
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Восхитен сум од сите вас, собрани овде во Охрид. Илјадници охриѓани, но и граѓани од цела Македонија, од Битола, од Кичево, од Струга, од Ресен, од славна Дебрца, од Дебар, од Демир Хисар, од Маврово и Ростуше, од Центар Жупа, од Долнени и сите други прекрасни места од нашата преубава Македонија. Восхитен сум од бројот на луѓе кои ги гледам денес пред мене. Оваа река на народ говори само едно, говори дека и на 24-ти април и на 8-ми мај победата ...
Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид при што посочија дека промените се во рацете на граѓаните, време е да се работи за подобро утро на македонскиот народ и за просперитетна Македонија. „Промените се во ваши раце! Со вашата поддршка, со вашата и наша енергија. одговорно и посветено, обединети за силна, просперитетна Македонија ќе работиме за подобро ...
Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Најавени се обраќања на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, како и на претседателот на партијата и носител на листа во првата изборна единица Христијан Мицкоски. На митингот ќе се обрати и Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа во ИЕ 5, но и кандидатите за ...
Денеска заедно со претседателот Христијан Мицковски и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид, направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сала, училиште и авантуристички парк, по формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти. Во програмата „Платформа 1198“ предвидени се повеќе од 2 милијарди евра да се инвестираат во инфраструктурата, 250 милиони евра годишно кон општините, конечно ...
„Повеќе од 2 милијарди евра се планирани да се инвестираат во инфраструктурата. Тука е оној проект кој е многу значаен, а тоа се реалоцирање средства од буџетот кон општините во вредност од 250 милиони евра годишно или за еден четиригодишен мандат тоа би било точно 1 милијарда евра“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешниот увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид. ...
Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика. Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ...
Со голема радост ви ја претставувам „Risorga il mondo“ од „La Resurrezione“ од G.F.Händel. Многу сум среќна што на таков неверојатен начин го завршувам проектот „Хендел во Рим“ предводен од маестро Риналдо Алесандрини и Здружението за барокирање заедно со барокниот оркестар на Конзерваториумот во Прага. 🎼Навистина уживав да ја подготвувам музиката во таква средина, барајќи го најдобриот начин да ја изразам музикалноста на кантатите на Хендл ...
Ми претставува голема чест што денес имав можност да се обратам на дводневната конференција на тема: „Културното наследство и туризам – Меѓународни стандарди и локален развој“, која се одржува во Охрид по повод 18 април – Денот на културното наследство на УНЕСКО. Уверен сум дека презентациите на научните согледувања и дебати, кои ќе бидат дел од овој научен собир, ќе дадат значителен придонес во креирањето на нашите стратегии, особено во областа ...
Првиот беше ѓакон, а вториот чтец на црквата во Солун; првиот преукрасен со старечка мудрост, а вториот со младешка девственост. Во времето на Диоклецијановата хајка на христијаните овие двајца беа повикани на суд. Тие се одѕваа со радост и држејќи се еден за друг за рака одеа викајќи: „Ние сме христијани!“ Сите совети на судиите да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите останаа залудни. После долготраен затвор и гладување, ги ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишен Охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Имено, на 14-ти април годинава тој на магистралниот пат Охрид – Кичево, со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка“ во Охрид предизвикал сообраќајна ...
МАРТИНА ЦВЕТАНОСКА , ученичка од 9 одделение, со одличен училишен успех неограничена љубопитност и трудољубивост освои ПРВО место со максимален број на поени на регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 13 април во охридкста гимназија-„Св. Климент Охридски“. Ваквиот успех се должи на нејзиниот талент за решавање хемиски равенки , упорната работа како и добрата проценка на менторот НАУМЧЕ ТАНЕСКИ, наставник по хемија во ООУ Дебрца. ...
Роден е во Сицилија од благочестиви и добродетелни родители, Плотин и Агатија. По смртта на родителите премина во Солун, каде што се замонаши. Како монах на сите им беше пример во постот, во крајната воздржливост, непрестаната молитва и псалмопеење, бдеењето и трудољубивоста. Солунскиот епископ го ракоположи за јеромонах. Кога прочуениот Григориј Декаполит го посети Солун, од дното на срцето го засака Јосиф заради неговиот редок карактер, па го ...
Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте. Познато е дека старите навики умираат бавно, а нивното менување е процес кој има неколку фази. Потребно e време за промените да прераснат во долгорочни навики, а на патот сигурно ќе се соочите и со пречки. Но, ако се држите до нив доволно долго, ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против (34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во сообраќајот, извршена на 02.04.2024 на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот, како со свое патничко возило „Форд“ со струшки регистарски ознаки врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува лиценца за ...
Во склоп на поранешната касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа. Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно едниот за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Во објавата градоначалникот додава: Таму веќе се одвиваат подготвителните работи, по што следува поставување на реквизитите. Паркот е направен ...
Денеска извршив обиколка на активностите кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ на теренот со вештачка трева. Таму започнати се зафати за изградба на трибина со капацитет од околу 150 седишта. Трибината ќе биде изградена од челична конструкција на која ќе се постават столчињата. Исто така тука се работи и на изведба на електрична инсталација за осветлување на овој терен со што можностите за негово користење се зголемуваат. Го посетив и ...
Продолжуваме со воведување на нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал, со цел да одговориме на потребите на сите пациенти и лекари, за брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различни состојби. Со помош на најсовремен инструмент, со високософистицирана и сензитивна молекуларна технологија, на принцип на детекција на генетски материјал (ДНК/РНК) од различни бактерии, вируси и нивни продукти, во ...
Oкрилени со силата на крстот, го продолжуваме своето искачување низ посните предели, до врвот каде што нѐ очекува радоста на Воскресението Христово и совршенството на Неговата божествена љубов. Токму затоа, Црквата, во оваа недела ни го предлага споменот и личноста на Светиот Јован Лествичник, како пример за тоа како благодатта Божја може обичниот човек да го претвори светилник на светот. Учејќи се од неговиот пример нѐ обзема радост и сѐ ...
Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради тоа го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси, се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив ...
Синоќа имав чест да присуствувам на изложба посветена на вонвременскиот охридски уметник Вангел Наумовски. Изложбата беше организирана од ЛК „Лихнидос“, а на неа присуствуваа бројни охриѓани, а за него зборуваа уметници, ликовни критичари, историчари, новинари, пријатели, познаници, општествено истакнати личности и членови на неговото семејство. Изложбата на која беа изложени дела од Вангел Наумовски се организира по повод 100 годишнината од ...
Угодникот Божји, преподобниот Јован живеел во 6 век. Родум Сириец, а наречен Лествичник бидејќи е автор на книгата „Лествица“ (Скалила), по местото на благочестивите подвизи – Синаит. На 17 годишна возраст, Јован се принел себеси во жртва Богу – телото го вознел на Синајската гора, а душата на небесната гора. Откако пребивал на Синајската гора во подвиг на осамеништво 19 години, до својата 40 годишна возраст, преподобниот се оддалечил во ...
На 12.04.2024 година во 18.30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија при СВР Охрид од слобода го лишија лице на (24) од Охрид. Тој, управувајќи патничко возило „ренџ ровер“, без регистарски таблички, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, не застанал на даден знак за запирање, туку со возилото избегал. Во врска со случајов, а поради постоење основано ...
На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се лице на (36) и лице на (38), двајцата од Струга. Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот лице од Охрид. Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени ...
На 12.04.2024 година околу 23.30 часот, во координирана акција на полициските службеници од ОВР Дебар и ОВР Кичево, на стариот пат Кичево-Дебар, кај месноста „Лопушник“, пронајдени се трите лица, поточно брачна двојка и нивната малолетна ќерка, сите од Република Турција, кои претходно, околу 21 часот, пријавиле дека со својот автомобил „шкода“, патувајќи од Кичево кон Дебар, се изгубиле низ шумските патишта. Сите тројца биле во добра ...
На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се 36 и 38 годишни лица, двајцата од Струга. Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработен од Охрид. Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно ...
Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држеше во својот дворец како оружје против секаква непријателска сила. Враќајќи се еднаш од Цариград, Ипатиј беше нападнат во еден теснец од еретиците новатијани и турнат ...
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан , поранешен светски вицешампион , од 15.04 – 22.04 2024 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Копер–Словенија Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Агенцијата за млади и спорт и општина Охрид , Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација повторно ќе биде дел од Европската Таеквондо ИТФ ...
Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер, Печеларското здружение „Охрид“ одбележа јубилеј од 50 годиини успешна работа. Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. – Дозволете ми да ве поздравам и да упатам најсрдечни честитки по повод златниот јубилеј, 50 години од основањето и успешното работење на Пчеларското здружение „Охрид“. Во текот на изминатите пет децении, ова ...
Фотографија од споменикот кој тогаш бил наречен „Четиристотини“, а бил подигнат во чест на 400 загинати борци од војската на „Кралството Србија“ по пробојот на „Солунскиот фронт“ е објавена на ФБ страницата „Југословенски архив“. Постаментот на споменикот стои и денес во близина на пешачките патеки кај локалитетот познат како „Паднати борци“, а неодамна на постаментот беше поставена и спомен плоча за загинатите војници. ПОВРЗАНА ВЕСТ Во Охрид ...
Писателот на прочуената Лествица. Дојде на Синајската Гора како шеснаесетгодишно момче и остана таму, прво како послушник, потоа како отшелник и на крајот како синајски игумен до осумдесеттата година од животот, кога се упокои околу 563 година. Неговиот животописец, монахот Даниил, за него вели: „Со телото се вознесе на Синајската Гора, а со духот на Гората Небесна.“ Кај својот духовен отец, Мартириј, Свети Јован помина во послушание деветнаесет ...