
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Македонскиот хеви-метал состав „Конспираси“ (Conspiracy) неодамна се претстави и пред публиката во Србија, во склоп на нивната прва „огнена“ турнеја надвор од дома. Оттаму соопштија дека посетиле четири градови во соседна Србија, односно дека нивниот енергичен перформанс за првпат можеше да го почувствува публиката во Ниш, Вршац, Белград и Књажевац. Првата станица беше Ниш, каде бендот настапи во рамките на меѓународниот фестивал „Asymmetry ...
Оливер Драгојевиќ почина пред шест години. На годишнината од неговата смрт, во понеделник, на 29-ти јули, премиерно беше прикажан спотот за песната „Вриме је“ во рамките на преносот на концертот „Траг у бескрају“ во неговата Вела Лука. Автор на музиката е Томислав Мрдуљаш, текстот го потпишуваат Томислав Мрдуљаш и Маријан Бан, а аранжманот е на Игор Ивановиќ. Автор на видеото е Тони Мијач. Песната „Вриме је“ доаѓа по синглот „Не могу ти речи“ ...
Оливер Драгојевиќ почина пред шест години. На годишнината од неговата смрт, во понеделник, на 29 јули, премиерно беше прикажан спотот за песната „Вриме је“ во рамките на преносот на концертот „Траг у бескрају“ во неговата Вела Лука. Автор на музиката е Томислав Мрдуљаш, текстот го потпишуваат Томислав Мрдуљаш и Маријан Бан, а аранжманот е на Игор Ивановиќ. Автор на видеото е Тони Мијач. Песната „Вриме је“ доаѓа по синглот „Не могу ти речи“ ...
Како што не известуваат организаторите, од 3-ти јули (од кога и стартуваше овогодинешното издание на „Бит фест“), па се до 31-ви август Битола ќе биде местото каде ќе се одржуваат најдобрите и најинтересни настани, концерти и манифестации во склоп на Битолското Културно лето. Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска… се само дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски. ...
Последниот концерт на американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт во Германија го следеа речиси 73 илјади фанови – на Олимпискиот стадион во Минхен. Но, во него уживаа и илјадници фанови кои немаа билет. На прикажаната фотографија превземена од DW, се гледаат дел од илјадниците фанови кои во музиката уживаа позиционирани на Олимпиското ритче во близина на стадионот. Според проценките, на ритчето и на околните ливади имало уште околу 40 илјади ...
И не би биле музички портал ако се она што е најново на музичката сцена не го промовираме и преставиме Вам, нашите редовни и верни читатели. Во текот на денешниот ден на официјалниот YouTube канал на една од познатите македонски музички имиња Ивона Јовановиќ (Ивона Јо) беше промовиран нејзиниот најнов видео спот за најновата „Тие очи“. Како што дознава музичкиот портал Музика24, видеоспотот е снимен во Охрид на неколку локации, а истиот е во ...
Најголемиот македонски амбасадор, Влатко Стефановски, вечерва на Античкиот театар ќе прослави половина век музичка кариера во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе започне во 21 часот. Стефановски е основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и автор на текстови. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила ...
Земјотресот се случил на 26-ти јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1000 до 1100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија. На 26-ти јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка ...
Тој е македонски диџеј и продуцент многу добро познат на домашната музичка сцена и пошироко за кого со години веќе не е потребен вовед. Галоски е синоним за талент, амбиција, дисциплина, посветеност, емоција, а со тоа еден од најуспешните диџеи кои некогаш постоеле во земјава. Човекот кој ја постави Македонија на светската мапа за електронска музика. Со интернационални настапи од едниот до другиот крај на светот и музички изданија за најголемите ...
На две недели пред концертот на Кравиц во Охрид на СРЦ „Билјанини Извори“, тој и неговиот тим во Македонија реши да ги изненади охриѓани. После сите светски метрополи, како ЊуЈорк, Лондон, Париз, Лос Анџелес, Лени Кравиц реши својата гитара да ја постави и сред нашата убава природна убавина – Охридското Езеро. Како дел од европската турнеја ,,Blue Electric Light” и промоција на истоимениот албум, Лени Кравиц го носи своето спектакуларно show во ...
Селин Дион пристигна во Париз во понеделникот во хотелот Ројал Монсо во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Лејди Гага, уште една потенцијална ѕвезда на свеченото отворање. Конкретни детали за настапот на Дион се чуваат во тајност. Претставниците на Селин Дион не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар. Церемонијата на отворање ќе се одржи во облик на наутичка парада покрај Сена, која ќе кулминира во близина на ...
Американската рок легенда Брус Спрингстин влезе во клубот на музичари чие богатство надминува една милијарда долари, придружувајќи им се на Ријана, Џеј Зи и Тејлор Свифт, процени бизнис магазинот „Форбс”. Роден во работничка населба во Њу Џерси, гласот на Американската работничка класа и работохолик, „гитарскиот херој“ кој „собрал значително богатство“ во текот на децениите, според „Форбс”, кој го проценува неговото богатство на 1,1 милијарда ...
Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио. Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти. Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот ...
Португалскиот свештеник Гилхерме Пеиксото се прослави пуштајќи електронска музика во близина на неговата црква во мало португалско село. Сега познат надвор од границите, тој настапува во некои од најдобрите ноќни клубови во светот. Неговата цел е да шири порака за надеж преку музиката. Тој во петокот (19-ти јули), собра стотици гости на забавата, стари и млади, во северното село Лаундос за да танцуваат на подиумот додека 49-годишниот Пејхото, ...
Португалскиот свештеник Гилхерме Пеиксото се прослави пуштајќи електронска музика во близина на неговата црква во мало португалско село. Сега познат надвор од границите, тој настапува во некои од најдобрите ноќни клубови во светот. Неговата цел е да шири порака за надеж преку музиката. Тој во петокот (19-ти јули), собра стотици гости на забавата, стари и млади, во северното село Лаундос за да танцуваат на подиумот додека 49-годишниот Пејхото, ...
Теа Таировиќ ќе одржи ексклузивен концерт на 30 ноември во „Арена Борис Трајковски” – Скопје. Концертот е во склоп на нејзината голема турнеја која ќе стартува на 21 септември во Белград, а ќе го носи насловот “Neka noćas gori Balkan”, по стиховите на нејзиниот хит – “Hajde”. Првиот датум за концертот во Белград се распродаде во рекордно брзо време, па Теа закажа и втор концерт, ден подоцна. Младата музичка ѕвезда која само со два албуми успеа ...
На музика, аранжман, микс, мастеринг и рекординг на Лазар Цветковски (LCV Studio) и текст на Тајзи, денес македонскит етер е побогат за уште една интересна, певлива и летна македонска поп балада во изведба на Александра Јанева и Тајзи. „Нашата песна“ е насловена оваа композиција која од прво слушање ќе ве наврати кон крајот на 90-те – почетоците на 2000-та година. Чудна, но сепак интересна балада – би ја карактеризирале оваа композиција која ...
Во четврток на 25-ти јули со почеток во 20 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општината – “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ. Настанот ќе се одбележи со музичко-забавна програма со настап на македонските пејачи Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, како и настап на музичкиот хор на Здружението на ...
На 11-ти август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов. На концертот во Долни Сарај ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции ...
Во текот на денешниот ден на You Tube каналот на Урбан Рекордс младиот, популарен и надалеку познат македонски музички артист Пајак ја промовираше својата најнова летна песна „Љуби ме“, која веруваме уште од прво слушање ќе ви се допадне. И оваа песна Пајак ја работеше со својата екипа, Иван Јованов – Ивајо. А за истата, музиката и текстот се токму негови. Видеото пак, е во реализација на Стефан Биков и истото е снимено во Скопје на неколку ...
Во сабота, на 20 јули сите патишта водат кон охридскиот Антички театар каде Ѓоко Танески со солистички концерт ќе го одбележи својот голем јубилеј – 30 години кариера. Концертот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“, а охриѓанецот со златно грло на сцената ќе ги отпее најголемите хитови од својата кариера. „Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… се само дел од хитовите кои ја одбележаа неговата ...
Денес на својата фејсбук фан страница каде што имаат повеќе од 84 илјади фанови, познатата македонска група Next Time објави статус каде сите свои фанови, македонската публика и сите оние кои сакаат големиот македонски празник Илинден да го прослават со македонска музика, да повелат на нивниот бесплатен концерт кој што ќе се одржи во ноќниот клуб Аватар. Тие во својот статус велат: „Со голема радост ве покануваме на специјалниот концерт на ...
„Едноставно немам планови за нова музика“, изјави неодамна Адел во интервју за германски телевизиски канал ZDF. “Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?”, изјави пејачката. Инаку, Адел го започна своето шоу Викенди со Адел во Вегас, поточно во Цезар Палас, во ноември 2022 година, а нејзиниот последен настап е закажан за 23 ...
Гитаристот Мухамед Ибрахими ќе го отвори етно-фјужн фестивалот „Локум фест“ во Битола вечерва (17-ти јули), среда, со концерт кој ќе се одржи на отворено, пред Офицерскиот дом од 20.30 часот. Истата вечер, концерт ќе одржи канадската група „Думаи Дунаи“ во клубот „Везилка“ од 22.30. На 18-ти јули, ќе има два концерта. Првиот е на босанскиот музичар Дамир Имамовиќ од 20.30 часот, кој свири и пее традиционална музика (севдалинки), а вториот е на ...
Со присуство на 70 делегати од конвивиумите од цела Македонија се одржа вториот конгрес на Слоу Фуд Македонија „Дојди на трпезата“ со што се заокружи развојниот циклус од вторите 6, а вкупно 16 години досега. Слоу Фуд Македонија значи луѓе, идеи и решенија, а изминатиот период упорно и посветено се чекореше по патеката на нивната визијата, мисијата и филозофија за добра, чиста и правична храна, здрава животната средина, здравјето на луѓето, ...
Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ насловен „Sunday vibes“, под закрилата на Croatia Records конечно ја здогледа светлината на денот. Албумот содржи десет песни, од кои две се објавени како синглови „Балада за една љубов“ и „Друмови“. Иван Кукиќ е авторот кој стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот, кој го красат интересни соработки; песната „Пружам руке две“ ја отпеа со Дадо Топиќ, „Sunday vibes“ ...
Пејачката Дина Јашари ќе настапи на четири фестивали во Хрватска кои ќе се одржат на јадрански острови. Со своето трио ќе пее на фестивалот „Там Там“ на Хвар, „Зларин стрит фестивал“ на Зларин, „Марс“ на Мљет и на „Ластово – остров на музиката“ на Ластово. Јашари ќе настапи како трио, со Драган Теодосиев на тапани и Лука Тошев на гитара. Претходно, во првиот дел од нејзината летна турнеја низ Балканот, имаше успешни настапи во Крагуевац, Осиек и ...
Каролина Гочева ќе одржи полноќен концерт со своите најголеми хитови на 27-ми јули во Охрид на плажата „Голден бич“. Од Авалон продукција рекоа дека со овој настан почнува нивната летна концертна сезона во Охрид. Пролетната турнеја низ Македонија Каролина ја започна во Скопје на 1-ви март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Гостивар. Каролина настапи и на настанот „Ѕвездена симфонија“ на 3-ти јули ...
Во неделата на 7-ми јули во организација на ЕвроГол (фудбалска група од Прилеп) беа доделени награди за најдобрите фудбалери и голмани, а веднаш по доделувањето на наградите познатиот македонски артист Пајак (препознатлив по голем број на музички хитови) го започна својот настап пред присутната публика. Како што не информира нашиот соработник од Прилеп Христијан Ангелески, настапот на Пајак започна околу 21:40 и траеше околу 1 час, а за тоа ...
Поради погрешната политика, погрешните чекори во од, неинвентивноста, а донекаде и незаинтересираноста за одржување на традицијионалниот, речиси дво децениски „Пивофест“, Општина Прилеп дозволи овој голем музички настан да згасне, односно да биде преиначен во “Beer Weekend” и да го изгуби името и тајмингот кој му беше обележје и суштина, затоа што нашинците од сите страни на светот според тој датум ја планираа посетата на Македонија и со душа ...