Лигата на шампионите во фудбал продолжува денеска со 9 натпревари. Реал Мадрид е пред тежок испит во Бергамо, Ливерпул и гостува на Жирона за која настапува нашиот Миоски, а интерес привлекува и средбата во Леверкузен каде вечерва се среќаваат шампионите на Германија и Италија Баер и Интер. Лига на шампиони 10.12.2024 Динамо З – Селтик Жирона – Ливерпул Аталанта – Реал М Баер Л. – Интер Брест – ПСВ Клуб Бриж – Спортинг Лајпциг – Астон Вила ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Ќе има повремен дожд особено претпладне и од крајот на денот. Максималната температура во Охрид ќе достигне 8 степени. Во среда претпладне се очекува појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот пооменливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во Охрид ќе ...

Соединетите американски држави ги ставија на црната листа пранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ Артан Груби и судијата Енвер Беџети. Стејт департментот соопшти дека Груби и Беџети биле вмешани во значителна корупција во предмети поврзани со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, за што примале и мито. Информацијата на Твитер ја објави амбасадорката на САД Ангела Агелер. Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е ...

Реконструкцијата на западната трибина на стадионот Билјанини Извори официјално започна денеска. На симболичниот чинј присуствуваа претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) Сејдини и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава. Според истиот, новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и ...

Од ентузијазам до Медицински центар во Охрид. Најстарата болница на овие простори неодамна одбележа 60 години работа во функција на здравјето на охриѓани. На основите поставени од големи лекари, пред се човекољупци и ентузијасти во секоја смисла на зборот, се изнедрува првата генерација доктори кои несебично го пренесуваат знаењето на следните генерации кои ја развиваат охридската општа болница. За историјата, почетоците, здравствениот систем и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во вечерните часови во југоисточните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 9 степени. Слично време не очекува и во вротник, променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Попладне и во вечерните часови наместа ќе ...

Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад падна откако бунтовниците денеска навлегоа во главниот град Дамаск, изненадувајќи ги владините сили откако пред 10 дена започна нивното молскавично напредување. Рано утрово по локално време, командатата за воени операции на бунтовниците од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, или ХТС, објави дека претседателот повеќе не е во главниот град, пишувајќи: „Го прогласуваме градот Дамаск ослободен од ...

Biodiversity for Everybody (B4Е), е новоформирана невладина организација, со седиште во Охрид/Велестово, во Националниот парк Галичица. Посветена на зачувување и промоција на биолошката разновидност, B4E има за цел да ја вклучи локалната заедница и пошироко во заштитата на уникатното природно и културно наследство на регионот. B4E ќе се фокусира на обновување на живеалиштата, истражување на биолошката разновидност и зголемување на јавната ...

Екипата на Струга ја совлада Воска Спорт со 2:1 во 18 коло, последно од есенскиот дел од првенството во Првата фудбалска лига. Есенски првак е Силекс кој денеска го победи Вардар со 1:0. Во останатите средби, Шкендија – Гостивар 0:0, Беса – Шкупи 0:1, Работнички – Пелистер 3:0, Тиквеш – Брера 2:0. Табела Прва лига 1.Силекс 37 2.Шкендија 37 3.Работнички 37 4.Гостивар 35 5.Струга 32 6.Шкупи 22 7.Пелистер 19 8.Брера Струмица 19 9.Тиквеш 14 ...

Чествувањата по повод Св. Климет Охридски – Патрон на градот продолжија и денеска со низа свечености. Утрово во Светиклиментовиот храм на Плаошник се одржа света литургија на која меѓу бројните верници присуствуваше и делегација на Град Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, по што беше положено свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во истоименото основно училиште. Централниот настан се одржа на Градскиот плоштад ...

Голем број верници денеска го посетуваат Светиклиментовиот храм на Плаошник каде традиционално масовно се чествува празникот на големиот светител, заштитник на Охрид и патрон на Македонската православна црква ОА – Св. Климент Охридски Чудотворец. Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Во Охрид тие ја основале познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски ...

Жирона синоќа загуби на домашен терен од Реал Мадрид 0:3 во 16 коло од шпанската Ла лига. Стрелци на головите беа Џуд Белингем, Арда Ѓулер и Килијан Мбапе, а македонскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Жирона, Бојан Миовски, одигра 58 минути. По натпреварот тој испочитува група македонски фанови кои го бодреа Реал Мадрид, меѓу кои имаше и двајца охриѓани. Љубов кон саканиот клуб и гест за поздравување. Г.М Фото: Петар Толевски. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 9 степени. И утре не очекува променливо облачно време по котлините со ...

Врачено највисокото општинско признание – наградата Св. Климент Охридски на проф.д-р Павле Митрески на свечената академија која во чест на Свети Климент – патронот на градот се одржа вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“. Пред присутните, меѓу нив пратениците во Собранието на Република Македонија, преставници на Македонската православна црква Охридска архиепископија, почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, ...

ГРК Охрид убедливо ја совлада екипата на Прилеп со 38:28 (полувреме 19:16) во натпреварот од 14 коло од Супер лигата, кој се одржа вечерва во салата Билјанини Извори. Најефикасен од Гладијаторите беше капитенот Тасески со 9 погодоци, а од противничкиот тим Рајатовски со 6. Статистика ГРК Охрид: Чаневски (8 одбрани), Ојлески 4, Андоновски, Матцуока 6, Костов 2, Шипинкоски, Тасески 9, Сафранко, Јотиќ 3, Кукоски, Крстевски 1, Пешиќ 2, ...

Фудбалерите на Охрид попладнево го совлада Борец со 4:1. По завршувањето на натпреварот ГФК Охрид објави дека првиот човек на клубот Данчо Целески ја активирал оставката и се повлекува од клубот. После денешниот натпревар претседателот Данчо Целески ја активира оставката која што ја најави лично до Градоначникот на Охрид во текот на репрезентативните паузи во септември, а и уште еднаш во октомври. Истата треба да се потврди од управниот одбор ...

Во пресрет на продолжениот викенд, Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид ги предупредува сите љубители на планините и снежните авантури, за особено лошите услови кои ќе владеат на повисоките планини, со континуирани врнежи од снег проследени со умерен до засилен ветар, што значително ќе влијае на видливоста и навигацијата во високите зони од планините. Особено треба да бидат внимателни сите оние кои планираат да го посетат ...

Со богата свечена програма учениците и наставниот кадар од основното училиште „Св. Климент – Охридски“ вчеравечер во ЦК „Григор Прличев“ го одбележаа својот патрон празник. Свеченоста започна со националната и химната посветена на заштитникот по што беше изведена „Песна за Охрид“, а третооделенците настапија со „Лебедово Езеро“. Петтооделенците ја одржаа Охридската визита, а во режија и сценарио на Никица Мишева учениците од петто, седмо и ...

Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во источните делови (20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Охрид променливо облачно со ...

Интерпелацијата е демократско право пропишано, дозволено и предвидено со Устав, Закон и Деловник. Секој пратеник, пратеничка група може да покрене постапка за интерпелација, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши од Охрид одговарајќи на новинарско прашање за интерпелацијата поднесена од ДУИ за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик Астрит Исени и вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ. Една таква имаше за ...

Реконструкцијата на западната трибина на стадионот Билјанини Извори официјално почнува во понеделник. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и градоначалникот Кирил Пецаков. Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава. Според истиот, новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и ...

Непосредниот контакт со пратеникот е една од најважните работи во парламентарната демократија, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши денеска по посетата на канцелариите за контакт со граѓаните во Охрид, каде беше во придружба на охридските пратеници, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа. Избраниот пратеник мора и најдобро е да се види во граѓаните не само во изборните циклуси, туку и во текот на мандатот. Тоа е и смислата ...

Трите лица од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши кои утрово имаат сообраќајна несреќа на автопатот во изградба Охрид – Кичево кај Ново Село, Дебрца се во добра здравствена состојба. Веднаш отидовме во болница и ги видовме. Има тројца припадници од безбедносните сили кои се дел од обезбедувањето. Се прават сите снимки и анализи. Од докторот и директорот на болницата сме информирани дека нема некоја потешка повреда, но ќе ...

Сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот во изградба Охрид – Кичево кај Ново Село, Дебрца. Неофицијално, д засега непознати приличи возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, излетало од коловозот. Сообраќајната несреќа ни ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Во незгодата повредени се три лица кои се пренесени во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. На ...

Центар за култура „Григор Прличев“ Од 16.12.2024 - 20:00 до 16.12.2024 - 22:00 Театарската претстава „Кумови” од Душан Ковачевиќ во режијата на Билге Емин повторно на репертоарот во понеделник 16.12.2024 година. Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата е на Кристина Тодороска Петреска, за сценографијата е задолжена Татјана ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. Во соработка со Црвениот крст спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби на кои граѓаните можат да видат какви се последици може да има ...

По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски. Жири –комисијата одлучи први награди да им бидат доделени на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во П.Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово. Утрово најстудено е на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија. До 08:30 часот се измерени и -1 степен во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Тетово и Дебар, 4 во Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор и Прилеп, 5 ...

Променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Охрид претежно облачно со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне ...

На 04.12.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското Езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ од слобода лишија 67, 64 и 77 годишни лица, сите од охридското село Трпејца. При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското Езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба охридска белвица и грунец со ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1022
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
1.35
86%
1021
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Софија

9ᴼ / 4ᴼ
2.06
65%
1021
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.96
81%
1020
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
2.57
71%
1017
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1020
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
1.34
91%
1018
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1020
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
94%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.1363

Currency

69.8893

Currency

34.7026

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.60028