Отсега на државен трошок ќе може да се прават шест ин витро оплодувања, наместо три како што беше досега, и тие се бесплатни за граѓаните, соопшти на 12 јули директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Измените на Законот за здравствена заштита на населението беа донесени на 10 јули во Собранието, на иницијатива на група пратеници во соработка со Министерството за здравство и ФЗО. Биомедицинско потпомогнато ...

Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот настан во Царинската управа, одговорајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со ЗНАМ и можноста за заеднички кандидати во некои општини на претстојните локални избори. – Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се приоритет и тие се во тек, се ...

„Чувство е одлично, уште повеќе затоа што сите се сомневаа во нас пред натпреварот, а ние знаевме дека можеме да победиме“, изјави Кол Палмер, кој го предводеше Челзи до победата од 3-0 над ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство. Палмер синоќа беше херојот на Челзи, откако во 22 минута го донесе англискиот тим во водство, а само осум минути подоцна го постигна и својот втор гол во финалето кое се одигра пред 82.500 гледачи на ...

Светскиот тенисер број 1, Јаник Синер, изјави дека освојувањето на титулата на Вимблдон е остварување на неговиот детски сон и оти научил многу од неодамнешниот пораз во финалето на Ролан Гарос. „Пред натпреварот, разговаравме за тоа како никогаш не можевме да замислиме дека ќе бидеме тука кога бевме деца. Ова беше мојот сон, бидејќи делуваше толку далеку од местото од каде доаѓам. Сега го живеам мојот сон“, рече Синер. Во вчерашното финале, ...

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. Пуштањето во употреба на оваа делница за власта е показател за разликата меѓу неа и политичките опоненти и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада, наспроти минатата која го оставила како проект кој бил заборавен и напуштен, на кој немало работници инженери, ниту машини. На пуштањето во употреба присуствуваше премиерот Христијан ...

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти. Повеќе од 41 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД.мк, кое го изврши агенцијата Маркет вижн, целосно или делумно го поддржуваат овој проект. Негативен одговор дадоа 29,1 отсто од испитаниците. По новинарските написи за криминалот со набавката на јаглен за ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Вимблдон за прв пат во својата кариера. Во финалето, првиот рекет го победи Карлос Алкараз, вториот на АТП листата, со 3:1, во сетови 4:6, 6:4, 6:4, 6:4. Натпреварот траеше три часа и четири минути. Ова беше четвртиот Гренд Слем трофеј во колекцијата на Јаник Синер, додека Алкараз остана на пет. Синер, исто така, ја прекина серијата од два последователни трофеи на Алкараз на Вимблдон. Ова беше првиот ...

Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми и не случајно секторот туризам го додадовме до Министерството на култура и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи според спроведените истражувања најголемиот дел од посетителите, односно туристите коишто ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација токму тоа е и причината зошто ја посетуваат односно богатото културно ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата „Севастополска“. Тој, како што се наведува, се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ...

Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока, што е за три проценти повеќе од резултатот на истото прашање од анкетата во април годинава. Истражувањето на МКД.мк, како дел од редовните истражувања кои редакцијата заедно со агенцијата Маркет вижн ги прави, е спроведено од 20 јуни до 4 јули. Во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, и оваа анкета покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и ...

Не очекувам од нашиот источен сосед да испрати поинаква порака, тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе нè обвинуваат нас, дека ние сме тие, а во суштина светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари, ги коментираше премиерот Христијан Мицкоски реакциите на официјална Софија по неговата изјава во врска со бугарскиот министер за надворешни работи. – Целта на бугарските ...

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред, наведува ...

Одморот на Халкидики се претворил во вистинска голгота за српски туристи.Педесет и петгодишниот Мишко за Voria.gr, раскажа дека нивниот одмор бил уништен поради еден прекршок. „Сè започна пред супермаркет во Пефкохори, во областа каде што престојував со мојот брат и нашите семејства. Најдовме парче хартија на шофершајбната на автомобилот и на почетокот претпоставивме дека е едноставна казна, бидејќи не бевме свесни дека сме паркирале ...

Бугарскиот тенисер Григор Димитров по повредата се огласи од болница. Понекогаш срцето сака да продолжи… но универзумот има поинаков план за нас. Морав да се повлечам од тој натпревар на Вимблдон и тоа беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Ви благодарам за огромната количина љубов – од семејството, пријателите, фановите, колегите, до целата тениска заедница… вашите пораки навистина ме кренаа во овие тешки времиња. Ви благодарам ...

Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година,реагира СДСМ. Повеќе од 110 милиони денари ќе платат на приватна фирма за „визуелни ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на новата фабрика на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје. Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција, но повеќе од тоа денес вградуваме уште еден темел на економка доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени успехот неминовно доаѓам – рече премиерот Мицкоски. Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во ...

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска на обвинителна клупа седна првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека за Пешевска ...

Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со остро соопштение откако бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков, беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Причината за повикот беше употребата на придавката „северномакедонски“ од страна на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во обраќањето кон премиерот Христијан Мицкоски. Запрашан за реакција, ...

Тренерот на Работнички, Бојан Маркоски, оцени дека синоќешннот пораз од белоруски Торпедо – Белаз од 3-0 во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Конференциската лига е превисок, но оти неговите играчи ќе дадат максимум на реваншот идната недела во Скопје. „Беше тоа тежок натпревар и убедлив пораз за нас, а според мое мислење не заслуживме таков пораз од 3-0“, истакна Маркоски на прес конференцијата по натпреварот кој се одигра ...

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“. Мицкоски порача на Георгиев да не му се обрнува внимание зашто „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“. – Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме ...

Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта, порача претседателот на Социјалдемократкиот сојуз, Венко Филипче. На денешната прес-конференција тој истакна дека вчерашната одлука на Европскиот Парламент и усвојувањето на извештајот се резултат на опасно застранување од стратешките позиции на државата и злоупотребата на јазикот и ...

Ребека Мекдоналд, една од најуспешните и најбогатите жени од српско потекло во светот, чие богатство се проценува на околу две милијарди долари.Вниманието го привлече откако се најде во ложата на Ѓоковиќ на Вимблдон. Родена како Убавка Митиќ во 1953 година во Сараево, Ребека пораснала во семејство со високи академски вредности. Нејзиниот татко, Милош, бил електроинженер, а нејзината мајка, Љубица, менаџерка во Народната банка. По ...

Можеби некој очекуваше по вчерашниот Извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуваме. Напротив, ќе продолжиме уште посилно и попосветено да работиме, ќе покажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и архитектите кои сакаат, не ќе можат да го попречат нашиот пат кон ЕУ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во однос на критиките од опозицијата, тој напомена ...

Вчера во Европскиот парламент каде на мегдан се спротиставуваат политиките на широкиот спектар на партии, победи луцидната и иритирачка агенда која има за цел да ја подели Европа на суверинистичка и неолиберална компонента. Не секоја добиена битка значи и добивање на “војната”, но во големата слика изгуби Европа, и таа онаа Европа која беше промотор и заштитник на културниот, јазичниот и религискиот спектар на засебниот идентитет. Европа која ...

Британскиот актер Хју Грант беше фатен во незгоден момент додека го гледаше натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавиo Коболи на Вимблдон, и се чини дека одвоил неколку моменти за да задреме во кралската ложа. Грант беше фатен на камера како дреме во Кралската ложа на Вимблдон. Актерот беше малку згрбавен и наведнат надесно додека камерата полека зумираше, како што се гледа во видео објавено на социјалните мрежи. Изразот на Грант сугерираше ...

„Кога Бугарија е обединета, можеме да постигнеме резултати“, напиша претседателот на ГЕРБ и екс-премиер Бојко Борисов на Фејсбук откако се усвои годишниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, но, без термините македонски јазик и идентитет. Порачува дека „тоа е јасен знак дека кога Бугарија е обединета – кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно, можеме да ...

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева. – Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на ...

За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на ...

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ официјално ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, напуштајќи го Кралскиот клуб како најтрофеен фудбалер во историјата на мадридскиот гигант. Својот последен настап во белиот дрес Модриќ го имаше во синоќешното полуфинале на Светското клупско првенство во поразот од 4-0 против ПСЖ то го остави без можност да додаде уште еден трофеј во својата богата колекција. Триесетидеветгодишниот Модриќ го носеше ...

Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона во домашното првенство Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ги стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА. Силекс од 20 часот му гостува на црногорскиот претставник Дечиќ во Тузи, додека во истиот термин Работнички ќе му гостува на белоруски Торпедо – Белаз на неутрален терен во унгарскиот град Сомбатели во својот прв ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
3.09
78%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.16
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
996
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.13
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
61%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Паладиум

53434.54

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Злато

157055.75