На 09.05 во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра. ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“. Сите осомничени се турски државјани, од кои тројца имале пријавено ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во вечерашниот поткаст „Политиканти“ конечно призна дека има златна визa за Дубаи. Ја правда со тоа дека „не е поврзана со никаква форма на инвестиции“. Пред да се кандидирам за претседател на СДСМ и претходно за пратеник бев во преговори за работа со една болница во Дубаи и добро напредуваа преговорите. Меѓутоа откако станав претседател на партијата тие преговори останаа на стенд-бај, тоа е и причината зошто ...

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за ...

Родителите на децата кои ги загубија животите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбиваат поканата за средба со премиерот Христијан Мицкоски, закажана за 13 мај во Скопје. Како што наведуваат во писмено соопштение, причината за одбивањето е доцнењето на поканата од Кабинетот на премиерот. „Сметаме дека предлогот за средба во Кочани беше разумен и оправдан, особено со оглед на тоа што дел од родителите не се во можност да патуваат ...

„Џиро д’Италија 2025“, една од најпрестижните организации во велосипедските спортови, која се одржува 108. пат, оваа година започна во градот Драч, во Албанија, известува Анадолу. Сто и осумдесет велосипедисти ќе вртат педали 164 километри на стартот од трката „Џиро д’Италија 2025“. Првата етапа што се вози низ Албанија ќе започне од пристанишниот град Драч, а ќе заврши во главниот град Тирана. И втората и третата етапа од „Џиро д’Италија 2025“ ...

На денешното чествување на 80 годишнината од Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски имаше обраќање пред присутните. Почитувани присутни, другарки и другари борци, дами и господа, Ми претставува особена чест што имам можност токму од пред Партизанските гробишта, вечното почивалиште на македонските херои од Антифашистичката Народно Ослободителна Борба, да ви се ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. – поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманиво поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради постоење основи насомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје оствари работна средба со челните луѓе на Единицата за интервентна полиција, ОСПО односно САЕ Тигар и ЕБР како и со раководството на Секторот за внатрешни работи Штип и на СВР Скопје. На средбата директорот Јанев беше информиран за сите детали околу вчерашните и синоќешни заеднички активности на овие организациони единици при БЈБ ...

Ваков марш редовно се одржува во Русија од 2007 година, кога беше организиран првиот ваков настан во Тјумен, а по 2012 година во неколку руски градови и во други земји од поранешниот Советски Сојуз. Денот на победата над фашизмот ширум светот се слави на 9-ти мај за да го одбележи датумот во 1945 година кога нацистичка Германија капитулираше, завршувајќи ја Втората светска војна во Европа. Учесниците на Маршот на Бесмртниот полк се собраа во ...

Украинската безбедносна служба СБУ соопшти дека открила шпионска мрежа управувана од унгарската влада. Се вели дека соседната земја ја користела мрежата за собирање информации за украинската одбрана. Украинските власти приведоа двајца агенти кои беа контролирани од унгарската воена разузнавачка служба, пишува SBU. Според службата, шпионите работеле против интересите на Киев. Ова е првпат да биде откриена ваква унгарска шпионска мрежа. Според ...

Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина. Ќе се произнесам за вина, но сакам да изразам најдлабоко сочувство за тоа што го сторив. Не сум можел ниту да помислам нешто такво, рече обвинетиот. Да, судија виновен сум! – призна вина Јованов. Според обвинението, на 29 јануари годинава, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина ...

Бил Гејтс сака да потроши 200 милијарди долари (сега речиси 178 милијарди евра) во следните дваесет години за борба против смртноста на децата, заразните болести како детска парализа и маларија и за намалување на сиромаштијата ширум светот. Тоа е двојно повеќе од сумата што неговата добротворна организација, The Gates Foundation, ја потроши во изминатите 25 години. Ко-основачот на софтверската компанија Мајкрософт вели дека го забрзува својот ...

Германската полиција ја затвори таканаречената услуга за размена на крипто и заплени крипто монети во вредност од 34 милиони евра. Според полицијата, услугата, eXch, била користена од криминалци за перење пари. Услугата постои од 2014 година. Криминалците би можеле да ја користат за размена на различни криптовалути за други криптовалути, како што се биткоини за етериум. Ова е направено анонимно, тие не морале да го потврдуваат идентитетот и ...

Во рамки на вчерашните (08.05.2025) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 777 платни налози. Статистичките показатели од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на ...

Вработена во белгиските железници со фалсификувани фактури префрлила повеќе од еден милион евра на своја сметка. Жената сега е осудена и мора да го врати целиот износ. Измамата со народни пари излезе на виделина внатре во 2021 година, во месецот кога жената требаше да се пензионира. Таа тогаш издавала лажни фактури пет години и го забележала својот број на сметка за плаќање. Жената раководела со дел од сметководството во белгиските железници, ...

Денес (петок 9 мај) во текот на попладневните и вечерните часови, како и ноќта кон сабота (10 мај) од Медитеранот во нашата Македонија ќе навлезе нов влажен бран кој на повеќе места ќе услови врнежи од дожд, локално пообилни и поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе започне да дува северен ветер, повремено со поголем интензитет, а температурите ќе опаѓаат, и тоа поради продор на поладен воздух од север и од североисток. И во Скопскиот регион ...

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес потпишаа заедничка изјава за продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство меѓу двете земји, јавува Анадолу. Изјавата беше усвоена од двајцата претседатели по разговорите во потесен и поширок круг разговори одржани во руската престолнина Москва, каде што Си пристигна еден ден претходно на четиридневна посета за да учествува на годишната воена парада на Црвениот ...

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет вчера објави меморандум со кој му нареди на Министерството за одбрана да започне со процесот на отстранување на трансродовите војници од армијата, известува Анадолу. „Околу 1.000 припадници на воените сили што се самоидентификувале како лица со дијагностицирана родова дисфорија (нарушување на родовиот идентитет) ќе започнат со процес на доброволно заминување“, изјави Шон Парнел, портпарол на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, каде што соопшти една новина, а тоа е првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Со ова се забрануваат 53 портали коишто нелегално приредувале игри на среќа во ...

Дваесет и пет годишен странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект на Градскиот плоштад во Штип. Со неколку прострелни рани, тој бил донесен во Градската болница каде иако лекарите се обиделе да го реанимираат, сепак не успеале. Основното јавно обвинителство Штип информира дека добило информација од Министерството за внатрешни работи дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент во Штип е лишено од слобода. ...

Денеска се навршува деценија од терористичките напади во кумановската населба Диво насеље. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...

Бебиња во униформи, мали деца во тенкови од картон, основци во строј. Дури и пред огромнатавоена парадана Црвениот плоштад, во цела низа руски градови се слави 80-годишнината од победата над нацистичкаГерманијаи се чини дека нема граници ниту за имагинацијата на родителите, ниту за државниот кич. Па така во Кемерово во Сибир, новороденчињата во тамошната болница добиле воени капи и биле завиткани во маслинесто зелени ќебиња. „Придружете ни ...

Премиерот Христијан Мицкоски објави честитка по повод изборот за новиот папа – Неговата Светост Лав XIV. „Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и грижа за секој човек. Од името на ...

На 08.05.2025 во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија. На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и ...

Роберт Превост (69) од САД, новиот папа кој го избра името Лав 14, се појави на балконот на базиликата „Свети Петар“ и им се обрати на верниците и светот. Со постигнато двотретинско мнозинство, 133-те кардинални собрани во Систинската капела во Ватикан го избраа новиот папа, кој е наследник на папата Франциск. Бел чад се појави од оџакот над Систинската капела, со што е објавено на јавноста дека кардиналите избрале нов лидер на 1,4 милијарди ...

Американскиот кардинал Роберт Превост (69) е новиот папа на Католичката црква. Превост е важен кураторски кардинал кој живеел и работел во Перу поголемиот дел од својот живот. Тој го избрал името Лав XIV. Тоа е првиот американски папа. Превост има диплома по канонско право и е успешен администратор. За време на претходниот папа тој беше шеф на одделот што ги назначува епископите. Течно зборува англиски, шпански и италијански јазик. 133-те ...

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за ...

На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ). Според статистичките податоци и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 ...

Црн чад излезе од оџакот на од Систинската капела, што значи дека нов папа не е избран ниту во вториот круг од гласањето на конклавата на кардиналите, јаво Еуроњуз Првото гласање се одржа синоќа, а кога ќе се избере новиот поглавар од оџакот на Систинската капела ќе се појави бел чад. Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во изборот учествуваат 133 кардинали. Претходните два конклава, во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1016
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1017
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
95%
1016
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.09
89%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
83%
1016
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
0.83
92%
1018
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929