Прибран голем дел од потребните докази, Финансиската полиција одзела документација, испитани се и дел од сведоците – Обвинителството со информации за случајот Гостивар. Опозицијата, пак, поднесе кривични пријави против владини функционери. Водата и натаму не е за пиење. Известува Анита Димитријевска-Велковска Прибран голем дел од потребните докази, Финансиската полиција одзела документација, испитани се и дел од сведоците – Обвинителството ...

Бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ поевтинуваат за 4 денари и од утре ќе се продаваат по 87 и 89 денари за литар. Дизелот се намалува за 8 денари и новата максимална цена ќе изнесува 91,5 денари за литар. Екстра лесното масло поевтинува за 6 денари, на 92,50 денари за литар, додека мазутот се намалува за 2,881 денар за килограм и ќе чини 43,538 денари. Од РКЕ посочуваат дека намалувањето е резултат на падот на референтните цени ...

Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 87-годишна возраст, потврди неговото семејство. „Во неделата, нашиот сакан сопруг, татко, дедо и прадедо Дон Нелсон мирно почина кај Господ, опкружен со своето семејство. Во текот на претходната недела, семејството и пријателите го опкружуваа со љубов, споделувајќи го благословот на неговото пријателство и прекрасни спомени“, се наведува во соопштението на семејството. Нелсон ...

Взаемното воведување гранични контроли меѓу Шпанија и Италија прерасна во сериозен дипломатски спор. Она што започна како ненадејна мерка на Рим по мигрантскиот притисок во шпанската енклава Сеута, резултираше со реципрочни контроли од страна на Мадрид. Потезите на двете влади директно загрозуваат милиони патници, додека Брисел се обидува да ја смири ситуацијата и да го спречи потрајното нарушување на шенгенската зона. „Се надеваме дека ...

Џеси (Шон Конери) е глава на куќата, и поголемиот дел од својот живот го поминал учествувајќи во разни конфронтации и грабежи од кои често завршувал во затвор. Неговиот син Вито (Дастин Хофман) исто така има сомнително минато, но во моментов се обидува да заработи за живот на чесен начин. Таткото и дедото имаат големи надежи за нивниот син и внук Адам (Метју Бродерик), кој е паметен, згоден и без ниту една дамка во минатото. Кога Џеси ...

Сливите имаат низок гликемиски индекс и се богати со растителни влакна, што може да придонесе за подобра контрола на нивото на шеќер во крвта. Содржат и лутеин, антиоксиданс кој се поврзува со поволно влијание врз метаболизмот на глукозата и мастите. Ова овошје е извор на витамини Ц, Б6, Б2, Б3 и К, како и на калиум, бакар, магнезиум, железо и калциум. Редовното консумирање сливи се поврзува и со подобрување на здравјето на коските. Поради ...

Оваа верзија на познатата комична драма од Вилијам Шекспир го прикажува светот на луѓето кога се пресекува со царството на магијата. Прекрасната Хермија (Ана Фрил) е во брак со Деметриј (Кристијан Бел), но навистина се грижи за Лисандер (Доминик Вест). Пријателката на Хермија, Хелена (Калиста Флокхарт), е вљубена во Деметриј, додека други романтични заплеткувања изобилуваат во шумата, со венчаните владетели на самовили Титанија (Мишел Фајфер) ...

Македонската натпреварувачка Катерина Ацевска освои сребрен медал на Светското првенство во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Ацевска го повтори успехот од минатото Светско првенство во Бангкок, Тајланд, каде што исто така заврши на второто место. Во категоријата над 70 килограми, до златниот медал стигна Алина Сударикова од Индивидуалните неутрални спортисти, додека бронзените медали ги освои Кулан Батбаатар од Монголија. Секој освоен бод ...

Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади додека бројот на жртви и повредени расте и на двете страни. Над 300 илјади семејства останаа без струја по синоќешните руски napaди врз Одеса. Киев најави одговор. „Секој руски напад ќе добие одговор од нас. Руската војна сè повеќе ќе се чувствува дома, во Русија. Операцијата против рускиот сектор за преработка на нафта продолжува, а последиците веќе се чувствуваат“, изјави украинскиот ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна и соодветна за употреба, покажува неделниот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Секторот за санитарна контрола во периодот од 4 до 7 август зел вкупно 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење. Испитувањата биле спроведени на 45 мерни места на територијата на Град Скопје. „Согласно добиените резултати од испитувањата, сите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја намалува важноста на повторното отворање на Ормускиот теснец, додека изостанува дипломатскиот договор со Иран. Американскиот претседател најави зголемен економски притисок, наместо нова голема воена офанзива, оценувајќи дека преговорите со Техеран се одвиваат „половично“. Коментарите доаѓаат откако Иран постави нови услови за отворање на теснецот и порача дека нема да продолжи со преговорите додека не ...

Дваесетина лабораториски потврдени случаи со западнонилска треска во земјава. Поголем дел од нив не развивале никакви симптоми, мал дел имале лесна клиничка слика проследена со нејасна температура, досега кај тројца пациенти се јавила тешка форма на болеста, и натаму се во критична состојба, приклучени на респиратор. 17 се хоспитализирани. Покрај личната заштита од комарци, доколку и локалните мерки со вонредни прскања не дадат ефект и бројот ...

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, од кои нема активни, под контрола е еден, а 25 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Под контрола е пожарот на излез од Крива Паланка, кај депонијата. Останатите пожари се изгаснати. Од ЦУК предупредуваат дека поради пораст на дневните температури, постои висок ризикт од пожари во источна, централна и јужна Македонија. Апелираат до ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин ГП Табановце за влез е повеќе од 1 час, за излез 30 минути, на ГП Богородица за излез 30 минути, за влез е 30 минути, на ГП Пелинце за влез околу е 1 час, за излез 30 минути. На останатите ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Ормутскиот теснец нема да биде отворен сè додека САД не го променат однесувањето. Иран постави нови услови за повторно отворање на клучниот воден пат – Техеран бара Вашингтон да ја укине поморската блокада, да ги повлече воените сили и трајно да ја прекине војната. Барањата доаѓаат во момент кога Иран и Оман сигнализираат дека се блиску до договор за управување со теснецот. „Овој договор може да биде постигнат, но отворањето на Ормускиот ...

Според последните резултати, квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но и понатаму не е безбедна за пиење. Од Кризниот штаб велат дека хлорирањето продолжува. Во меѓувреме продолжува и доставувањето на питка вода за пиење од Владата и од општествено одговорните компании. Техничка вода редовно се доставува со цистерни во зависност од потребата на жителите. И додека се чекаат трите последователни анализи кои ќе потврдат дека повеќе нема ...

Здравствено исправна и безбедна за секојдневна употреба и пиење, е водата од јавниот водовод во Куманово. Центарот за јавно здравје, јавното претпријатие „Водовод“ и фабриката за преработка на вода, континуирано вршат испитувања. Мостри од водата се земаат еднаш неделно, односно секој понеделник. Во текот на годината се анализираат вкупно 130 мостри од различни локации. „Сите испитани мостри ги исполнуваат пропишаните услови и се во ...

Нови руски напади во Украина – има жртви и десетици повредени на двете страни. Русија со дрон удри во Харков, погодена e станбена зграда. Москва тврди дека цел биле магацини со дронови и воена опрема. Напади со балистички ракети и дронови се регистрирани и во Одеса и Павлоград. Од друга страна, украинските сили нападнаа со дронови во Белгород. Во услови на нова ескалација, Киев предупредува дека Москва се подготвува за нови воени потези. Киев ...

Невремето со силен ветар од минатиот месец предизвика штети на околу илјада земјоделци во струмичко. Тие ги поднесоа своите барања за процена на штети и можно обесштетување. Во наредниот период општинските комисии ќе ја утврдуваат висината на штетите согласно утврдената методологија. Невремето со силен ветар кој во струмичкиот регион достигна од 130 километри на час, најголеми штети предизвика кај пластениците и земјоделските посеви. ...

Ормутскиот теснец нема да биде отворен сè додека САД не го променат однесувањето. Иран постави нови услови за повторно отворање на клучниот воден пат – Техеран бара Вашингтон да ја укине поморската блокада, да ги повлече воените сили и трајно да ја прекине војната. Барањата доаѓаат во момент кога Иран и Оман сигнализираат дека се блиску до договор за управување со теснецот. „Повторното отворање на Ормутскиот теснец има свој специфичен ...

Инцидент во косовскиот парламент. Конститутивната седница во Приштина прекината откако опозициски пратеници фрлаа јајца кон в.д. премиерот Албин Курти откако тој побара дополнително време за преговори со опозицијата, со цел да избегне нови избори. Барањето беше одобрено, но опозицијата тврди дека рокот за конституирање на парламентот истекол и дека седницата е неуставна. Косово со месеци е во политички ќорсокак, а рокот за конституирање на ...

САД, Канада и Европа се соочуваат со нов бран шумски пожари. Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, а над 20 илјади луѓе се евакуирани поради повеќе од 100 пожари, од кои речиси половина се надвор од контрола. Пожари го зафатија и северниот дел на Италија, каде во близина на езерото Гарда привремено беа евакуирани околу 200 луѓе. Огнот е ставен под контрола. Во регионот, и натаму гори во Србија, додека сушата и историски ...

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, два пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати. Активен е пожарот во Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка. Активен е и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија. Пожарот над селото Зелениково, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат. Додека Вашингтон најавува можен скорешен крај на војната со Иран, Техеран тврди дека американската дипломатија не успеала. Во напад на Хутите врз саудискиот регион Наџран се повредени 11 цивили. Без конечен договор заврши и седмата рунда разговори меѓу Израел и Либан во Рим. Во меѓувреме, Иран повика на единство меѓу муслиманските земји, откако Саудиска Арабија, Турција и Пакистан потпишаа договор за ...

Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење. Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека последните наоди покажуваат значително подобрување на квалитетот на водата од градскиот водовод, но посочи дека е потребно уште време пред таа официјално да биде прогласена за безбедна за пиење. Забрана останува, освен за техничка употреба, а засега и никој точно не знае до кога гостиварци ќе бидат без вода за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белград, во прва официјална посета на Србија, каде се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. Европскиот пат на двете земји, унапредувањето на економската соработка и безбедносните прашања се во фокусот на разговорите. „Украина е секогаш подготвена да работи конструктивно, за заемна корист и врз основа на заемно почитување“, порача Зеленски. Предвидено е и потпишување меморандум ...

Се одбележуваат 25-години од „Карпалак“. Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на армијата ќе положи венец во спомен на деветмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската армија, кои во 2001 година ги загубија животите кај месноста „Карпалак“ и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп. Вечерва во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп пред спомен-обележјето се оддава почит и потсетување ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
6.0
51%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.18
76%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.19
47%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
48%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.5
92%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
3.47
40%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.61
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
37%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
6.26
58%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 20ᴼ
1.34
40%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Бакар

13.36

Злато

141498.65

Алуминиум

3.34

Паладиум

43853.62

Сребро

2102.98

Цинк

0.00

Калај

56.16

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Платина

56328.11