
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Анкетната комисија не бара кривична туку политичка одговорност и дека при сведочењето пред комисијата двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, додека пак екс министерот ...
На 20.10.2023 во 12.40 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д. (19) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ по член 236 ст.1 вв. 3 од Кривичниот законик. На 20.10.2023 околу 11.55 часот тој од бутик во Велес одзел производи, но бил забележан од вработената која успеала да го врати одземеното, а набрзо бил пронајден од полициски службеници и приведен во ...
Астрономите снимија мистериозни радиобранови на кои им беа потребни осум милијарди години да стигнат до Земјата, јавува Анадолу. Според истражувањето објавено во списанието „Science“, еден од радиобрановите наречен „Fast Radio Bursts“ (FRBs) стигнал до Земјата по неговото патување од осум милијарди години. Истражувачите објавија дека брановата должина, „FRB 20220610A“, траела помалку од милисекунда. „Си-ен-ен“ објави дека Стјуарт Рајдер, еден од ...
Обвинителството предложи до судот да донесе одлука за застареност на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, на денешното рочиште за предметот „Змиско око”. Обвинетите најавија барања за отштета по сите ставки. Предметот се води од 2007 година, а најголем дел од обвинетите беа инкасатори на наплатните рампи, кои се товарат дека проневериле милиони евра. Тие се спасија од обвинението, со последните измени на Кривичниот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години. Патувајќи со воз на 24 јули, 63-годишниот обвинет во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило ...
Претседателот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска во САД ќе стапи во брак со својот партнер, како што самиот соопштил вчера за време на состанокот на политичкиот секретаријат на партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа дека во Грција не е легализиран бракот на истополови парови, Каселакис и неговиот партнер Тејлор Макбет ќе склучат цивилен брак во САД, каде што и живееја пред новиот лидер на СИРИЗА да ја ...
Државниот инспекторат во Хрватска најави повлекување од продажба на производот јетрена паштета. Причината за повлекувањето е поради неозначената соја во производот, објави Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ). Паштетата од пилешки џигер од 100 грама, која се повлекува од пазарот има ЛОТ: 12024908811. Производител на паштетата е Perutnina Ptuj d.d. од Птуј, Словенија. Со оглед на тоа што алергенот од соја не е означен на ...
„Анима Мунди“ ги повика институциите да реагираат, а до граѓаните упатија повик да не го чуваат пестицидот Ланате, откако едно лице почина, а две се борат за живот, откако изедоа домашна пита со праз. Причина за труењето е силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата. Истиот веќе подолг период е забранет во земјава, но сепак, широко е распространет и е најчеста причина за труење на кучиња, кои умираат во тешка агонија. ...
Република Северна Македонија во моментов нема лоцирано закани по безбедноста на државата и на граѓаните. Институциите, безбедносно – разузнавачките служби будно ги следат случувањата во Израел и Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата и соодветно се подготвуваат доколку е потребно да се реагира. Ова го порача денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска во Охрид каде што имаше средба со ...
„Делчевски ниви”, уште една распрсната лага на СДС, Ковачевски и нивните апологети, истрагата се прекинува од обвинителството на Ковачевски затоа што нема докази, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава: Со месеци за ова СДС, Ковачевски и неговите апологети лажно обвинуваа за вмешаност на претседателот Мицкоски. Сега кога има потврда дека нема вмешаност на Христијан Мицкоски, СДС и Ковачевски треба да се ...
Димитар Ковачевски води некоја чудна мачо игра која не ја разбирам навистина. Не знам кој е тој кој што го советува дека сега е моментот да биде мачо и да каже нема предвремени избори, јас кажувам дата. Во ред еве сѐ нека каже тој. Не сакаше лидерска средба, добро, сакаше работни групи, во ред еве прифаќаме работни групи. Сега ја одолговлекува целата оваа ситуација не знам од кои причини. Првиот момент кога од другата страна ќе добиеме сигнал ...
Полициски службеници добиле задача да се грижат за хигиената во службените простории по организациските единици за време на извршување на своите работни задачи, соопшти Синдикатот на македонската полиција. – Поради битка за тендер во Министерството за внатрешни работи, полициските службеници се принудуваат да чистат ѓубре, ВЦ шољи и секој ден да рибаат тоалети или речено од почетокот на месец октомври 2023 година за време на своите работни ...
Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“ ги спроведе предвидените едукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода. Едукативните посети беа наменети за ученици од шест основни училишта од Охрид- ОУ „Ванчо Николески” – с. Лескоец, ОУ „Св. Климент Охридски”- Охрид, ОУ „Братство Единство”- ...
Во интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 претседателот Стево Пендаровски прашан дали ќе ги покани на кафе кандидатите за претседател, одговори дека не може да ги покани. По нашите прописи во тие 20 дена јас сум кандидат, морам некои работи и како претседател да ги извршувам, но јас сум кандидат повеќе отколку претседател – рече Пендаровски. Со оваа изјава Пендаровски индиректно најави дека на следните претседателски избори ќе биде повторно кандидат ...
Почина 47 годишна жена која заедно со својот сопруг и со мајката на сопругот јаделе пита со праз. Причина за смртта е труење настанато од пестицидот „Ланате“. Од МВР за Скопје Инфо велат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот. – На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош ...
Додека фокусот на јавноста е болната инфлација и намалениот животен стандард, Владата тивко ама сигурно не носи во пропаст со силното темпо на задолжување како на меѓународен, така и на домашен пазар. Јавниот долг на крајот од јуни 2023 година (последен објавен податок) достигна 8,3 милијарди евра, додека само државниот долг дојде до нивото од 7,3 милијарди евра. Но, она што е сигурно, државниот долг забрзано расте и тоа на домашниот пазар на ...
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, денеска (19.10) во близина на с.Суводол, Македонски Брод го лишиле од слобода Т. Б.(53) од Штип, поради основи на сомнение дека извршил тешки кражби во црквата Св.Димитрија во с.Требино и црквата Св.Пречиста во с.Русјаци, Македонски Брод. За Т.Б. била распишана и централна потерница од КПУ-Затвор Струмица за доиздржување на затворска казна за извршени тешки кражби. Тој во целост ги признал кривичните ...
Во вечерашната емисија „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што во однос на изјавите на Никола Груевски за тоа дека многумина се „плашат“ од неговото враќање истакна дека таа тема е затворена за сега а се до сега што се кажа, излезе точно, но со измените на кривичниот законик и паѓањето на предметите на Мијалков и кривичните предмети Мијалков и „плукнал“ на правдата во лице. „Ние на таа ...
Во текот на вчерашниот ден (19.10.2023) во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Центар во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 61 возач, од кои шест за возење ...
Како одговор на неодамнешните непријателства на Хамас, Израел започна брзо распоредување на ласерскиот систем за воздушна одбрана „Iron beam“. Со оваа стратешка одлука, оперативните тестови ќе го видат распоредувањето на ласерот од 100 kV како активна компонента на арсеналот на израелските одбранбени сили. Рафаел, компанијата зад дизајнот и производството на Железната купола, го адаптираше ласерскиот систем за да се спротивстави на широк опсег ...
Ни доаѓаат невообичаено топли денови за овој период од годината, во следните денови очекуваме температури дури до летни 28 степени! Станува збор за силно јужно и југозападно воздушно струење и истото ќе ни донесе Сахарска прашина и песок, особено од утре и за викендот. Денес и во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). Пред нас се значително потопли денови, но повремено ќе ...
Полицијата поднесе писмено известување до ОЈО за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци, потврди попладнево за МИА портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска. – Ве известуваме дека во врска со случајот, Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кавадарци поднесе Писмено известување до Основно јавно обвинителство Кавадарци, се вели во писмениот одговор. Настанот со ...
Најпрвин правеа спектакли и естрадни атракции кога им упаѓаа на луѓето дома, кога со качулки на главите, со лисици на рацете ги изнесуваа ги носеа и потоа од сам старт без да ја почитуваат презумцијата на невиност ги обвинуваа дека се криминалци, дел заслужено, дел незаслужено. Од тие кои едно време беа шарени револуционери и кои што скандираа „Нема правда нема мир“, денеска од тие големи лавови и херои гледате дека не останаа ниту мали мачиња ...
Сакам да кажам вечерва нешто ексклузивно, едно специјализирано издание за енергетика во Грција се појави информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. И тоа на начин или преку зголемување на основачкиот капитал, или преку преземање на удели, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Николоски додаде дека со тоа Македонија ќе ја ...
Голем број возила останаа заглавени на патот поради снегот и снежната бура кај превојот Карабет на автопатот Ван-Бахчесарај. Екипите на 11. регионална управа за автопатишта на Туркије започнаа акција за расчистување на снегот, известува Анадолу. Снегот што веќе два дена паѓа во југоисточниот дел на Туркије и снежните наноси во планинските предели им предизвикаа тешки моменти на возачите. На превојот Курубаш, на надморска височина од 2.225 метри, ...
Првиот човек на Кривичниот суд, Иван Џолев не се согласува дека судот е виновен за застарувањето на предметите на СЈО. Вели дека требало да се внимава на тајмингот за законските измени. Околу 200 обвинети во 36 судски предмети, кои се гонат за злоупотреба на службената положба во Кривичниот суд во Скопје, се надеваат на слобода или поблаги казни по стапувањето на сила на законските измени на Кривичниот законик, објави dw.com. Статистиката ...
На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода А.И.(36) од с.Велешта. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во ...
Починала жената, една од тројцата затруени, за кои беше објавено вчера дека биле тројца членови од семејство биле примени на Токсикологија. За жал кобна била питата со праз која содржела Метомил пестицид но не е познато како се нашол во храната. Инаку 47 годишна жена сега почината, заедно со својот сопруг и баба јаделе домашна пита. Мажот и бабата се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е се уште во кома на КАРИЛ. Блиски роднини на ...
Денеска (19.10.2023) околу 02.30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Е.З.(26) од Кичево. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена ...
Постапката за случајот „Делчевски ниви“ е сопрена од Обвинителството поради сменет исказ на член на еден од одборите на ЕВН и немање доволно докази кои би го поткрепиле обвинението. За овој предмет, СДСМ обвинуваше дека членови на обезбедувањето на лидерот ВМРО-ДПМНЕ, како и функционери на партијата биле вмешани во нелегално финансирање на партијата со купување на земјиште во делчевско, што потоа се продава на „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од ...