Синоќа во катедралната црква Св. Софија се одржа традиционалниот годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“ На концертот учествуваа најдобрите и најталентирани ученици кои во учебната 2023/24 година беа наградувани на државни натпревари во нашава земја и надвор од неа. За постигнатите успеси покрај учениците годинава беа наградени и дел од наставниците за посебен придонес и афирмација на музичкото училиште. Проектите на оваа ...

Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Иисус Христос. Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ќе ве научи на целата вистина. По воскресението од мртвите, во текот на четириесет дена им се јавуваше на своите ученици, не ...

Во рамки на долгорочниот проект “СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА – имерзивен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес од Охрид, во периодот од крај на месец март до крај на јуни 2024 го реализира ументичкиот проект “Ритуалот во современото општество”, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за култура Проектот се базира на уметничко истражување на ...

Се наоѓа на влезот од Вевчани од неговата североисточна страна. Уште се нарекува и Долни Св. Спас. Изградена е на свето место со површина од 1500 м2. Во почетокот светилиштето било мала дрвена куќарка, параклис, а по обновувањето од 1986-1996 година е црква, солидно изградена од делкан камен. Осветувањето е извршено на 10.10.1996 година. За постоењето на ова светилиште живее легенда спoред која на ова место имало една плоча – поголем камен блок ...

Овој четврток православните христијани го слават Спасовден. Спасовден – празникот на христовото вознесение е еден од најголемите христијански празници. Спасовден секогаш е во четврток и се празнува 40 дена по Велигден. Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност четириесет дена по воскреснувањето. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, ...

Овие две години беа исклучително важни за мојот уметнички раст! Чест ми е да ја добијам стипендијата S:t Johanneslogen S:t Erik и стипендијата Drottningholm Slottsteater Vänner, кои ми дадоа неверојатни можности и ми обезбедија непоколеблива решеност да продолжам да работам кон моите соништа. Сега подготвувам една од моите најголеми улоги досега, Толомео – Кралот на Египет, од Хендел која ќе ја изведам во продукција летово во Салуцо Италија. ...

Нов ден, исти навики, повторно непрописно депониран отпад во сите урбани заедници низ градот. Од ЈП „Охридски комуналец“ повторно посочуваат на проблемите со кои се соочуваат, велат само што ќе се подигне расфрлан, непрописно депониран отпад, потоа повторно никнува нова мини-депонија. – Секојдневно нашите служби со вонредни активности за да се надминат проблемите што ги затекнуваме во секоја урбана заедница. Граѓаните редовно и транспарентно се ...

На 11-ти јуни 2024 година, во 18:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во струшкото село Октиси, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице. – Незгодата се случила помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 20-годишно лице од селото Октиси и малолетничка од истото село, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид за прв пат организира богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и најмладите гости кои летуваат во нашиот град. На различни локации на отворено, почнувајќи од 21-ви јуни 2024 година, секој петок се до 6-ти октомври 2024 година – Неделата на детето, ќе се реализираат низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 години, под мотото „Културата расте со децата“. Ќе ...

„Водата во Охридското Езеро е од највисок квалитет, односно од прва класа од сите примероци што се земени, микробиолошки квалитетот е одличен“, вели Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид. Ова го покажуваат анализите кои ги направи Центарот за јавно здравје од Охрид, откако зеде примероци на вода од 39 локации од целото крајбрежје. Тоа значи дека на почетокот на туристичката сезона, туристите и локалните жители, без грижа ќе ...

Изминативе два дена, на 10 и 11 јуни, кога според новиот стил Црквата Божја го слави споменот на Светите славни Апостоли Вартоломеј и Варнава, како и на Пресветата Владичица наша Богородица, во чест на нејзината чудотворна светогорска икона „Достојно ест“, Неговата Сесветост, Архиепископот на Новиот Рим – Константинопол и Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, го прослави својот именден. На свештените богослужби и свеченостите што се одвиваа во ...

На 10-ти јуни 2024 година се одржа државниот натпревар за средните училишта на Институтот за Хемија на Природно – математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот, нашите ученици од трета година, под менторство на проф. Билјана Стевоска ги постигнаа следниве резултати: Митко Савев го освои второто место. Ученикот Климент Велкоски беше награден со пофалница, а Ангелина Јолеска, Калина Стојаноска и Бобан Мијаковски се здобија со сертификати за ...

Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори ...

Денеска присуствував на завршниот настан за оваа учебна 2023/24 година, ПРОЕКТОТ “Штафетни игри – Детска Атлетика” реализиран од Сојуз за училишен спорт-Охрид со поддршка на Општина Охрид – Сектор Спорт, Млади и Нво. И во иднина ќе продолжиме да им овозможуваме сите проекти да бидат успешно реализирани. Учениците од II и III одделение од сите Основни училишта покажаа одлични перформанси и борбен спортски дух па затоа сите на крај беа наградени ...

Турист од Холандија бил каснат од отровна змија, но во болницата во Охрид немале серум па со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар каде му бил спасен животот. Директорот на дебарската болница вели дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, често пати се работи и за жители од Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница, објави МКД.МК. Во ...

На 10.06.2024 во 11.55 часот, на пресекот од улиците „Железничка“ со „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (70) години и мотоцикл „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (21)година , двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка лице на (61)година од Охрид, констатирани ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (24) години од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во својство на закупец, без решение за реконструкција издадено од надлежен државен орган, извршил бесправна реконструкција, доградба и надградба на кровна конструкција на објект на улицата .„Цар Самоил“ во Охрид кој се наоѓа во старото градско јадро на Охрид, прогласено за културно ...

Во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги фалеше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ѝ обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но Ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на ...

Во конкурренција од 150 учесници, Duo Amica, составено од флејтиските Михаела Влајнкиноска и Сара Тололеска, од Основното Музичко УчилиштеСтруга кои учат во класата на м-р Светлана Богданоска Ристоски го освои третото место на Интернационалниот натпреварот ,,ПијаноФест” што по шести пати се одража во Битола. ,,Учествуваа млади музичари од Македонија, Албанија,Србија, Хрватска, Косово, Грција,Малта и Италија. Меѓународно жири ги оценуваше ...

Утринава околу 6 часот, додека веславме во Дримот, под мостот на браната „Света Петка” во снопот исечени реси натрупани под него, го забележавме ова копнено желче. Којзнае како стигнало и од кога беше заглавено тука, бидејќи веднаш штом не виде почна да се движи кон нас. Желките обично се кријат во својот оклоп штом забележат луѓе. Го спасивме и му дадовме име Сребре. Засега ќе го краси паркот под споменикот на Ристо Крле, после ќе си оди кај ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 3ти до 9ти Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. – „Караорман“ (2 дефекти) – „Кузман Капидан“ (2 дефекти) – „Гоце Делчев“ (2 дефекти) – „Питу Гули“ – „Стив Наумов“ – „Галичица“ (2 дефекти) – „АСНОМ“ – „Сатеска“ – „Железничка“ (2 дефекти) – „Јане Сандански“ – „1ва ...

Културно уметничкото друштво „Далги“ при Здружението на пензионеритеод Охрид на 8 јуни 2024 учествуваше на престижната републичка пензионерска ревија на музика , песна и ора. Ревијата се одржа во Домот на АРМ во Скопје со учество на 26 здруженија на пензионерите од Македонија. КУД „Далги“ на ревијата ги изведе охридските староградски ора „Деветорката“ -женско оро,„Чамчето“ -машко оро и „Ѓеврекот“ старо мешано оро. Со одличната изведба и ...

Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски. Станува збор за деветтата по ред книга којашто е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ што ја издава градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид. За значењето на овој труд зборуваше заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски. – СЕ ВО ЕДНО -Вака некако со ...

На 09.06.2024 во 23.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со повреди од остар предмет бил примен 30 годишно лице од село Слатино, општина Дебрца. Според пријавеното, во близина на спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев“ во Охрид бил нападнат од две лица, кои со остар предмет му нанеле убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и 55 годишно лице од Кочани, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ во врска со „надрилекарство“. Од 2020 година до поднесување на пријавата, второпријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со тие што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и ...

Топлото време и високите температури кои ги чувствуваме деновиве, како институција која се грижи за јавното здравје, не обврзува да Ве потсетиме и апелираме за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран‼️ 🔴Во таа насока, а со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во овие надпросечно топли ...

Сведоштвата за овој архијереј и Христов маченик се оскудни. Се знае дека беше Охридски архиепископ. При една своја обиколка, пострада за вистината, во градот Велес. Таму беше жестоко убиен – прободен со јатаган – од месните Турци, а телото му беше фрлено во реката Вардар. Поради страв од казна од Турците, телото на светиот маченик остана во реката цела седмица. Водата го однесе до едно село, на два часа пеш од Велес, каде што го најде еден ...

– Златен Свети Спасе, живи и здрави однесине, живи и здрави вратине! Вака секогаш кога тргнуваме на турнеја се молиме Бела Плоча, се разбира, прво на БОГА, а од денес уште позасилено и јасно и на нашиот Св.Спасе Вевчански, за кој слушавме и знаевме, но, не го познававме. Фала ти БОЖЕ што денес бевме сведоци на твојата голема љубов кон нас и волја за да ни го откриеш, да не запознаеш и да не израдуваш јасно и јавно, еднаш за век со овој наш ...

Во овој ден го празнуваме чудото на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што го направи над слепородениот. И ова чудо го направи со помош на вода, како и она со Самарјанката и со раслабениот. А се случи вака: Додека Господ разговараше со Јудеите и Себе се правеше рамен на Отецот, велејќи: Јас постојам уште пред да се роди Авраам, тие зедоа камења за да ги фрлат по Него. Но Он, заминувајќи оттаму, најде еден слеп човек кој одеше со пипање. ...

Со огромна гордост ја објавуваме веста дека нашите ученици постигнаа одлични резултати на Државниот натпревар по биологија кој се одржа на 8.6.2024 на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ученикот Константин Златаности од VII одделение под менторство на Татјана Лошкоска освои трета награда. Учениците Тео Јованоски (VII одделение) и Изабела Томановска (VIII одделение) под менторство на Ленче Грунчевска добија пофалници. Овие успеси се одраз ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
27%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
29%
1019
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
1.54
31%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
22%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.36
19%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 30ᴼ
1.34
37%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.26
31%
1017
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
23%
1018
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
19%
1018
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
29%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
3.09
24%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
38%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62