ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени. Овие наводи се целосно невистинити и создаваат непотребна загриженост кај корисниците на нашиот објект. Нашата спортска сала работи согласно сите прописи за безбедност и заштита. Објектот поседува план, правилник и проценка за заштита од пожари и други непогоди, кои строго се почитуваат. Сите излези се функционални и лесно пристапни ...

Возачот на Брзата помош кој почина по несреќата во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го ...

Сите пациенти што се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба. Повеќето од нив се подобруваат. Од вкупно 20 што беа критични пациенти, денес констатиравме дека 10 пациенти се во потешка состојба, но се стабилни и надвор од животна опасност, информираше министерот за здравство Арбен Таравари. Моментално во државата се лекуваат 72 пациенти, на Клинички центар се 34, во „8-ми Септември“ 15, во Градска општа ...

Во Лигата на нации денеска на програмата се првите натпревари од плеј-офот и квалификации во групите А и Б. Најинтересно е во плеј-офот во групата А каде се среќаваат фудбалските гиганти. Хрватска на Пољуд ја пречекува Франција, а во фудбалската класика Италија е домаќин на Германија. Лига нации плеј-оф група А Хрватска – Франција Данска – Португалија Италија – Германија Холандија – Шпанија Лига нации квалификации група А Турција – ...

Поглаварот на Македонската православна врква Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, упати апел до верниците за сплотеност и достоинствено однесување на погребите на жртвите од големата трагедија во Кочани во која животот го загубија 59 лица. Тие ќе бидат погребани денеска, а погребната церемонија во Кочани од каде се најголемиот број од жртвите, ќе ја предводи Архиепископот Стефан. Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно ...

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде остварија средба со директорот, Проф. Д-р Перишиќ и медицинскиот тим. При посетата, претставниците беа запознаени со здравствената состојба на трите пациенти хоспитализирани во оваа установа. Според информациите добиени од медицинскиот персонал, двајца пациентите се во стабилна ...

Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 17 степени. Во Охрид времето денес сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. И утре времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни. Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од ...

Фудбалскатта репрезентација на Македонија до 17 години одигра 2:2 против Шкотска во Глазгов во квалификациите за Европско првенство. Македонија водеше 0:1, и беше поништен гол, а домаќинот постигна сомнителен гол во мечот кој заврши без победник. Шкотска не дозволи македонската репрезентација да го одигра натпреварот во темни дресови и опрема во знак на почит кон жртвите од големата трагедија во Кочани, информира Фудбалската федерација на ...

Новиот снег кој наврна во текот на изминатите два дена, во содејство со силниот североисточен ветар, повторно го блокираа превојот Баба на Галичица, инфомираат од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Апелираме до граѓаните, да не се обидуваат со возила да го минуваат овој превој и се надеваме дека метео условите за брзо повторно ќе бидат поволни, а патниот правец прооден за возила, посочуваат. Апелот доаѓа по последниот ...

Средношколците од Струга со мирен марш оддадоа почит кон загинатите од несреќата во Кочани, но и го искажаа револтот кон системот и корупцијата. Со испишани транспаренти со пораки: „Некој мора да сноси одговорност“, „Безбедноста е право, а не привилегија“, „За утре да не има“, „Ние сме глас за оние кои немаа можност да проговорат“, „До кога ќе ни ја убивата младината“ велат корупцијата мора да се спречи, потребни се промени на системот за да ...

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани ...

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања, рече на денешната прес конференција Марија Митева, портпаролка на Владата на Република Македонија. Посочи дека од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека 3 од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност. За останатите 9 ве информирам дека сѐ уште е во ...

На 18.03.2025 во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Св. Наум, претставник од Национален парк Галичица и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата ...

Утре ќе бидат испратени до вечните почивалишта настраданите од пожарот во Кочани. Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК) погребот на настраданите ќе се одржи од 11.00 часот на градските гробошта во Штип, во 12.00 часот на градските гробишта во Кочани, во 13.00 часот на гробиштата во с. Облешево, додека останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден. Свештениците од локалните ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово затекнале 58 годишно лице од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. ...

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите. Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население. Досега се обезбедни вкупно: ...

Последниот транспорт на пациенти на лекување надвор од држвата е денес. Веќе нема да има пренесување на пациенти за лекување надвор, дури може да чекаме и некој да се вратат во следните денови, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари. Денес ќе бидат пренесени двајца пациенти во болници во Шведска предпладне, и после пладне уште тројца. Веќе нема потреба други пациенти да се лекуваат надвор од држвата. ...

Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Во оваа насока донесени се решенијата согласно претходно објавениот Јавен повик во кој беше посочено дека субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за ...

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени. Во Охрид времето денес претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. Денес и утре ќе дува умерен северен, а од петок ...

Учениците и вработените во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ испратија донација за Клиничкиот центар во Скопје каде што се хоспитализирани настраданите средношколци од Кочани, а исто така, и донација во Брзата помош во Кочани. Донацијата се состои од медицински материјали (физиолошки раствор, алкохол, спрејови за изгореници, тупфери, стерилни гази, завои, анестетици, бетадин, средства за дезинфекција, влажни марамчиња, ампули, памук и сл.), како и ...

На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на изминатите два дена во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Голем дел немале лиценца за работа или им била истечена посочи портпаролката на Владата Марија Митева. Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и тие се ...

Повеќе илјади граѓани вечерва се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде мирно и во тишина го изразија својот револт предизвикан од големата трагедија што се случи на 16 март во Кочани каде во пожар загинаа 59 лица, во најголем дел млади. На протестот немаше говори и обраќања, граѓаните мирно и достоинствено палеа свеќи и истакнуваа транспаренти со емотивни пораки. Мирни протести денеска се одржаа во повеќе храдови на земјата, меѓу ...

Студентите од Србија кои 4 месеци протестираат барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад каде при пад на бетонска настрешница од реновираната Железничка станица загинаа 15 лица, денеска одржаа мирен собир пред амбасадата на Македонија. Наместо вообичаените 15 минути тишина кои ги симболизираат 15-те жртви во Нови Сад, тие денеска имаа 74 минутен молк со што им оддадоа почит и на настраданите во големата трагедија што пред два дена се ...

По повод големата трагедија во Кочани каде во пожар смртно настрадаа 59 лица, а речиси 200 се повредени, во црквата Св. Троица во населбата „Радојца Новичиќ“, во сабота, 22 март, на празничната литургија ќе се одржи и заедничка молитва за настраданите во големата несреќа. Возљубени во Христа, во овие тешки и страдални денови, кога секој еден од нас жали за големата загуба на детски животи кои пострадаа во немилиот настан во Кочани, не може ...

Поради безбедносни причини саниран фасадниот ѕид до главниот влез на објектот „Развигорче“. Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ информираат дека при увид во објектот забележано е дека фасадниот ѕид има оштетување, по што се преземни мерки за санација. Ѕидот се наоѓа до главниот влез за примање и испраќање на децата. Исто така влезот го користат и вработените на градинката и родителите кои секојдневно ги носат и земаат децата од градинка. Во ...

На 17.03.2025 во 15.10 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, охриѓанец со неговото моторно возило „форд фиеста“ со охридски регистарски ознаки, го попречил движењето на друго возило, кое го управувало 24 годишно лице од дебарското село Џепиште. По тоа со удари со раце извршил оштетување на возилото. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 17.03.2025 во 13.40 часот, полициски службеници од ОВР ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на ...

Сите приватни станоиздавачи- даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор да ја проверат важноста на Решенијата за вршење дејност издадени од Одделението за туризам, велат во соопштението од Општина Охрид. Издадените решенија, потенцираат, имаат важност од 3 години и доколку на истите им истекол рокот станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението. Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека ...

Пропустот за контролирањето дали одредена дискотетека или кабаре ги исполнува условите е направен со измените во Законот во 2007 година според кои правното лице е тоа кое самото тврди дека ги исполнува условите, рече премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека за надминување на таквите пропусти ќе бидат направени измени на Законот за угостителство за што ќе се формира работна група. Соопшти дека од вчера и други органи во рамки на своите ...

Релативно е стабилна состојбата на хоспитализираните пациенти од несреќата во Кочани кои се сместени во болниците во Македонија и во болниците надвор од државава, рече на денешната прес конференција Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски. На Клиниката за пластична хирургија во моментов се хоспитализирани 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, на Траума 2, на Детска хирургија 4, во КАРИЛ има 14 пациенти, во стара Градска ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
74%
1001
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
92%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.66
70%
1007
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.79
86%
1007
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
97%
996
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
0.89
73%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
92%
1007
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
93%
998
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
71%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

213919.04

Паладиум

54688.42

Платина

67130.76

Рутениум

45750.51

Родиум

334367.76

Злато

161412.82

Калај

48.33

Бакар

11.89

Цинк

3.32

Алуминиум

3.13

Кобалт

64.04

Сребро

2586.53