
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко општество Азир Алиу ќе се снајде и во ресорот Здравство. Меџити синоќа кажа дека Алиу е предлогот на Вреди за нов министер за здравство, откога тој од Алијанса за Албанците премина во „Вреди“. „Министерот треба да биде добар менаџер кој го познава системот и кој што може да придонесе за подобро управување ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид го доведе првото засилување за следната сезона. Тригодишен договор со Реал потпиша поранешниот плејмејкер на Асвел, Тео Маледон. Убедливо најдобриот првотимец на тимот од Вилвербан во неодамна завршената сезона во Евролигата, со тоа го официјализираше принципиелниот договор што го имаше со „кралскиот клуб“ веќе некое време. Преминувањето во редовите на најтрофејниот европски клуб несомнено ќе биде чекор напред во ...
Непозната руска хакерска група е одговорна за минатогодишните напади врз мрежите на холандската полиција, НАТО и неколку европски земји, објавија холандските разузнавачки служби. Групата, наречена „ Ландри Бер“ од безбедносните агенции, многу веројатно е поддржана од руската држава, соопштија холандските служби за општа разузнавање и воено разузнавање во заедничко писмо до парламентот. „Сајбер нападите врз холандските институции се дел од ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека граѓаните, корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено да ги остваруваат своите права без притоа тоа да го докажуваат со потврда од центарот за социјална работа. Од оваа институција велат дека досегашните административни бариери се веќе надминати, преку поврзување на системите ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо ја осуди денес изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија ќе разгледа предлог во Брисел за намалување на средствата од ЕУ за Словачка, доколку таа продолжи да отстапува од заедничката насока на Унијата. – Ако некој сака да ја промовира политиката на едно обврзувачко мислење, тоа значи крај на демократијата во Европа. Никој овде не може да ни се заканува, велејќи дека ако не послушаме, ќе ни ...
Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР, рече Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ. „Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот. И што најдовме тука? Апсолутно ништо! Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Канцеларијата на амбасадата на Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене. На средбата беа потврдени добрите досегашни односи меѓу нашите две земји и посветеноста за натамошно унапредување на соработката на повеќе нивоа. Посебно се разгледа взаемната иницијатива на двете земји за потпишување на договор за полициска соработка чии носители ќе бидат двете ...
Карло Анчелоти, вчера беше претставен како нов селектор на бразилската репрезентација. На неговата презентација имаше повеќе од 250 новинари, а меѓу прашањата на кои одговори беше зошто избра да го води Бразил пред Италија. „Никој од Италијанската федерација не ме повика. Исто така, Италија веќе има одличен тренер, мојот пријател Лучано Спалети“, рече Анчелоти на прес-конференција во Рио де Жанеиро. Анчелоти, кој ќе го прослави својот 66-ти ...
Спречен е нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, спречени и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти и паметни часовници, информираат од Царинската управа. Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници од МЕКМ – ОГРМ запленија 13 кутии со по 50 ќесички влажни шамивчиња за потенција и четири женски чанти со потпис на „Гучи“. Непријавените производи се пронајдени при контрола на автобус кој ...
На германските власти треба да им се одземат „лажичката за шеќер“ и „хартиената марамица“ изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во својот Телеграм, осврнувајќи се на контрадикторните изјави на раководството на таа земја за прекинување на дострелот на оружје испратено во Украина. Захарова го привлече вниманието на фактот дека германскиот вицеканцелар Ларс Клингбајл ја негираше изјавата на ...
Власта со целосно погрешни економски политики ја води државата во погрешен правец, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вчерашната маалска средба со граѓаните во Битола. Филипче предупреди дека државата се наоѓа на работ на сериозна економска и политичка криза. „Актуелната политичка состојба сите ја гледате, станува збор за едно безобразно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за кое што сметаат дека не треба ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче потврди дека е човек кој не чувствува вина за случајот Онкологија. Филипче докажа дека е човек за кој граѓаните се неважни, туку важен е само профитот и бизнисот, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека после сите случувања и трагедии кои ја потресоа државата, очекувавале барем малку човечност во Филипче, да се извини пред граѓаните и да си замине од политичката сцена, но тој тоа не го направил и ...
Лука Модриќ направи листа на пет најдобри фудбалери на сите времиња. На неговиот список се најдоа Диего Марадона, Франческо Тоти, Роналдо Назарио, Звонимир Бобан и Зинедин Зидан. Хрватскиот капитен постојано нагласуваше дека Италијанецот Франческо Тоти и Звонимир Бобан се неговите идоли. На првото место го стави Диего Армандо Марадона. Во својата автобиографија „Мојата игра“, Модриќ објави фотографија со Франческо Тоти и напиша: „Тука сум со ...
Европските министри денес го одобрија создавањето на фонд за одбрана во вредност од 150 милијарди евра, поради загриженост за руски напад во иднина и сомнежи за безбедносните обврски на САД кон ЕУ. Одобрувањето од министрите беше последниот правен чекор во воспоставувањето на шемата „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување на ЕУ и која ќе доделува кредити на европските земји за заеднички одбранбени ...
Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен ред, предлогот во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе се најде на првата наредна седница. Вака, претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, одговори на прашањето кога ќе се избира новиот министер за здравство. Претходно, првиот вицепремиер, Изет Меџити, соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за оваа ...
Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи, јавно му оддаде почит на Антонио Конте, човекот кој успеа да го трансформира тимот по разочарувачкото десетто место минатата сезона и да го врати на врвот на Серија А. На свечената вечера во Посилипо, со која заврши денот исполнет со голема прослава, вклучувајќи парада со автобуси со отворен кров низ улиците на Неапол, Де Лаурентис одржа емотивен говор во кој навести дека ова би можело да биде и ...
Крит се чини дека се претворил во Сахара по огромниот бран прашина што го погоди островот во последните 24 часа, особено над Хераклион, објавува iefimerida.gr. Градот беше покриен со прашина што пристигнала од пустината Сахара, а небото беше исполнето со ситни честички што се пренесени од Африка, правејќи ја атмосферата задушлива. The island of Crete in the Mediterranean Sea was covered by a cloud of sand from the Sahara Desert ...
По двегодишна пауза, доделувањето на Американските музички награди се одржа синоќа во Лас Вегас. Иако Били Ајлиш (23) триумфираше во сите седум категории за кои беше номинирана, ниту таа, ниту бројни други ѕвезди – вклучувајќи ги Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер и Аријана Гранде – не се појавија на доделувањето на наградите. Церемонијата ја водеше Џенифер Лопез, а на сцената настапија и Сер Род Стјуарт, Рене Рап, Гвен Стефани и Џенет Џексон. ...
На концерт во Монтреал, Шакира доживеа несреќа и падна на сцената за време на изведбата на нејзиниот познат хит „Whenever, Wherever“, но брзо се опорави и продолжи со настапот. Колумбиската музичка ѕвезда моментално е на светската турнеја Las Mujeres Ya No Lloran, на која го промовира својот нов албум. ¡Tremendo susto! Shakira sufre aparatosa caída en pleno concierto pic.twitter.com/UpkmuxCHcS — Adri Toval (@TovalAdriana) May 21, 2025 ...
Осмата емисија од третата сезона на серијата „(Не)успех на шампионот: Специјал со Славен Билиќ“, која се емитува на каналите Арена Спорт, носи една од најинспиративните животни исповеди на најголемиот тенисер во историјата. Новак Ѓоковиќ, симбол на врвниот тенис во 21 век, личност чии достигнувања звучат нереално и импресивно, е новиот гостин на познатата емисија, во која отворено зборуваше за својата неверојатна кариера, предизвикувачките ...
Некогаш прогласен за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, Николо Заниоло во последните месеци се повеќе се наоѓа во центарот на вниманието поради дисциплински прекршоци, а не поради она што го покажува на теренот. Италијанскиот напаѓач, кој моментално е на позајмица во Фиорентина, повторно беше актер на инцидентна ситуација. Заниоло присуствуваше на полуфиналето од Примавера лигата (италијанско првенство за играчи до 20 години). ...
Северна Кореја ги критикуваше плановите за противракетниот систем „Златна купола“ на американскиот претседател Доналд Трамп, со проценка дека системот би претставувал „многу опасна“ закана што би можела да предизвика „нуклеарна војна“ во вселената, објавија денес севернокорејските медиуми. Министерството за надворешни работи на Северна Кореја издаде меморандум „за да ја информира меѓународната заедница дека воспоставувањето нов систем за ...
Денеска во 10 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата Директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Стојанче Ангелов, новиот в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување. „Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде се од себе за побргу да навлезе во спецификите на ...
Русија продолжува да работи на нацрт-меморандум за принципите за евентуален мировен договор за завршување на војната во Украина, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор. Путин рече дека меморандумот ќе ги ...
Откако Ролан Гарос му оддаде почит на Рафаел Надал и одржа проштална церемонија, Австралија опен би можел да го стори истото за Новак Ѓоковиќ. По 14 титули на Ролан Гарос, Надал дефинитивно ја заслужи церемонијата што ја доби на првиот ден од овогодинешното издание на турнирот. Ѓоковиќ би можел да го добие тоа во Мелбурн, каде што освои 10 трофеи. „Неколку членови на мојот тим вчера споменаа дека АО треба да се докаже и да покаже, особено по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да воведе нови санкции врз Русија оваа недела, бидејќи е сè повеќе фрустриран од континуираните напади на Русија врз Украина и бавниот напредок во мировните преговори, изјавија извори блиски до него за „Волстрит џурнал“. Според еден извор, санкциите веројатно нема да вклучуваат нови мерки против банките, но се разгледуваат други опции за да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир ...
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави денес дека рускиот претседател Владимир Путин го свртува целиот свет против него и дека заслужува многу построги санкции од оние што моментално се применуваат врз него. „Навистина се надевам дека моите колеги во Европската Унија ќе разберат дека 17-тиот пакет санкции е само врвот на ледениот брег, треба да го подготвиме 18-тиот пакет санкции, кој навистина ќе стане молотов коктел“, изјави Науседа ...
На покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, што се одржа во рамките на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, Охајо. За време на престојот, Муцунски се обрати на сесијата посветена на унапредувањето на ...
Били Ајлиш (23) ги освои овогодинешните Американски музички награди, освојувајќи награди во сите седум категории во кои беше номинирана, вклучувајќи ги и главните награди за изведувач на годината и омилен женски поп изведувач, потоа за албум на годината и омилен поп албум за Hit Me Hard and Soft, песна на годината и омилена поп песна за Birds of a Feather и омилен изведувач на турнеја. Нејзината победа беше неочекувана. Овој неочекувано силен ...
Јапонија воведува правила за спречување на необични имиња за бебиња, пишува „Гардијан“. Промената е дизајнирана да ја запре употребата на киракира (сјајни или светкави) имиња кои се рашириле меѓу родителите кои сакаат да бидат креативни. Ова создава административни тешкотии за локалните власти и, во некои случаи, води до последователна злоупотреба на деца. Родителите во Јапонија повеќе нема да имаат целосна слобода во изборот на имињата што ќе ...