
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



На 26/27.10.2023, во периодот од 20.00 до 02.30 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица и од НЕКМТСЛ, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишиле од слобода 7 мигранти од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „криумчарење на мигранти, согласно член 418-б од Кривичниот законик. Имено, на 26.10.2023 околу 17.00 часот било ...
„Не ми беше за парите што му ги давав кога ми даваше биолошка терапија за ракот на белите дробови, туку ми беше за тоа што забележав дека не ми се даваше терапија. Во шишето, односно во инфузијата, немаше повеќе пена којашто вообичаено би требало да ја има кога ќе ја примиш биолошката терапија, туку беше чиста течност без пена внатре. Наредниот ден немав веќе болки или нус ефекти коишто вообичаено ми се појавуваа од биолошката терапија. Му ги ...
Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија, беше едно од прашањата кои се покренаа на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, објави slobodnaevropa.mk. Обвинувањата за вакви појави од собраниската говорница ги изнесе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека министерката за одбрана Славјанка Петровска не споделувајќи детали рече дека сè што имала за кој било случај, го дала и кажала пред ...
Кога оваа власт даде тендер за надзор над изградба на автопатишта на фирма за долна облека мислевме дека тоа е крај на небулозите, но за жал сме биле во заблуда, СДС и ДУИ можат уште подолу – Фирма за канцелариски материјал ќе набавува средства за одмастувавње на котлите за согорување на јаглен во РЕК Битола, истакна на денешната прес конференција портпароолот на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева. Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во ...
Системот на Европската унија за брзи информации за безбедноста на храната (РАСФФ) соопшти дека во октомври две пратки од Србија биле запрени на границата со Хрватска и Словенија, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е наведено на сајтот на РАСФФ, на 18 октомври на границата со Словенија е запрена пратка замрзнати капини од Србија, поради недозволено количество на фунгицидот ипродион. Во пратката на капини регистрирани се 0,023 mg/kg ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ја повика опозициската ВМРО- ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група во Министерството за правда, каде меѓу другото ќе се разговара и за датумот за одржување на изборите идната година. Се друго би било вонинституционално договарање, вели Ковачевски кој и порача на опозицијата дека датуми за избори не се договараат на аеродроми, како што тоа било случај порано, објави dw.com. ...
На 26.10.2023 во 19.05 часот во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е Л.З.(41) од истото село. Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука. Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква документација ...
Утрово околу 9 часот и 30 минути е најдено починато лице во непосредна близина на градскиот трговски центар во Тетово. Веднаш потоа полицијата го обезбеди местото и започна увид заедно со претставниците на Обвинителството. Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на настанот, информираа од ...
Очекувано, наместо итна акција на ЈО и институциите за скандалот Лотарија, тие си ја префрлаат топката меѓу себе, оставајќи простор за забошотување, влијанија и сокривање на криминалот и корупцијата. Да потсетам накусо, Перпарим Бајрами, директорот на Лотарија, за 2.6 милиони евра изнајмува простор од фирма каде удел има и Шабан Азмовски Хамза, член на УО на Лотарија, а двајцата се дојдени од министерството на Артан Груби! Чист случај на ...
Во моментов се случува хаос во образованието. Родителите кажуваат дека мора да копираат книги, а образованието е бесплатно по закон, значи државата го крши законот. Наставниците се принудени да подготвуваат материјали кои треба веќе да им се подготвени и направени и би предупредила дека ако изборите бидат во мај, тоа значи дека уште сега треба да ги подготвуваат учебниците за да има готови учебници за на 1 септември следната година, изјави ...
Репортажа на РАИ 3 за историските и културните знаменитости на Мала Преспа, македонското малцинство, Преспанското Езеро и Националниот парк Преспа. Репортажата ја направи познатиот италјански новинар Стефано Марчели, како дел од емисијата „Медитиранео“. Ова репортажа освен на Раи 3 беше прикажана на десетина ТВ канали во Европа како Франс 3, Франс Интернационал, ТВ 5 Монде во Франција, ТСИ во Швајцарија, ЕРТ во Грција, РТВ Сло во Словенија, ЈрТВ ...
Mинистерството за транспорт и врски набави нов систем за видео надзор и читање на регистарските таблици на граничните премини, што во следниот период ќе се инсталира на сите гранични премини во земјата. Министерот Благој Бочварски денеска го потпиша Договорот за имплементација на нов централизиран видео систем, со вредност од 928.500 евра, систем кој што ќе биде имплементиран во рок од една година. Имплементацијата на овој информатички систем е ...
Имав чест да бидам дел од 7миот Македонски психијатриски конгрес. Секогаш ми причинува искрено задоволство кога присуствувам на собири од лекарската професија. Вашата работа драги колеги, е од фундаментално значење за медицинската наука, во совладувањето на еден од најтешките проблеми со кои се соочува човештвото, за подобро здеавје на поединецот и пошироката заедница. Ви благодарам што го избравте Охрид за место на одржување овој конгрес и Ви ...
Во изминатиот период беше актуелен извештај на Светската банка кој со жежок шамар ги симна розевите наочари на власта. Сиромаштијата и пропаста на економијата толку го зема данокот што 600 илјади граѓани живеат на маргини на опстанок, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Стојаноски посочи дека откако Димитар Ковачевски е премиер цената на храната е повисока за 44 ...
Анкетната комисија што ја формираше Собранието за утврдување одговорност за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска ќе продолжи со работа со сослушување сведоци и експерти, како и разгледување акти и документи, објави република . Претседателката на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Рашела Мизрахи минатата недела изјави оти очекува до 3 ноември да заврши сослушувањето ...
Денеска (26.10.2023) во 15.20 часот на Граничен премин Богородица, на влез во Република Северна Македонија се пријавил К.Г.П. (36) од Полска, кој при контролата приложил фалсификувана полска лична карта. Направени се дополнителни проверки преку Секторот за меѓународна полициска соработка, при што е утврдено дека лицето е предмет на меѓународна потрага од страна на Интерпол Варшава. Известен е јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чии насоки ќе ...
Авион на Визер од Белград за Базел бил пренасочен и слетал на аеродромот во Фридрихсхавен, во германската покраина Баден-Виртемберг, јави Н1. На сајтот на белградскиот аеродром, пишува дека авионот Ербас 327 за Базел тргнал во 12.47 часот, додека на сајтот на аеродромот во Базел пишува дека авионот е „пренасочен“. Во текот на летот патниците добиле информација од пилотот дека во Базел добиле дојава за поставената бомба . Патниците од Белград кои ...
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ бараше субвенции од Град Скопје за до крајот на годината во висина од 110 милиони денари, без кои претпријатието ќе биде доведено во состојба да не може да ги пружа услугите и да исплати плати. Советниците не им ги одобрија, објави Република. Ваквата состојба е поради долгот од Владата, односно, доцнењето на веќе одобрените 360 милиони денари, штио со ребаланс на Буџетот се определени да се слеат во ...
На денешната седница за пратенички прашања во собранието на Македонија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки постави две прашања до премиерот Ковачевски, дали е запознаен дека во институцијата со највисока доверба кај граѓаните има највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска за не превземање а со тоа и стимулирање на вакви и слични појави во иднина? И ...
Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите со својата вакцина против рак CARVac. Првите резултати од истражувањето покажуваат дека туморите може да се запрат во растот, а понекогаш дури и да се намалат. Првите успеси се случија по две од четири дози на вакцинацијата. На повеќето учесници во студијата (59 проценти) туморите им се намалиле за најмалку 30 проценти. Покрај тоа, туморот престанал да расте кај речиси ...
Ценев дека околу ова прашање треба да се произнесам и да го кажам моето мислење и мојот став бидејќи некако провејува за жал во јавноста дека Советот е тој што ја кочи работата на Јавното сообраќајно претпријатие. Јас имам сосема поинаков впечаток за тоа и затоа сметав дека треба денеска и да се произнесам на повторното враќање на барањето да се одобрат субвенции од страна на Советот на Град Скопје во висина од 110 милиони денари за потребите на ...
Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на било која седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, на денешната седница за советнички прашања, на која повторно не е присутна градоначалничката, Данела Арсовска. Андоновска посочи дека има ...
Општина Охрид беше посочена како позитивен пример за имплементација на младински политики на локално ниво, на Регионалната конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво „Младински соседски дијалози: Сега за иднината!“, која започна денеска во Скопје. На конференцијата свое учество зедоа претставници од Младинскиот центар и Советот на млади од Охрид, a во името на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, обраќање ...
Од 2019 година скандалот на Онкологија добива драматични пропорции. Реагираат пациенти, реагираат медиуми, реагира опозиција, само институциите на власта молчеле и се правеле како да не постои таков проблем. Министерот за здравство согласно законите е должен да знае за се што се случува и тоа дали преку свој тим или не, меѓутоа тој како лик е должен да знае што се случува во здравствениот систем во државата. Преку него, одговорност за ...
По успешно реализираниот проект во минатогодишниот циклус, Општина Охрид и оваа година е дел од ЦИППС програмата за Ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска. Веќе е формиран работен тим од стручни лица, координиран од обучен тренер на Општина Охрид. Во реализацијата на проектот планирано е да се вклучат и претставници на Национален парк „Галичица“. За таа цел денеска во просториите ...
Претседателот на Собранието денеска лицитираше со неколку датуми за распишување на претседателските избори. Интересно е што тој говореше само за термини за изборите на шеф на државата но не и за парламентарните избори. Тој беше јасен дека инаугурацијата на Претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година а Изборите се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат. 60-те последни дена се во рамки на датумите 14 март и 12 мај ...
Повеќе лица се убиени во масовен напад со огнено оружје во американската сојузна држава Мејн. Медиумите јавуваат и за голем број повредени. Полицијата сѐ уште не дава конкретен број на жртвите, ситуацијата и натаму нејасна, а податоците за бројот на загинати и повредени во моментов варираат во известувањата на медиумите. Телевизијата Си-Ен-Ен и Волстрит журнал пријавија 16 смртни случаи, а Ен-Би-Си најмалку 22. Членот на градскиот совет на ...
Постапувајќи по барање за меѓународна правна помош, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи презедоа повеќе комплексни истражни дејствија по барање на белгиските истражни органи, вклучувајќи и два претреси во Скопје со цел обезбедување докази за убиство од користољубие извршено во Белгија. Белгиското обвинителство води постапка за убиство извршено во Остендe, Белгија, откако на 21 март било пронајдено безживотно ...
Секое трето девојче на 15 години во Македонија изјавува дека е осамено, а секое второ девојче на истата возраст во изминатите 12 месеци се чувствувало толку тажно и безнадежно, речиси секој ден, во текот на две или повеќе недели, што прекинало да ги прави вообичаените активности. Ова се резултати од истражувањето спроведено во 2022 година во рамки на меѓународната лонгитудинална ХБСЦ студија Однесувања поврзани со здравјето кај деца на училишна ...
Спречен обид за шверц на поголема количина рачен и индустриски алат, како и мобилна галантерија во вкупна вредност од 355 илјади денари што двајца македонски државјани се обиделе нелегално да ги внесат во државата преку граничниот премин Блаце. Поради сомнеж возилата се селектирани за детален преглед. Притоа, во едното возило во багажниот простор е откриен рачен и индустриски алат со вкупна вредност од 83.841 денар, којшто лицето не го пријавило ...