
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



На 17.03.2025 во 22.10 часот, полициски службеници го привеле Н.А.(25) од с.Слупчане, општина Липково, затоа што со патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, со кое полициски службеници се обиделе да го сопрат по претходно добиени сознанија дека превезува мигранти. Притоа, со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Општата болница ...
Иако американскиот претседател Доналд Трамп за време на изборната кампања не го криеше противењето на електричните автомобили и „љубовта“ кон нафтеното лоби, ситуацијата се промени по само неколку месеци… Веќе во својот прв мандат, Доналд Трамп ги укина строгите стандарди за емисии, ги елиминираше државните стимулации за производство на автомобили со нула емисија и се бореше против бирократијата во Калифорнија, која постави построги стандарди ...
Група на ученици преку социјалните мрежи упатуваат покана до сите свои врсници од кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“ но и останатите, во знак на почит за прерано починатите лица во страшната несреќа во Кочани, утре 18-ти март (вторник) со почеток од 12:00ч со збирно место во кругот на гимназијата ќе реализираат мирен собир. Како што дојдовме до дополнителна информација, станува збор за мирен собир, односно марш, крајна цел ќе ...
ЈП за Одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта известува дека од 22:50 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци. Од 23:00 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар во двата правци, предмалку со информација истакна ...
Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни. Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на ...
Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани. Следниот водич треба да служи како пример пред се за владините службеници, кои во неколку наврати на одвоени прес конференции имаа несоодветна комуникација со дел од новинарите. Таквата комуникација не смее да стане пракса, на прашањата на новинарите кои се глас на јавноста треба да се одговара постојано и отворено, се вели во ...
Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на покривот, возачот преживеал и е во стабилна состојба. – „Сè се случи како во забавена снимка. „Го видов автомобилот како паѓа и само се обидував што побезболно да ја поминам целата ситуација“, изјави за американските медиуми Кајман Јунг, возачот чија камера го сними ова. Можеби најстрашниот момент, покрај самата несреќа, беше ...
Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (14./15 и 16. 03.) според статистичките податоци полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 2391 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 253 возачи, 131 возач возеле под дејство на алкохол, а пак 679 управувале возило со непрописна брзина. Исто така, евидентирани се и 348 прекршоци по основ на непрописно паркирање, ...
НУЦК „Кочо Рацин“ во интегрално соопштение преку социјалните мрежи и нашиот медиум ги информира сите кои купиле карти за „stand up“ шоуто закажано за вечерва со комичарите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски се откажува поради огромната трагедија во Кочани која ја потресе целата држава. Купените билети ќе бидат рефундирани на купувачите, во догледно време шоуто ќе биде повторно закажано. Сочувство до семејствата на загинатите и побрзо ...
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од морални причини, истата ја истакна на неговата социјална мрежа која ви ја пренесуваме во целост: – Почитувани сограѓани, Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. ...
Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување на соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински ...
Вашите утрински рутини може да изгледаат безопасно, но некои навики значително го забрзуваат стареењето на кожата. Брчки, загуба на еластичност и сувост – сите овие промени може да се влошат ако не внимавате на вашите дневни навики. 1. Претерано консумирање кафе Пиењето премногу кафе без соодветна хидратација може да доведе до сува и помалку еластична кожа. Балансирајте го внесот на кафе со достаточно вода за да ја одржите кожата свежа. 2. ...
Природно однесување или причина за загриженост? Секоја мачка е различна – некои се дружељубиви, додека други се повлечени и сакаат да се сокријат под креветот или во плакарот. Криењето е дел од нивното природно однесување, но ако мачката почне нагло да се криe повеќе од вообичаено, тоа може да укажува на стрес, страв или здравствени проблеми. Зошто мачките сакаат да се кријат? Каде најчесто се кријат мачките? Ако сакате да ѝ обезбедите безбедно ...
Редизајн на Google Phone апликацијата Google тестира нов изглед на интерфејсот за дојдовни повици во својата Phone апликација, што може да донесе промени на Pixel и другите уреди со Android. Во моменталната верзија, корисниците влечат нагоре за да одговорат на повик или надолу за да го одбијат. Овој систем не е најинтуитивен, но текстуалните објаснувања помагаат во неговото користење. Сепак, Google во тишина експериментира со нов дизајн кој ...
Доминацијата на Chrome Денес, Google Chrome е најпопуларниот интернет прелистувач во светот, со над 3,45 милијарди активни корисници дневно, што претставува 66% од глобалниот интернет сообраќај. Но, дали знаевте дека неговото создавање можело никогаш да не се случи ако ко-основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, го послушале тогашниот извршен директор Ерик Шмит? Шмит не сакал Google да развие прелистувач Во неодамнешно видео објавено на ...
Ширењето на новиот модел на OpenAI OpenAI започна да го продава својот најнов модел со вештачка интелигенција, GPT-4.5, за корисниците на ChatGPT Plus. Во серија објави на X, OpenAI соопшти дека пуштањето во употреба ќе трае 1-3 дена и дека можни се промени во ограничувањата на стапките. Претходно, GPT-4.5 беше достапен само за претплатниците на ChatGPT Pro планот од 200 долари месечно. Перформанси и предизвици на GPT-4.5 „Би сакале да им ...
За жал лоши вести доаѓаат после идентификација на телата. Имено, Битбоксерот Мартин Атанасовски, познат како „Буцо Битбокс“ е една од жртвите на трагедијата која ја зави Македонија во црно при ноќешниот пожар кој избувна во клубот „Пулс“ Иако преку ден мала надеж се влеваше дека ќе се пронајде, но ни трага ни глас, така што информациите до кои дојдовме се најлоши – Мартин за жал се придружи на починатите. Неговите пријатели, колеги и ...
Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои. Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите. Метеокарта (приказ) Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. Со ...
Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава и најави ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им укажува на медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на денови на жалост. Музиката што ќе ја емитуваат да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а ...
Колегите од Радио Кочани итно ја известува јавноста за информациите добиени од општата болница „8-ми Септември“ – Скопје. – „На лекување се однесени малолетните Методија Цонев и Стефанија Златановска од Кочани на кои родителите сеуште не се присутни во Болницата. Поради потреба ИТНО да се лекуваат во странство потребен е родителски потпис.“ Се замолуваат сите кои имаат контакт со семејствата на повредените да ги информираат што е можно побрзо ...
Огнената стихија во неповрат го однесе и животот на 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип. Уште еден фудбалер им подлегна на повредите здобиени како последица на пожарот во дискотеката. – Како што пишуваат колегите од МНет, низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, ...
И Македонскиот фудбал тагува, Андреј Лазаров не издржа. По веста дека се бара, и бил пронајден, па итно хоспитализиран во Болницата во Штип, поради влошување на состојбата на повредите од изгореници и вдишувањето на чад почина младиот Лазаров (25), истакнат член на прволигашот ФК Шкупи. Трагичната вест за јавноста ја потврди неговиот матичен клуб, кој истакна дека и Лазаров учествувал во спасување на останатите, здобивајќи сè со сериозни ...
Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, ...
Денеска (15.03.2025) во 12.45 часот преку линијата 112 било пријавено дека во Мавровското езеро биле забележани две лица кои се качиле во чамец и почнале да се движат по езерото. Набргу, чамецот се превртел, а лицата се држеле за чамецот додека брановите ги воделе кон браната. За настанот биле известени Центарот за управување со кризи, Итна медицинска помош и Национален парк Маврово. Припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар и ...
Предмалку директорката на Општата болница Кочани, Д-р Кристина Серафимова даде изјава за медиумите, каде истакна страшни детали од незапамтената трагедија во дискотека во Кочани, каде според првичните информации загинати се повеќе од 50 лица. Во изјавата за медиумите директорката Серафимова истакна дека медицинскиот персонал бил мобилизиран веднаш по пријавата, односно за 30 минути сите вработени биле на работа. На помош пристапиле и доктори и ...
СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видео записи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца. Од 2021 до ...
Утре 11-ти март (вторник) со почеток од 09:00 до 14:00ч на градскиот плоштад во Кичево по повод „светската недела на Глаукомот“ ќе се реализира Бесплатен преглед на очен притисок, како и оддавање на инструкции во случаеви за понатамошно лекување. Настанот во соработка со општината е во организација на Универзитетската клиника за очни болести – Скопје и Општата Болница – Кичево, со своите претставници Д-р Дарко Дабески и Д-р Анита Божиноска. ...
На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(76) од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(27) од Охрид. Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на моторциклот ...
Денес (петок 14 март) и утре (сабота 15 март) ќе го имаме максимумот од овој топол бран кој ја зафати Македонија и кој не е вообичаен за овој период од годината. Времето ќе биде постабилно, посончево и многу ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час). Што се однесува до температурите на воздухот, тие насекаде ќе надминуваат 20 степени, на многу места тие ...