СДСМ Охрид реагираат за состојбата во која се наоѓаат градските гробишта посочувајќи дека се обврзале постојано да го потсетуваат директорот на ЈП Градски гробишта кој му е негов опис и попис на работните задачи и да бидат коректор на неговата работа. Во случајов, на неговата неработа… бидејќи директорот очигледно не направил ни два чекори понатаму од неговата канцеларија да ја види состојбата во која се наоѓаат градските гробишта. Жално. Жално ...

Откако СДС Охрид го остави ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1 000 000 денари сега зборува за неработа. Со години дозволивте запуштеност, негрижа и хаос, а денес се обидувате да бидете морални коректори на туѓа работа, реагираат од ВМРО ДПМНЕ Охрид на обвинувањата од СДСМ Охрид. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ е човек кој вложи напор, труд и лична одговорност да донесе ред во едно од најсензитивните јавни претпријатија кое сега е со целосно ...