
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер, уште еднаш ја испиша историјата на Ролан Гарос. Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос со јубилејната 100. победа на Гренд слемот во Париз. Го победи Камерон Нори сд 3:0. По сетови, српскиот тенисер победи со 6:2, 6:3, 6:2 за два часа и 15 минути игра. По натпреварот, тој на теренот изјави дека негова цел е титулата. Ѓоковиќ стана најстариот тенисер кој стигнал до четвртфиналето на Ролан Гарос уште ...
Нордиските, балтичките и централноевропските членки на НАТО се посветени на членството на Украина во западниот воен сојуз, изјавија лидерите на Полска, Романија и Литванија по таканаречениот самит Б9 и нордискиот самит. На минатогодишниот самит во Вашингтон, сојузниците на НАТО го поддржаа „неповратниот пат“ на Украина кон членство во НАТО, но претседателот Доналд Трамп постојано повторуваше дека претходната поддршка на САД за членството на ...
Турција ќе преземе чекори за организирање средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, во главниот град Анкара или во Истанбул, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Мојата желба е да ги доведам Путин и Зеленски заедно во Истанбул или Анкара. Исто така, да го поканам американскиот претседател Доналд Трамп на оваа средба. Ќе преземеме чекори за организирање на оваа средба по последните ...
„Вчера ветивме дека многу бргу ќе ѝ ја покажеме на јавноста криминалната шема што ја прикрива коалицијата Данела Арсовска – ДУИ – Левица. Вчера ветивме дека ќе ви го покажеме криминалот. Денес сме тука со конкретни документи. ЈП Комунална хигиена потпишува Договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина. Договор бр. 57254 склучен на 25.02.2025 меѓу ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ ...
Европската унија денес предупреди дека би можела да го забрза воведувањето на повратните царини за американски стоки доколку претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја исполни својата најнова закана за воведување царини од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум. Европската комисија објави дека „длабоко жали“ за одлуката на Трамп да ги зголеми царините од планираните 25 проценти на 50 проценти, оценувајќи дека таков ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија, Вероник Хулман Марти. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и техничката поддршка за реализација на стратешки проекти. Божиновска ја ...
Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман (34) го продолжи договорот со клубот. Поранешниот француски репрезентативец ќе го носи дресот на „јорганџиите“ до јуни 2027 година. Антоан Гризман во Атлетико пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Мандатот го заврши пет години подцна кога за 120 милиони евра се пресели во Барселона. Две години подцна се врати на „Метрополитано“, најпрвин на позајмица, а ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Русија не треба да ѝ се дозволи да одлучува кој може да се приклучи на НАТО, предупредувајќи дека таквите отстапки само дополнително ќе го разгорат „гладот на Путин за војна“. Зборувајќи во Вилнус, на самитот на лидерите на централноевропските и нордиските земји, Зеленски нагласи дека единствениот начин за мир во Европа е решително спротивставување на руската агресија. „Клучот за траен ...
Вистинската драма се одвивала во центарот на Белград кога жена случаен минувач забележала змија како се вовлекува во паркиран автомобил „Фиат“ со белградски регистарски таблички. Загрижена за безбедноста на сопственикот на возилото, жената оставила предупредувачка порака на бришачот, а информацијата брзо се проширила низ социјалните мрежи, со цел што поскоро да стигне до сопственикот или до некој што го познава. View this post on Instagram A ...
Имам Калифa има машки хрмозоми во своето тело и сега се на потег Светската боксерска федерација и Интернационалниот олимписки комитет. Кога на алжирската боксерка Иман Калифa ѝ беше дозволено да учествува на Олимписките игри во Париз минатата година, реакциите на спортската јавност беа крајно негативни, бидејќи се знаеше дека таа има машки „Y“ хромозоми во своето тело. Сепак, Калифa боксуваше во Париз, а епилогот е познат, доминираше во својата ...
Во рамки на вежбата „Immediate Response 25“ (IR 25) на армискиот полигон (АП) „Криволак“, денеска беше реализиран Денот за високи гости. На настанот присуствуваа: претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата, Христијан Мицковски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, началникот на штаб на Командата на ...
В среда, Националниот ансамбл на Македонија „Танец“ го носи срцето на македонската традиција во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип – со почеток во 19:30 часот. Амбасадорот на Македонија ја истакнува својата важност, како национален културен бренд и мост кон светот, кој го чува и промовира македонското фолклорно богатство. Влезниците по цена од 300 денари веќе се достапни и заинтересираните можат да ги купат во билетарата на домот на ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес изрази неверување за извештаите за убиени или повредени Палестинци кога израелските сили отвориле оган врз нив додека се обидувале да добијат хуманитарна помош и повика на независна истрага. „Неприфатливо е Палестинците да ги ризикуваат своите животи за да добијат храна“, рече Гутереш, пренесува Ројтерс. Најмалку три лица беа убиени, а 35 беа ранети во утринскиот напад на израелските сили врз ...
Велика Британија не може да ја игнорира заканата што ја претставува Русија, изјави денес британскиот премиер Кир Стармер. Тој за Би-Би-Си изјави дека сите знаат што се случило во Украина пред три години, кога беше прашан дали Велика Британија ќе мора да испрати војници да се борат во иден европски конфликт. Британскиот премиер го изјави ова пред објавувањето на стратешкиот одбранбен документ, за кој се очекува да повика на поголема подготвеност ...
Неверојатни информации ни доаѓаат од Англија, ги пласира „Талкспорт“, британска радио станица специјализиранат за спорт. Според овој извор, Манчестер јунајтед е заинтересиран за спрскиот репрезентативец, Александар Митровиќ (30). Наводно, Митровиќ е вишок во плановите на Ал Хилал. Клубот планира нови играчи за настап на Светското клупско првенство. Прв на листата им е Виктор Осимен. „Талкспорт“, тврди дека Ал Хилал е заинтересиран да го продаде ...
На самитот на НАТО во Вилнус, генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, предупреди дека НАТО се соочува со „најопасната безбедносна средина во последните децении“. Тој истакна дека „агресивната војна што ја води Русија сè уште трае, а терористичките закани не исчезнале“. Руте нагласи дека, иако НАТО не е во војна, „ние не сме ниту во мир“ и ги повика членовите на алијансата да бидат подготвени за воена подготвеност. Оваа изјава доаѓа пред ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...
Неодговорното однесување на поранешниот министер Арбен Таравари, кој во служба на своите лични и групни политики ги остави здравствените работници на улица, го достигна својот врв. Тој ќе се соочи со судот на граѓаните на двојните избори во октомври, каде што отчетноста нема да изостане, велат од Алијанса за Албанците. „Сведоци сме на континуирано незадоволство на здравствените работници и соработници, кои со право реагираат на повеќегодишното ...
Дури 21.178 казни се изречени во месец мај, за непрописно паркирање, брзо возење, возење без возачка дозвола, за возење во алкохолизирана состојба, како и за користење мобилен телефон при возење и неносење сигурен појас и кацига. 5480 од вкупната бројка казнети за непрописно паркирање, а 5458 за брзина поголема од дозволената. Без возачка дозвола евидентирани 2114 прекршоци. Исто така регистрирани се 775 прекршоци за користење на мобилен телефон ...
Зголемен водостојот на реката Брегалница – според информација на штипјанецот Кирил Маџунаров, човекот кој со децении го мери и следи нивото на реката. Но покрај за водостојот,сепак целиот месец мај се затвора како плоден. Обилните врнежи не само што го подигнаа нивото на реките, туку беа и вистински благодет за земјоделците. Според неговите мерења, моменталниот водостој изнесува 79 сантиметри – бројка што покажува значително покачување во однос ...
Вода што тече без прекин, кал, оси, муви и бактерии – ваква е секојдневната слика на улицата Драги Крупишки во штипската населба Дузлак. Револтирани жителите од улицата, неправда повеќе неможат да ја трпат, пред камерите на М-Нет телевизија се жалат дека нивниот сосед континуирано пушта вода која ја преплавува улицата и предизвикува сериозни проблеми цела година. Според граѓаните, водата тече непрекинато, без разлика дали е лето или зима. Во ...
ПРИСТИГНУВА ПРВИОТ ТОПОЛ БРАН – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ДО 34 СТЕПЕНИ На прагот од летото, метеоролозите го најавија првиот топол бран за оваа година. Температурите ширум земјата оваа седмица значително ќе пораснат и ќе достигнат дури до 34 степени Целзиусови. Како што информираат за М-Нет телевизија, од утре започнува период на стабилно, претежно сончево и вжештено време. Особено топло ќе биде во југоисточниот дел од земјата, каде што дневните ...
Еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија, над 150 дивоградби во Чаир е без никаква институционална реакција. И наместо овој скандал да биде предмет на итна истрага, санкции и одговорност – власта ја штити урбаната мафија, изјави Љубица Јанчева координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје. „Се издавале фалсификат решенија, се правеле згради каде што требало да има улици, со еден збор ...
Започнаа градежните активности на терен за асфалтирање на крак кој ќе ја поврзе населбата Суитлак преку Струмина Чешма со село Љуботен. Во прва фаза со еден милион денари пари издвоени од Буџетот на Општина Штип, ќе се работи на асфалтирање на улицата на која се наоѓаат неколку викенд куќи. „Во прва фаза наредните неколку денови ќе се работи на еден крак, асфалтирање на еден крак кој води до Струмина чешма, викенд населбата Суитлак. ...
Јубилејно десети пат по ред се организираше Малинскиот фото фестивал, а втора година по ред во Штип. Во време кога визуелната култура игра клучна улога во комуникацијата, уметноста и културната размена, Малински фестивалот се позиционира како платформа што ги поврзува домашните фотографи со светот, и светот со Македонија. Дел од активностите се одржуваа во Штип, а друг дел во Куманово. „Името на фестивалот „Малински“ потекнува од првата фамилија ...
Заврши уписот на првачиња во основните училишта во Штип. Истиот траеше еден месец од 1 до 31 мај. Во петте основни училишта на територија на Општина Штип запишани се 326 ученика, но се очекува оваа бројка да порасне до крајот на август бидејќи дел од радителите тогаш си запишуваат своите деца во прво одделение. Најмногу првачиња до сега се запишани во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип. „Мајскиот уписен рок заврши, ова е всушност и единствениот рок, но и ...
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, веројатно ќе ја напушти Џирона во летниот преоден рок. Интерес за Миовски повторно покажува шкотскиот великан Селтик. Миовски, минатото лето од Абердин пристигна во Џирона за сума од 8.500.000 евра. Во Каталонија немаше добра сезона, постигна четири гола во 25 натпревари во сите натпреварувања, но речиси не играше во вториот дел од сезоната, поради повредите, но и поради одлука на тренерот. Миовски ...
Партијата чиј директор на ФЗОМ, Ден Дончев трупаше туциња пари во торба, во мизерен обид лаже и манипулира за работата на Фондот. Заврши времето кога директорот на ФЗОМ од СДС трупаше туцуња пари во торба, реагира ВМРО-ДПМНЕ на барањето на СДСМ за оставка на актуелниот директор на ФЗОМ. „Заврши времето кога министерот Филипче договараше провизии од вакцини. Заврши времето на жути@јаху набавките. Заврши времето на обидите за приватизација на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе се залага за „праведен прекин на огнот“ во Украина за време на неговата прва средба лице в лице со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон во четврток, изјави портпарол на германската влада. Мерц, кој официјално ја презеде функцијата минатиот месец по нестабилен почеток на неговиот мандат, вети дека непоколебливата поддршка за Украина ќе биде централен дел од неговата надворешна политика, во ...
Најдобрите пинг понгари доаѓаат во Скопје на светскиот турнир WTT Contender Skopje 2025. На 9 јуни во спортскиот центар „Јане Сандански“ започнува натпреварот од категоријата World Table Tennis и истиот ќе трае до 15 јуни. Натпреварите ќе се одвиваат во текот на целиот ден, а на „Контендерот“ се пријавени некои од најдобрите светски пинг понгари и легендите на спортот. Влезот е слободен, а ова е првпат Македонската федерација да биде домаќин на ...