Урбаната култура подразбира принципи на однесување и делување. Ако воопшто некој знае што е култура, а згора на тоа и урбана. Па и од скопско Драчево да е. Пример за тоа е сквернавењето на повеќе графити во Охрид, меѓу кои и тој на македонскиот ликовен великан и уметник Вангел Наумовски. Уништувањето на урбани графити било тоа да се навивачки или посветени на големи дејци кои со свои дела ги задолжиле и градот и земјата, како што несомнено е ...

Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во тековната недела, регистрирани ...

Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19. Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили. Родителите се повикуваат да не испраќаат ...

Како дел од програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival денеска беше организиран настанот „Флотила“- Промотивно едрење по Охриското Езеро. За сите заинтересирани граѓани и туристи беше обезбедена промотивна прошетка со едрилица на потегот од Градското пристаниште до Кампот за обука на вода и населбата Канео. Настанот беше организиран од страна на јахтинг клубот Ohrid Lake Sailing. Утре во рамки на програмата се настаните: игри ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ...

При крај се подготовките за одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во село Скребатно каде традиционално се одржува голем црковно-народен собир на кој присуствуваат илјадници верници. Со света литургија на 28 август утрината од 7.30 часот започнува одбележувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во црквата во Скребатно. По литургијата започнува настанот за наддавање на бајракот, кој ќе даде најголема сума ќе го ...

Од септември едносменска настава ќе има само во дел од основните училишта на територијата на Општина Охрид каде што постојат услови за одржување на истата. Едносменска настава со продолжен престој до 16 часот ќе има во ООУ „Св. Наум Охридски“ с.Пештани и во ПУ Елшани, како и во ООУ „Св. Климент Охридски“, информираат од Општина Охрид. Настава само прва смена со продолжен престој од два часа ќе има во ООУ „Кочо Рацин“ -ПУ Д.Лакочереј и во ООУ ...

Под контрола се пожарите на Плакенска планина над с.Вирово во Општина Демир Хисар, меѓу кичевските села Цер и Старец, и на Галичица кај Зли Дол, с.Стење и с.Лескоец, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. На планината Галичица има чадење на две места на место викано Зли Дол, Општина Охрид каде тлеат трупци од претходниот пожар и кај с.Стење и с.Лескоец, Општина Ресен каде зафатена е трева и лисна постелка во дабова шума, ...

Синоќа се одиграа преостанатите осминафинални натпревари, со што се комплетираа четвртфиналните двојки на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино. Резултатите 1/8 финале 20:00 Рес.Станица Викса пром – Дарко пиле 6:1 21:00 Инекс Олгица – Волино мк 2:2 (0:3) по изведување на пенали 22:00 Црногорци – Сатеска 0:4 23:00 Асп Пак – Дооел Ноче 5:0 Натпреварите од 1/4 финалето се играат вечерва, 26 август, а се среќаваат: 20:00 Асп Пак- ...

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје денеска завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети. Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата Т`га за југ, ...

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, со УВ индекс 7. Во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен ...

Екипата на ГРК Охрид заврши на седмото место на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, по одиграните натпревари ….. незнам колку победи и порази. Тренерот на клубот Стевче Алушовски вели на натпреварите многу малку се спроведувало на терен тоа што било тренирано, но и дека е задоволен од залаѓањето и желбата на играчите. Резултатот е секогаш приоритет на екипа како Охрид која претендира да биде постојано учесник во Европските ...

Едно лице е повикано во охридската полиција на информативен разговор во врска пожарот што вчера вечер изби во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и 23-годишен жител на ...

Синоќа во 23 часот на Граничниот премин Свети Наум, на влез во Македонија се пријавил 29-годишен државјанин на Република Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки. По извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол, соопшти МВР. Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на ...

Успешно заврши третото издание на Меѓународниот меморијален турнир „Кретсе Андоновски“ што од 20 до 24 август се одржа во спортската сала „Билјанини извори“ во организација на ГРК Охрид и Општина Охрид. На турнирот триумфираше екипата на Вардар која во финалето го совлада Алкалоид со 25:23. Третото место го освои Целје, четвртото Алкалоид, петтото Партизан,. шестото Динамо Панчево, седмото Охрид, а осмото Ловќен. Како изгледаше финалната ...

Возачот на Мекларен Ландо Нарис го освои првото место во денешните квалификациите за Големата награда на Холандија. Дваесет и четиригодишниот Британец по трет пат оваа сезона ќе стартува од пол-позицијата. Својот најдобар круг Норис го извозе за 1 минута 9,673 секунди. Втор во квалификациите беше актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул (+0,356 секунди), додека другиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри (+0,499) е на третата ...

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ и официјално замина во пензија. Во негова чест синоќа во „Арена Стожице“ во Љубљана се одигра проштален натпревар насловен „Ноќ на змејот“. На него присуствуваа ѕвезди како Лука Дончиќ, Крис Бош, Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ и Луис Скола, како и други словенечки играчи. Соиграчи на Драгиќ беа Стив Неш, Клемен Препелиќ, Влатко Цанчар и Никола Вучевиќ. Во тимот на Лука Дончиќ беа Богдан Богдановиќ, Никола ...

Во рамки на спортската програма на второто издание на Ohrid Water Festival викендов кај градското пристаниште се одржа ревијален ватерполо натпревар во организација на Клубот за спортови на вода Охридски Бранови 2008, со поддршка на Општина Охрид, на кој учествуваа ватерполо ветерани од Македонија и соседните држави. Исто така викендов, пред Старото пристаниште во Охрид се одржа забавен натпревар на вода „Ред бул-Педалинка“. На трката ...

Екипата на ГФК Охрид загуби дома од Арсими 2:4 во второто коло од Втората фудбалска лига. За охриѓани ова е втор пораз во исто толку натпревари во новото првенство. Еден од поинтересните моменти на мечот се случи кога младиот голман на Охрид Андов по една интервенција се обиде брзо да проигра со рака, но го погоди противничкиот играч во глава по што гостите постигнаа лесен гол. Моментот од средбата го пренесе порталот Екипа. Во останатите ...

Екипите на Кафе бар 9, Др. Баткоски, Аце Најдески и Брумел се првите четвртфиналисти на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ што се игра во Волино. 1/8 финални натпревари, сабота, 24 август Кафе бар 9 – Ростушки Тигри 13:1 Авто сервис Василески – Др.Баткоски 0:6 ПН Метал – Аце Најдески 0:1 Ристе ви бој – Брумел 1:3 Преостанатите патници во четвртфиналето ќе бидат познати вечерва 1/8 финале, недела, 25 август 20:00 Рес.Станица Викса пром – ...

Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Жири-комисијата во состав Митко Гогов, претседател и Иван Шопов и Игор Трпески членови од пристигнатите пет книги, одлучи ова признание да го додели на Јаневски за поетската збирка „На грбот ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Охрид до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 7. Според прогнозата на УХМР, од денеска во попладневните часови, претежно во планинските ...

Екипата на Вардар 1961 го освои трофејот на третиот Меѓународен меморијален турнир “Крсте Андоновски” што вечерва заврши во Охрид. Во македонското финале Вардар го совлада Алкалоид 25:23. Вардарци најмногу покажаа на турнирот и сосема заслужено стигнаа до трофејот. Третото место без борба го освои словенечки Целје откако непосредно пред почетокот на мечот грчки Олимпијакос го извести организатотот дека поради неповолниот здравствен биланс ...

Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март. Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она што сме им го ветиле. Сме им ветиле во првата година – за оваа Влада првата година е од јуни до следниот јуни. Во првата ...

Екипата на Партизан го совлада Динамо Панчево 19:25 (12:13) и го освои 5 место на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во Охрид. Статистика Динамо Панчево: Чировиќ, Колинѓиќ 4, Сокртис 2, Арсиќ , Богдановиќ 2, Перовиќ 3, Стаменковиќ, Бекиќ 2, Косановиќ, Станисавлјевиќ 2, Ранчиќ, Стаматовиќ , Ѓуровиќ , Фејеш 3, Тасиќ, Илиќ 1, Павловиќ 2. Статистика Партизан: Црноглавац 2, Маџовски 1, Шотиќ 4, Јовиќ, Барјактаровиќ 2, ...

Кај Зли дол на Галичица горат трупци кои тлееле од претходниот голем пожар со кој скоро две недели се справуваат службите. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) посочуваат дека преземени се активности за дејствување на терен. Превземени се активности во насока на барање за излегувањe на една екипа од ренџерите при НП Галичица и една екипа од планински спасители од Охрид. Вчера е исто така излезено од страна на ренџерите над месноста Зли дол ...

Со интонирање на химната на Македонија вчеравечер започна прославата по повод свеченото доделување на дипломи на матурантите при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ генерација 2023/2024. Во овие четири години што поминаа, се соочивте со нови предизвици, предизвици, кои ви беа непознати, се фокусиравте на четиригодишна специјализација во струката што ja избравте, затоа што вие, драги матуранти, ги препознавте можностите кои ги нуди нашето училиште, својата ...

Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет му ги достави пред два дена. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека нив ги решиле „експресно, во рок од еден ден“, а за третото е потребно извесно време. На барањето на УСС на УКИМ да се продолжи рокот за аплицирање за студентски оброк и по 5 септември, за да може да аплицираат и ...

Екипата на Охрид претпладнево го совлада Ловќен убедливо со 42:25 (22:15) и го освои 7 место на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“. Црногорската екипа беше рамноправна само во првите 15 минути од натпреварот. Охрид го презеде водството во 17 минута и постојано го зголемуваше. Тренерот Алушевски шанса на овој натпревар им даде на повеќе млади играчи кои акумулираа драгоцено искуство. За играч на натпреварот беше прогласен ...

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година француски поет Жан-Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 63. издание на Меѓународната поетска манифестација. Во рамките на програмата се поетските читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
7.2
30%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
41%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
1.03
44%
1021
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
38%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.39
35%
1017
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
3.09
50%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
8.49
49%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.66
23%
1015
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
31%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
41%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
3.6
43%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.26
38%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75