи на РБ Лајпциг како директор. Сепак, неговото задоволство од оваа нова улога не е големо и се шпекулира дека Клоп размислува за повторно враќање на тренерската сцена. По само една сезона пауза, може повторно да го видиме на тренерското место. Незадоволството на Клоп од директорската позиција во РБ Лајпциг го води кон размислување за враќање на менаџерската позиција. ...
Извештајот од одбранбената индустрија во кој се тврди дека Русија барала постојана база за своите воени авиони во далечната индонезиска Папуа, практично на северната порта на Австралија, предизвика бура во Канбера.Но, во Индонезија вистинската сензација беше хаосот што го предизвика веста среде австралиската изборна кампања.Експертите за надворешна политика и безбедност се многу скептични дека Џакарта некогаш би прифатила такво руско ...