Со цел да се обезбедат подобри услови за забава и рекреација на најмладите, изградено е ново детско игралиште на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на станбениот комплекс покрај реката „Грашница“. Поставени се најсовремени реквизити за забава и специјална гумирана подлога согласно безбедносните стандарди. Исто така поставени се и клупи за седење, заштитна ограда и засадено е соодветно зеленило. Средствата за изградба на игралиштето се ...

Јован, или Иван Владимир, управуваше со областите Зета и Далмација, во втората половина на 10 век. По природа беше мирољубив, благочестив и добродетелен. Беше војсководец, но при тоа беше благ, редовно ги помагаше сиромашните и се одликуваше со длабоко познавање на Светото Писмо. Се грижеше за правилното исповедање на православната вера во народот, и многу еретици-богомили ги одврати од заблудата на ереста и ги врати во православната Црква. ...

Вкупно 11 талентирани средношколци ќе претстават Македонија на меѓународните олимпјади по математика и физика што ќе се одржат во јули во Англија и во Иран. Младите математичари Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски и најмладиот меѓу нив, Ивано Божиновски ја сочинуваат екипата за Меѓународната олимпијата по математика (ИМО2024) која ќе се одржи на Универзитетот во Бат, Англија од 11 до 22 јули. Во ...

Денеска повторно се одложи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се сомничи за спорната набавка на службеното „Ауди А6“. Судењето е одложено поради обемната документација со докази што денеска ја доставила одбраната. Обвинението за Мерко е поднесено 10 месеци откако САД минатата година во јуни го ставија на црната листа поради корупција и мешање во судски процеси. Судијката уверува дека нема да има намерни одлагања на ...

Станува збор за посебно опремена просторија за деца со потешкотии во развојот . Преку опуштена и релаксирана интервенција децата го учат најважното – „Учат како се учи“. Исто така децата со потешкотии во интеграцијата во сензорната соба истражуваат, учат, стекнуваат искуства кои се важни за нивниот понатамошен раст и развој. Бенефитите од ваква соба и сензорна интеграција се многубројни. Сензорната соба е реализирана во соработка со охридската ...

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „ Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 27ми Мај до 2ри Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. – „Охридска Бригада“ (2 дефекти) – „Петар Поп Арсов“ – „Македонски Просветители“ (2 дефекти) – „Андон Дуков“ – „Гоце Делчев“ – „Васил Стефоски“ – „Момчило Јорданоски“ бр.43 – „Партизански Одреди“ – „Охридати“ – ...

Свети Константин и Елена — македонски православен храм кој се наоѓа на доминантно место, во стариот дел на градот Охрид во непосредна близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, односно во дворот на ОУ „Климент Охридски“ – Охрид. Над јужниот влез од внатрешноста е откриен натпис од кој дознаваме дека црквата е изградена и фрескоживописана во 1477 година. Во архитектонски поглед оваа црква е еднокорабна со попречен полуоблест свод. Подоцна од ...

Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав, и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот ...

Како Општина која го негува и во вистинска смисла на зборот го поддржува спортот и спортистите, на победникот на овогодинешното издание на Охрид трчаТ, покрај наградниот фонд кој го обезбеди организаторите, Општина Охрид на Дарио Ивановски му додели ваучер за 10 дневен престој во Охрид за припреми. Нека овој мал придонес биде дополнителна мотивација за Дарио да го оствари најдобриот резултат на Олимписките игри во Париз, напиша на својот ФБ ...

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44). Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за ...

Утре, на Светскиот ден на велосипедизмот, од 11:00 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и профитирај“. Проектот е посветен на физичката видливост на бизнис-идеjата за рекламирање на компании преку кампања заснована на велосипеди. – Со вклучување на велосипедизмот во животниот стил, велосипедистите не само што можат да уживаат во физичките и менталните придобивки туку можат и потенцијално да ...

Овој свет храм е изграден по иницијатива на мештаните од село Подгорци на старо вакавско место. Почнат е со градба 1924 година, завршен една година подоцна во 1925 и истата година е осветен. Храмот е во правоаголна едноставна форма со апсида напред, но тогаш не е фрескоживописан. Сега по 100 години од неговата градба, се фрескоживописа и плени со својата велелепност. Уреден е и просторот околу самата црква, вели свештеникот Димитрија Павлески. ...

Родум од Либан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповедаше својата вера во Господ Христос пред мачителот, Нумеријан им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но, на џелатите ...

На 1. јуни 2024 година, во 01:30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишија од слобода две лица од Велес, на возраст од 35 и 33 години. На 1. јуни 2024 година, во 01:30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишија од ...

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга каде учениците од завршните години го полагаа првиот дел од матурскиот испит за учебната 2023/24 година. Тој на матурантите им посака успешно заокружување на средното образование со овој чин што е законска обврска и неопходен услов за натамошно продолжување на образованието. Како што посочи, учениците полагаат два екстерни предмети, ...

Беше епископ во Грузија, но кога тамошниот татарски каган почна да ги мачи христијаните, тој се оддалечи на четири години меѓу Готите во Бесарабија. (Готската епархија е образувана во времето на царот Константин Велики.) Штом слушна за смртта на каганот, се врати на својата служба и раководеше со својата паства ревносно и богоугодно. Пред смртта рече: „По четириесет дена ќе одам да се судам со каганот“. И така беше. Четириесеттиот ден се ...

Како поранешен спортист, голем поддржувач на спортот и како градоначалник на Охрид, особено сум горд што нашиот град е домаќин на 18-от Европски Конгрес FIEPS Europa и 6-та Научна конференција RPESH, кои разработуваат важни теми од областа на физичкото образование, спортот и рекреацијата. Тридневната конференциска програма е подготвена од страна на Европската федерација на спортски педагози во соработка со Факултетот за Физичко образование, ...

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишен државјанин од Република Бугарија и 41 годишен Охриѓанец. -Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, нугарскиот државјанин и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни ...

Теодот беше оженет и беше крчмар во Анкара во времето на Диоклецијан. Иако беше оженет, живееше според словото апостолско: оние што имаат жени ќе бидат како да ги немаат (1Кор. 7, 29). А крчмарот сметаше дека би можел, без некој да се посомнева, колку што може подобро да им помага на христијаните. Неговата крчма им беше засолниште на гонетите верници. Теодот тајно им испраќаше помош на разбеганите бегалци по планините и тајно ги прибираше телата ...

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (58) години од Република Бугарија и лице на (41) година од Охрид. Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, едното и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои ...

Како чинители и членови во една општествена заедница треба да се обединиме и да ја подигнеме јавната свест за Мултипла склерозата. Тоа ќе ни овозможи да поттикнеме помош и решенија за лицата кои се засегнати од оваа состојба. Исто така оваа наша поддршка е важен извор на мотивација за лицата кои веќе ја имаат дијагнозата и значаен фактор за подигнување на нивото за рано откривање на болеста. Важно е да знаеме: • Мултипла склерозата е хронична, ...

Оваа година се навршуваат 220 години од возобновување на нашиот Соборен Храм Св.Никола во с.Враништа (1804/2024).По тој повод ве повикуваме на заедничко чествување. -8 часот Света Божествена Литургија -10.часот Пригодно обраќање кон присутните од отец Ристе Наумоски -220 г.Возобновен Храм Св Никола с.Враништа, осврт на пр.др.Сашо Цветкоски -Културно-уметничка програма предводена од Членовите на Православна Младина с.Враништа -Трпеза на љубовта ...

Еден од седумдесетте. Роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија. Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа многумина и да разори голем број идолски храмови. Обајцата имаа благодатна сила на чудотворство, со којашто ги изгонуваа ...

По повод големиот успех кој го оствари тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на меѓународниот натпревар по роботика Балкан Јуниор 2024 година каде го освои првото место, на ден 29.05.2024 година беше остварен прием кај градоначалникот на Општина Охрид, г-нот Кирил Пецаков и раководителот на секторот образование г-нот Димитар Спасески. На овој прием присуствуваа учениците Кристијан Толески и Горазд Јованоски, професорите Владо Јанкулоски, Сања ...

На 28.05.2024 во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од pолициската станица Кичево приведоа 23 годишно лице од Кичево. Тој бeше баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за ...

На 28.05.2024 во полициската станица Кичево, извршен е службен разговор со 29 годиѓен маж од кичевското село Црвевци. Тој се сомничи дека на 27.05.2024 во 23.15 часот на улица „Раштански пат“ во Кичево физички нападнал 58 годишен маж од Кичево, по што со пиштол испукал еден куршум. Полициски службеници од ОВР Кичево од него одзедоа пиштол „ТТ“ калибар 9 милиметри и една рамка со 9 куршуми калибар 7,62 милиметри. По целосно расчистување и ...

Разрешениот директор на Кардиохирургија Мајран Шокаровски, смета дека тоа е направено незаконски, а за фантомските пациенти на оваа клиника, за кои обвинија деновиве, вели дека се работи само за софтверска грешка, направена поради несоодветност на системот кои тие го користат и неговото комуницирање со „Мој термин“. Потенцира, дека за секој пациент имаат пишан документ, што е и единствена законска обврска. – Моето разрешување е незаконски, ...

Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира од 21 до 28 уни 2024 г. Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ). Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат ...

Општина Охрид ќе овозможи реализација на практична обука и феријална пракса во просториите на општината за учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, профил економски техничар. Оваа активност е предвидена во Меморандумот за соработка, кој Општина Охрид го склучи со ова училиште, со цел да го промовира и унапреди средното стручно образование, како атрактивен и привлечен избор на кариера. Исто така, практичната обука ќе значи и вложување во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
50%
1018
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
6.69
60%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.38
52%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
90%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
37%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
50%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
29%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
72%
1021
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
51%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
7.72
73%
1017
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505