Астролозите предупредуваат дека 13 март 2026 година ќе биде ретка „совршена бура“ од космички хаос. Озлогласениот петок 13-ти се совпадна со ретроградниот Меркур во чувствителниот знак Риби – нешто што не се случило цели 45 години, од 1981 година. Меркур, планетата на комуникацијата и технологијата, во ретроградно движење носи конфузија и недоразбирања, а позицијата во Риби ја зголемува емоционалната чувствителност и може да ги извади на ...

Во Лион, југоисточна Франција, маж е пронајден гол близу реката Дуа и им изјавил на полицајците дека бил киднапиран и мачен во подрум. Според Дирекцијата за меѓупровинциска полиција на Рона (DIPN), тој бил киднапиран од четворица маскирани напаѓачи веднаш откако излегол од ресторан. Во подрумот бил подложен на ужасно злоставување – бил мачен, запален и силуван, додека напаѓачите барале откуп од 100.000 евра, пренесува „Фигаро“. Мажот бил ...

По неколку години во кои доминираше студениот климатски феномен Ла Ниња, научниците сега забележуваат јасни сигнали дека во Тихиот Океан се формира нова фаза – Ел Нињо. Според анализите на метеоролозите, постои можност овој феномен до крајот на годината да се засили и дури да достигне ниво на таканаречен „супер Ел Нињо“, што би можело значително да влијае на времето ширум светот. Ел Нињо е дел од природниот климатски циклус познат како ENSO, ...

Тешка сообраќајна несреќа во која се повредени две лица се случи вчера на државниот пат Краљево–Крушевaц. До несреќата дошло во среда околу 14 часот во Ново Село, кога жена А. Л. (55) од ова место се обидела да претрчи коловоз надвор од обележан пешачки премин. Во тој момент на неа налетал мотор „јамаха“ управуван од Д. М. (47) од Трстеник, движејќи се од правецот на Краљево кон Врњачка Бања. Од силата на ударот, двата учесници се здобиле со ...

Стотици бродови во стратегискиот Ормуски теснец, една од најважните светски поморски рути за извоз на нафта, одеднаш се појавиле на „погрешни“ локации на навигациските карти, а некои дури и на копно. Причината не е дефект на системот, туку масовно блокирање на GPS сигналот, кое создава сериозен ризик од судири и поморски несреќи. Мишел Визе Бокман, аналитичар за поморска безбедност, забележала десетици „совршени кругови“ од бродови на ...

Здравка Г. (83) и Анкица М. (70) од Оджаци се повредени кога вчера на нив, како што се сомнича, нападнал С.К. (71). Првите информации сугерираат дека С.К. нападнал на Здравка откако таа не сакала да му позајми пари, дознава „Блиц“. Осомничениот и Здравка заедно работеле во градината. Тој претходно од Здравка позајмил 100 евра, но дошол за уште пари. Кога таа го одбила, тој извадил нож и нападнал – открива изворот. Како што беше објавено, ...

Советот на Општина Бутел донесе нови мерки со кои одредени родители ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за користење на услугите во детските градинки. Одлуките беа изгласани на предлог на градоначалникот и имаат цел директно да им помогнат на семејствата. Со новите правила, од плаќање ќе бидат ослободени родителите кои имаат трето дете во семејството, како и родителите чии деца поседуваат наод и мислење од стручна институција или ...

Иранската револуционерна гарда соопшти дека клучниот морски премин Ормускиот Теснец ќе остане затворен и во наредниот период, во согласност со насоките на новиот врховен верски водач Моџтаба Хамнеи. Според иранските власти, оваа мерка ќе продолжи додека траат нападите врз Иран. Командантот на морнаричките сили на Револуционерната гарда, адмирал Али Реза Тенгисири, изјави дека иранските сили ќе ги продолжат операциите против непријателите и ...

Германија направи значителен скок на глобалниот пазар на оружје и успеа да ја надмине Кина, позиционирајќи се како четврти најголем извозник во светот. Ова го покажува најновата анализа на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), која ги опфаќа трансферите на оружје во периодот од 2021 до 2025 година. Според податоците, Соединетите Американски Држави и понатаму доминираат на светскиот пазар, со околу 42 проценти од ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно привлече внимание со серија остри изјави за европската политика и меѓународните односи. Тој говореше по отворањето на конференцијата „Money Motion 2026“ на Загрепскиот саем, каде коментираше повеќе актуелни теми поврзани со безбедноста, Европската Унија и Блискиот Исток. Зборувајќи за состојбата во хрватската армија, Милановиќ посочи дека вооружените сили се релативно мали и дека земјата не ...

Додека цените на нафтата и горивата растат низ Европа, земјите од Европската Унија се обидуваат со различни стратегии да го ублажат ударот врз граѓаните. Некои влади воведуваат директна контрола на цените, други ги намалуваат даноците, а трети се обидуваат со построг надзор на пазарот. Сепак, експертите предупредуваат дека ефектите од овие мерки сè уште се неизвесни. Германија, на пример, планира нов систем според кој бензинските пумпи ќе ...

Сериозен инцидент со малолетници ја вознемири јавноста во Скопје, откако тинејџер бил нападнат од двајца свои врсници. Според информациите од полицијата, настанот се случил вечерта на 11 март, кога 39-годишен жител на Скопје пријавил дека неговиот 15-годишен син бил мета на напад. Инцидентот започнал во централното подрачје на градот, каде што момчето било физички нападнато од двајца малолетници. Ситуацијата подоцна ескалирала, а настаните ...

Посетителите на Водно во наредниот период ќе се соочат со привремена промена, бидејќи жичницата што води до Милениумскиот крст моментално нема да биде достапна за користење. Од Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје информираа дека превозот со жичницата е привремено прекинат поради изведување на технички активности. Според информациите од претпријатието, станува збор за неопходни зафати кои треба да обезбедат безбедно и сигурно ...

Трагедија го погоди јужниот дел на Етиопија оваа недела кога силно лизгање на земјиштето уништи делови од зоната Гамо. Според официјални извештаи, најмалку 70 лица го загубија животот, додека уште 50 се водат како исчезнати. Причината за катастрофата се интензивните дождови кои го натрупаа земјиштето и предизвикаа лавина од кал и камења. Локалните жители се соочуваат со шок и страв. Фотографии од местото на несреќата покажуваат како калта ги ...

Блискиот Исток е на чекор до тотална војна откако иранскиот режим денес изврши директен ракетен напад врз срцето на Ерусалим. Најмоќните проектили паднаа на само неколку стотини метри од најсветите локации за трите најголеми светски религии, предизвикувајќи паника и хаос меѓу илјадниците верници кои се најдоа на лице место. Израелските власти соопштија дека една од ракетите удрила во непосредна близина на Стариот град, загрозувајќи ги ...

Додека светот со задржан здив ги следи ракетните престрелки на Блискиот Исток, полскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, излезе со контроверзен став кој ги разниша дипломатските кругови. Во интервју за „Жечпосполита“, тој отворено изјави дека пред неодамнешните воени дејствија, Иран не претставувал никаква „директна закана“ за Европа или САД, па дури ни за Израел. Дали превентивниот напад беше избрзан? Иако ...

Многумина поминуваат часови во теретана и внимаваат на исхраната, но сепак не можат да се ослободат од упорните масни наслаги околу половината. Најновите истражувања покажуваат дека виновникот често не е во чинијата, туку во чашата. Постојат четири видови пијалоци кои делуваат како „лепак“ за маснотиите на стомакот и го забавуваат метаболизмот до степен на стагнација. На врвот на листата се газираните сокови, преполни со вештачки шеќери кои ...

Светот на Формула 1 е пред сериозен пресврт кој може да заврши трагично. Најбрзите возачи на денешницата упатија драматичен аларм до челниците на ФИА, тврдејќи дека новите технички регулативи за 2026 година се вистинска „temp-бомба“. Според нив, прашање на време е кога ќе се случи масовен судир уште на самиот старт на трките. Проблемот лежи во новиот хибриден систем каде моќноста е поделена на половина помеѓу електричниот мотор и внатрешното ...

Масовна полициска операција ја крена на нозе Германија утринава, откако стотици полицајци упаднаа на десетици локации во градот Хале. Ова не беше обична рација; целта беа лица осомничени за сериозен интернет криминал и ширење на монструозни материјали со детска порнографија. Ситуацијата беше толку сериозна што локалните сили мораа да побараат итно засилување од елитни единици од Баварија и специјални кучиња трагачи. Истрагата, која се водела ...

Шокантна сцена синоќа ги вознемири жителите на една станбена зграда, кога мирната вечер беше прекината од ротационите светла на десетици интервентни возила. Наместо вообичаена интервенција за пожар, граѓаните беа сведоци на морничава операција која траеше со часови. Бидејќи вратата од станот на последниот кат била целосно заглавена, а ситуацијата во внатрешноста барала итна реакција, специјалните единици биле приморани да користат ...

Сериозен инцидент се случил вчера на една од пофреквентните раскрсници во Скопје, кога во судир меѓу автобус и патничко возило тешко било повредено четиригодишно дете. Настанот предизвика загриженост кај граѓаните, особено поради фактот што еден од возачите веднаш по несреќата го напуштил местото. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 11 март 2026 година во 09:25 часот во СВР Скопје. Несреќата се случила на крстосницата ...

Во време кога сè почесто се зборува за потребата од повеќе зелени површини во градовите, во скопската општина Бутел започнаа активности кои го привлекоа вниманието на жителите. Она што се случува во паркот пред општинската зграда денеска не помина незабележано, а многумина веднаш забележаа дека просторот почнува да добива поуреден и посвеж изглед. Во текот на денот, екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ беа ангажирани на терен, ...

Тимот а на ПРВ.мк дојде до ексклузивни фотографии од вознемирувачки сцени кои денеска ги преплавија мобилните екрани на илјадници граѓани во Германија. Додека погледите на многумина беа вперени во небото, очекувајќи одговор за сирените кои одекнуваа низ градовите, паметните уреди испраќаа серија „критични предупредувања“. Мистериозни известувања ги „смрзнаа“ граѓаните Нашите извори од терен јавуваат за вистински хаос во комуникациските мрежи ...

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Верувањето потекнува од Јуда, кој го предал Исус Христос и бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. До денес, во многу култури се смета за лош знак ако на маса седат точно тринаесет луѓе. Симболичното „баксузирање“ на бројот 13 е толку силно што многу светски аеродроми немаат писти или излези (gates) под овој број, па дури и некои авиони немаат седишта со број 13. Стравот ...

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ја искористи конфронтацијата со Украина за да ја засили својата изборна кампања, обвинувајќи Украинците дека планираат напад врз неговото семејство. Сето тоа се случува пред парламентарните избори следниот месец, кои можат да го прекинат неговото 16-годишно владеење. Во видео објавено во средата навечер, Орбан е снимен како разговара со своите ќерки по телефон, емотивно зборувајќи: – Сигурен сум дека ќе ...

Хроничната болест на бубрезите зафаќа околу десет проценти од светската популација, а се проценува дека во Србија со ова заболување живеат околу 700.000 граѓани. Стручњаците предупредуваат дека се работи за своевидна епидемија на современото време. Долг период без симптоми Главниот проблем е што болеста долго време не дава симптоми, па често се открива дури во подоцнежни фази. Во моментов повеќе од 4.000 пациенти во Србија се на некој вид ...

Родителите на жртвите од дискотеката „Пулс“ во Кочани изразија големо разочарување по комеморативната седница што се одржа во Собранието по повод една година од трагедијата во која загинаа 63 лица. Габриела Наунова, мајка на едно од загинатите девојчиња, изјави дека нивните очекувања и надежи „паднале во вода“. – Комеморација за нашите деца – 63 жртви за една држава, со две страници читање, е голем удар за нас родителите. Ова не го ...

Околу 18.000 луѓе во Дрезден беа евакуирани утринава околу девет часот, откако во близина на мостот Карола беше откриена бомба од Втората светска војна, пренесува „Дојче веле“. Локалните власти соопштија дека на бреговите на реката Елба биле пронајдени два сомнителни предмети, а експертите потврдиле дека едниот е британска бомба тешка 250 килограми. Се очекува бомбата да биде деактивирана во голема операција, при што претходно беше спроведена ...

Македонците кои планираат викенд шопинг во Солун треба да бидат подготвени на можни сообраќајни проблеми, откако грчките власти најавија целосен прекин на сообраќајот на дел од источната внатрешна обиколница во период од 48 часа. Сообраќајот ќе биде затворен од петок, 13 март, во 23 часот до недела, 15 март, во 23 часот. Затворен ќе биде делот помеѓу клучките К7 (Ептапирхио) и К8 (Тријандрија), една од најфреквентните сообраќајници во градот. ...

Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица од Струмица – Р.П. (38), Н.Н. (29), П.Т. (41) и К.Г. (20), поради сомнение дека сториле две кривични дела „предизвикување општа опасност“. Според информациите од полицијата, првиот случај се случил во јануари 2026 година на влезот од селото Владевци, кога второпријавениот предизвикал пожар на товарно возило „мерцедес“. Огнот зафатил дел од возилото и предизвикал материјална штета. Неколку ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1006
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1001
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
85%
999
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1006
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.6
82%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
97%
999
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
64%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1006
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 7ᴼ
2.06
84%
1006
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
5.14
58%
1000
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
0.0
80%
1007
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Платина

68577.54

Родиум

320703.70

Цинк

0.00

Злато

151413.64

Паладиум

47550.95

Сребро

2812.48

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.64

Бакар

13.22

Калај

55.99

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89