Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е подготвена да ја даде потребната поддршка во секоја фаза од преговорите меѓу Украина и Русија. „Волјата на Русија и Украина за продолжување на директните преговори е исклучително важна и Турција е подготвена да ја даде потребната поддршка во секоја фаза од процесот“, рече Ердоган за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе ...

Под влијание на плитка долина со поладен воздух во висина, денес (13 мај вторник) во нашата Република Македонија ќе дојде до ново дестабилизирање на атмосферата и појава на врнежи од дожд на повеќе места и тие ќе бидат проследени со грмежи , како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално атмосферските процеси можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и ...

Прекин во снабдувањето со струја предизвика застои и прекини на некои линии на лондонското метро денеска. Вработените на станицата Ковент Гарден ги информираат патниците дека целото лондонско метро е во застој поради прекин на електрична енергија. Патниците биле евакуирани од неколку станици, меѓу која и Тотенхем Корт Роуд. Портпаролот на ТФЛ (Транспорт за Лондон), изјави дека четирите линии Бејкерлу, Нортерн, Џубили и Елизабет биле во краток ...

Бугарските студенти рецитираат на руски јазик. Руска институција дистрибуира снимки од нив. Објавите во медиумите и социјалните мрежи зборуваат за руска пропаганда во училиште. Бугарски министер и директор на училиште не гледаат никаков проблем. Но, зад многу од дејствијата опишани како пропаганда, всушност стои руската држава. Ученичка од Јамбол стои пред камерата, веројатно во својот дом. Таа носи бел дуксер. Таа почнува да чита. На руски. И ...

Соединетите Држави и Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по преговорите одржани минатиот викенд. Зборувајќи во Женева, американскиот секретар за финансии Скот Бесент рече дека „двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115 проценти“ откако се согласија на 90-дневна пауза. Кинеското Министерство за трговија ја потврдува суспензијата на „сите царински контрамерки“ преземени против ...

По состанок што траеше околу два часа, Алијансата за Албанците официјално донесе одлука да ја напушти Владата и да премине во опозиција. Одлуката беше соопштена од лидерот на партијата, Арбен Таравари, кој посочи дека причините за ваквиот чекор се незадоволствата. Меѓу конкретните причини, Таравари ги наведе проблемите со спроведувањето на балансерот, како и нерешените прашања околу Законот за употреба на јазиците. Тој истакна дека партијата ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. М.А. – вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.08.2017 примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј.(50) од Косово, по што во ...

Лидерот на ДУИ продолжува со провокативните изјави сакајќи да докаже дека Албанците се староседелци во Македонија и на Балканот. Ние сме придонесувачи на културата на Балканот, на Европа и во светот. Да го земеме примерот на древниот Константин Велики кој е наш, наше потекло и крв , потоа Јустинијан Први, Јован Дебарски основач на Охридската Архиепископија. Не можеме да негираме дека сме придонеле за европската култура, рече Ахмети. ...

Министерството за здравство е многу загрижено за вејпирањето кај младите. Со цел да се подигне свеста кај родителите за опасностите од вејпирањето, владата денес ја започнува владината кампања „Не за вејпирањето“. Со кампањата, државниот секретар Кареманс за превенција ги повикува родителите да разговараат со своите деца за последиците од вејпирањето на рана возраст. Motivaction спроведе истражување меѓу млади луѓе и родители во име на ...

Полската влада одлучи да го принуди рускиот конзулат во Краков да се затвори, како казна за пожарот во голем трговски центар во Варшава минатата година. Министерот за надворешни работи Сикорски го објави ова преку социјалните медиуми, точно една година по пожарот. Сикорски зборува за „одвратен чин на саботажа од страна на руските безбедносни служби“ што целосно го уништи најголемиот трговски центар во главниот град минатата година. Буџетскиот ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 % во однос на одлуката од 05.05.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,847%, кај дизелот ...

На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта. Известен бил јавен ...

На 11.05.2025 во 14.55 часот на магистрален пат Тетово –Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар при радарска контрола констатирале дека К.Р.(32) од Косово управувал патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 км/час. Во 15.00 часот С.С.(55) од с.Преглаво, ...

Во рамки на вчерашните (11.05.2025) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 968 платни налози. Од нив, поради непочитување на пропишаната брзина на движење беа изречени 636 платни налози, а за неправилно паркирање 57. Санкционирани се и 29 прекршоци заради ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го откри најтешкиот ден во неговиот живот – трагичниот 16 март, кога во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 62 млади луѓе. Говорејќи на Самитот „Македонија 2025“, Мицкоски се наврати на таа мрачна ноќ, која, како што рече, засекогаш ќе ја памети. – Беше околу 3:30 наутро кога некој затропа на вратата од мојот дом. Пред мене стоеше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Панче ...

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Според локалните власти, доколку сопствениците самите не ги отстранат пловните објекти поставени на јавните површини, предвидени за рекреација на туристите, тоа ќе го сторат ...

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата. Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од општините Струга и Вевчани, месните заедници и невладиниот сектор, а ...

Во промената на политиката што ги вознемири функционерите во Израел, Соединетите Држави под водство на претседателот Доналд Трамп повеќе не ги условуваат цивилните нуклеарни амбиции на Саудиска Арабија со нормализацијата на одосите со Израел. Овој потег, првпат објавен пред посетата на Трамп на Ријад на 13 мај, означува остро отстапување од пристапот на администрацијата на Бајден, која ја поврза нуклеарната соработка и безбедносните гаранции со ...

На 11.05.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода К.В.(31) Тетово. При сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Тетово било сопрено патничко возило „фоксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.16 промили алкохол во крвта. Тој бил ...

На 11.05.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода К.В.(31) Тетово. При сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Тетово било сопрено патничко возило „фоксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.16 промили алкохол во крвта. Тој бил ...

Хамас соопшти дека ќе го ослободи последниот жив американски заложник како дел од напорите за постигнување на договор за прекин на огнот, отворање на граничните премини и дистрибуција на хуманитарна помош. Хамас е прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија. Но, Хамас не прецизира кога ќе биде ослободен Идн Александар, кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 година. Тој е американски државјанин со израелско ...

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков го прогласи за отворен Меѓународниот турнир во Олимписко теквондо „Охрид опен 2025“ што денес се одржува во градов. Во своето обраќање во Спортската сала „Билјанини извори“, градоначалникот Пецаков истакна – Чест ми е што присуствувам на отворањето на годинешниот Меѓународен турнир во Олимписко Теквондо „Охрид опен 2025“ што добива традиционален карактер и зазема се поголемо место на охридската спортска ...

Војната во Украина влегува во четврта година, а помислата дека Русија повторно би можела да пумпа гас во Европа преку Германија воопшто не е толку чудна колку што можеби беше до пред само неколку месеци. Среде вестите дека рускиот претседател Владимир Путин во разговорите со САД понудил да ја сопре инвазијата до актуелната линија на фронтот, продолжуваат и шпекулациите за можната реинтеграција на Русија во енергетскиот микс во Европа. Минатиот ...

Дипломатски трилер за прекин на непријателствата на украинскиот фронт. „Покер“ за силни играчи со скриени асови и… блефови. Владимир Путин и Володимир Зеленски „играат“ на своите карти и се подготвуваат за историска тет-а-тет средба во Турција. Владимир Путин одговори на „ултиматумот“ на Западот со повик за „директни разговори“ со Киев, на кои им претходеше барање за „целосен и безусловно“ примирје, кое ќе трае 30 дена, почнувајќи од ...

Светската банка предвидува забавување на македонската економија годинава, со проектиран раст на БДП од 2,6 отсто – понизок дури и од ланските 2,8%. Според нивната анализа, економијата нема повторно да го достигне минатогодишното ниво на раст пред 2027 година. Од друга страна, Владата останува оптимист и очекува економијата годинава да се врати на предпандемиските стапки на раст, предвидувајќи пораст на БДП од 3,7%. Владините проекции ...

Под влијание на плиток циклонски систем со центар над североисточна Европа, денес (понеделник 12 мај) од пладневните часови па натаму во Македонија повторно ќе дојде до дестабилизирање на Атмосферата и развој на грмотевични облаци на повеќе места. Овие грмотевични облаци ќе условат локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со побилен пороен ...

Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 работни места, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба. Во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали земјава работи на изнаоѓање странски инвестиции, ...

Во штипската модуларна болница е регистриран нов вандализам од страна на непознати сторители. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека непознати сторители ја саботирале електрична инсталација со цел да предизвикаат пожар во објектот. -Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови ...

СДСМ не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови.Нов скандал на повидок од страна на член на СДС, кој пред 2 дена бил фатен со дрога.На 09.05.2025г, од информации добиени од свиркач, бил уапсен Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДС, кој бил фатен со 12 пакувања кокаин и кеш, објави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ Ова е веќе сериозен проблем во редовите на СДС. По Јон Фрчковски, Андон Стојков, сега повторно член на СДС, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти. Тој најави дека следната недела се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Тараври, на која ќе биде сумирано се што е направено. -Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1017
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.44
93%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
87%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
82%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
97%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
0.89
91%
1018
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929