Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на ...
Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово доби нов лик. Заврши реконструкцијата и опремувањето на сите објекти во рамки на ова државно училиште во кое се реализира образовен процес во повеќе струки – машинство; електротехника; угостителство и туризам; земјоделство, рибарство и ветеринарство; и сообраќај, транспорт и складирање. Инвестицијата е во вредност од речиси 5 милиони евра, кои се обезбедени од ...
Предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршувањето на јавниот повик и во согласност со законските процедури. Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието, велат од Народната банка, во реакција на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Од таму ги отфрлаат тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање. „Согласно ...
Владата вчера донесе одлука да се прогласи кризна состојба во траење од 30 дена и одлука да го намалиме данокот на додадена вредност од 18 на 10%, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата одлука на Владата за намалување на ДДВ за горивата и следењето на цените во регионот. „Во текот на вчерашната седница на Владата донесовме одлука, најпрвин да прогласиме кризна состојба во траење ...
Стреличарство, врзување јазли, подигање шатори и извиднички игри беа дел од активностите што вчера се реализираа во Дино паркот во Штип. Преку новата соработка помеѓу извидничкиот одред „Еквинокс“ и паркот, децата и младите добија можност за поинакво дружење и учење. Настанот привлече голем број посетители, меѓу кои деца и родители. Целта е преку вакви активности да се поттикне развојот на децата. Организаторите најавуваат дека соработката ќе ...
Угостителите во Кочани започнаа со отстранување на летните тераси. По договорот кој го склучија со општината пред два месеци имаа рок до денеска 23 Март на сопствен трошок да ги отастранат летните тераси и просторот да го вратат во правобитната состојба, односно истиот да биде целосно исчистен и прооден за пешаци. Согласно важечкиот законски пропис, угостителите по отстранувањето ќе може да побараат од надлежните да им одобрат користење на ...
Тридневна работилница во рамки на Европската Универзитетска алијанса се спроведува при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На настанот присуствуваат студенти и универзитетски професори од 9 европски унииберзитети, кои се дел од европската алијанса. Целта е унапредување на студенстаката и академската мобилност, ректорот на универзитетот вели дека студентите и професорите имаат можност да работат нови студентски програми во областа на ...
Бодликави и виетнамски прасиња, волк, коати, лемури и лебед се новите животни кои пред Велигден ќе пристигнат во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип. За нив веќе се подготвуваат нови живеалишта, како дел од проширувањето на капацитетите на паркот. Активностите ги реализира ЈП „Исар“, кое работи на изградба на нови кафези за овие шест видови животни. Градоначалникот Иван Јорданов, е дециден дека новитетите ќе бидат одлична можност за младите, за ...
Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска- Стојчевска. „Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка ...
Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината. Инспекциските служби, по претходно изготвен регистар од месните и урбаните заедници, денеска започнаа со лепење на известувања за задолжително отстранување на овие возила. Согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, сопствениците на ...
Градоначалникот на Град Скопје денеска присуствуваше на настанот организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина. Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта. Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за лицата со ...
Денес градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел, соопштија од општината. „Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении. Новата поликлиника ќе биде изградена на ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. „Предизборното ветување на градоначалникот се исполнува. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел“, објави градоначалникот. Тој изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој, како што вели, граѓаните ...
Вчера Општина Аеродром по трет пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух. Повеќе од две илјади граѓани истрчаа километри полни љубов и разбирање, а децата уште еднаш покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот-“Трка на херои во сите бои” и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите. Од третото издание на трката “Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои” која е во организација на ...
Под мотото „Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“, Драмски театар во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, организира хуманитарна акција за дарување крв, со цел да се поттикне свеста за значењето на крводарителството и да се помогне во спасување човечки животи. Со само еден чин на дарување, секој поединец може да придонесе за спасување нечиј живот, да даде надеж и да биде дел од еден синџир на добрина што ја ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР. Контролата беше реализирана во втората половина на 2025 година и опфати 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Од вкупниот број боледувања 258 траеле до 7 дена, 171 траеле до 15 дена, 83 биле со траење од 30 или повеќе дена. Најчесто користени дијагнози при ...
Новиот селекторот Гоце Седлоски ги собра репрезентативците – Македонија ги започнува подготовките за бараж за Светското првенство, а првата пречека ќе биде Данска во Копенхаген. Штипјанецот Бобан Николов кој е повратник во националниот тим вели дека притисокот е кај Данска. Себастијан Херера ги сподели првите импресии како едне од новајлиите во македонската репрезентација, вели дека му е чест што е во националниот тим на Македонија. ...
На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. „Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет ...
Скандалот со блокираниот избор на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа прашува зошто се кочи изборот на вицегувернери и дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката? „Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а ...
СДС да одговори дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него. Српските медиуми, освен Заев, го ...
Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња „Лајка“ ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување. „Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се ...
На четири кола до крајот екипата на Проект синоќа со победата од 2:6 над Кеги Моби во Велес и официјално стана нов шампион во Првата футсал лига на Македонија. По двете шампионски титули на Форца, сега тимот од Јосифово ја враќа шампионската титула во своите витрини и со тоа Проект ќе биде наш претставник во квалификациите за Лигата на шампионите. Проект низ овие 14 одиграни кола има толку победи со максимален ефект, а до крајот сака уште ...
Фаворитите во Втората македонска фудбалска лига беа перфектни и одиграа според планот освојувајќи ги трите бодови, а со тоа нема промени на врвот од табелата, односно конкурентите за Прва лига ги задржаа позициите кои ги имаат. Брегалница без проблеми славеше со 0:3 на гостувањето во Ресен каде ги собра трите бодови и се загрева за дербито против Охрид. Тренерот Влатко Костов, но и самите играчи велат дека теренот во Ресен бил лош за игра, но ...
Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски, обвини Бисера Костадиновска – Стојчевска, пратеничка од СДСМ. „Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на ...
40 унапредувања во Централниот регистар. Нула за Албанците. Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции, велат од партијата. „Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, ...
Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста, велат од Левица. Партијата бара итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари, минимална маржа од 0,5 денари по литар за дистрибутерите, ослободување од ДДВ и акциза во зависност од берзанската цена, активирање на стоковите резерви и, ако е потребно, директна ...
Во текот на изминатиот продолжен викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на ...
Второлигашот Брегланица од Штип продолжува да се бори за враќање во Првата македонска фудбалска лига, а клубот доби нов претседател. Оваа функција ќе ја извршува Ангел Бојаџиев. Инкау, Бојаџиев доаѓа во добро позната средина бидејќи оваа позиција ја извршуваше и во минатото, па менаџирањето на клубот од позиција на претседател во Брегалница за него е добро позната. Инаку, по 21 одиграно коло во Втората македонска фудбалска лига Брегалница се ...
Фудбалерките на Кочани претрпеа висок пораз на гостувањето во Тетово, каде во рамки на 19. коло со 16:0 беа поразени од шампионот Љуботен. Разликата во квалитет е голема, а тетовскиот тим откако му беа одземени девет бодови остана без шанса да ја брани титулата. Висок триумф однесе екипата на Каменица Саса која на домашен терен со убедливи 7:0 го декласираше „фенерџијата“ Топ Гол од Битола, а лото победа од 7:0 славеше и Тиверија Брера која ...
Општина Ѓорче Петров извести дека обезбедила просторни и технички услови за реализација на наставата на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кое функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“. Станува збор за една од првите вакви практики на локално ниво во Република Македонија, со која се унапредуваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост, велат ...