Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Овластувањата на шефот на државата во Унгарија, по престанокот на мандатот на актуелниот претседател Тамаш Шуљок, привремено ќе ги преземе претседателката на парламентот, Агнеш Форстхофер, објави премиерот Петер Маѓар. Во видео обраќање на Фејсбук, Унгарецот рече дека откако претседателот Тамаш Шуљок денес го потпиша 17-тиот амандман на Уставот, со кој неговиот претседателски мандат завршува на полноќ на 20 јули, отстранета е последната ...
Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 000 жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и Словенија ...
Јавноста ги очекува резултатите од Институтот за јавно здравје за да дознае која е причината за огромниот број на заболени со гастроинтестинални тегоби во Гостивар.Очекуваат и работа на терен, работа со населението, помош за заболените, чиста вода за пиење, целосна акција и мобилизација, затоа што станува збор за еден цел град, иако исто треба да биде и да е за еден граѓанин, затоа што станува збор за право на живот. Жестоки реакции од ...
Кон крајот на јуни, рускиот војник Александар Лунин објави емотивно обраќање до рускиот претседател Владимир Путин на Инстаграм, во кое се закани дека ќе организира воен удар. „Армијата ќе го насочи своето оружје кон Кремљ“, рече Лунин во видео кое е прегледано повеќе од 10 милиони пати. Војникот, кој во меѓувреме стана познат како блогер, побара средба со Путин за да разговараат, како што тврди, за систематската злоупотреба на војниците во ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да лансира серија грантови во Европа и во други делови од светот за поддршка на иницијативи усогласени со движењето MAGA (Make America Great Again), како дел од сеопфатна реформа на приоритетите за странска помош на САД, пишува „Фајненшл тајмс“. Според нацрт-известувањето испратено од Стејт департментот до американските законодавци, најголемиот грант предвиден во овој ...
Во Хаг има два главни меѓународни суда, кои често се заменливи. Од една страна, тука е Меѓународниот суд на правдата (МСП) на Обединетите нации, кој решава спорови меѓу државите и се наоѓа во историската Палата на мирот. Од друга страна е Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој ги изведува лицата одговорни за воени злосторства пред лицето на правдата од 2002 година и работи во многу посовремена зграда изградена од стакло и бетон. Не сите 193 ...
Шпанија очекува нов, трет топлотен бран ова лето од вторник, а метеоролозите предупредуваат дека температурите во некои делови од земјата би можеле да достигнат и до 45 степени. Експертите предупредуваат дека најранливи ќе бидат постарите лица, хронично болните и секој што престојува на отворено во најжешкиот дел од денот. Шпанија се подготвува за нов бран екстремни горештини, бидејќи третиот топлотен бран во летото ќе ја погоди земјата од ...
Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. ...
Управувањето со тежината е тешко и фрустрирачко патување за многумина. Иако повеќето луѓе се фокусираат на исхраната и вежбањето кога се обидуваат да ослабат, два клучни фактори често се занемаруваат: стресот и сонот. Сонот, особено, е најмалку ценет столб на здравјето, но сепак постојат сè повеќе докази дека недоволниот квалитетен сон може да биде штетен за здравјето и да го зголеми ризикот од зголемување на телесната тежина и хронични ...
Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. „Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум ...
Се покажа дека нема солидарност кај овој народ , дека јавноста се малкумина што активисти , што граѓани во вистински смисол на таа институција, а се останато се статисти и чекачи цел живот некој друг да им ја заврши работата. Вековни чекалици и бројачи на неправди кои потоа си ги опејуваат во песните, и така се борат за своите правдини. Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ и граѓани на Кочани повторно излегоа на 47. протестен ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац и министерката за финансии Безалел Смотрих објавија планови за воспоставување нови нелегални населби во Газа и издвојување на повеќе од 400 милиони долари за проширување на израелските населби на окупираниот Западен Брег, додека командантот на израелската армија во областа ги нарече екстремните доселенички пунктови „партнери во безбедноста“. Израелските власти ги повлекуваат овие потези пред ...
Фудбалерите на Англија го освоија бронзениот медал на Светското првенство, откако вечерва во Мајами ја победија Франција со 6:4 во натпреварот за третото место. Натпреварот започна добро за Англичаните, бидејќи Рајс постигна одличен гол за резултат од 1:0 веќе во третата минута од натпреварот. Во 18-тата минута, Рајс, кој беше одлично расположен, одлично центрираше од корнер, а Конса со удар со глава го дуплираше водството на Англичаните. ...
Во ноќниот руски напад врз Киев, едно лице беше убиено, а осум беа повредени по неколкучасовните напади со балистички ракети врз главниот град на Украина. Според локалните власти, нападот започнал околу 1:30 часот по локално време и траел неколку часа, додека експлозии се слушале низ целиот украински главен град. Нападите предизвикаа пожари во пет градски области и оштетија станбени згради, канцелариски и индустриски локации, студентски дом ...
Соединетите Американски Држави ќе преземат посебни безбедносни мерки за заштита на Доналд Трамп за време на финалето на Светското првенство. Шпанија и Аргентина ќе се соочат во финалниот натпревар на турнирот утре на стадионот „МетЛајф“. Се очекува американскиот претседател да му го врачи трофејот на победникот. Според „Телеграф“, на овој настан му е доделен рејтинг од Ниво 1, што ги исполнува највисоките безбедносни стандарди во ...
Русија од денеска привремено го ограничува увозот на коскесто овошје од пет големи турски производители поради повеќекратно утврдено присуство на штетници и на други организми што подлежат на карантински надзор, објави турското издание „Туркије тудеј“. Мерката се однесува на праски, нектарини, кајсии, сливи, цреши, вишни и на маслинки, соопшти руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор („Росселхознадзор“). Турција е меѓу ...
Прогласување епидемија во Гостивар нема да има се додека не се утврди причината за големиот број заболени, вели новиот министер за здравство Сашо Клековски, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ќе има одговорност за оној што дал наредба тоа да се случи. Министерот Клековски денеска беше во посета на Болницата во Гостивар од каде изјави дека работа на епидемиолозите е да утврдат која е причината за големиот број заболени. Според ...
МВР информира дека вчера во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(19) од с. Батинци, скопско, по претходна пријава дека завчера вечерта околу 22:20 часот на подрачјето на Центар, заедно со други малолетни лица од Скопје, физички го нападнале М.Ч.(19) од Скопје. Исто така, полициските службеници од СВР Скопје извршија службен разговор во полициска станица со тројца малолетници, во ...
Поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која е подносител на иницијативата до Уставниот суд за поништување на таканаречениот Втор протокол, заедно со македонскиот активист од Германија и член на Партијата на зелените Гоце Перовски, поднеле барање до Генералниот секретаријат на Европската комисија, односно до Одделот за транспарентност и пристап до документи, со кое бараат увид во целокупната комуникација поврзана со подготовката на ...
Сподели Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да одобри дополнителни средства за судството и обвинителството, оценувајќи дека судиите и обвинителите не ги заслужиле, сè додека не покажат подобри резултати во испораката на правда. Коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за состојбите во правосудството, Мицкоски рече дека станува збор за редовен извештај кој содржи и позитивни оценки и критики. -Од сите ...
Конфликтот меѓу САД и Иран добива на интензитет, а меморандумот за разбирање ретко се споменува. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД постигнуваат „голем успех во Иран“ и дека резултатите од овие активности ќе бидат „видливи многу наскоро“. „Постигнуваме голем успех во Иран и ќе ги видите плодовите од таа работа многу, многу наскоро“, рече Трамп, објави Си-Ен-Ен. Трамп нагласи дека САД имаат „далеку најсилната и најмоќната ...
Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер јавно ја повика главната куќа на светскиот фудбал трајно да го откаже натпреварот за третото место на Светското првенство. Неговата остра реакција доаѓа пред претстојниот класик меѓу Англија и Франција, кои ќе се борат за утешна бронза по болните порази во полуфиналето. Ширер смета дека одлуката овој натпревар да се игра во Мајами на екстремни температури од 38 степени е директен доказ дека профитот ...
Полицијата во Дубровник уапси 55-годишен бугарски државјанин осомничен за серија кривични дела поврзани со кражба на податоци од банкарски картички. Тој е обвинет дека ги поставил таканаречените уреди за скиминг со цел да добие неовластен пристап до корисничките податоци и пинови. Против него е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело создавање и користење на средства за злоупотреба на безготовински платен инструмент и за ...
Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и упати критики до епидемиолошките служби поради, како што наведува, непостапување во ситуација со голем број заболени. Во објава на социјалните мрежи, Пановски наведува дека според негова проценка околу 1.500 лица се регистрирани со исти симптоми, а уште најмалку 5.000 граѓани не побарале лекарска помош. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. ...
Во септември 1993 година, две години по прогласувањето на независноста, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија состави документ со наслов што денес звучи како обвинение против една цела епоха: „Информација за преземените мерки против граѓани на Република Македонија кои во периодот 1945–1993 година дејствувале за создавање самостојна и обединета Македонија“. Документот бил заведен под строго доверлив број 160. Не станува ...
Екстремните топлотни бранови што го зафатија поголемиот дел од Соединетите Американски Држави (САД) и Европа ова лето повторно предизвикаа црвен аларм кај научниците. Експертите предупредуваат дека невидените температури повеќе не се аномалија, туку „нова нормалност“ на која човештвото мора итно да се прилагоди. Последиците се веќе катастрофални. Франција пријави зголемување од повеќе од 2.000 смртни случаи за време на рекордниот топлотен ...
Еден турист објави профил на TikTok од кафуле на Хвар, што предизвика бурни реакции. Цената на макијатото започна дискусија за високите цени на хрватскиот брег, а коментарите продолжуваа. Еден турист предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако на својот TikTok профил објави сметка што ја добил во кафуле на островот Хвар . Имено, како што изјавил, платил дури 3,40 евра за обично макијато , а цената на кафето во една од најпознатите ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност се очекува утре низ земјава, а дневната температура ќе достигне до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека во Гостивар нема да се прогласи епидемиска состојба сè додека не се разјасни причината за случаите на гастроинтестинални проблеми кај граѓаните. Тој рече дека на здравствените власти им се потребни повеќе податоци од епидемиолошките истражувања за да го идентификуваат изворот на инфекцијата. Министерот ги повика граѓаните да соработуваат со епидемиолошките тимови, бидејќи информациите од ...
Министерството за образование и наука го објави конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните и приватните студентски домови за академската 2026/2027 година. Конкурсот е објавен на 15 јули 2026 година и ќе трае до 31 јули. Овој рок важи за студентите кои се втора година или повисоко, додека за идните бруцоши конкурсот ќе биде објавен на 14 септември 2026 година. Во новата академска година ќе бидат достапни вкупно девет ...