
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Битолскиот рокенрол бенд „Паркети“ најавува спектакуларен концерт на 26 април во Младинскиот културен центар во Скопје. Под насловот „Паркети и пријатели“, овој настан ќе обедини бројни музички имиња и љубители на рокенролот. На сцената со „Паркети“ ќе застанат и гости како Димиш, „Д Далтонс“, Зоки Агресор, Сеад Хаџиќ-Сецко, Сашо Поповски, Донплеја, Александар Ристовски-Принц и уште многу други. Сашо Паркет, фронтменот на бендот, истакнува дека ...
Многумина веруваат дека вечната младост на Џенифер Лопез е резултат на скапи третмани и ексклузивни козметички производи. Но, светската ѕвезда тврди дека нејзиниот свеж изглед е заслуга на едноставни, но доследни навики кои ги следи уште од младоста. „Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа“, открива пејачката. Сепак, таа додава дека младешкиот изглед не се должи само на ...
По петгодишна пауза, Селена Гомез се враќа со нов албум, носејќи со себе изненадување за своите обожаватели. Пејачката тајно работела на проектот „I Said I Love You First“, а официјалниот датум на издавање – 21 март, дојде без претходна најава, што дополнително ја зголеми возбудата. Албумот е создаден во соработка со нејзиниот свршеник, продуцентот Бени Бланко, а фановите веќе шпекулираат дека текстовите одразуваат дел од нејзиниот личен живот и ...
Кога ќе се спојат две исклучителни вокални сили како Лука Новокмет и Душка, резултатот е експлозија на емоции што ги поместува границите. Овој моќен музички тандем, кој ја освои публиката со своите настапи во The Voice, сега ја претставува „Тетоважа“ – нов сингл во издание на Dancing Bear. Оваа силна соработка добива и визуелна димензија, која дополнително ќе ја продлабочи емоционалната порака на песната. Под режисерската палка на Матија ...
Сопственикот и директор на HYPE TV, Саша Мирковиќ, вчера вечер преку својот Тик-Ток профил откри шокантни информации поврзани со легендарната пејачка Лепа Брена. Во своето најново видео, Мирковиќ изјави дека целиот тим кој стоел зад Брена во изминативе 16 години, вклучувајќи ги бек вокалите, музичарите, менаџерите и останатите членови на екипата, си поднел оставка и повеќе нема да соработува со неа. „Еве ја последната вест. Да не биде дека не ...
Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и ...
Настанот што ја потресе Македонија и регионот – трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животите ги загубија 59 млади луѓе, остави длабоки траги кај многумина. Посебно внимание привлече реакцијата на хрватската пејачка Барбара Бобак за време на нејзиниот настап во Загреб, кога во еден момент беа активирани пиротехнички ефекти. Бобак веднаш престана да пее, соочувајќи ја публиката со својата емотивна и решителна реакција: „Веднаш изгаснете ...
Јелена Карлеуша, по разводот со Душко Тошиќ, отворено проговори за своите чувства и за врската што ја задржала со неговата мајка, Николета. И покрај тешките моменти и крајот на 16-годишниот брак, пејачката со емотивни зборови и благодарност ѝ се обрати на жената која останала важен дел од нејзиниот живот. „Најмногу ја сакам Николета, мајката на Душко. Можам да кажам дека многу ме сака и дека ми е жал за сѐ што минува како жена која не е виновна ...
Арена Софија, најголемата сала во Бугарија, беше премала да ги собере сите што сакаа во живо да ја видат Драгана Мирковиќ на сцена. Балканската музичка ѕвезда им се оддолжи на своите обожаватели со спектакуларен концерт за паметење. Хитовите се редеа еден по еден, а публиката од сите краишта на Бугарија пееше во еден глас со својата омилена пејачка. Најемотивниот момент на вечерта беше кога Драгана ја доби наградата „Grand Oskar“ односно, ...
Со голема тага музичкиот свет се збогува со Маринко Колнаго, басистот и еден од основачите на легендарната група Нови фосили, кој почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Колнаго беше единствениот член кој остана со бендот од самите почетоци во 1969 година, создавајќи музика што ќе остане вечно. Неговите бас линии, страст и харизма беа дел од магијата на песни што го одбележаа музичкиот простор на поранешна Југославија и ...
Дара Бубамара по 32 години кариера и 8 години од издавањето на последниот албум го објави својот нов, 13-ти по ред студиски албум под наслов „2025“. Новиот албум на Дара е под издание на City Records . Албумот содржи 12 сосема нови песни, а Дара уште еднаш покажа и докажа дека таа „владее“ над многу жанрови и стилови на пеење. Докажаните соработници и младата сила на авторот, го направија новиот албум на Дара да го најде патот дури и до оние ...
„Пред да стапнам на сцената, почувствував неверојатна возбуда: ова е реално, се случува, мојот сон се остварува. Тој момент беше еден од оние што се паметат, еден од оние по кои се мери многу во иднината. Емоциите што ме обзедоа тогаш сè уште се присутни секојпат кога ќе излезам на сцената. Ви благодариме за сите овие прекрасни години“, напиша Даниела Мартиновиќ во својата објава, потсетувајќи на долгогодишната љубов што ја споделува со музиката ...
На неодамнешниот настап во едно кафуле, српската пејачка Наташа Беквалац уште еднаш ја покажа својата искреност и емотивност пред публиката. Настанот беше дополнително разубавен со присуството на група девојки кои славеа моминска вечер, а Наташа одлучи накратко да го прекине концертот за да ѝ се обрати на идната невеста. Со трогателни зборови, пејачката ѝ посака сè најубаво во новото животно поглавје: „Сакав да имам семејство, деца, маж, златен ...
На 29 април, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи хуманитарен концерт со исклучително значење – музичка вечер исполнета со класика, солидарност и поддршка. Концертот е во организација на институтот „ФЕЈМС“, со учество на светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар. Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот за поддршка на семејствата на жртвите и ...
Македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање музика Филтер Лабел продолжува да го надградува своето интернационално портфолио. Најновиот пласман на музика од домашниот издавач е песната “Brothel Tango” на Кирил Џајковски во актуелната хит серија на Marvel и Disney, “Daredevil: Born Again”. “Daredevil: Born Again” е една од најочекуваните телевизиски серии во 2025 година и претставува враќање на малите екрани на ликот на суперхеројот ...
Македонската ска-панк гордост „Суперхикс“ ќе биде дел од годинешното издание на фестивалот „Хилс оф рок“ (Hills of Rock) во Пловдив, Бугарија – еден од најголемите и највлијателни рок и метал фестивали во регионот. Фестивалот ќе се одржи од 25 до 27 јули 2025 година, а „Суперхикс“ ќе настапат на 26 јули на сцената „Строеја“, која традиционално е резервирана за алтернативни и регионални јунаци со моќен жив настап. На главната бина оваа година ќе ...
Како што пишува Balkan Music TV, популарниот македонски фолк пејач Јордан Митев повторно ќе ги израдува своите обожаватели со најава за нова македонска песна која, како што самиот објави на својот официјален Фејсбук профил, ќе биде промовирана токму за време на големиот христијански празник Велигден. „После неколку дена посветена работа, новата песна е целосно завршена. Во следните денови започнуваме со снимање на видеото, а премиерата ќе биде ...
Во чест на хуманоста и традицијата, годинашниот „Виенски бал“ ќе се одржи на 10 мај во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, каде специјална гостинка со свој репертоар од најголемите хитови ќе биде македонската музичка дива Калиопи. Организаторите од здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ соопштија дека средствата собрани од балот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагичниот пожар што се случи на 16 март во ...
Денес на 63 години почина познатиот македонски музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов. Поп-Симонов својата музичка кариера ја започна во 1980-тите години, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“. Поп-Симонов остави особено длабока трага во македонската музика во 1990-тите, кога повеќе се посвети на работата во студио, соработувајќи со речиси сите познати имиња ...
Во духот на најголемиот христијански празник – Велигден, кога радоста, љубовта и надежта ги исполнуваат нашите срца, музичкиот портал Музика24 во соработка со Балкан Мјузик ТВ подготви специјална велигденска анкета. Дознајте како познатите македонски музички имиња го прославуваат Христовото Воскресение, какви традиции негуваат, што им значи празникот и како ја споделуваат велигденската магија со своите најмили. Во продолжение, ви ги пренесуваме ...
Во топол сплет на традиција и современ звук, македонскиот кларинетист и саксофонист Идает Сејфулов вчера го заврши снимањето на новиот видеоспот за својата преработка на безвременската македонска народна песна „Испрати ме мајко“. Снимањето беше реализирано во соработка со Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија. Со свој уникатен аранжман и емотивен кларинетски израз, Идает ѝ подари свежа енергија на песната што со генерации живее во ...
Тој е млад, талентиран и полн со енергија. Има само 33 години, но зад себе има живот исполнет со музика, емоции и решителност. Станува збор за Трајче Гогов, момчето од преубавата Струмица кое денес музички е познат под името Ген, име кое одекнува не само низ Швајцарија туку и низ целиот Балкан. Својата љубов кон рапот и хип-хопот ја развива уште од прво одделение, а првата песна ја напишал и снимил на само 13 години. „Денес кога ја слушам таа ...
Некои песни се безвременски… Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи во себе универзална порака за сите времиња. Најмногу кога душата искината на парчиња непреболно тагува. Тогаш кога емоциите го надвладуваат разумот, кога болката го гушнала траорот, а молкот царува во прегратките на тишината, тогаш веројатно најсилно одекнува песната која во себе носи стихови кои имаат само едно значење… „Време (е) за ...
Музиката е јазик што ги поврзува срцата, културите и времињата. Таа е бесконечна приказна за споделување на емоции и богатства кои остануваат како наследство за идните генерации. Во 2022 година, македонската музичка сцена беше збогатена со уникатниот албум „Од Колено на Колено“, кој преку својата уметничка приказна ги обедини македонската традиција, култура и современото музичко творештво. Овој нов музички проект, „Игра на инструментите“, дело ...
На само неколку дена пред да ја дочекаме Новата 2025 година, СОУ „Јане Сандански“ од Струмица повторно ве поканува на нивниот традиционален Новогодишно-Божиќен концерт. Оваа година, под наслов „Звуци од вечноста“, концертот ќе се одржи во петок, 27 декември, со почеток од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Солистите, хорот и инструменталистите на училиштето ќе ве поведат на музичко патување низ безвременските ...
Пред точно 18 години, го загубивме човекот кој со својот глас и емоција ја обои македонската музичка сцена. Гоце Николовски, легендата која не остава рамнодушни ниту една генерација, ни подари музика која ќе одекнува засекогаш. Неговиот „Бисер Балкански“ останува не само песна, туку и неофицијална химна која ја слави македонската душа. Гоце беше повеќе од пејач – тој беше амбасадор на македонската култура и човек кој живееше за музиката. Со ...
На Влатко Стефановски му беа потребни само неколку дена мотивација и инспирација за да сними девет инструментални скапоцени бисери на албумот, чија обвивка е украсена со слика на Нада, мајката на Влатко, во улогата на Маша од драмата на Толстој „Жив леш“. Токму оваа слика која датира од доцните четириесетти години на минатиот век, на албумот му дава посебна емотивна вредност и укажува на инспиративната уметничка средина во која созреваше Влатко. ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни – „Танец“ е нашиот идентитетски код и оваа година слави голем јубилеј – 75 години постоење, со низа концерти дома и надвор. Конечно, со радост можеме да го најавиме и последниот, централен свечен концерт од оваа богата јубилејна сезона, што ќе се одржи на 22 декември (недела), во Македонската опера и балет, со почеток во 19 часот. На концертот ќе бидат изведени многу музичко-сценски бисери од богатата ...
Легендарниот музичар Дадо Топиќ ја воодушеви публиката со песна која сигурно ќе стане незаменлив дел од празничниот репертоар. Неговиот последен сингл „Božićna želja“ претставува совршен спој на традиција, емоции и љубов за Божиќ, евоцирајќи ја топлината на семејната средина и универзалната вредност на заедништвото. Зад оваа Божиќна песна стои одличен креативен тим. Музиката и аранжманот се на Брано Ликиќ, чиј препознатлив стил одлично ја ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, Анета Љумаковска и официјално стана дел од групата Дакапо, која отсега ќе функционира под името Анета и Дакапо. Оваа нова музичка соработка донесе свежина на македонската сцена, а првите заеднички проекти веќе го видоа светлото на денот. Неодамна во живописниот Охрид, во ексклузивен ресторан, Анета и Дакапо го снимаа својот прв заеднички музички материјал. Проектите вклучуваат два различни концепти: ...