Полициски службеници од СВР Охрид вчера од слобода лишиле 61-годишен жител на Охрид. Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко возило се обидел да удри во 55-годишен жител од истото село, по што му се заканувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишен ...

Водечкиот тим во Премиер лигата е подготвен да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (25) бидејќи не се вклопува во фудбалската филозофија на тренерот Арне Слот, објавија денеска британските медиуми. Иако ги чинеше 100 милиони евра во 2022 година (со бонуси) кога пристигна од Бенфика, управата на „црвените“ би била задоволна доколку некој им понуди 60 милиони евра за Нуњез, чиј договор е до летото 2028 година, истакнуваат британските ...

Стотици дечиња зедоа учество во големата Бадникова прошетка низ улиците на Охрид, што се одржа ден пред големиот христијански празник Божиќ. Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пееја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог” заедно со пејачот Ѓоко Танески и виолинистката Сања Здјелер, кои ја предводеа долгата и реасепана колона. Поворката утрово тргна од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и се движеше низ ул. „Јане ...

Рома го совлада Лацио во римското дерби со 2:0, во натпревар со големи тензии во кој беа поделени девет жолти и два црвени картони. Се кулминираше во финишот на мечот кога по турканицата помеѓу дефанзивецот на Рома Хумелс и напаѓачот на Лацио Кастелањос на теренот почна општа тепачка на двата тима која едвај беше запрена. Konec! 🐺 Roma vítězí 2:0, když odolala náporu Lazia. Posouvá se tak na 10. místo. Naopak Lazio zůstává 4. a na 3. Inter ...

Синоќа во 21.30 часот во СВР Охрид, 50-годишна охриѓанка пријавила дека пред нејзиниот дом во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „BMW X3“ со охридски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. ...

За божиќните празници не очекува сончево и стабилно време без екстремно ниски температури. Повремени врнежи од дожд се очекуваат утре попладне и во вечерните часови во западните делови од земјата. Наутро ќе биде студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 10 степени. ...

Повеќе автомобили паркирани на булеварот “Туристичка” во близина на “Рамстор”, синоќа останале без регистарски таблички. Непознати сторитали насилно откорнале повеќе задни регистарски таблички и ги оштетиле возилата. Меѓу оштетените се повеќе охридски, но и возила од други градови, со што е предизвикана дополнителна штета и на туризмот во градот. Дел од табличките видно оштетени биле расфрлани во близина на местото каде се случил ...

На бадниковата поворка што по традиција ќе се одржи на Бадник, 6 јануари, ден пред големиот христијански празник Божиќ, оваа година во Охрид ќе учествуваат околу 800 дечиња од Охрид. Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пеат возобновената христијанска песна ,,Вечниот Бог”. Поворката тргнува утрото во 10:30 ч. од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија. ...

Најмладите стружани веќе се подготвени за торжествено одбележување на големиот христијански празник Бадник со што ќе го најават Христовото раѓање. Годинава околку 600 деца ќе учествуваат во Бадниковата поворка што ќе се одржи низ струшките улици. Покрај во Струга, Бадникови поворки ќе се одржат и во селата Враништа, Драслајца и Радожда. Последната проба ќе биде одржана утре во црквата „Свети Ѓорѓи“ од каде е предвидено и тргнување на поворката ...

Божикните празнувања во Бигорскиот манастир, почнуваат од утре наутро со Божествена Литургија во спомен на Светиот отец Наум Охридски во 7:30 часот. Во 16 часот ќе биде отслужена и Вечерна богослужба, информираат од Бигорскиот манастир. Во понеделник, на 6 јануари, во 06:30 часот ќе биде ослужена Утрена богослужба, во 07:30 часот Царски Часови за Рождество Христово, Изобразителните, во 09:30 часот Голема Вечерна богослужба со Света Василиева ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Намалена видливост поради појава на магла до 30м. има на патниот правец с. Гајре – Попова Шапка, до 50м. на планинскиот превој Буково и до 70м. на планинскиот превој Ѓавато, информираат од Македонијапат. Од АМСМ посочуваат дека интензитетот на сообраќај на ...

На 02.01.2025 година во 21 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишено од слобода е 39 годишно лице од Битола, информираат од СВР Охрид. Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во ...

На 02.01.2025 година во 21 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишено од слобода е 39 годишно лице од Битола, информираат од СВР Охрид. Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во ...

Од овој месец секој електронски документ од Националниот портал за електронски услуги и другите државни институции може да се употребува и испечатен. Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат, информира министерот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а на планиските премини со остатоци од кашест снег по интервенцијата на нашите дежурни екипи, информираат од ЈП Македонијапат. Слаб снег врне во западниот и југозападниот дел на Републиката. ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата, посочуваат. Воедно апелираат на внимателно управување со ...

Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со поввремени локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а ...

По повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј денес беше отслужена Света архиерејска заупокоена литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник. На Литургијата молитвено присуствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а чиноначалствуваше Епископот Стобиски г.Јаков. По Литургијата беше отслужен парастос на гробот. Митрополитот ...

Стеф Кари го предводеше Голден Стејт до убедлива победа над Филаделфија 139:105 синоќа во НБА лигата. Кари имаше шут за три поени 8/8 со што го потврди епитетот најдобар тројкаш на сите времиња. Историско достигнување оствари и Леброн Џејмс во натпреварот на Лејкерс со Портланд. Во победата на лејкерси 114:106 Џејмс имаше учинок од 38 поени, 8 асистенции и 7 тројки, со што се израмни со Џордан по бројот на натпревари со повеќе од 30 поени во ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар. И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата. Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за ...

СВР Охрид ги известува учесниците во сообраќајот на подрачјето на Охрид дека, денеска од 11 часот, повеќе кандидати за полициски службеници, распоредени во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе имаат теренско полагање. Притоа, кандидатите за полициски службеници, на неколку сообраќајници во Охрид, под контрола на нивните ментори, ќе преземаат службени дејствија за контрола во патниот сообраќај по повеќе основи, ...

Сè уште се трага по возачот на автомобилот што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче. Од петте лица кои биле во возилото за среќа од страна на случајни минувачи е спасено четиригодишно дете, кое е пренесено во Клинички центар во Скопје и е во добра здравствена сосотојба. Како што вчеравечер информираше Центарот за управување со кризи, од возилото кое било извлечено од Вардар биле извадени тела на три ...

На прес конференција која ќе се одржи денес во Скопје ќе биде соопштена програмата за годинашниот „Вевчански карневал“. На пресот, според најавата, ќе бидат обзананети и обелоденети сите детали и поединости, како и целокупната музичка и културно-уметничка програма, изведувачите и саатницата на годинешниов „ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ“ кој традиционално се одржува од 12 до 14 јануари. На пресот ќе се обратат градоначалникот на општина Вевчани, Спасе ...

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2). Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. ...

Дел од тимот на иницијативата „Збогум Буково“ денес посади 14 садници на див костен во слободните предвидени места за дрвца во дрворедот на улицата „АСНОМ“ во Охрид. Оваа мала акција е вовед во новата, позелена и похумана година во која ќе дојдеме поблиску до целта, а тоа е Буково да биде излетничка зона. Ги повикуваме нашите сограѓани да внимаваат и да ги чуваат овие млади садници за да може да уживаме во нивните убавини за неколку години, ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини. Во споредба со 2023 година тоа се повеќе од 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе, информираат од ЈПДП. Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година има 62.662.988 поминати возила со наплатени 99,2 %. За намалување на бројот на таканаречените неплаќачи ЈПДП во периодот од ...

Охридската Библиотека ги бележи и првите читатели за оваа година. Ова е доволен доказ дека ќе имаме плодна читателска година, а ние ќе се потрудиме да сме во тренд и да ја побараме актуелната литература од домашни и светски автори, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“. На пултот за зајмување утрово прва дојде нашата читателка Олга Глигуроска, следуваа Антица Стефаноска, Љубинка Кочовска, Бисера Ангелоска и Христина Петроска. Тоа се првите ...

Утре по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј ќе се служи Света архиерејска заупокоена литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 08:45 часот, информираат од Дебарско-кичевската епархија. На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г.Јаков, ...

Во масовното злосторство во Цетиње загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица се борат за животите на четворица лица од Цетиње. Во злосторството биле убиени седум мажи, три жени и две деца, пренесува српски „Vijesti.me“. Сите полициски единици, како и припадниците на специјалната полициска единица, со часови трагаа по осомничениот Ацо Мартиновиќ, кој почина неколку минути пред полноќ, откако си пукал ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла има кај Неготино до 30 метри и Д.Капија до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени. Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
76%
1020
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
100%
1020
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1020
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
71%
1020
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.53
75%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1019
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
65%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
72%
1018
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
88%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1019
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
100%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.60028