
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



„Немам книшка” и „Уметникот мора да е здрав” се стиховите од песната што победи на Песна за Евровизија 22 и ќе ја претставува Србија на Евровизија во Италија. Пејачката Ана Ѓуриќ Констракта, која ја изведува оваа песна, изјави дека овие стихови се автобиографски и дека навистина нема здравствено осигурување, што го привлече вниманието на јавноста да се запраша колку луѓе на Балканот немаат здравствена книшка. Естрадниот ...
Пејачката Александра Јанева ја промовираше својата нова песна „Глумиме“, за која вели дека ја напишала во еден здив. Имено таа била испровоцирана од обожавател, кој на социјалните мрежи се дрзнал и напишал навредлива порака. Пејачката сега заедно со композиторот Лазар Цветкоски создадоа музичко дело инспирирано од овој неубав настан. Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и ...
ФИФА ја претстави официјалната химна на овогодинешното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржува во Катар од 21 ноеврми до 18-ти декември оваа година. Песната се вика „Hayya, hayya“ а ја изведуваат американската пејачка Трининад Кардона и катарската сензација Ајша. Оваа песна симболизира како музиката и фудбалот можат да го обединат светот. Потпирајќи се на R&B и реге влијанието, песната ја отсликува возбудата околу ...
Претставничката на Србија на овогодинешната Евровизија и моментално една од најактуелните изведувачи во регионот, Констракта, започнува соработка со локалниот ентитет на светската дискографска куќа Virgin Music Label & Artist Services. Во оваа прилика Virgin ќе започне партнерство со Gruvland! Label, која стои зад Констракта, но и бендот „Земља грува“ со кои ќе соработува и на полето на дигитална музичка дистрибуција. Отсега, ...
Со завршувањето на двогодишното затишје во музичката индустрија и со доаѓањето на пролетта, конечно на виделина излегуваат песните кои Давид со својот тим ги ствараше за време на lockdown-от. Овој пат по низ на неколку енергични песни Давид ни носи балада која не е само љубовна песна, туку песна со порака. Да се пренесе на публиката искрена емоција преко љубовна песна не е нималку лесно но за него тоа беше само дополнителен предизвик. Како што ...
Хрватска музичка ѕвезда Северина и бугарската фолк ѕвезда Азис го објавија нивниот дует „Фалиш ми“. Северина и Азис никогаш не се запознале, а поради пандемијата го снимале спотот поединечно со разлика од еден месец, велат од ПР тимот на Северина. Кога Филип ми го предложи Азис, знаев дека тоа ќе биде мал чекор за него, но голем за оваа песна, што тој го докажа со неговата изведба, која е маестрална. Знам дека долго чекавте нова ...
Откако кон крајот на минатата година зачекори во пејачките води со синглот „Vodi me“, познатата хрватска актерка Луција Шербеџија го претставува новиот сингл „Vrijeme za istine“. Луција го потпишува текстот на оваа интригантна песна што им ја посвети на своите деца. Зборовите за песнатаги напишав првенствено од позиција на родител, прашувајќи се колку пати одложуваме да им признаеме на децата уште кога се мали и да ...
Пејачот Огнен Здравковски ја објави својата нова песна на српски јазик, насловена „Душа“. За новото музичко остварување на Огнен се заслужни Саша Николиќ, чие дело се музиката и аранжманот, текстот е на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која српскиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Песна за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ. Како режисер ...
Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ почина пред три години, но публиката не го заборава, како и неговиот роден град Шабац, кој ќе му подигне споменик на овој уметник, кој ќе биде откриен на 6-ти септември на неговиот роденден. Оваа информација ја откри градоначалникот на Шабац, д-р Александар Пајиќ на прес конференцијата организирана во Градското собрание, на која присуствуваа Гордана, Илда и Санела Шаулиќ, кумот на Шабан, бизнисменот ...
Mike Stern Miles Davis Fernando Saunders Clivia Tanisi Искрено се надевам дека ке уживате во ова парче музика кое го објавува најреномираниот светски Drum Talk TV Американски медиум кој ја негува бубњарската култура. Посебна благодарност до еден од најдобрите светски тапанари на сите времиња, легендарниот Dave Weckl (за пријателската подршката и за снимање на вокалите и видеото на Кливиа), Мајк Стерн, Фернандо Саундерс, Кливиа таниси, ...
Македонската пејачка Тамара Тодевска важи за еден од најдобрите вокали на нашата музичка сцена, таа по подолг период имаше настап пред скопската публика. Тамара изведе голем дел од својот добро познат музички репертоар и нешто што секогаш е ново изненадување за публиката. Таа во изјава за естрадниот магазин „Бекстејџ“ открива детали за новата песна „Замижи“ но и откри дека работи на песна на српски јазик. Оваа песна е ...
Фил Колинс се прости од фановите на „Genesis“ заедно со колегите од бендот Мајк Радерфорд (71) и Тони Бенкс (72) во саботата во Лондон, каде легендарниот бенд го одржа својот последен концерт, како дел од турнејата „The Last Domino?“. Емотивно беше во салата „О2“ во Лондон, а во центарот на вниманието беше Фил Колинс (71) кој поради здравствени проблеми мораше да седне на стол и да пее. Бил добро расположен, а ...
Филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ триумфираше на годинешните Оскари, со три номинации и освоени Оскари во сите три категории. Академијата за филмски уметности и науки годинава повторно ги заостри протоколите за Ковид-19 за оние кои беа присутни на церемонијата на Оскарите во 2022 година во Долби театарот. Оние кои тестирале позитивно за Ковид-19 во првите пет дена од датумот на нивниот прв позитивен тест, не им беше дозволено ...
„Спотифај“ откри дека минатата година платил 7 милијарди долари на носителите на права на музичката индустрија, што претставува речиси 25% од вкупните приходи на индустријата. Веста се појави на веб-страницата Loud And Clear, која компанијата ја отвори минатата година со цел да ја зголеми транспарентноста околу своите плаќања. Стриминг-гигантот тврди дека 52,600 уметници заработиле повеќе од 10,000 долари од „Спотифај“ во ...
„Спотифај“ откри дека минатата година платил 7 милијарди долари на носителите на права на музичката индустрија, што претставува речиси 25% од вкупните приходи на индустријата. Веста се појави на веб-страницата Loud And Clear, која компанијата ја отвори минатата година со цел да ја зголеми транспарентноста околу своите плаќања. Стриминг-гигантот тврди дека 52,600 уметници заработиле повеќе од 10,000 долари од „Спотифај“ во ...
Поранешната лото-девојка Сузана Манчиќ неодамна првпат проговори за трагедиите што ги преживеала. Таа трипати имала спонтан абортус. „Првото бебе го загубив во третиот месец од бременоста. Тогаш се утврди дека имам двојна матка. Кога втор пат останав бремена, во вториот месец имав компликации и лекарот изврши киретажа,“ изјавила Сузана за српскиот магазин „Хелоу“. Третата вечер по интервенцијата, таа се разбудила во крв. ...
Музичкиот ветеран Пол Макартни, раперот Кендрик Ламар и американската глумица и кантавторка Оливија Родриго се само дел од настапувачите на музичкиот фестивал „Гластонбери“ во јуни. Настанот повторно се одржува по тригодишна пауза поради пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите. Мекартни и Ламар се последни во низата најавени ѕвезди кои ќе настапат на главната бина „Пирамида“ како дел од фестивалот, којшто ќе ...
После 30 години, легендарните – „Банкрот блуз бенд“ ( Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе) се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески. Бендот направи обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блуз стил. Новиот аранжман го потпишува Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски од „Тра-ла-ла студио“. Да ја прославиме 100 ...
Најголемиот музички културен спектакл Златна бубамара на популарноста се враќа во живо на големата сцена во арената „Борис Трајковски“. На големо задоволство на љубителите на добра музика, искрено смеење и незаборавна емоција Јубилејната 25-та Златна бубамара ќе се одржи на 12-ти мај. Традиционално и оваа година на сцената ќе се појават најголемите музички имиња од Македонија и регионот, наградите и сценариото како и секогаш се ...
Петар Младеновски на јавноста познат како Пеце од „Суперхикс“, сними песна која ја посвети неговиот покоен брат, ликовниот уметник Димитар Младеновски но и за сите они кои повеќе не се помеѓу нас. Тој заедно со квартетот „Вива стрингс“ сними емотивна балада под насловот „За сите кои ги нема“. Димитар почина во 2007 година по долга борба со канцерот. песната е инспирирана од лични чувства, минатите 15 години по ...
По проектот „Македонисимо“ и албумот со филхармонискиот оркестар „Јаначек“ од Острава, британската издавачка куќа „Лин рекордс“ денеска го објави првиот самостоен албум на Симон Трпчески. Насловен „Варијации“, македонскиот пијанист од светски глас на него изведува дела од Бетовен, Моцарт и Брамс. „Убаво е кога убави нешта се случуваат и во вакви предизвикувачки времиња. Овој албум е снимен во ...
Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска откри кој ќе ја придружува на евровизиската сцена во Торино. Имено, младите вокалистки Ана Петановска и Рената Кралевска ќе бидат придружни вокали на Андреа во Торино. Ана Петановска е матурантка во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Професионално со музика се занимава 5 години, а од својата најрана возраст активно е музички ангажирана преку учество во бројни музички натпревари. ...
Потврдено е дека Бијонсе, Били Ајлиш и Реба Мекентајр ќе ги изведат нивните номинирани песни за време на церемонијата на доделување на наградите Оскар. Официјални лица на Академијата објавија дека Бијонсе во недела ќе излезе на сцената во театарот Долби во Лос Анџелес за да ја изведе нумерата „Be Alive“ од филмот „King Richard“, за што е номинирана за најдобра оригинална песна. Четири од петте номинирани оригинални песни ...
Битолската група „Code 369“ го промовираа видеото за песната „Butterflies“. Како што им ветија на своите фанови, многу музички изненадувања им подготвуваат овој период. Изминатиов период деновите ги поминуваа во студио, снимајќи го новиот материјал. Видео записот е снимен на сцената во Центарот за култура Битола а автор на видеото е Дејан Трајчевски од Encore media продукција. „Пеперутки” е сага и инспирација ...
„Winning Every Game“ е новата песна на Наташа Миха која на 21-ви март е објавена со моќен видео запис. Зад аранжманот се потпишува Дамир Пух, текстот е на Наташа, а зад музиката се потпишуваат и двајцата. Продукцијата, миксот и мастерингот на песната се дело на Дамир, сработени во GreenRoom Sound студио во Скопје. Горда сум на целосната реализација и мило ми е што и овој пат имам одличен тим за соработка. – вели наташа. Видео ...
Аранжманот на оваа легендарна песна е визија на виртуозниот Никола Мицевски, кој во соработка со оригиналната Дани Димитровска, продолжуваат со возобновување на старите македонски песни, носејќи ги во нов, приемчив, уникатен звук. „Дејгиди, луди млади години“ ја слушаме изведена во живо преку видео записот кој е достапен на јутјуб каналот на Дани. „Etno&Jazz“ проектот е состав содржан од докажани уметници кои ...
Во една прилика изјави дека радоста од создавање музика и музичките соработки се нејзино погонско гориво, а во последната година тоа и во целост го потврди. Марија Мирковиќ која музичката кариера ја почна како дел од Фрајле, за кои ги напиша и некои од нивните најголеми хитови, во неполна година соло кариера ниже успех по успех. Сега на јавноста ѝ се претставува со новиот сингл насловен „Моја душа“ за кој ги напиша и текстот и ...
Никола Роквиќ, кој веќе е познат по бројните хумани дела, објави дека го продава својот Твитер профил за да направи уште еден несебичен гест. Го продавам својот Твитер профил а парите ќе ги дадам да изградам пат до црквата во родното место на татко ми Маринко во Босански Петровац. Доколку има заинтересирани, контактирајте ме! Не знам ни која е вистинската цена на профилот, ако има стручни лица нека помогнат со информациите. Благодарам! – ...
Македонско-словенечкиот бенд „Rush to Relax“ го претстави „Down There Sessions“. „Rush to Relax“ не е ново име за љубителите на инди звукот, а тие се претставија пред пошироката публика на компилацијата „It Didn’t Happen“ која излезе на крајот на првата пандемиска година – 2020. Овој соло проект го започна Дамјан Маневски (познат и од љубљанскиот бенд „Лелее“) на почетокот ...
Легендарниот актер, музичар и поет Раде Шербеџија вчера вечер одржа ексклузивен концерт во Центарот за култура – Битола, единствен во Македонија. Раде заедно со неговиот пратечки бенд „Западни колодвор“ пред битолската публика го претставија нeговиот последен албум „Не окречи се сине“. Албумот се вика „Не окречи се сине“ по една моја песна која ја напишав во 1989 година и ја напишав за мојот син Данило, ...