Во рамки на полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот од Купот на Македонија кој ќе се одржи на 31.05-01.06 во Охрид, екипата на ГРК Охрид се среќава со екипата на РК Еурофарм Пелистер. Како што се ближи крајот на сезоната, одржувањето на Ф4 турнирот во Охрид ни дава повеќе шанси да се бориме заедно со навивачите. Ова ни значи многу на нас играчите и е голем извор на сила. Да се обединиме во едно – играчи и навивачи за натпревар за паметење, ...

Ракометарите на Охрид се подготвуваат за завршницата на Купот на Македонија на која ќе бидат домаќини. Во полуфиналната фаза „гладијаторите“ ќе играат против екипата на Еурофарм Пелистер, а во пресрет на турнирот својот став го изнесе организаторот на играта Хироки Матсуока. „Како што се ближи крајот на сезоната, одржувањето на завршниот турнир во Охрид ни дава поголеми шанси да се бориме заедно со своите навивачи. Ова многу ни значи на играчите ...