Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Заврши времето од порано, ова е време кога законот важи еднакво за сите и без оглед кој на која етничка припадност припаѓа ќе одговара ако згреши, а ако имаме докази, ќе биде спроведен каде што му е местото, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од собраниската говорница. Во одговорот на интерпелацијата поднесена против него од коалицијата „Европски фронт“ која највеќе се базира на случувањата од 28 ноември, Тошковски потенцира ...
Ги менуваме ликот и функционалноста на општините, вели министерот за локална самоуправа и регионален развој, Златко Перински, во интервју за порталот Плусинфо. Министре, во годината што е зад нас го презедовте Министерството за локална самоуправа и заокруживте речиси пола година мандат. Како ја оценувате досегашната работа? – Можеби ќе звучам нескромно, но искрено, презадоволен сум од сработеното, со оглед на околностите со кои се соочив кога ...
Контроверзниот Костадин Костадинов, покрај Македонија побара кон Бугарија да се присоедини и Јужна Бесарабија. Малкумина знаат кој е овој регион. Јужна Бесарабија била дел бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите биле дел од домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. Бесарабија се граничи со реката Днестар на исток и реката Прут на запад. Околу две третини од Бесарабија припаѓаат на денешна ...
Пред речиси 20 години, Сомае Мецгер решила да ја напушти работата во германски дом за стари лица и да замине да работи во соседен Луксембург. Научила луксембуршки на курс организиран од нејзиниот работодавец. Се наоѓа на околу 13 километри од нејзиниот дом во Трир, Германија, каде што живее со семејството, до нејзиното работно место, за што и се потребни едвај дваесет минути. „Ниту еден момент не се покајав за мојата одлука“, вели Мецгер. ...
Костадин Костадинов е главна тема на медиумите кај нас откко побара присоединување на Македонија кон Бугарија бидејќи тоа било нешто природно. Костадинов е познат на македонската јавност по своите радикални и што среде Скопје тврдеше дека „Македонец и Бугарин било едно исто“. Неговата партија „ Възраждане“ односно „Преродба“ беше трета на последните избори и лесно може да се случи да биде дел од владата. Тој на отворањето на ...
Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп на 20 јануари, потврди вицепремиерот Александар Николоски.Тој смета дека ова е голема работа и чест и говори за добрите односи меѓу двете зејмји. Премиерот доби покана и веројатно ќе биде единстениот лидер што ќе присуствува на инаугурацијата.Тоа е огромна чест и привилегија, нешто што многу говори и за државата и за него лично како е доживеан и ...
Од вчера ограноци и членови на ДУИ на социјалните мрежи споделуваат видео од Али Ахмети во УЧК униформа како врховен командант на ОНА. На видеото се слушаат воинствени песни за ОНА и за командантот Ахмети, како и негово обраќање со воинствена реторика. Јас доаѓам од народот, доаѓам од вашиот слој. Дајте ми го мечот, гледајте како го ракувам. Никогаш не сум изгубил ниту една војна, бидејќи војниците ми го подарија мечот, вели Ахмети во видеото. ...
Дрин Ахмети, младиот внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, половина година е во САД додека е под истрага од Обвинителството за сомнително стекнување на удел во бизнис центарот „Соравиа“, но и за јавни набавки. Ахмети до 3 јануари на Инстаграм споделувал фотографии од Њујорк заендо со неговиот брат Бесијан Ахмети додека е на гости во САД кај неговиот татко. Според сознанијата на ТВ Телма, Ахмети е во САД од крајот на јули минатата година. Од ...
Синот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, ги поврза разорните пожари во Калифорнија со испраќањето на противпожарна опрема во Украина. „Ох, погледнете, се разбира, противпожарната служба на Лос Анџелес донираше дел од своите залихи на Украина“, напиша Трамп Џуниор на социјалната мрежа X. Во Калифорнија моментално беснеат четири големи пожари, кои веќе однесоа пет животи, а неколку луѓе се повредени. Во ...
Дејо Савичевиќ е познат по тоа што секогаш го кажува она што го мисли, дури и ако тоа некого навреди. Тој говореше за односот во југословенската репрезентација и селекторот Ивица Осим. Имаше многу играчи од Сараево. Во А репрезентацијата не настапи само чистачката од Железничар. За жал. Дали имал притисок од луѓе од околината на Сараево? Нема играч од таму што не добил шанса. Ја имав таа една шанса против Аргентина, да постигнев гол веројатно ќе ...
Користењето на криптовалути е иднината на финансиските пазари. Токму затоа Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки. Според Премиерот Христијан Мицкоски тоа е иднината и со канализирање на тргувањето со криптовалути во законски рамки, ќе бидеме меѓу првите земји во регионот кои тоа ќе го направат, со што би фатиле чекор со иновативните решенија и би ги почувствувале бенефитите од тој процес. Што се ...
Два отсто. Толку изнесува довербата во правосудството во Македонија. Два отсто е и македонската верзија на оние 1% посто кои живеат како богови и го вртат светот. Два, зошто тука се толку накотени, што ниеден процент не им ги задоволува страстите. Во двата случаи, два отсто важи за оваа Личност на неделата: Дрин Ахмети Обвинителството неодамна се откажа од кривично гонење на внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките ...
Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и наведува дека е потребно и Софија јавно да ...
Уште неседнати на власт, Трамп и луѓето околу него почнаа фуриозно да ја менуваат политичката слика низ западниот свет. Има тука некои комични моменти како понудата САД да го купат (или земат) Гренланд од Данска и да го реокупираат Панамскиот Канал. Но, има и сериозни случувања – премиерот на Канада најави оставка, а неговата партија со сигурност ќе загуби на изборите во полза на десницата. Владата на Германија исто така брои ситно и ќе биде ...
Новиот Кривичен законик е завршен и чека мислење од Европската комисија по што ќе биде доставен во владина и собраниска процедура, а новиот закон за Судски совет треба да биде донесен до јуни годинава. Работна група работи и на измени и дополнувања на Законот за јавно обвинителство, а пристапено е и кон изработка на нов Закон за судска служба, Закон за кривична постапка и кон завршување на деценискиот процес за кодификацијата на граѓанското ...
За една три месециМѐкедонија ќе добие нов експресен пат од Градско до Прилеп.На 14-ти јануари да биде пуштена првата делница од Градско до Фариш со што, ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на државата. На 17-ти месецов се очекува да биде пуштена и првата делница од пругата кон Бугарија. Максималната брзина ќе биде 130 километри на час. Целиот експресен пат се очекува да биде пуштен во март со што ќе се заокружат ...
Дино Мерлин животот не го галел, а денеска носи големи лузни кои ги претвори во хитови. Така, во еден период од животот завршил во психијатриска установа во Германија, кога во четири ѕида ја напишал нумерата „Ја потпуно трезен умирам“. Исто така, еден од неговите најголеми хитови „Мојот живот е Швајцарија“ е приказната за несреќната љубов која пејачот ја доживеал кога неговата девојка го оставила поради пари. Како млад, Мерлин имал љубов со ...
До 15 век Русите, Украинците, Полјаците, Чесите не се нарекувале себеси „Словени“. Словенскиот јазик до средниот век се дефинирал како јазик на Бугарите, а не како јазик на Русите, Полјаците, Словаците, Словенците итн. Во IX и X век меѓу овие народи Бугарите го шират своето писмо. Од бугарските книги овие народи го прифатиле старобугарскиот јазик за свој. Но, по освојувањето на Бугарија од страна на Османлиите, овие народи не би сакале да се ...
Мајката на Новак Ѓоковиќ Дијана откри зошто ја променила верата и оти вербата во Бог не и била всадена уште од мала. – Моите родители се католици, но тие се воспитани од партијата и комунизмот. Се изјаснуваа како Југословени. Не ме учеа да верувам во Бог уште од детството, ниту пак славевме Велигден или Божиќ. Тогаш не можев да му пренесам ниту на моето дете, бидејќи и јас немав, ќе бидам искрен. Во семејството на Срѓан повторно не се крстеа, ...
Јанис Варуфакис, поранешен грчки министер за економија кој преговараше во име на владата за време на кризата на државниот долг 2009-2018 година. и основач и генералниот секретар на движењето Демократија во Европа 2025 (DiEM25) претстави мрачна прогноза за Европа во новата година, како и какви чекори треба да се преземат. Рековме дека Европа или ќе се демократизира до 2025 година, или ќе се распадне. Не се демократизираше, па сега се распаѓа. ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е повеќе од сегашната цел од два отсто. -Сите можат да си го дозволат тоа, но тие треба да бидат на пет проценти, а не два проценти, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. „Јас сум тој што ги натера да платат два отсто“, продолжи тој. ...
Мета ќе ги отстрани проверувачите на факти, „драстично ќе ја намали цензурата“ и ќе препорача повеќе политички содржини на своите платформи, вклучително и Фејсбук, Инстаграм, објави основачот Марк Цукенберг. Цукерберг вети дека ќе и даде приоритет на слободата на говорот по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и рече дека, почнувајќи од САД, „ќе ги отстрани проверувачите на факти и ќе ги замени со заеднички белешки слични на платформата X“. ...
„Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање“, рече премиерот Христијан Мицкоски по централната литургија по повод празникот Божиќ и додаде: Христос се роди, навистина се роди. Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните ...
Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик, ниту пак сум се водела од партиски совети, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со ветото што го стави на Законот за заштита на децата. Во изјава за медиумите дадена денеска по литургијата во Соборниот храм во Скопје, Сиљановска-Давкова рече е должна да ги почитува Уставот и законите. Објаснив дека не сум ...
Југословенскиот благородник Томислав Караѓорѓевиќ бил втор син на кралот Александар I Караѓорѓевиќ и кралицата Марија, брат на последниот југословенски крал Петар II Караѓорѓевиќ. Беше омилен меѓу народот. Тој е првиот член на кралското семејство кој трајно се вратил во Србија, на почетокот на 1992 година, кога се населил во Заводот на кралот Петар I Караѓорѓевиќ во Опленац. Роден е на 19 јануари 1928 година во Белград, на Водици според ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, двапати осуден во одделни случаи откако ја напушти функцијата, ќе се соочи со ново судење поради обвиненијата дека прифатил нелегално финансирање на кампањата во наводниот пакт со починатиот либиски диктатор Моамер Гадафи. Кариерата на Саркози е во сенка на правните предизвици по неговиот пораз на претседателските избори во 2012 година, но тој останува влијателен и е познато дека редовно се ...
Познатата пинкпантерка Оливера Ќирковиќ која сега е писателка за овие празнични денови открива кога и било најтешко. Таа признава дека тоа е за новогодишните празници. Новата година ја доживувам како социјален празник. Некако сите живеат, кој има кој не, кој излегол и кој не се собрал некако и да ја дочекаме Новата година и да ја дочекаме некаде. Сите се некако весели, пијани, а јас имам отпор кон родендени и празници. Тоа е бунтовникот во мене, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. „Имам особено задоволство и чест на сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, ...
Аца Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој на 1 јануари уби 12 жртви, меѓу кои две деца на возраст од 9 и 14 години се скарал со сопственикот на локалот Мирко Вулетиќ (42) поради палењето на бадниковото дрво но и поради некои жени , пишува „Курир.рс“ Да потсетиме, Мартиновиќ го изврши новогодишното злосторство по тепачка во кафеана која кулминираше со уште едно масовно убиство во главниот град на Црна Гора. Се скарале каде годинава ќе се пали ...
Случајот со последното убиство во Цетиње го отвори подзаборениот или прикриен случај со машките жители на ова гратче во Црна Гора. Уште во времето на поранешна Југославија, во седумдестите години еден од најпознатите психијатри во Црна Гора кој ја оценувал способноста на идните војници во ЈНА напишал наод дека речиси сите машки од Цетиње не се способни за служење за воен рок и оти боледуваат од хеберфренична шизофренија. Сепак тајната служба во ...