
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Најдобрите пинг понгари доаѓаат во Скопје на светскиот турнир WTT Contender Skopje 2025. На 9 јуни во спортскиот центар „Јане Сандански“ започнува натпреварот од категоријата World Table Tennis и истиот ќе трае до 15 јуни. Натпреварите ќе се одвиваат во текот на целиот ден, а на „Контендерот“ се пријавени некои од најдобрите светски пинг понгари и легендите на спортот. Влезот е слободен, а ова е првпат Македонската федерација да биде домаќин на ...
Во само 11 месеци, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го турнаа Фондот за здравство во бездна. Болниците не функционираат, фондот е празен, а системот е на колена, изјави Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Таа рече дека бараат оставка од директорот на Фондот, Сашо Клековски. „Во Кочани – нема ниту завои, ниту инфузии, ниту лекови. Луѓе легнуваат по ходници, се чека со месеци за терапија, а владините партнеру уште не може да се ...
„Додека Македонија тагувала и ги броела жртвите од пожарот во тетовската модуларна болница, Венко Филипче анексирал договори за градба за да се спаси. Венко Филипче кој дозволил да се изгради Модуларната болница во Тетово со неогноотпорни материјали, денови по пожарот склучува анекс со фирмата изведувач да ги промени панелите од кои се изградени контејнерите со огноотпорни“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено Венко ...
Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. „Ова не е само пракса, туку е прв чекор кон задржување на младите во нашата земја. Ги отвораме вратите на Министерството за вашите идеи, ентузијазам и знаење. Убедена сум дека ова искуство ќе ...
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката. „Планираме музички спектакл на кој публиката ќе има можност да се потсети на незаборавните македонски шлагери, како и на безвременските филмски мелодии од светската сцена. Овој музички настан ќе не поврзе, ќе не врати низ времето, и да ги ...
Челзи е заинтересиран за играчот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, објавија во понеделникот англиските медиуми. Гитенс (20) играше во младинските тимови на Рединг, Челзи и Манчестер сити, член е на Борусија од 2020 година. Одигра 106 натпревари за првиот тим на Борусија и постигна 17 голови. Британските медиуми објавуваат дека Челзи е подготвен да му понуди на клубот од Дортмунд 60 милиони евра за Гитенс. Тој има договор со Борусија до 30. ...
Вулканот Етна на Сицилија, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно еруптираше, предизвикувајќи паника кај туристите кои бегаа за да си го спасат животот. #ITALY: New video shows Mount #Etna erupting. pic.twitter.com/zqZHU4FR03 — GRX (@GlobalReportX) June 2, 2025 Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти: „Во последните неколку часа, активноста забележана во претходниот извештај издаден во 4:14 часот наутро ...
Бројот на жртви од катастрофалните поплави во северно-централниот нигериски трговски град Моква, во државата Нигер, се искачи на најмалку 200, изјави локален функционер, според Ен-би-си Њуз. Обилните дождови во четвртокот во зори предизвикаа катастрофални поплави во Моква, околу 380 километри западно од Абуџа и голем трговски и транспортен центар каде што земјоделците од северна Нигерија продаваат грав, кромид и друга храна на трговци од југ. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Вилнус, каде што учествува на самит на лидерите на источниот крило на НАТО и нордиските земји. Зборувајќи на собирот, Зеленски рече дека постои „вистинска можност да се обидеме да ја завршиме војната“, опишувајќи го сегашниот момент како „посебен“. „Русија е принудена да се вклучи во дипломатија“, рече Зеленски. „Имаме посилни и потактички решенија од Русија“ Тој додаде дека е благодарен за ...
Во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи издадоа вкупно 21.178 платни налози претежно по основ на прекршоци сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР. „Така, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, а пак за управување без ...
„Ако Христијан Мицкоски мисли дека со игнорирање на жртвите во трагедијата во Кочани и нивните семејства Македонија ќе заборави, мораме да му порачаме дека се лаже. СДСМ нема да дозволи да останат неказнети оние кои дозволија на Македонија да и се случи најголемата трагедија во поновата историја!“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ на денешната прес-конференција. „Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата работа, ...
Партијата за движење на Турците (ТХП) изрази подготвеност да учествува во дебатите за промена во изборниот модел и ја поддржа иницијативата за отворање на широк дијалог околу измени на Изборниот законик, велат од партијата во врска со прашањето околу една изборна единица. „Веќе долди години како ТХП бараме промена на изборен модел односно модел којшто ќе овозможи правично и фер претставување на помалкубројните етнички заедници во Собранието на ...
Познатиот модел од 90-тите, Наоми Кемпбел, одлучи да му ги покаже на светот децата што ги доби со помош на сурогат мајка. Иако нејзиниот профил на социјалните мрежи е посветен на модните настани, таа одлучи да направи исклучок и да објави фотографија од своите деца. Наоми гордо позираше со својата ќерка и син, а фотографиите што ги објави на Инстаграм беа придружени со емотивна порака. View this post on Instagram A post shared by DR. Naomi ...
Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, во пресрет на квалификацискиот натпревар со Албанија во Тирана, ја разјасни ситуацијата со фудбалерот на Ал Хилал, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и голманот на Торино, неговиот брат Вања. „Ситуацијата со Вања е таква, во моментот кога почнавме во Лигата на нации… Се пожали на повреда на колкот. Ги бранеше сите натпревари во Торино, ја почитував таа одлука. Пропушти практично една година, продолживме со ...
Ирецот Куивин Келехер, вториот голман на Ливерпул, се сели во Брентфорд за околу 15 милиони евра, објавија британските медиуми. Келехер (26), кој е и член на ирската репрезентација, минатата сезона беше замена за првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер. Тој бранеше во десет натпревари, најчесто кога Бразилецот беше повреден или отсутен. Според изворите, почетната вредност на трансферот е околу 11 милиони евра, но со бонуси поврзани со ...
Грчката влада одлучи, засега само да го одложи третиот натпревар од финалето на плејофот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, јавуваат медиумите во Атина. Во истата одлука, заколнатите (не)спортски непријатели беа предупредени дека, доколку страстите не се смират веднаш и спортот не се врати во границите на фер-плејот, серијата нема да продолжи и Грција ќе остане без шампион во сезоната 2024/25. Во времето на објавувањето на веста, атинската ...
Градот Мостар го прогласи денешниот ден, 2 јуни, за Ден на жалост поради страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија три млади лица – Далила Жугор (22), Енис Куртовиќ (20) и Алмин Црналиќ (22). Трагедијата се случи во сабота наутро во близина на Почитељ, а во несреќата учествувале три возила. Во врска со несреќата, уапсен е Марко Шљивиќ (28), возачот на „ауди А4“, кој според полициските информации ја предизвикал несреќата. Против ...
Домаќините на разговорите, турската делегација, беа првите што пристигнаа на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, пристигна околу 11:40 часот, додека украинската делегација пристигна седум минути подоцна. Разговорите беа закажани за 12 часот, а нивното времетраење не е однапред одредено. Претходната рунда разговори, одржана на 16 мај, траеше помалку ...
Велика Британија ќе изгради десетина нови нуклеарни подморници кои ќе заменат седум конвенционално вооружени подморници од класата Астут и ќе влезат во употреба од крајот на 2030-тите. Велика Британија веќе има четири нуклеарно вооружени подморници од класата Тридент, објави „Тајмс“. Британскиот премиер Кир Стармер, исто така, најавува инвестиција од 15 милијарди фунти во суверената програма за нуклеарни боеви глави на Велика Британија. ...
Премиерот Христијан Мицкоски нема да прифати пред зборовите македонска нација да стои зборот сегашна во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, како што предлагаат пратеници од ГЕРБ. Предлогот за додавање на зборот сегашна, премиерот Мицкоски смета дека е обид за создавање нова, вештачка македонска нација. „Јас имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе и во Европскиот парламент и во Бриесл и денеска ќе ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев од денеска и во наредните два дена во Атина, Грција, ја предводи делегацијата на македонското МВР на 52-та Европска регионална конференција на ICPO-INTERPOL тематски посветена на – Користењето на експертизата, капацитетите и ресурсите на ИНТЕРПОЛ за борба против употребата на нови технологии кои го подобруваат обемот и ефикасноста на транснационалниот сајбер криминал, информира ...
Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор, обвини ВМРО-ДПМНЕ. „Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција. Судиите избрани од ДУИ и СДС, му го укинаа притворот и му го одземаа ...
Денеска на жичницата „Милениумски крст“ на Водно се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи. Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ...
ПСЖ, во саботата, го декласира Интер во финалето на Лигата на шампионите и стана европски шампион за прв пат во историјата. Со победата во финалето, францускиот гигант заокружи совршена сезона во која ја освои тројната круна. Играчите на ПСЖ, особено импресионираа во Минхен, со најубедливата победа во финалните натпревари во историјата на Купот/Лигата на шампионите. „Светците“ го победија Интер со 5:0. Херој беше брилијантниот 19-годишник, ...
Актуелниот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, потврди дека тој е потенцијален кандидат за градоначалник на Град Скопје. На прашање од медиумите упатено до градоначалникот Стефковски по однос на последната седница за тоа дали очекува да биде кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ со оглед на тоа дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го потврди како кандидат за градоначалник на општина Гази Баба, Стефковски ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, направив увид во градежните активности на локацијата каде што се гради новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто. „По 62 години, конечно се реализира проект од огромно значење за целото население, за сегашните и идните генерации ученици, наставници и родители. Старите училишни бараки одамна не ги ...
Последователните потреси од големиот украински напад со беспилотни летала врз руските воздухопловни бази сè уште се чувствуваат, а Москва е под зголемен притисок да одговори. Украинските власти тврдат дека најмалку 13 руски авиони се уништени, додека неколку други се оштетени, вклучувајќи бомбардери со нуклеарна моќ. Како што известува дописникот на „Скај њуз“, Ивор Бенет, во Москва, повиците за нуклеарен напад врз Украина веќе се појавуваат во ...
Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог – Законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Макединија да биде една изборна единица. „Ваквите измени ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на „еднопартискиот систем“ на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт“, велат од Демократскиот ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за растот на БДП споредено со другите земји од Европа, рече дека очекува Македонија да биде во првите пет – шест економиии во Европа. „Па јас тоа го кажувам изминатиов период и очекувам конечно и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет- шест, би ...
Во 11-то коло од бразилската Серија А, Сантос загуби со 1:0 од Ботафого на домашен терен, а трагичар во поразот беше најголемата ѕвезда на Сантос, Нејмар. Потегот на Нејмар од 76-та минута го одбележа натпреварот и на крајот веројатно беше главната причина зошто Сантос остана без бодови на домашен терен. Имено, поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ ја турна топката во мрежата со рака во една ситуација. Сепак, судиите го забележаа тоа и Нејмар ...