Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти. Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. ...

Трагедијата во Кочани која одзеде 59 млади животи е светска тема. Помош и пораки на поддршка стигнуваат од сите страни на планетата. И најголемиот интернет пребарувач „Google“ се солидаризира со Македонија. На главната тема поставена е црна панделка со порака до семејствата на жртвите и повредените. Во Македонија прогласена е седумдневна жалост, а во знак на солидарност денешниот ден за Ден на жалост е прогласен и во Бугарија, Србија, Црна ...

Учениците од средните училишта во Охрид утрово излегоа на мирен марш во знак на солидарност со жителите на градот Кочани каде во страотен пожар пред два дена животот го закубија 59 лица, а околу 150 се повредени, дел од нив тешко. Целта е да оддадеме почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани, посочуваат организаторите. Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, гимназијата „Св. Климент Охридски“, средното економско ...

Трагичниот настан во Кочани кој одзеде 59 млади животи го потресе регионот. Во Македонија е прогласена седумдневна жалост, а во знак на солидарност денешниот ден за Ден на жалост е прогласен и во Бугарија, Србија, Црна Гора и БиХ. Во Белград по главните булевари поставени се македонски знамиња, а пораки на поддршка се емитуваат на големи дисплеи поставени во трговски центри и деловни згради во српската престолнина. Трагедијата во Кочани го ...

Времето утрово е студено со врнежи од снег на места. До крајот на денот ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура во Охрид ќе достигне 5 степени. Во вторник, утрото ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот, информира АМСМ. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни ...

Веќе втор ден како течат активностите на Црвениот крст за поддршка за настраданите во пожарот во Кочани. Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите. Во интензивна комуникација со релевантните институции се следи ...

По барање на Сојуз на средношколци на Република Северна Македонија ученичките заедници од средните училишта во Општина Охрид утре во 9 часот од предворјата на сите средни училишта ќе организираат мирен марш. Целта е да оддадеме почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани. Во овој период ќе има масовно движење на учениците од сите средни училишта во градот. Маршот не треба да ескалира во протест, посочуваат ...

Граѓаните на Кочани денес со протест пред општинската зграда бараа одговорност за несреќата во која загинаа и се повредени голем број млади лица. Протестот почна мирно, но состојбата ескалираше кога дел од граѓаните пред општинската зграда почнаа да фрлаат со јајца и бараа да излезе градоначалникот Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка. Група граѓани го демолираа и кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“. ...

ЈЗУ „Специјализирана болница за нефрологија“ – Струга заедно со ЈЗУ „Општа болница“ Струга, организираше акција за собирање на медицински материјали, како солидарна помош за ЈЗУ Градска општа болница „8 – ми Септември“ Скопје, во која моментално се хоспитализирани повредените од трагичната несреќа во Кочани. Акцијата беше поддржана и од приватните аптеки во Струга, кои донираа значителни количини на медицински материјали, посочуваат од ...

Машката ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од 38-27 на гости во Копер од Словенија, во рамки од четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. Мечот се одигра во сенка на големата трагедија што се случи во Кочани каде во пожар во дискотека животот го загубила 59 лица, а околу 150 се повредени. Проблемите за нашата репрезентација станаа уште поголеми по тешката повреда на ...

Сите пациенти кои вчера беа донесени во болниците низ државата се во стабилна состојба, и тие што се пренеси надвор од државата, досега 51, сите се генерално во стабилна состојба. Има пациенти денеска што се јавуваат во болница. Упатувам апел до сите кои не се пријавиле вчера, нека се пријават денеска, рече на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари. Од вчера почнавме со новата стратегија бидејќи 51 пациент веќе се испратени ...

Во Паркот на поезијата во Струга во организација на здружението „Аква“ денеска им беше оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. Денеска, со длабока почит и солидарност, им оддадовме чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Младите и жителите на Струга, во тишина и со запалени свеќи, оддадоа почест на секој изгубен живот, споделувајќи болка и поддршка со нивните семејства, посочуваат од „Аква“. Струга и стружани ...

На 16.03.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 49 годишно лице од Охрид врз 28 годишно лице од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени ...

Денеска на Клиниката за пластична хирургија во посета на повредените пациенти од пожарот во Кочани беа министерот за здравство, д-р Арбен Таравари заедно со претседателот на Владата, проф.д-р Христијан Мицкоски и претставници на кризниот штаб. Здравствениот систем е целосно мобилизиран со сите расположливи ресурси и капацитети во третманот и грижата за повредените лица од трагичниот настан. Состојбата на сите пациенти се следи континуирано и ...

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов во објава на Фејсбук, ден по трагедијата во која загинаа 59 млади луѓе информира дека поднесува оставка на фукцијата прв човек на градот. Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа ...

Во знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани и на нивните семејства, по препорака од Министерството за култура и туризам НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажува неколкуте настани планирани за оваа недела, информираат од Установата. Во мое име и во име на сите вработени во нашата установа изразувам длабоко сочувство до семејствата кои се борат со загубата на своите најблиски во пожарот во Кочани, а на ...

Сите пациенти кои вчера беа донесени во болниците низ државата се во стабилна состојба, и тие што се пренеси надвор од државата, досега 51, сите се генерално во стабилна состојба. Има пациенти денеска што се јавуваат во болница. Упатувам апел до сите кои не се пријавиле вчера, нека се пријават денеска, рече на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари. Од вчера почнавме со новата стратегија бидејќи 51 пациент веќе се испратени ...

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје. Како што информираат од Јавното Обвинителство, синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството ...

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје. Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува ...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...

ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга и ЈЗУ Општа Болница Охрид ги ставаат на располагање своите ресурси за настраданите во Кочани. Ве известуваме дека ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга, со сите свои ресурси се става на располагање за укажување на медицинска помош на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга. Од двете Болници изразуваат ...

Голем број пропусти се пронајдени во работата на дискотеката „Пулс“ во Кочани каде во пожар изминатата ноќ загинаа 59 лица, а над 120 се повредени. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски истакна дека пропустите се многу големи информираше дека обвинителството ќе бара краткорочен притвор за 10 лица. Можам да кажам дека се работи за ерозија на системот, рече во изјава за медиумите републичкиот обвинител Коцевски. Увидот до сега ...

Траорна атмосфера денеска владее во целата државата поради големата трагедија што се случи во Кочани каде во пожар животот го загубија 59 млади лица. Тажна е атмосферата и во Охрид чии жители сочувствуваат со семејствата на жртвите од оваа незапамтена трагедија. Државното знаме на јарболот во центарот на Охрид е на половина копје. Владата попладнево на седница донесе одлука да биде прогласена седумдневна жалост на територија на целата ...

Педесет и едно лице загина, а 118 се повредени во големиот пожар што се случи ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на концерт на групата „ДНК“. Девојче кое било внатре во дискотеката и кое пред болницата „Свети Наум Охридски“ чека информации за состојбата на своите другари, во изјава за медиумите рече дека се пламнало за две минути и оти се се случило многу брзо, а пожарот почнал од покривот. Пробуваа да реанимираат луѓе и на ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази длабоко жалење за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа ...

Во пожарот што се случи ноќеска околу 3 часот на концерт во дискотека во Кочани, животот го загуби 51 лице, а повредени се повеќе oд 100, информираше утрово на прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во врска со случајот приведени се неколку лица, рече Тошковски, посочувајќи дека се преземаат сите мерки за утврдување на причините за големата трагедија и дека секој eден што погрешил ќе сноси одговорност. Првичната ...

Трагичниот настан што се случи ноќеска во Кочанио во кој животот во пожар го загубија поголем број млади, чиј број се уште се утврдува, го потресе македонското општество. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одложи сите натпревари што требаше да се одигаар денеска и изрази жалење за големата трагедија која во црно зави многу семејства. Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие ...

Во пожар што избувнал ноќеска околу 3 часот во дискотека во Кочани каде се одржувал концерт, животот го загубиле десеттици млади лица. Дел од медиумите пренесуваат дека во пожарот има најмалку 30 мртви, а според други извори бројот на загинати е околу педесет. Причина за пожарот според првичните, неофицијални информации# била употреба на пиротехнички средства. Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Во Охрид сончево до умерено облачно и релативно топло. Минималната температура нема да се спушти под 11 степени, а максималната ќе достигне до 18 степени. Од понеделник не очекува значителна временска ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
87%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
71%
1008
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.6
96%
1009
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
997
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
82%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1005
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1008
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

161412.82

Бакар

11.89

Цинк

3.32

Паладиум

54688.42

Родиум

334367.76

Платина

67130.76

Алуминиум

3.13

Иридиум

213919.04

Сребро

2586.53

Рутениум

45750.51

Калај

48.33

Кобалт

64.04