Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва ја совлада Естонија на гостински терен со 36-17 пред завршниот евроквалификациски дуел против Литванија в недела во Скопје. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа од самиот почеток на денешниот дуел во Талин и триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање. Македонија уште од ...
Во психологијата на луѓето е ако не ја гледаат болеста, не размислуваат за неа. Во 2018 и 2019 година во Македонија беше прогласена епидемија на морбили, а во 2024 година во Скопје и Куманово епидемија на голема кашлица, токму поради нискиот опфат на вакцинирани деца. По подолго време се појавија болести за кои мислевме дека успешно сме ги довеле до елиминација. Минатата недела се одбележуваше Европската недела на имунизација. Беше исгакнато ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз” Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече вечерва, за голема инвестиција од педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии. Вчера на владина седница ја разгледавме реализацијата на пректот „градски воз“. Заврши физибилити ...
Премиерот Мицкоски и министерот за здравство се договориија пак да се видат. Средбата од која сите очекуваа да се знае дали Таравари ќе лета од Владата откако почна намигнува кон ДУИ заврши со едно кафе, прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Али се пали. Претседателот на ДУИ се закани дека ќе ја прави големата ако биде поднесено обвинение против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши , во чие време била издадена ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Арсенал го играа реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Парижаните беа поуспешни 2-1 и ќе играат во финалето против Интер. Шоуто во Париз почна со спектакуларен гол на Фабијан Руиз! Тој ја прими топката на работ од шеснаесетникот, ја префрли на левата нога, се позиционираше и со моќен удар ја искина мрежата на Арсенал. Гол падна во 72 минута кога Ашраф Хакими го дуплираше водството на Пари ...
Турскиот кошаркар Чеди Осман го одигра натпреварот на својата кариера во победата на Панатинаикос над Ефес и го предводеше грчкиот тим до Фајналфорот на Евролигата. Турскиот претставник има интересна биографија. Роден е во Охрид, неговиот татко е од Турција, а неговата мајка е од Нови Пазар. Тој добро зборува српски, а во неколку наврати нагласи дека го сака Партизан и дека во текот на кариерата имал покана од црно-белите да стане нивен член. ...
Масните крвни садови не се појавуваат преку ноќ – тоа е тивка, но упорна болест на современиот начин на живот. Првиот чекор кон здрави артерии е да ја промените исхраната: елиминирајте ги преработените масти, шеќерите и белото брашно и воведете маслиново масло, јаткасти плодови, риба и многу зеленчук. Секој ден без цигари и со 30 минути движење е ден кога сте го продолжиле животот. Крвните садови памтат сè – и лошите навики и вашата грижа за ...
Копенхагенските критериуми се тие кои ќе не направат, стандардна европска, досадна држава, а ветото не е пријателски инструмент, очекувам разбирање, а се разбира ние во меѓувреме мора да ја тераме државната агенда, економски, културно да се развиваме, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на заедничката прес-конференција во Вила Водно со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Оценувајќи ги како традиционално пријателски ...
Познатата српска адвокатка Зора Добричанин тврди дека трагедиите во „Рибникар“, Мали Орашје и Дубона се поврзани со случајот со паѓањето на крошната во Нови Сад и оти сето тоа е терористички чин. Трагедиите во Рибникар, Мали Орашје и случајот со паѓањето на крошната се поврзани. Повеќе од 30 луѓе беа убиени за година и пол во Србија. Според мене, тоа е терористички чин. Некои велат дека немало политичка позадина во масакрот во Рибникар, кој го ...
Франческо Ачерби стана херој на Интер во историската вечер на Сан Сиро кога постигна гол во 93-тата минута од судиското продолжение против Барселона и ги испрати црно-сините во финалето на Лигата на шампионите. Италијанскиот стопер израмни на 3:3 кога сите помислија дека натпреварот е завршен, а Интер беше на колена. Ачерби, роден пред 37 години во градот Виколо Предабиси во предградието на Милано, имаше тешка кариера – од клубовите од пониските ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ. Скандалозна завршница ја одбележа фудбалската средба од Втората македонска фудбалска лига помеѓу Кожуф и Башкими. Гостинскиот тим победи со 1-2, благодарение на гол постигнат во 94. минута, но вниманието не го привлече резултатот – туку начинот на кој тој беше постигнат. Најмногу сомнежи предизвика ...
Премиерот Мицкоски и Арбен Таравари се договорија пак да се видат. Ги памети ли премиерот ножињата на Таравари, прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“? Дали Таравари има некаков долг кон Али Ахмети па сега мора да оживува ДУИ? Се враќа ли европскиот фронт, надграден и проширен? На Ахмети му останаа уште заканите и најавите дека ќе излезе на улица ако има обвинение против Крешник Бектеши за пожарот во Кочани. Зошто на оние кои сакаат ...
Денеска се очекува да почне конклавата за избор на нов папа по смртта на Франциск. Списокот на контроверзни папи во историјата на Католичката црква вклучува голем број поединци чии животи и понтификати биле обележани со скандали, корупција, сексуални афери и политички игри, објави „24 сата.хр“. Но, историскиот контекст е клучен – многу обвинувања за содомија служеа и како политичка дискредитација. Содомијата во средниот и раниот нов век не ...
Италијанецот Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле, се најсериозните кандидати за следен поглавар на Римокатоличката црква пред почетокот на конклавата во среда, според аналитичарите и обложувалниците. Пјетро Паролин е добро познат во Рим, дипломат кој соработуваше со папата Франциск 12 години и во странство и е сериозен кандидат да биде следниот папа. Седумдесетгодишниот Италијанец служеше како државен секретар, втора највисока ...
Ватикан објави дека ќе ги исклучи сигналите на мобилните телефони за време на конклавата за избор на нов папа, која нема да го вклучува плоштадот „Свети Петар“. Ватикан соопшти дека „од среда, 7 мај во 15:00 часот, сите системи за пренос на телекомуникациски сигнали за мобилни телефони на територијата на државата Ватикан… ќе бидат деактивирани. Сигналот повторно ќе биде вклучен по објавувањето на изборот на папата, се вели во соопштението. ...
Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува со реваншот од полуфиналето, каде Интер ќе биде домаќин на Барселона, додека Арсенал ќе игра на гостински терен во Париз против Пари Сен Жермен. Интер ќе ја пречека Барселона во Милано денеска во 21 часот. Првиот натпревар од двомечот заврши 3:3, при што Интер водеше прво со 2:0, а потоа и со 3:2. Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, по натпреварот изјави дека, и покрај тоа што не успеал да го ...
Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции. Мицкоски денеска соопшти дека на средбата сака да слушне ...
Новата милионска инвестиција со над 200 вработувања што ја најави вчера премиерот Христијан Мицкоски ќе се реализира во индустриската зона во Скопје. Треба да стартува за 10-12 дена, а се работи за производство на бела техника која целосно ќе биде наменета за извоз. Како што рече денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања во рамки на посетата на Општина Штип, се работи на уште две инвестиции во зоната во Штип, како и на проширување на ...
Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината. Јазикот мораме да го заштитиме со доследно почитување на уставната норма, но и во дигиталната ера за да биде достапен за дијаспората и за идните поколенија, напомена претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Претседателката денеска е покровителка на Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на ...
„Етничкиот национализам кои го промовира ДУИ и Ахмети како модел за заштита од кривичен прогон е иредитизам и шовинизам сам по себе. Тоа нема никаква врска со ЕУ, САД, НАТО и зелена агенда. Тоа се побуди и страсти познати во 18 век, но и тогаш побудите не биле заради заштита на криминал. Улицата не е само за уличарите и тоа воопшто не е страшно за никого и тоа денес нема да исплаши никого и со ништо. Барем не после трагедијата во Кочани“. Ова во ...
Партијата Алијанса за Албанците не е такси за превоз, ниту чамец за спасување имиња и презимиња, туку работи само во интерес на граѓаните, регира лидерот на партијата и министер за здравство Арбен Таравари на својот профил на Фејсбук пред денешната средба со Мицкоски. „Изјавуваме дека судбината на овој народ ја сметаме посериозно од другите имиња и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворени во Едипов комплекс. Ние не правиме ...
За премиерот Христијан Мицкоски неприфатливо е коалицискиот партнер Арбен Таравари да договара со ДУИ како ќе настапи на претстојните локални избори. Очигледно е дека ако Таравари е на линија со Ахмети, нема да остане дел од Владата, туку ќе замине во опозиција. За ова ќе се знае утре откако ќе помине договорената средба на Таравари и Мицкоски. Премиерот вели дека очекува да слушне јасен став од партнерот во Владата, дали има намера со Ахмети да ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати апел до првиот човек на ДУИ, Али Ахмети да не живее во минатото и да гледа кон иднината, коментирајќи ги најавите на Ахмети дека ДУИ би можела да излезе на улица и да протестира. Мицкоски го советуваше Ахмети најпрво да ги види милионерите кое се околу него а се збогатиле на грбот на граѓаните, а потоа да се обиде да ја реконструира својата партија наместо да се заканува. “За жал, господинот Ахмети изгледа се ...
Денес, со длабока почит и искрена благодарност, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за образование и наука Проф д-р Весна Јаневска, положивме свежо цвеќе пред вечниот покој на македонскиот великан Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски. 122 години не се само бројка, тие се вековно сведоштво за жртвата, визијата и неуморната борба на човекот ...
„Ти си копија на татко ти!“ Ова се првите зборови на македонски јазик во „Симпсонови“. Ги изговара ликот на баба Бранка, баба на шанкерот и сопственик Мо, додека тој е бебе. Пред некој ден се објави дека во 36-та сезона, епизода број 15, Македонец конечно дојде во Спрингфилд, но, тоа не е сè! И циникот Мо, газдата на таверната (оној кој Барт го шупчи по телефон) по потекло да ти бил Македонец и го убедува дедото дека сè уште прилично добро ...
Лидерот на едно од крилата на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари призна дека разговорал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Неколкупати спомна и дека неговата партија има канали на комуникација со ДУИ, како и сигнали за соработка за локалните избори. Токму затоа, како Личност на неделата, го прашуваме: Кој ти к фали, Арбен Таравари Арбен Таравари во моментот е министер за здравство. Неговата партија е дел од најстабилната влада во последните седум ...
Македонија денес има широко развиен индустриски сектор, обновен по економскиот колапс во 1990-ите години, благодарение на отворањето на земјата за странските инвеститори и активното нудење на подготвени локации и даночни олеснувања. Десетици компании, главно од автомобилскиот сектор, вработуваат десетици илјади работници кои или немаше каде да работат или беа повлечени од земјоделството, текстилниот сектор и други пониско платени гранки. Кога ...
Уште една убава вест за македонската економија и граѓаните. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви/Март, намален е јавниот и државен долг, објавии утрово премиерот Христијан Мицкоски својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Како што посочи премиерот, јавниот долг изнесува 57,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а државниот долг е 50,1 отсто од бруто домашниот производ Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, е задоволен од изданието на неговиот тим на натпреварот со Барселона синоќа во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Нероазурите“ одиграа 3:3, а водеа со 2:0 и 3:2. – Видовме фантастичен натпревар и знаевме колку е тешко полуфиналето. Можеме дури и да победиме денес. Навистина ми се допадна влијанието на нашите замени врз играта денес. Навивачите на Интер знаат дека во овој тежок момент дадовме максимум. Имавме ...
Македонија е зрела за нова институција наречена комисија за проверка на антикорупциската комисија. Зошто да не. Од сите комисии, агенции, тела кои не служат за ништо освен за вработување на партиски војници зошто да не се формира и една комисија која ќе пази антикорупционерите да не направат корупција, e коментарот во најновата ТВ Колумна „5 минути со Чавез“. Кога сите помисливме дека не може да ни се случи нова Катица Јанева, ете можело. Новата ...