Започнува новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која повеќе од 20 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.С. Македонија. Секоја година околу 30 младинци на возраст од 14 – 18 години добиваат обука и се оспособуваат за работа на терен, односно како да ги истражат потребите на заедницата, како да дојдат до целната група и како да им помогнат ...

Изминатото деноноќие на територијата на државата имало осум пожари на отворено, два во Охридско, при што сите се изгаснати од страна на пожарникарите, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) согласно податоците од регионалните центри. РЦУК Охрид ја пренесува информацијата дека Територијалната противпожарна единица Охрид од 17.55 до 19.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева во с.Издеглавје. ...

Изминатото деноноќие на територијата на државата имало осум пожари на отворено, при што сите се изгаснати од страна на пожарникарите, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) согласно податоците од регионалните центри. РЦУК Охрид ја пренесува информацијата дека Територијалната противпожарна единица Охрид од 17.55 до 19.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева во с.Издеглавје. Во период од 19.30 ...

Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3, како и Фалсификување на огнено оружје согласно член 396-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 28-годишник, во својот дом во селото Ложани неовластено држел ...

Клубот за подводни дејности Охрид наскоро ќе одбележи значаен јубилеј, 40 години постоење. Одбележувањето ќе се одржи во рамки на Третиот нуркачки конгрес на кој се поканет сите нуркачи во Република Македонија, без разлика на која Асоцијација припаѓаат. Свеченоста ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“, во сабота, 1-ви март 2025 година, со почеток во 12:00 часот на која ќе бидат доделени благодарници и признанија. Оваа година се очекува да ...

Клубот за подводни дејности Охрид наскоро ќе одбележи значаен јубилеј, 40 години постоење. Одбележувањето ќе се одржи во рамки на Третиот Македонски конгрес за сите нуркачи во Република Македонија, без разлика на која Асоцијација припаѓаат. Свеченоста ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“, во сабота, на 1-ви март 2025 година, со почеток во 12:00 часот на која ќе бидат доделени благодарници и признанија. Оваа година се очекува да ...

Постојана фетална васкулатура (PFV), претходно позната како Примарен перзистирачки хиперпластичен витреус (PHPV) е неуспех на регресија на компонента на феталните садови во окото. Постојаната (перзистирачка) фетална васкулатура може да биде катастрофална развојна аномалија која останува важна причина за амблиопија (слабовидност/мрзливо око) и пречки во видот кај децата. Додека PFV не напредува во текот на животот на детето, растот на окото ...

Утрото студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб променлив ветер.Максималната температура ќе достигне до 7 степени. Продолжува период на стабилно и суво време, на повеќе места со негативни утрински температури. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи претежно од снег. ...

На свеченост што се одржа вечерва во големата сала на локалната самоуправа, Општина Охрид ги прогласи најдобрите од спортот во Охрид во 2024 година. За спортист на годината прогласен е Давид Крстевски од Таеквон-до клубот Хва Ранг ИТФ Лескоец – Охрид, државен првак и бронзен на Европското првенство што минатата година се одржа во Копер, Словенија. Крстевски упати благодарност до оргзнизаторот што, како што рече, ги препознава успесите на ...

На свеченост што се одржа вечерва во големата сала на локалната самоуправа, Општина Охрид ги прогласи најдобрите од спортот во Охрид во 2024 година. За спортист на годината прогласен е Давид Крстевски од Таеквон-до клубот Хва Ранг ИТФ Лескоец – Охрид, државен првак и бронзен на Европското првенство што минатата година се одржа во Копер, Словенија. Крстевски упати благодарност до оргзнизаторот што, како што рече, ги препознава успесите на ...

По направените проверки во училиштата, утврдено е дека сите дојави за поставени екплозивни направи се лажни, а учениците се вратени на настава. Родителите да се чувствуваат безбедно бидејќи сите мерки се преземени, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Посочи дека формирана била меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и преземање мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ...

Со богата свечена приредба која се одржа вчеравечер ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник. Пред бројната публика, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ беа изведени бројни музички композиции подготвени од оркестарот и хорот на училиштето. Исто така, публиката имаше можност да ги слушне првонаградните литературни творби на училишниот конкурс посветен на патронот и да ја проследи монодрамата „Јас, Деспина ...

Ракометарите на Охрид во рамки на 17 коло од Супер лигата ќе гостуваат во Велес кај екипата на екипата на Бисинов. Во сабота не очекува првиот натпревар од втората полусезона. Гостуваме во Велес против екипата на Бисинов, една млада екипа желна за докажување. Ние сме максимално подготвени за овој натпревар и одиме во Велес по нови два бода и со победа да ја започнеме втората полусезона, изјави голманот Даниел Ѓорѓески. Натпреварот се игра ...

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово. Овој проект има за цел да го подобри снабдувањето со вода за пиење и да го зголеми квалитетот на животот на жителите на ова село. Работите се во тек, а завршувањето на проектот се очекува во најскоро време, информираат од ЈПКД-Дебрца. Од Општина Дебрца посочуваат дека продолжува ...

Ракометарите на Охрид во рамки на 17 коло од Супер лигата ќе гостуваат во Велес кај екипата на екипата на Бисинов. Во сабота не очекува првиот натпревар од втората полусезона. Гостуваме во Велес против екипата на Бисинов, една млада екипа желна за докажување. Ние сме максимално подготвени за овој натпревар и одиме во Велес по нови два бода и со победа да ја започнеме втората полусезона, изјави голманот Даниел Ѓорѓески. Натпреварот се игра ...

Нарколепсијата е хронично невролошко нарушување кое влијае на способноста на мозокот да ги контролира циклусите на спиење и будење. Луѓето со нарколепсија можат да се чувствуваат одморени по будењето, а потоа да бидат поспани во поголемиот дел од денот. Многу луѓе со нарколепсија исто така доживуваат нерамномерен и сегментиран сон со често будење во текот на ноќта. Нарколепсијата подеднакво ги погодува и мажите и жените. Симптомите често ...

Пристигнуваат пријави и од охридските училишта за наводно подметнати експлозивни направи, информираат од СВР Охрид. Пријави за наводно подметнати експлозивни направи има и на подрачјето на Охрид во неколку образовни центри. Првичните информации говорат дека се работи за лажни дојави, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Од МВР претходно информираа дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во ...

На свеченост што ќе се одржи вечерва во големата сала на Општина Охрид, ќе бидат прогласени најдобрите спортисти во Охрид во 2024 година. Предвидени се признанија за најуспешните спортисти во индивидуални и колективни спортови, а традиционално ќе биде доделено и признанието за посебни заслуги во спорот – Спортска легенда. Свеченоста почнува во 19 часот, а настанот ќе може директно да се следи на Охридњуз и на нашата платформа на Фејсбук. ...

Охрид добива ново катче за одржлив начин на живот! „Училишта без пластика“ во соработка со Младински Центар Охрид го организираат првиот Еко пазар, место каде што граѓаните ќе можат да купуваат и продаваат стара, но зачувана облека, играчки, книги, слики и други предмети. Еко пазарот нуди одлична можност за сите кои сакаат да ги продолжат животните циклуси на своите омилени предмети, наместо тие да завршат на депонија. Оваа иницијатива има ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување. Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето ...

Засега нема пријавено случај за дојава за бомба во охридските училишта информираат од СВР Охрид. За разлика од Охрид дојави за поставени бомби утринава се стигнати во неколку скопски основни училишта, како и во две училишта во Штип. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека дојави за поставени експлозивни направи освен во Скопје има и во други градови во земјата, пренесува „360 степени“. Денеска на службените мејлови на повеќе ...

Сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој ...

Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење, информираат од Општина Охрид. Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги ...

Хемофилија А претставува ретко генетско хематолошко нарушување кое се карактеризира со спонтани или продолжени хеморагии поради недостаток на фактор VIII, што доведува до недостаток или недоволно ниво на протеин во крвта, односно на фактор за коагулација. Крвавењето може да се јави спонтано или по настаната мала повреда. Лицата со хемофилија А крвават подолго време, а продолженото крвавење може да предизвика сериозни здравствени проблеми. ...

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид утрото ведро и студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период ...

Во пријателски, подготвителен натпревар што се одигра вечерва во салата “Билјанини извори”, ГРК Охрид загуби од Вардар 2933, полувреме 10:15. Вечерашниот беше последен во низата подготвителни натпревари што ги одигра ГРК Охрид пред продолжението на сезоната претстојниот викенд. Охрид на стартот од вториот дел на сезоната во Супер лигата му гостува на Фруит Ленд Борец во Велес. На табелата води Алкалоид со 30 бода, два повеќе од Е. ...

Следната недела ќе биде објавен вториот повик преку Министерството за локална самоуправа за финансиска поддршка на општините со кој им се ставаат на располагање до 15 милијарди денари за капитални инфраструктурни проекти. Ова се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти, како што се училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните, ...

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милион денари. Директорот на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници. Годинава се издвоени финансиски средства кои се достојни за една вака голема ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 0.3 %. Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за ...

На 04.02.2025 во 16.36 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во напуштена куќа на улица „7 Ноември“ во Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, соопшти СВР Охрид. На 04.02.2025 во 09 часот, на улица „Егејска“ во Охрид настанал пожар во патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишно лице од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Повредени ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
81%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
65%
1001
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
65%
1006
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.03
81%
1007
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
72%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
58%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
90%
1007
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
997
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

334367.76

Цинк

3.32

Сребро

2586.53

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.13

Паладиум

54688.42

Бакар

11.89

Калај

48.33

Иридиум

213919.04

Платина

67130.76

Кобалт

64.04

Злато

161412.82