Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Меѓународна полициска операција откри и идентификува десетици осомничени кои, според истрагата, ги дрогирале и сексуално злоупотребувале своите партнерки, а потоа дел од нападите ги снимале и споделувале во затворени онлајн групи. Информациите ги објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на европски и британски безбедносни служби. Според Европол и британската Национална агенција за криминал (НЦА), најчесто жртви биле жени кои биле онесвестувани со ...
Во две одвоени полициски акции спроведени на подрачјето на Тетово и Гостивар, полицијата привела две лица кај кои биле пронајдени наркотични средства, информираат од СВР Тетово. Во првиот случај во Тетово, на 2 јули, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А. (41), по извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, спроведен врз основа на судска наредба. При претресот била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во ...
Гостиварската полиција приведе 36-годишен жител на селото Вруток, откако, според официјалните информации, предизвикал сообраќајна незгода, а потоа го напуштил местото на настанот. Станува збор за лицето Ф.И. (36), кое било лишено од слобода на 2 јули од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските податоци, тој ...
Партнерот на пејачката Мина Костиќ, Мане Ќурувија Каспер, сподели прва заедничка фотографија со неа по нејзиното излегување од психијатриска установа, што веднаш привлече големо внимание на социјалните мрежи. На објавената фотографија, Костиќ се појавува со видливо променет изглед, со кратка коса, негувана и насмеана, додека позира во прегратка со својот партнер. Сликата е направена во двор од зграда, а атмосферата делува опуштено и мирно, ...
42-годишен маж бил застрелан од полицијата во германскиот град Ремшајд во средата навечер, околу 21 часот, откако, според официјалните информации, претходно нападнал полициски службеници на улицата Паулштрасе. Како што соопштија Јавното обвинителство во Вупертал и Полициската управа во Хаген, инцидентот започнал откако сведоци пријавиле дека мажот им се заканувал на две девојки користејќи бибер-спреј. По пристигнувањето на полицијата, ...
Македонскиот пејач Марко Маринковиќ, попознат како Слаткаристика, откри дека размислува да влезе во сосема нова индустрија и да започне производство на слатки, што веднаш предизвика внимание кај јавноста. Во интервју за „Слободен печат“, тој на шеговит начин зборуваше за прекарот кој со години го носи и како истиот би можел да се претвори во вистински бренд. Според неговата изјава, во повеќе наврати слушнал коментари дека е „најпознатиот ...
65-годишен работник со иницијали С. К. го загуби животот во тешка несреќа што се случила на градилиште во белградската општина Савски венец, на улицата Лука Ќеловиќа Требињац, објавува „Телеграф.рс“. Според првичните информации од истрагата, несреќата се случила во четвртокот кога работникот, под сè уште неразјаснети околности, паднал низ вентилациона дупка во објектот од висина од околу 15 метри. Падот бил фатален, а на местото веднаш била ...
Бројот на загинати во земјотресите кои минатата недела ја погодија Венецуела порасна на најмалку 2.595 лица, изјави денеска привремената претседателка на земјата, Делси Родригез. Таа рече чека бројот на настраданите е зголемен за околу 300 во однос на претходниот ден, но сè уште не е објавена проценка за бројот на исчезнати, ниту конечниот број на жртви, пренесува CNN. Сомнежите во официјалните податоци на надлежните во Венецуела дополнително ...
Маж почина по тешки повреди здобиени во близина на седиштето на Обединетите нации во Њујорк, соопшти њујоршката полиција, која потврди дека е отворена истрага за утврдување на сите околности на случајот. Според активисти и медиумот „Гласот на Тибет“, станува збор за Лобга Рангзен, Тибетанец кој, како што тврдат, со својот чин сакал да испрати порака поврзана со независноста и единството на Тибет. Според истите извори, Рангзен работел како ...
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денес го погоди островот Халмахера во Индонезија, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG). Според официјалните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран на длабочина од околу 120 километри под површината на земјата, додека најблиската референтна точка е околу 58 километри западно од градот Тобело, во провинцијата Северен Малуку. Се работи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста, откако на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ објави сатирично видео изработено со помош на вештачка интелигенција, во кое се појавува во улога на лекар што им препишува необична „терапија“ на своите долгогодишни политички противници и јавни критичари. Во видеото, Трамп е прикажан облечен во бел лекарски мантил со стетоскоп, додека негови „пациенти“ се ...
Оља Тошева (43), по потекло од Богданци, а повеќе од две децении жител на Скопје, ја отвори својата најболна животна приказна и проговори за трагедијата што засекогаш го променила нејзиното семејство. Нејзиниот татко исчезнал на 60-годишна возраст и повеќе од една година се водел како исчезнато лице, сè додека случаен минувач не ги пронашол неговите останки. Денес, осум години по исчезнувањето, Оља реши јавно да ја сподели својата приказна, ...
Поради планирани активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа, денеска се предвидени привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Илинден и Ѓорче Петров. Според информациите на ЕВН Македонија, во периодот од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во селата Текија, Дељадровци и Миладиновци, кои се наоѓаат на територијата на општина Илинден. Прекинот ќе ...
Полицијата приведе 38-годишен жител на Гостивар по пријава дека физички го нападнал својот братучед и при инцидентот употребил остар предмет. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен од 38-годишниот Е.Ш., кој навел дека нападот се случил по претходна расправија меѓу двајцата. По добиената пријава, полициски службеници од ОВР Гостивар интервенирале и околу 23:55 часот го лишиле од слобода осомничениот ...
Со свечено дефиле низ градските улици и богата културно-уметничка програма, вечерва беше означен почетокот на Кавадаречките фолклорни средби, кои се дел од програмата на Кавадаречко културно лето 2026. Градскиот плоштад беше исполнет со бројни посетители кои уживаа во звуците на македонската народна музика, традиционалните игри и богатството на автентичните народни носии. Настанот донесе празнична атмосфера и уште еднаш ја потврди важноста на ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да зема сериозен данок, а најновите податоци покажуваат дека бројот на починати надминал 400 лица. Според информациите на локалните здравствени власти, досега се регистрирани вкупно 438 смртни случаи, додека бројот на потврдени инфекции достигнал 1.406. Властите официјално ја прогласија епидемијата на 15 мај, по што започнаа засилени мерки за следење на контактите, изолација на ...
Малата срна Бамби, која пред неколку дена беше пронајдена со тешки повреди во Кичевско, засега ќе продолжи да се бори за живот, откако здружението „Анимал рескју проект“ одлучи да не ја евтаназира и покрај лошите прогнози. Двомесечното диво животно беше спасено откако работници на ЕВН ја забележале во житно поле. Според информациите, таа била фатена во нелегална стапица, при што претрпела катастрофални повреди на нозете. По извлекувањето, ...
Инстаграм подготвува нови функции со кои корисниците ќе добијат многу поголема контрола врз содржината што им се појавува на почетната страница и во Reels. Првиот човек на платформата, Адам Мосери, најави дека функцијата „Вашиот алгоритам“ постепено ќе стане многу подостапна и ќе биде интегрирана во различни делови од апликацијата. Целта е секој корисник полесно да влијае врз препораките што ги добива. Според најавените промени, со едноставно ...
Судењето за апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжи со нови форензички сведоштва, откако вештаци од Министерството за внатрешни работи изјавија дека на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра пронајдени во ѕид од семејна куќа во Неготино биле откриени негови биолошки траги. Парите, спакувани во банкноти од 500 и 200 евра, според обвинителството биле сокриени зад плочки и кујнски елементи. Ристов се товари за противправно ...
Во многу балкански земји чашата вода што се служи со кафето најчесто се пие по последната голтка или едноставно служи за гасење жед. Но, во Италија таа има сосема поинаква намена. Според италијанската традиција, водата треба да се испие пред првата голтка еспресо, бидејќи така се чистат непцето и вкусните рецептори од остатоци од храна, пијалаци или цигари. На тој начин целосно доаѓаат до израз аромата и вкусот на кафето. Во многу италијански ...
Светската здравствена организација (СЗО) официјално прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот „Хондиус“, откако од 25 мај наваму не е регистриран ниту еден нов случај на инфекција. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти дека и последното лице кое било под здравствен надзор успешно го завршило карантинот, добило негативен тест и се вратило дома, со што се исполнети сите критериуми за официјално ...
Иако најголем дел од туристите летниот одмор го планираат во јули или почетокот на август, сè повеќе искусни патници ја избираат втората половина на август како идеален период за летување. Главните причини се попријатните температури, потоплото море и значително помалите гужви. До тој период морето е загреано од летните температури, додека воздухот веќе не е толку екстремно жежок, што овозможува поудобен престој на плажа, но и повеќе можности ...
Деветнаесетгодишна државјанка на Италија е приведена по инцидент што се случил во Градскиот парк во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 04:40 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.Ф. (19), откако физички нападнала полициски службеник при извршување на службени дејствија. При проверката било утврдено и дека странската државјанка немала регулиран престој во државата. По целосното ...
Купувањето половен автомобил со буџет до 10.000 евра може да биде одлична инвестиција доколку се избере проверен модел со добра сервисна историја. Автомобилските експерти советуваат купувачите да не се водат само од цената, туку да обрнат внимание на состојбата на возилото, моторот и трошоците за одржување. Меѓу најчесто препорачуваните модели е Volkswagen Golf VII, кој се издвојува по квалитетната изработка и добрата понуда на мотори. За ...
Француската метеоролошка служба Météo-France предупредува дека од 6 јули Европа повторно ќе биде зафатена од силен топлотен бран, кој ќе ги погоди Западна, Централна Европа и Балканот. Според прогнозите, нов продор на многу топол воздух од Сахара ќе донесе екстремно високи температури, а најголем интензитет се очекува околу 14 јули. Метеоролозите оценуваат дека ова би можел да биде трет значаен топлотен бран што ќе ја погоди Франција оваа ...
Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупредија за епидемија на салмонела поврзана со ароматизирани инстант тестенини, која досега е регистрирана во повеќе европски земји. Според објавените информации, потврдени се 106 случаи на инфекција, при што најголем дел од заразените се деца и млади лица. Од нив, најмалку 49 пациенти биле хоспитализирани. Првите случаи биле ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне се очекува нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, на одделни места се можни поинтензивни временски процеси со над 15 литри дожд на квадратен метар, ветер со брзина поголема од 60 километри на час, како и услови за краткотрајно невреме проследено со појава на ...
Пожарникарските екипи денеска се борат со неколку големи шумски пожари во јужна Франција, кои дополнително се шират поради силните ветрови и екстремно сувите услови што следуваа по неодамнешниот топлотен бран. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека три активни пожари, од кои два се на западната периферија на Марсеј, досега зафатиле околу 1.210 хектари површина. Во меѓувреме, францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј ...
Започна целосната реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, на потегот од подвозникот до третиот влез во Радишани, проект што со години беше едно од најголемите барања на жителите на Општина Бутел. Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Со проектот ќе бидат реконструирани повеќе од 2,2 километри улици, ќе се изгради нов ...
Педесет и деветгодишен жител на Битола пријавил во полиција дека бил измамен од лице кое се претставило како мајстор за поставување плочки. Како што информираат од СВР Битола, А.Д. го ангажирал лицето за реновирање на купатилото во неговиот стан и му предал 91.000 денари за набавка на потребните материјали. Но, и покрај договорот, осомничениот не започнал со изведување на работите, а во меѓувреме целосно престанал да комуницира со оштетениот. ...