
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати. Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано ...
Хрватската лотарија објави дека среќната добитничка на големата награда во износ од 173.968,60 евра од 35-тото коло на Евроџекпот е од Италија. Таа го уплатила добитното ливче за време на туристичката посета на Хрватска, на продажното место на Хрватската лотарија во Загреб, на адресата Опоровечка 14. Редовната играчка на Евроџекпот од Италија не пропуштила да ја игра својата омилена игра дури ни додека била на пат – а овој пат опцијата ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го бранеше постигнатиот трговски договор со Соединетите Американски Држави, нарекувајќи го „најдобриот што можеа да го добијат“ и додавајќи дека не треба да се потценува со оглед на претходните закани за воведување царини од 30% врз ЕУ.Основна царинска стапка од 15% за стоките од ЕУ увезени во Соединетите Држави ќе се применува за повеќето стоки, вклучувајќи автомобили, ...
Македонски државјанин е пронајден без знаци на живот во стан каде што престојувал на одмор, во крајбрежниот албански град Саранда. Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули, во населбата број 1 во градот. „Полицијата во Саранда објави дека жртвата, идентификувана како О. Ј. (20), била пронајдена од членовите на неговото семејство додека бил во станот каде што престојувал за време на престојот во Албанија“,објавија тамошните ...
Фон дер Лајен ја оцени спогодбата како добра и нагласи дека ЕУ и САД договориле целосно укинување на царините за некои производи.Спротивно на ова, опозицијата во Франција го критикува договорот, кој вчера беше објавен од американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.Лидерката на крајната десница „Национален собир“ Марин Ле Пен го нарече договорот „политички, економски и морален неуспех“. ...
Од утре во 7.30 часот ќе почнат работни активности – стручни мерења за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае и заради безбедност ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Се очекува да трае седум работни дена и да се реализира во две фази. Како што соопшти Општина Карпош, во првата фаза се предвидува затворање на дел од булеварот „Партизански одреди“ „по принципот лента по лента, во насока исток – запад, поточно ...
Претседателот на Кипар Никос Христодулидис официјално се извини во име на државата за несоодветниот одговор на властите на катастрофалните пожари во планинскиот регион на Лимасол, кои одзедоа два живота, предизвикаа значителна материјална штета и уништија над 120 квадратни километри површина, објави кипарското издание „Сајпрус мејл“. „Во критичен момент, владата не реагираше како што треба“, изјави Христодулидис во телевизиско обраќање.Тој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп постигна трговски договор со Европската Унија по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Трамп го објави договорот за време на разговор со новинарите во неговиот голф-центар во Тарнбери, Шкотска, веднаш по кратката средба со Урсула фон дер Лајен.„Постигнавме договор. Тоа е добар договор за сите. Ќе нè зближи… Тоа е, во извесна смисла, партнерство“, додаде тој.Шефицата на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ситуацијата со пожарите во државава е под контрола и оти во моментов нема огнена стихија којашто е надвор од контрола. За најголем дел од пожарите, вели премиерот, постојат сознанија дека се подметнати. -Имаме од 30 па и повеќе пожари секој ден, вчера беа над 50 пожари. Најголемиот дел од нив постои сомневање дека се подметнати или пак од негрижа се имаат случено. Досега можам да кажам дека во ...
Бошњачката Селма Бајрами се пофали со изданието од нејзиниот последен настап, за кој носеше тесен комбинезон во боја на кожа.Селма пееше во клуб во Тузла и сподели фотографија на Фејсбук на која беше прикажана нејзината облека од настапот. Носеше комбинезон со долги ракави, во боја на кожа и тесен до кожата.Ова парче облека беше полупроѕирно и имаше линија од светки што се протегаше по ткаенината. Следејќи ја линијата на телото, комбинезонот ...
Италијанската премиерка Џорџија Мелони реагираше на договорот меѓу САД и Европската Унија, кој треба да избегне трговска војна, велејќи дека „сè изгледа добро“.„Мислам дека е позитивно што е постигнат договор, но не можам ништо да проценам додека не ги знам деталите“, рече Мелони.Нејзината позиција, во овој контекст, е особено важна бидејќи Италија е еден од најголемите извозници во САД.Затоа, трговската војна и воведувањето царини би создале ...
Во текот на ноќта, на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје беше повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето, кој пред шест години беше отстранет од пред зградата на Врховниот суд од страна на тогашната градска власт, предводена од поранешниот градоначалник Петре Шилегов. Одлуката за враќање на споменикот беше донесена од Советот на Град Скопје во декември 2023 година. Актуелната градоначалничка Данела Арсовска уште во ...
Радио Слободна Европа го „улови“ министерот без ресор Шабан Салиу како доаѓа во суд со службено возило, а е осомничен во случајот за пожарот во Кочани. Други медиуми објавуваат слични можни злоупотреби на службени возила. Тендерот за „обоените“ таблички пропадна, а МВР најде алтернативно решение. Владината шкода со службениот возач и овој понеделник го чекаше Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за ...
ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите, лани изгореле 95.000 хектари. Состојбата со пожарите во државата е алармантна реагираат од СДСМ. Во целост рекцијата на СДСМ: За само едно деноноќие се регистрирани над 50 пожари, а веќе со денови горат планини, шуми и пасишта на повеќе локации низ државата – гори во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Старо Нагоричане, Македонски Брод… Владата ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески најавува дека трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за платните услуги. Тој во интервју за емисијата „Трилинг“ изразува очекување дека овој пример ќе го следат и останатите банки. Ова следува по дијалогот што Народната банка го водеше со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до поефикасни и подостапни услуги. – Нашата ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „огромниот договор“ постигнат со САД синоќа. Сепак, се чини дека не сите членки на ЕУ се задоволни.Зборувајќи во подкаст утрово, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека договорот, кој го потпиша Европската Унија во недела, е полош од договорот меѓу САД и Велика Британија постигнат во мај.„Ова не е договор… Доналд Трамп ја изеде Урсула фон дер Лајен за појадок, тоа се ...
Додека земјата се соочува со екстремно топло и суво лето, пожарите низ Македонија не стивнуваат, до пладнево се регистрирани 15 пожари, од кои 9 сè уште се активни и претставуваат сериозна закана за шумскиот фонд и локалното население. Според најновите податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 12:30 часот низ територијата на државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор. Девет од нив се сè уште активни, а шест се ...
Денес во Собранието на Република Македонија седница ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, како и Правно-законодавно-правната комисија.На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е расправа за амандманите на Предлог-законот за средношколските установи на верските заедници. Според информациите од веб-страницата на ...
Договорот е очигледно насочен против Русија бидејќи забранува купување руска нафта и гас. Сепак, додека за претседателот Доналд Трамп тоа е главно прашање на бизнис, за лудата стара баба Европа, тоа е дел од нејзините неонацистички идеи, кои се штетни за сопствените граѓани, нагласи заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. Новиот трговски договор меѓу САД и Европската Унија оди во корист на Вашингтон и е целосно ...
За време на клучната операција во која Украина се обиде да ја врати територијата од Русија кон крајот на септември 2022 година, Илон Маск издаде наредба со која се спречи напредувањето на украинските сили и се поткопа довербата на Киев во Старлинк – сателитскиот интернет што Маск претходно ѝ го даде на Украина за да им помогне да одржуваат комуникации на бојното поле, објави Ројтерс.Според три лица запознаени со прашањето, Маск му рекол на ...
Денеска присуствував на свечено отворање на базен од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода. Базенот во општина Кисела Вода е еден од петте базени кои беа почнати од страна на поранешната Агенција за млади и спорт во 2020 година и беа оставени недовршени со реализација од околу 20%. По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е ...
Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, привлече внимание со необичната облека што ја покажа за време на прошетката со својот сопруг во Сен Тропе.Пејачката одеше во тесни црвени шорцеви, кои беа украсени со метални нитни. Минијатурната облека ја искомбинираше со впечатлива жолта маичка.Жолтото парче облека имаше и знак на кој пишуваше: „Ги обожавам печурките“.На оваа веќе необична комбинација таа додаде долги црни чизми со потпетици ...
Договорот ќе донесе добредојдена јасност за компаниите од ЕУ, иако многумина во Европа ќе го сметаат за лош исход.Трамп и ЕУ постигнаа договор за царина, избегнувајќи трговска војна. Договорот предвидува основна царина од 15% за европските производи кои ќе се извезуваат во САД.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го бранеше трговскиот договор постигнат со САД во неделата како „најдобар што можевме да го добиеме“ и дека ...
Делови од Хрватска, Словенија, Италија и поширокиот регион на Балканот се под удар на опасно невреме. Метеоролозите предупредуваат на појава на суперќелиски бури, разорни ветрови, обилни врнежи и дури можни торнада. Според Severe Weather Europe, утрово силно невреме со обилни дождови ја погоди Истра, а сериозниот бран нестабилно време не застанува тука. Хладен фронт што се движи преку Алпите предизвика драстичен пад на температурите – од над ...
Многу луѓе знаат што се „црвени знамиња“ во врската – предупредувачки знаци или знаци што нè тераат да застанеме и повторно да ја процениме личноста или врската. Но, понекогаш она што изгледа како предупредувачки знак всушност може да биде знак дека сме во врска со искрен, посветен маж, вели советничката Мици Бокман. Затоа, наместо веднаш да бегаме, можеби треба само да забавиме и подобро да ја запознаеме оваа личност.Затоа, советникот истакна ...
На седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, се случи остар конфликт меѓу САД и Кина. САД го повикаа Пекинг да престане да ја поддржува војната на Русија во Украина, на што Кина возврати обвинувајќи го Вашингтон за префрлање на вината и поттикнување на конфронтација. „Ако Кина е искрена во повикувањето на мир, мора да престане да ја охрабрува руската агресија“, изјави вршителката на должноста амбасадорка на САД во ОН, Дороти ...
Група од четири деца, меѓу кои три девојчиња и едно момче, биле изложени на вербален и физички напад од друга група деца на Школка во Градски парк, објави загрижена мајка на едно од нападнатите деца. Инцидентот се случил пред два дена, кога децата мирно седеле, по што им пришла група од околу 5 до 6 деца на возраст од 12 до 13 години, кои почнале да дофрлаат навредливи зборови како „секташи“ и „педери“. Иако нападнатите деца не реагирале, едно ...
МакедонијаОгнена стихија во Старо Нагоричане, изгореа куќи – за среќа нема човечки жртвиAvatar ОдСкопје1.мк /А.Б.Објавено на 28/07/2025 Неколку куќи во селото Рудинци, општина Старо Нагоричане, биле зафатени од пожарот што избувна во петокот навечер, потврди за Трн.мк Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица. Дел од опожарените куќи биле населени, а дел празни. Точниот број на уништени објекти сè уште не е утврден. ...
Според соопштението на израелската армија, најмалку 16 војници се хоспитализирани поради топлотен удар, додека во исто време Израел стои зад хуманитарната катастрофа во Газа каде што децата умираат од глад, а возрасните се борат да обезбедат вода и основни потреби за преживување.Според палестинските и израелските медиуми, во Појасот Газа измерената температура се искачила на 36 степени.Началникот на Генералштабот на Израел, ...
„Во Рудинци има изгорени куќи, некои каде што живеат луѓе, некои каде што не живеат. За точна бројка сè уште не можам да кажам“, изјави Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане. Пожарот се ширел со неверојатна брзина, зафаќајќи тешко пристапни терени – долови, ридови, па дури и стигнал до железничката пруга, префрлајќи се и кон кратовското село Димонце. „Гасевме до 3 часот наутро. Со две возила, ...