
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Како што ексклузивно дознава музичкиот портал Музика24.мк, во организација на маркетинг агенцијата Infinity Pro на 4-ти декември 2024 година ќе се одржи голем Tribute концерт посветен на големата струмичката и македонска музичка легенда Гоце Арнаудов. „Со нотите од неговите мелодии, ќе се присетиме на најголемите хитови испеани од златното грло на “македонскиот Мик Џегер”, велат организаторите кои воедно Ве покануваат на концертот која што е во ...
Македонскиот поп пејач Јоце Панов периодов низ смеа вели дека е во “турбо погон”. Покрај тоа што работи како професор по музичка уметност во скопската гимназија “Јосип Броз Тито” и истакнува дека работата со средношколци го исполнува, Јоце паралелно работи и на својата музичка кариера. Деновиве е во студио, каде подготвува две нови песни, на македонски и српски јазик. Станува збор за две сосема различни мелодии. “Во туѓина” беше премиерно ...
На 30-ти декември, Македонската опера и балет ќе блесне како никогаш досега, бидејќи доаѓа кабаре „Еуфорија” – спектакл кој ќе ги помести границите на забавата и уметноста. Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст кое ги обединува сите генерации. Овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчери, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација на креативци кои со својот талент, ...
Започнете ја Новата 2025 година ексклузивно, со енергија, стил и уникатно искуство кое ќе ги надмине сите новогодишни прослави досега. Оваа година, Македонската опера и балет и Прагма продукција Ви нудат дочек кој е сѐ, само обичен не. Новогодишна ноќ под знакот на музиката, хуморот и незаборавната забава, со специјалното музичко кабаре шоу на Иван Босиљчиќ, проследено со афтер-парти што ќе трае до изгрејсонце. Замислете новогодишна ноќ ...
Денес во кафулето „Трибека“ во пријатна, убава и емотивна атмосфера познатите Александар Митевски и Драган Спасов – Дац ја промовираа женската верзија на песната „Уште ми фалиш“. За разлика од првата верзија, оваа втората женска верзија, уште на самата промоција ги разбуди солзите и емоциите кај речиси сите присутни. Како што и самите тие рекоа, ова претставува прва песна и прв видеоспот во Македонија а да биде преработена и да добие римејк на ...
Тој е високо почитуван електро-техно уметник од Србија, препознатлив по неговите брзи, динамични звуци и неговата посветеност на претставувањето на андерграунд музичката сцена на oвој дел од Европа. Повеќе од две децении, Alavux е движечка сила со страст и посветеност. Во 2015 година, Alavux го објавува светски признат „Octagon EP“ на BassAgendaRecordings, кој ја доби поддршка од професионалци како што е Дејв Кларк. Ова издание ја зацврсти ...
Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од Авалон продукција, поради здравствени причини веќе закажаниот концерт на Бисера Велетанлиќ и Васил ХаџиМанов Трио се откажува. Концертот требаше да се одржи на 17-ти ноември во недела во Македонската филхармонија. „Поради посериозна настинка, Бисера не е во можност да настапи на концертот оваа недела, па останува истиот да го презакажеме за некои посончеви и потопли денови, на пролет“, не ...
Спектакуларната турнеја насловена „Лав“ на регионалната музичка ѕвезда и една од најпопуларните пејачки на Балканот, Милица Павловиќ, започна со голем концерт во белградската Арена, по што одржа уште два подеднакво спектакуларни концерти во Нови Сад и Загреб. Секси Сенорита во изминатите дванаесет години ни покажа дека е можно да се постигнат исклучителни резултати и да се направи одлична кариера единствено и само благодарение на добрите песни, ...
Спектакуларната турнеја насловена „Лав“ на регионалната музичка ѕвезда и една од најпопуларните пејачки на Балканот, Милица Павловиќ, започна со голем концерт во белградската Арена, по што одржа уште два подеднакво спектакуларни концерти во Нови Сад и Загреб. Секси Сенорита во изминатите дванаесет години ни покажа дека е можно да се постигнат исклучителни резултати и да се направи одлична кариера единствено и само благодарение на добрите песни, ...
Билдерот Зафиров: „Ме нападна жена пријавив во полиција“. Ова беше реченицата на Тоше Зафиров која ги остави вчудовидени и гостите и водителката на „Нешто Конкретно“, Снеже Велков. „Кога пријавив во полиција насилство од жена врз мене полицајците мислеа се шегувам со нив или е скриена камера“, кажа Зафиров. Ваков одговор на прашањето: Дали се плашите од нападни жени даде Зафиров образложувајќи дека таа жена постојано го пратела го вознемирувала ...
Изминатиот викенд, сцената на Македонската опера и балет во Скопје блесна со неверојатната енергија и посветеност на над 2000 деца од различни возрасти, од 10 различни држави, односно – 36 танцови студија и балетски групи. Ова беше вистински спектакл, празник на насмевки кој потврди дека танцот е чудо, но успешноста на оваа професија, исто како кај другите, зависи од талентот, посветеноста и вежбањето. А овие деца танцуваа со најмногу љубов ...
Од 14-ти до 17-ти ноември, под слоганот „Време е за чај“, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се случува голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават повеќе од 30 учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол. На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, ...
Во центарот на Ужице осамна нов мурал на легендарниот рок музичар Бора Ѓорѓевиќ, со натпис кој одекна: „Кога ќе дојдеш на Божјата вистина, нека ти владее мир и на душата“. Призорот, создаден во негова чест, ги воодушеви жителите и посетителите на градот. Бора Ѓорѓевиќ, познат како фронтмен на култната група „Рибља Чорба,“ почина во септември годинава, но сеќавањето на неговото влијание врз музичката сцена на Балканот продолжува да живее. Во ...
На You Tube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновото музичко остварување „Ептен Љубовна“ во изведба на Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz. Оваа песна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав The Girlzz, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова. Аранжманот на песната ...
Неодамна младата пејачка Јуле Новак која што е релативно ново музичко име на македонската музичка сцена, ја објави својата нова песна „Злато” и истата наиде на позитивни критики од публиката. Јуле се потпишува како комплетен автор на песната, односно музиката, текстот и аранжманот се лично нејзини, додека мискот и мастерингот се на Нино Придаенкоски. За „Злато” Јуле сними и видеоспот кој го режираше нејзиниот колега-музичар, Александар ...
На 14 декември, арената „Борис Трајковски” ќе се претвори во најгламурозното ледено кралство кое некогаш сте го виделе. Ќе имате можност да влезете во магичниот свет на мразот, каде што ќе ве пречекаат легендарните јунаци, многу изненадувања и моменти кои никогаш нема да ги заборавите. Спектакл на мраз – за првпат кај нас ќе го донесе светскиот дух на мразното шоу, а арената ќе блесне со повеќе од 300 квадратни метри вистински мраз, кој ќе се ...
Светски познатиот гитарски квартет „40 Fingers“ ќе настапи во Скопје на 9-ти февруари во рамките на својата европска турнеја, објави „Пасворд продукција“, опишувајќи ја групата како глобален феномен. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонијата. Квартетот основан во 2017 го сочинуваат четворица италијански гитаристи кои свират на инструментите директно со прсти. Позната по својот иновативен звук, групата има разновиден репертоар, од ...
Во првата епизода од новата сезона на “Нешто конкретно” една од гостите беше и поранешната на Кајмаковски со кого и јавно зборуваше дека не е во добри односи, па во емисијата Кристина Димитри на прашањето од водителката дали жената или мајката треба да го научи машкото да стане вистински маж одговори: “Теле се учи, ама кога ќе порасне тоа теле тешко!”, алудирајќи на тоа дека од дома доаѓа сè. Продолжувајќи го разговорот таа образложи и дека не ...
Во првата епизода од новата сезона на “Нешто конкретно” една од гостите беше и поранешната на Кајмаковски со кого и јавно зборуваше дека не е во добри односи, па во емисијата Кристина Димитри на прашањето од водителката дали жената или мајката треба да го научи машкото да стане вистински маж одговори: “Теле се учи, ама кога ќе порасне тоа теле тешко!”, алудирајќи на тоа дека од дома доаѓа сè. Продолжувајќи го разговорот таа образложи и дека не ...
Најпознатиот македонски фолклорен ансамбл „Танец“ слави 75 години од своето основање, продолжувајќи да ја пренесува македонската култура на глобалната сцена. Со над 5.000 концерти на сите континенти, „Танец“ е еден од најголемите амбасадори на македонската култура и традиција, збирајќи признанија и восхит низ целиот свет. Преку повеќе од 90 кореографии, ансамблот го претставува богатството на македонската културна различност, покривајќи традиции ...
Неодамна младата и талентирана Калина Александар настапи на Фестивалот на забавни мелодии – „Макфест“ во Штип каде го привлече вниманието и со нејзината композиција „Да не те познавав“ им остави интересен впечаток како на присутните, така и на тв гледачите. Таа со оваа композиција настапи на првата дебитантска вечер, а потоа со гласовите на публиката и стручното жири имавме можност повторно да ја погледнеме и во втората вечер на „Макфест“. ...
На 20-ти декември, арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе се спојат во една незаборавна вечер. Имено, Симон Трпчески, македонскиот пијанист, ценет во светски размери, се враќа повторно дома за да го сподели својот неверојатен талент со македонската публика. Во организација на „Прагма продукција“, на 20-ти декември, маестро Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24.мк, на 25-ти ноември во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Перо Христов и пријателите. Овој голем концерт Перо Христов го организира по повод 55 години музичка кариера на македонската музичка сцена. На концертот како музички гости на сцената ќе се појават: Мишко Крстевски, Стојне Николова, Игор Ангелов, Славица Ангелова („Ѕвездите на Гранд“), Кате ...
Минатата година, поп-ѕвездата Симона Поповска на „Макфест“ ја раскажа својата приказна за ослободување од психолошкото насилство со песната “Бакни ме за крај”. Симболот на фениксот беше метафора за обновата и повторниот подем, прикажувајќи како, по болката и патењето, доаѓа моментот на нов почеток и силата да се издигнеш над се. Оваа година, Симона го продолжува патувањето со песната со наслов “Без тебе” која го прикажува следниот чекор – не ...
Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, младата Марија Спасовска, на тукушто завршениот фестивал на забавни мелодии „Макфест“ во Штип го покажа сиот свој талент. И као пејачка која извонредно на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ ја донесе својата нова фестивалска тема, но и како мошне надарен автор која и овој пат самата ги потпшишува и музиката и стиховите на песната „Страв“. Сигурна, самоуверена, ...
И тоа се случи. 19-ти октомври, денот кога беше закажан спектакуларниот концерт на екстравагантната, скандалозна, сексипилна поп дива Јелена Карлеуша. Додека нашата екипа се движеше кон спортската арена „Јане Сандански” каде и се одржуваше концертот, река од млади луѓе се упатуваа кон местото на настанот. А таму пак, се чекаше ред за да се влезе и секој да си го зграпчи своето место за што подобро да се забавува и да помине убава вечер. Фактот ...
Во културниот центар во Чачак, на 1 ноември се одржа манифестацијата „Ден на Бора Ѓорѓевиќ“, во чест на легендарниот рокер и фронтмен на „Рибља чорба“. Бендот за првпат настапи со новиот пејач, Јован Јефтиќ, кој ги презеде водечките вокали. Членот на групата, Вицко Милатовиќ, изјави дека настапот бил како „инјекција адреналин“ која докажува дека бендот може да продолжи понатаму и по заминувањето на Ѓорѓевиќ. „Бора преку неговата сопруга ни ...
На 20 декември, арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе се спојат во една незаборавна вечер. Имено, Симон Трпчески, македонскиот пијанист, ценет во светски размери, се враќа повторно дома за да го сподели својот неверојатен талент со македонската публика. Во организација на „Прагма продукција“, на 20 декември, маестро Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски ...
Неодамна во Штип се одржа Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ каде втора година по ред ја гледаме младата, интересна, убава и харизматична прилепчанка Александра Трајческа. Таа има 20 години и подолг временски период се занимава со музика. За време на основното училиште има учено пијано и соло пеење, додека пак после првата година средно музичко во Битола, се враќа во Прилеп на сосема друга насока во образованието. Таа денес е девојка со ...
Barcelona Gipsy Balkan Orchestra повторно доаѓа во Скопје. Солистичкиот концерт на еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата е закажан на 28-ми февруари 2025 во Македонската филхармонија. Barcelona Gipsy Balkan Orchestra во годината пред нас полни 13 години музицирање на сцената, творештво и интерпретација на уникатен звук кој ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот. ...