Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Од македонскиот КИЦ Белград информираа дека на синоќешниот концерт присуствувале бројни познати музички уметници од белградската оперска сцена, бројни дипломати меѓу кои и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, Невена Јовановиќ, како и бројни претставници од македонската заедница во Белград, кои заеднички споделиле „едно исклучително професионално и атрактивно музичко патување насловено како ‘Медитеранска ноќ’“. ...
Најпознатиот грчки музички инструмент – бузуки, а во конкретниот случај не едно, туку десет за прв пат доаѓаат во нашата земја, на 16 јули во Хераклеја, каде што со концерт ќе го отворат 20-тото јубилејно издание на Балканскиот етно – фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција 2026“. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, ...
Авторки на изложбата се Ивона Опетческа Татарчевска, експерт за заштита на нематеријалното културно наследство во УЗКН и национален координатор за нематеријално културно наследство во УНЕСКО, и Бојана Пољаковиќ Поповиќ, виш стручен соработник во Културниот центар Травно од Хрватска, кои истражувајќи низ дигиталниот репозиториј на Смотрата направија потесен избор преку кој го претставија широкиот спектар на македонски фолклорни групи кои ...
„Тело од оган“ го испитува прагот меѓу материјалната трансмутација и естетската појава. Уметникот зафаќа запечатена структура, изведувајќи го чинот на согорување како намерна уметничка методологија. Преку ова внатрешно согорување, уметничкото дело се материјализира на надворешни архитектонски површини преку перформанс и мултимедијална инсталација кои го менуваат просторното искуство на дворот на Сули ан. Перформансот ќе биде изведен со ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека приоритетите на НАТО остануваат непроменети. „Тоа се милитаризација на европскиот континент, зајакнување на одбранбените капацитети, подготовки за вооружен конфликт со Русија и, секако, помош за Украина“, рече таа. „Штета е што стратезите на НАТО не застанаа ни за момент и не размислија. Можеби т Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи ...
За разлика од видеото на Трамп, во кое се појавуваат познати личности што го критикувале, како актерот Роберт Де Ниро и комичарките Вупи Голдберг и Рози О’Донел, во верзијата на Нетанјаху како „пациенти“ се прикажани истакнати израелски новинари. Станува збор за новинари што беа мета на предизборните реклами на Ликуд уште во 2019 година. За разлика од видеото на Трамп, во кое се појавуваат познати личности што го критикувале, како актерот ...
„Трамп очигледно беше многу зафатен по сите контакти во Анкара, па никој не се јави вчера“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите, осврнувајќи се на разговорите што американскиот претседател ги имаше за време на неговата посета на турската престолнина, каде што учествуваше на 36 самит на НАТО, пренесува Анадолу. Песков продолжи велејќи дека, иако повикот не се одржал, Путин е секогаш подготвен да разговара со Трамп и дека ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди „максимални напори за пребарување и спасување“, повикувајќи на брза истрага за несреќата и строго утврдување на одговорноста. Пожарот избувнал во фабриката на компанијата „Хуитенг“ во градот Џинџијанг, соопшти градската противпожарна служба. Причината за пожарот засега не е позната. Во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот имало 237 работници и двајца посетители. Властите евакуирале или ...
Абас со указ го одреди датумот, повикувајќи ги Палестинците на Западниот Брег, во Источен Ерусалим и во Појасот Газа да гласаат. На последните избори, одржани на 25 јануари 2006 година, исламистичката организација Хамас освои мнозинство со 74 од вкупно 132 места во Палестинскиот законодавен совет. Една година подоцна Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа по насилните судири со движењето Фатах на Абас. Потоа парламентот во голема мера ...
Случајот со убиството во белградскиот ресторан „27“ во само две недели претрпе неколку големи промени. Првичната теза дека началникот на Полициската управа во Белград Веселин Милиќ помогнал во криењето на доказите беше отфрлена со тврдењето дека тој воопшто не бил на местото на настанот кога Саша Вуковиќ Боске го убил Александар Нешовиќ Баја. Сепак, за многу граѓани на Србија, клучното прашање останува исто: што правел началникот на ...
Лидерите се собраа на самитот во главниот град Анкара, надевајќи се дека ќе покажат единство по уште една тешка година, во која војната со Иран повторно ги разоткри пукнатините во Алијансата, која е темел на западната безбедност од крајот на Втората светска војна. На средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Трамп рече дека можеби целосно ќе го бојкотирал самитот на НАТО доколку не биле неговите блиски односи со турскиот лидер и не ...
„Ова е одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор. Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура изградена врз еднаквост, соодветна застапеност и Охридскиот рамковен договор. Државните делегации треба да ја одразуваат реалноста на државата, а не да ја избришат. Исклучувањето на Албанците од највисокото ...
„Од властите на Република Албанија бараме да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, на која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што ...
„Нема поважна обврска од тоа да се грижиме за младите, за нивното ментално здравје, нивната безбедност, нивниот мир и чувството дека не се сами. Живееме во време во кое младите често носат тивок товар. Притисоци, стравови, несигурности, предизвици во училиште, дома или во општеството. Понекогаш им е потребен само еден разговор, еден човек што ќе ги сослуша, едно место каде што ќе се почувствуваат разбрани. Токму затоа започнуваме нов проект ...
Тој посочи дека, покрај изградбата на коридорот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, предвидена е и набавка на 40 автобуси кои ќе сообраќаат на оваа траса. Според Ѓорѓиевски, до крајот на годината треба да започнат и теренските активности поврзани со реализацијата на проектот. Тој нагласи дека побрзо решение за актуелните проблеми во јавниот превоз е набавката на нови автобуси, процес кој, како што рече, треба да заврши до крајот на годината. ...
Отстранети се и 14.535 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 2385 кубни метри, е подигнато во општината Центар. ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се реализира во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење ...
Планот содржи решенија за подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор, особено во општинските административни објекти, основните училишта и детски градинки во надлежност на Општината и уличното осветлување. Со примена на овој стратешки документ треба да се намали вкупната годишна потрошувачка на енергија, која е поврзана со буџетските трошоци на Општината, на начин што ќе се поттикне користењето на обновливи извори на енергија ...
Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил напиша дека сторителите се лоцирани, веднаш евидентирани и добија налог во текот на денешниот ден да се јават во просториите на Град Скопје, каде ќе им биде изречена соодветна глоба согласно законските прописи. Дополнително, наложено им е да го подигнат отпадот и да го однесат на соодветна депонија, со задолжително приложување кантарска белешка како доказ. Доколку тоа не го сторат, ќе следуваат нови ...
Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, началникот на Одделението за криминалистички работи Давор Дракуловски, инспектори за малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители на малолетни деца. „Патролата имаше превентивен и советодавен карактер и се спроведуваше на повеќе локации во општината каде што во вечерните часови ...
Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со директорот на Железници Инфраструктура Синиша Ивановски извршија увид и тест возење. Со реализација на овој проект, според Николоски, многу се помага во заштита ...
Според информациите на ЦУК, активни пожари во моментов нема. Од регистрираните случаи, еден пожар е ставен под контрола, додека два се целосно изгаснати. Под контрола е пожарот во општина Кратово, во близина на селото Железница, каде што горела депонија. Изгаснати се пожарите во општина Босилово, кај селото Старо Балдовци, каде што била зафатена ниска вегетација, овоштарник и жито, како и пожарот во општина Радовиш, кај селото Калуѓерица, ...
Од страна на инвестициската групација, Меморандумот го потпиша претседателот на Бордот, Хамад Ал Шамси. Како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, целта на Меморандумот е да се воспостави соработка во подготовката на стратешки и инвестициски презентациски материјали, обезбедување советодавна поддршка, усогласување со најдобрите практики од Обединетите Арапски Емирати и меѓународните стандарди, како и поддршка во процесот на ...
Во рамките на кампањата, со наслов „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, социјализирани и подготвени за удомување. „Во наредниот период јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави, во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните ...
На средбата се разговарало за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и унапредување на заедничките механизми за справување со современите безбедносни предизвици, како и за продлабочувањето на партнерството со Интерпол и за унапредувањето на меѓународната полициска соработка, како еден од клучните предуслови за ефикасна борба против прекуграничниот и организираниот криминал и за поголема безбедност ...
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утре времето че биде сончево и топло со мала локална облачност и дневни температури од 28 до 36 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината со појава на пороен ...
Новото откритие повторно го насочува вниманието кон еден од најзначајните археолошки простори во источниот дел на Македонија, каде секој откриен слој сведочи за богатото историско наследство, културните обичаи и начинот на живот на древните жители, соопшти Министерството за култура. Во моментот НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип изведува археолошки истражувања на локацијата Џамалзлиски Гробишта на археолошкиот ...
Според ДЗР, една од најголемите разлики е забележана кај мерката за самовработување. Според ревизијата, 62,05 проценти од средствата за оваа мерка биле реализирани преку центрите за вработување во само пет градови, Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, додека останатите региони добиле значително помал удел. „При распределбата на средствата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Кај одделни активни мерки исплатите во ...
Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член 257 став (1) од новиот Закон за енергетиката на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува значаен чекор во модернизацијата на регулативата во оваа област. Со неа детално се уредуваат видовите и карактеристиките на течни горива што може да се пласираат на пазарот, начинот на утврдување на квалитетот, постапката за следење на ...
Заедно со градоначалникот изврши увид во реконструкција на улицата Маршал Тито, инвестиција од 81 милион денари поддршка од Владата. „Овој проект ќе му даде целосно нов лик на овој дел од градот, Ќе ја врати автентичноста, но исто така има и доста модерни елементи. Тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветление, кое навечер ќе му даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека ...
Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за подготовка на идните полициски службеници. „Континуираното образование и обука ќе имаат клучна улога во вашата иднина како полициски службеници. Криминалот станува сè покомплексен, а начинот на кој полицијата се обучува и учи ќе мора да се развива во согласност со новите закани. Технологијата ...