Изминатото деноноќие имало три пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и едно комбинирано интервенирање за пренесување на починат планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Оттаму посочуваат дека имало и задоцнети повици за санирање штета предизвикана од силен ветар во саботата. Во Скопско, пожарникарите од ...

На 19.11.2023 во 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на место викано „Ловечка куќа“ на планината Баба било пронајдено починато лице. Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото и било утврдено дека се работи за С.А.(76) од Скопје, кој бил дел од планинарска група која се движела кон Пелистер. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош Битола. На местото на настанот увид ...

Од 1-ви декември 2023 година, во Македонија повторно ќе се воведе евтината дневна тарифа за електричната енергија. Оваа одлука е донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и беше објавена од претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Евтината дневна тарифа ќе важи во периодот од 13 до 15 часот и ќе биде на располагање на околу 200 илјади потрошувачи кои имаат таканаречени смарт броила и оние кои имаат непречен пристап до ...

Вчера утрото возот кој сообраќал на релација Скопје-Табановце во близина на железничкиот премин кај селото Лопате удрил во комбе. Притоа две лица се повредени. „Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во неделата вечер, на 19 ноември, пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина. Ова е негова прва посета на Босна и Херцеговина. Причината за неговото пристигнување не е наведена. Столтенберг во претходните медиумски настапи изјави дека Босна и Херцеговина, заедно со Грузија и Молдавија, припаѓаат на земјите кои заслужуваат посебно внимание од НАТО. Претседателството на БиХ соопшти дека ќе ...

Во Македонија под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, од вторник кон крајот на денот и навечер, па во деновите потоа облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд. Повремено и локално врнежите ќе бидат обилни, особено во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. До крајот на неделава локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 ...

Според податоците кои го опфаќаат периодот од 1 јануари до 30 септемрви Белград остварил рекорден број на туристички посети и се очекуваа 2023 да биде рекордна година туристичкиот бизнис на српскиот главен град. Според последните податоци на секторот за статистика, Белград кои се однесуваат на периодот за првите девет месеци од годинава, главниот град на Србија го посетиле 1.012.498 туристи, што е за 21 отсто повеќе во споредба со истиот период ...

Турски товарен брод со 12-член екипаж потона во невреме во близина на турскиот брег на Црното Море, изјави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја. Капетанот на бродот „Кафкаметлер“, што пловел под турско знаме, пријавил дека бродот пловел кон пристаништето кај Ерегли, во северозападната турска провинција Зонгулдак, соопшти претходно канцеларијата на гувернерот на покраината. Министерот Јерликаја кажа дека бродот потонал по удар во ...

Вулканот Попокатепетл, во мексиканската држава Пуебла, почнал да исфрла пепел, а мексиканските власти ги предупредија луѓето да се држат понастрана од областа. Националниот центар за превенција од катастрофи информира дека вулканот исфрла жешка пареа, вулкански гасови и пепел и дека на сила е жолт аларм, што значи зголемена активност, пренесоа мексиканските медиуми. Вулканот вчера исфрлаше пепел на височина од над 6.000 метри. Мексиканската ...

Група музичари од четири земји меѓу кои Финска, Германија, Мексико и Македонија, веќе неколку месеци ги забавуваат посетителите на градските пазари во неколку градови во Источна Македонија. Водач на групата е Влатко Ристов, изведувач на инструментот ,,ќемане” од Македонска Каменица, кој за време на нивната посета на градскиот пазар во Делчево, рече дека се работи за ентузијасти кои спонтано се собрале, а цел им е негување на етно музиката од ...

Денеска (19.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето. Имено, Г.В.(45) се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во с.Долно Српци, битолско, ...

Во текот на акција спроведена на повеќе локации во Северна Митровица приведени се 9 службени лица осомничени за кривично дело злоупотреба на службена положба и примање мито, известува Анадолу. Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека во потполна соработка и координација со Царината на Косово и релевантните механизми преземале активности на контрола на 11 локации, поддржани од Косовската полиција. Истрагата е извршена со цел собирање ...

СДС се користи со конструкции и лаги, за да дефокусира од својата неспособност и криминал, но и од егзотичната винска екскурзија на Ковачевски, платена со народни пари.СДС не може да се помири со фактот дека локалната самоуправа има три пати повисок рејтинг од централната власт и владата на Ковачевски. СДС не може да се помират со тоа што на локално ниво се гради, а централната власт нема изработено ништо.СДС не може да прифати дека после две ...

Вработени во Фондот за здравствено осигурување најавија доколку не се исполнат нивните барања кои се поврзани со ниските плати кои ги земаат, соопштија денеска од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). Ќе одржат предупредувачки протест во петок во кој ќе бидат вклучени и вработените од други државни институции кои исто така бараат повисоки плати. Од синдикатот тврдат дека службениците во Фондот ...

Во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот во близина на угостителски објект, се случила сообраќајката меѓу две патнички возила со тетовски таблички и тоа „фолксваген голф” управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и „опел астра” што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И. Во несреќата, возачот на „опелот” и сопатниците од „голфот” Б.А. (27) и 19-годишната А.А. од Желино се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на денешната дебата насловена „Важно е да нема опструкции за работа на општините“ во рамки на теренската акција „Важно е! Од тебе зависат промените“ вели дека се соочувале со опструкција од страна на централната власт за време на енергетската криза. Коњановски објасни дека во време на енергетската криза добивале енормно високи цени за улично осветлување односно за еден месец им стигнало сметка ...

Регионалниот ЦУК Битола информира дека кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер има починато лице (планинар). Според првите сознанија, се работи за повозрасно лице од Скопје (со иницијали А.С.). Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до ...

На самиот почеток од декември цела Македонија и регион под голема снежна покривка, во градовите од 20 до 80 сантиметри снег, на Скијачките центри над 100 сантиметри снег, забавата почнува од петок (24.11.2023). НАПОМЕНА: За да не настане недоразбирање меѓу граѓаните дека сме најавиле а не се остварило, промени во нумеричките модели и понатаму се можни – Состојбата будна ја следиме! -пишува во својата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски. ...

Верник сум. Бог не го гледам некаде горе во бесконечноста на небото или на земјата во црковните храмови. Туку во моето срце. Молитвата која на крајот од денот ја изустувам е „Господе, прости ми ако некого повредив, не беше намерно.“ Никој човек не е безгрешен. Опкружена сум со многу луѓе-верници, атеисти, фанатици. Ги слушам нивните искуства, размислувања. Го почитувам нивниот избор, без да го наметнам својот. Токму тие искуства на моите ...

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Свети Николе во период од 16:20 до 18:00 часот, со два пожарникара и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација покрај патот Свети Николе – Штип, конкретно под надвозникот кај село Ерџелија. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарникарие од ТППЕ Тетово во период од 14:55 до 15:30 часот, со седум пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на ...

Првиот снег во Романија предизвика проблеми на патиштата во земјата, јавуваат локалните медиуми. Во областа Брашов неколку камиони и еден автомобил се блокирани поради насобраниот снег и немањето синџири или зимски гуми. Слична беше ситуацијата и во Сучеава во северниот дел на Романија. Проблеми во сообраќајот имаше и во окрузите Бихор и Браила, каде силните ветрови урнаа дрвја на коловозите. Сите црноморски пристаништа во Романија се затворени ...

Раководителката на Вулканолошкиот оддел при Метеоролошката служба, Кристин Јонсдотир смета дека е можна вулканска ерупција во слдните денови. Геофизичарот Бенедикт Офеигсон изјави дека постојат јасни знаци за проширување на тунелот со магма под полуостровот Рејкјанес. Во петокот се регистрирани околу илјада земјотреси, а деформациите на земјиштето и отворањето пукнатини напредуваат, иако побавно. Градот Гриндавик е евакуиран пред една недела, ...

Ставањето на црната листа на САД на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, ги потврди сите наводи на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години за негова вмешаност во коруптивни скандали во Македонија и тесна соработка со власта на СДС и ДУИ. Тие му овозможија на Давидовиќ да гради безмалку град во Тетово прво преку купување на имотот на Шик Јелак, а потоа и прегу носење на скандалозен ДУП. Но, американските институции потврдија дека ...

Вчера (18.11.2023) полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесоа кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Е.Н.(20) и Н.Н.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ член 383 од Кривичниот законик, по што лицата се изведени пред судија на претходна постапка. ...

Тренерот на Карлос Алкараз, Хуан Карлос Фереро го призна она што стана сосема очигледно – дека Ѓоковиќ е над Надал и Федерер. Со бројките што ги има Ѓоковиќ нема дебата. Можете повеќе да ги сакате Рафа или Роџер, нивниот стил и слично, но бројките велат дека Новак е најдобар во историјата“, изјави Фереро за шпанска „Марка“. Шпанецот продолжи да го фали српскиот ас. Не сум изненаден од неговата сезона, тој живее за тенисот и игра на највисоко ...

Инфекции на средно уво, сепса, менингитис – кога овие болести се предизвикани од бактерии, децата се лекуваат со антибиотици. Но, помалку од 50 проценти од антибиотиците се ефикасни во лечење на тие инфекции, се наведува во студијата од Универзитот во Сиднеј. Бактериите се станати отпорни и веќе не реагираат на антибиотик. Недостигаат нови и ефикасни средства. Ова може да биде посебно опасно за доенчиња и деца, зашто нивниот имунолошки систем ...

Ковачевски и неговата владина екипа 5 дена јадат, пијат и лумпуваат во Белград, додека во Македонија народот гладува и тоне во сиромаштија. Гледаме пее по кафеани и отвора шишиња вино, па нека се охрабри додека е “под гас“ да го праша претседателот на Србија, Вучиќ како успева да ја одржи инфлацијата пониска од нашата, како успева да го одржи растот на БДП повисок од нашиот, како успева да изгради автопати, како привлекува странски инвестиции и ...

На германските работодавачи им се потребни стотици илјади работници и стручен персонал во ИТ сектор, негуватели, занаетчии, техника, логистика и многу други бранши. „Законот за натамошен развој на доселувањето на стручна работна сила” донесен летоска треба да ги намали пречките за доселување од т.н. трети земји во Германија, односно од земји кои не се членки на ЕУ. Новите правила стапуваат на сила во три фази за да може властите навремено да се ...

-Во каква лажна држава живееме со лажни ликови што ги водат клучните ресори во државата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. -Погледнете го Бујар Османи, поштенска марка издал за претседавањето со ОБСЕ (двојазична, односно тројазична), со логото “За луѓето се работи”. Ако се работи за луѓето, нека каже Бујар Османи што тој како претседавач на ОБСЕ направи за луѓето – Македонци во Бугарија? Сите ќе речат дека не направил ништо, но не е ...

Ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат во однос на изборите и можно е наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период, изјави претседателот Стево Пендаровски. Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период – изјави ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1017
weather icon

Белград

34ᴼ / 32ᴼ
4.63
29%
1017
weather icon

Загреб

35ᴼ / 32ᴼ
2.57
29%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
27%
1019
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.61
20%
1018
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
46%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.72
46%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
38%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
24%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
27%
1019
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
2.06
30%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
15.43
100%
1013
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052