
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Раст да платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“. Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, изјави претседедаелот на Владата, ...
Вишото јавно обвинителство во Заечар поднесе обвинителен акт против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на тригодишното девојче Данка Илиќ. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство, а обвинителството бара доживотна казна затвор, јави дописникот на МИА од Белград. Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, се товари за полесни кривични дела, помагање на сторителот по извршено кривично дело и непријавување на ...
Eсенски попусти и промоција на новитетите во Кармен Бауцентар – Охрид во октомври. На настан кој ќе се одржи на 4-ти и 5-ти октомври ќе има широка понуда на висококвалитетни производи и алатки од светски познатите брендови „DeWALT“, „CLEVER“, „MARAZZI“, „VERTO“, „BOSCH“, „GRAPHITE“ и уште многу други. За потрошувачите следат попусти почнувајќи од 15% па се до 60% на одредени производи, како и забава и ваучери за бесплатно пиво. Долгогодишниот ...
Книгоиздателството „Матица“ ја објави стихозбирката „Врне ли, врне“ од поетот Ристо Лазаров. Ова е негова 39-та поетска книга со која се одбележуваат 75 години живот на авторот (3о/ктомври) и 50 години творештво. Најновата книга на Лазаров содржи вкупо 75 песни поместени во десет циклуси. Авторка на поговорот е Лидија Капушевска Дракулевска која посебно ја истакнува асоцијативноста на книгата ‘Врне ли врне’… Стилската разиграност на поетскиот ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус ќе ја добие наградата „Златната топка“, објави „Марка“. Според шпанскиот спортски портал, 24-годишниот Бразилец на крајот од сезоната 2023/24 ќе го добие признанието за најдобар фудбалер во светот. Минатата сезона Винисиус постигна 24 гола и направи 11 асистенции на 39 натпревари за Реал во сите натпреварувања. Заедно со „кралскиот клуб“, фудбалерот го освои Шпанското првенство и Суперкупот, како и Лигата на ...
Денеска се навршуваат 16 години од смртта на Влатко Пантовски – DJ Panter и Наумче Аврамоски – DJ Bruce. Нивните семејства, пријателите, познаниците и охридската медиумска заедница не дозволија годиниве наназад да избледи споменот на своите пријатели, сограѓани и колеги. Остануваат засекогаш нивната ведрина, насмевките и позитивната енергија која ја ширеа, каде и да се појавеа. Пантовски и Аврамоски ги загубија животите во сообраќајната ...
Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари. Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за ...
Во понеделник, 30 септември, ќе се одржат 45-тата и 46-тата Седница на совет на Општина Охрид со почеток во 9 и во 10:30 часот. На првата седница на дневен ред се советнички прашања, додека на втората советниците ќе расправаат по 47 точки. Меѓу нив предлог-решенија за избор на заменик-претседател во Комисија за месна самоуправа, на заменик-претседател во Комисија за урбанизам, на заменик-претседател во Комисија за туризам и локален економски ...
Mинистерот за внатрешни работи се обрати на 15. Меѓународна научна конференција на тема „Современи безбедносни предизвици и зајакнување на отпорноста на земјите од Југоисточна Европа“ која се одржува во Охрид 23-24 септември, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и фондацијата „Фридрих Еберт“. Тошковски ја упати својата благодарност до организаторот за можноста да се обрати пред реномираниот собир на експерти од областа на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во западните делови и особено од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени Целзиусови. Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура ќе се ...
После вчерашниот натпревар против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка, информираат од ГФК Охрид. Посочуваат дека оставката била прифатена од раководството на клубот. Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера, велат од ГФК Охрид. Џиџи на тренерската позиција во Охрид дојде на средина на јуни на местото на Александар Толески, а договорена беше ...
Одделението за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа при ЈП „Нискоградба“ изведува градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците „Петрино“ и „Кленоец“. Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3 901 622 денари и се реализира по налог на Фондот за комунален развој, ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 77,00 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 денари. Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се ...
Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период. Од УЈП денеска упатија апел навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден. Во моментов, системот на ...
Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.22 м.н.в што е за дванаесет сантиметри под просекот за септември (693.34 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според податоците од УХМР нивото на езерото е 12 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 5 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в). Неделната ...
Во украинската офанзива врз рускиот Курски регион до 5 септември загинаа најмалку триесет и еден цивил, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми. Министерството додава дека до наведениот датум во операцијата на украинските сили се повредени 256 лица. Украина на 6 август ја изведе најголемата офанзива извршена на руска територија од Втората светска војна, наведуваат британските медиуми. ...
Во предворјето на црквата „Св. Софија“ вчеравечер младинците од Црвен крст Охрид ја изведоа театарска претстава „Приказна за една идеја“ со која ја одбележаа Неделата на Промоција на хумани вредности. Секоја година како дел од ЦКА-ПХВ програмата, во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која е со цел да се поттикне креативноста на младинците и да се стават во акција нивните стекнати вештини. Во рамки на истата годинава Црвен ...
Деновиве се изврши мапирање на велосипедските патеки во Општина Дебрца во рамки на проектот „Патеки на откривање” кој го спроведува Здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на Општина Дебрца, а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија. Со ова им се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно ...
Уште еден фантастичен викенд за ЏК Дрим Струга. Џудистите од клубот се закитија со три златни и еден сребрен медал на меѓународниот натпревар „Трофеј Пантера” во Бијељина, Р. Српска, БиХ каде што настапија со осум натпреварувачи. Златни медали освоија Анамарија Стојмиловска во категоријата У18, Дариан Ночески У13 и Мила Стојмиловска У13, додека сребрен медал освои Мила Стојанова У11. Петто место освоија Божидар Јуловски, Софиа Ноческа, Давид ...
Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври. Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе следниот ден откако владината одлука ќе излезе во Службен весник. Производите вклучени ...
Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува вечерва со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари. Од Центарот за култура посочуваат ...
Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 29 степени. Во Охрид утрото посвежо, а преку ден сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени. Синоптичарите најавуваат период на ...
Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот Градски плоштад. Пламенот избувна во оџакот на објектот, што благодарение на брзата интервенција на вработените од околните објекти беше локализиран односно беше спречено ширење на пламенот. На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица, така што веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета. Нема повредени во пожарот. ...
Серија земјотреси претпладнево беа регистрирани на третиот крак на Халкидики, кај Света Гора, а најсилниот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес од 4,1 степен беше во морскиот дел на 11 километри југоисточно од градот Урануполи, следеа три помали меѓу 2,6 и 3,2 степени, а еден час подоцна и ...
Министерот за внатрешни работи на Стрбија , Ивица Дачиќ денеска изјави дека 130 припадници на полицијата учествуваат во преместувањето на артилериска граната, останата од Првата светска војна, од локација во центарот на Белград на безбедна локација во Делиблатско песочиште, каде што ќе биде уништена. Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека станува збор за артилериска граната од калибар 305 мм, тешка повеќе од 280 килограми. Дачиќ ...
Утрово посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Охрид сончево со мала облачност. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени. Слично време нѐ очекува и утре, ...
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува ...
Секоја година како дел од ЦКА-ПХВ програмата, во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која е со цел да се поттикне креативноста на младинците и да се стават во акција нивните стекнати вештини. Оваа година, неделата ја одбележуваат со театарска претстава „Приказна за една идеја“ која ќе се изведе вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:00 часот. Преку оваа претстава, младите ќе ја истакнат значајната улога ...
Urban street car club од Охрид денес организира хуманитарна забава за собирање средства за помош на 21 годишниот Мухамед Максуд – Муки. Муки веќе 2 години боледува од многу ретка болест на бубрезите – Focal Segmental Glomerulosclerosis (FSGS), па потребно е да се направи трансплантација, а негов единствен донор е неговата самохрана мајка. За тоа да биде овозможено, потребни се 21.000€ кој што треба да бидат уплатени до 30.09.2024 . Како што ...
Знаењето е златната скала што води кон небото, знаењето е светлината што ни го осветлува патот низ животот и нè води во живот полн со вечна слава, со овие зборови претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски ја отвори 31. Балканска олимпијада по информатика (БОИ) во Охрид во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) на која учествуваат информатичари од 15 земји. Општина Охрид ги препознава важноста и ...