Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Брисел, 23 февруари 2026 (МИА) – Европска Унија денеска не успеа да го усвои новиот пакет санкции кон Русија ниту одобри поголем заем за Украина поради приговорите од Унгарија, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. - За жал не постигнавме договор за 20-иот пакет санкции. Тоа е чекор назад и порака што денеска не сакавме да ја испратиме, наведе Калас по состанокот на министрите за ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети. -Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, по што беше ...
Скопје, 23.февруари 2026 (МИА) – Екипата на Тиквеш со победа и три бодови се враќа од гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров откако во последниот дуел од 19.коло славеше гостинска победа со 1:0. Стрелец на победничкиот гол во 77.минута беше Луисињо. Гостите од Кавадарци постигнаа гол преку Сила и во 55.минута, но прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен. Тиквеш со новите три бодови со вкупно 24 се проби на седмото место на ...
Мексико Сити, 23 февруари 2026 (МИА) – Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Арфуш денеска изјави дека 25 припадници на Националната гарда загинале во сојузната држава Халиско во шест одмазднички напади откако армијата вчера го уби шефот на наркокартелот „Халиско нова генерација“ (ЦЈНГ), Немесио Рубен Осегер Сервантес – Ел Менчо. Во акцијата против Ел Менчо загинаа 30 членови на наркорателот, еден затворски чувар, еден агент ...
Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – САД ќе воведат царина од 15 отсто за увоз од ЕУ по неодамнешната одлука на американскиот Врховен суд за претходните царини од страна на претседателот Доналд Трамп, изјави денеска висок функционер на Белата куќа, пренесе ДПА. Основата за новата стапка е Указот за глобалните царини што американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша по одлуката на Врховниот суд, рече функционерот. „Сепак, ова е само ...
Брисел, 23 февруари 2026 (МИА) - Европскиот парламент денеска го одложи гласањето за спроведувањето на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД, изјави претседателот на парламентарниот комитет за меѓународна трговија Бернд Ланге. „Сакаме да добиеме јасна порака од САД дека тие го почитуваат договорот“, рече Ланге по консултациите со други пратеници на ЕУ, пренесе ДПА. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот ...
Париз, 23 февруари 2026 (МИА) - Француската крајно десничарска партија Национален собир и радикалната левичарска Непокорена Франција поднесоа одделни предлози за гласање недоверба на владата во знак на протест против неодамна усвоената Повеќегодишна енергетска програма (PPE) со декрет, објавија француските медиуми. Таа програма ги утврдува главните насоки за потрошувачката и производството на електрична енергија за секој енергетски сектор ...
Скопје, 23.февруари 2026 (МИА) – Селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Белгија од квалификациите за Европското првенство 2026. На списокот се наоѓаат 35 ракометарки, а 13 настапуваат во странство. Грчевски во текот на оваа недела ќе го објави и скратениот список. Неделата на ЕХФ стартува на 1.март. Првиот дуел македонските ракометарки го играат на гостински ...
Скопје, 23.февруари 2026 (МИА) – Ракометарите на лидерот во Супер лигата Вардар на стартот од плеј оф дуелите ќе стартува со две гостувања. Првото ќе биде овој викенд во Автокоманда, каде „црвено-црните гостуваа во саботата и победија со 28:25. Во следното коло (второ – плеј оф) Вардар гостува во Битола, кај првакот Еурофарм Пелистер, а термин за одигрување на дуелите од таа рунда е 14 или 15.март. Инаку, во првото коло (28.февруари – 1.март) ...
Хаг, 23 февруари 2026 (МИА) – Обвинителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска побараа потврдување на обвинението против поранешниот претседател на Филипини, Родриго Дутерте, за да може да почне неговото судење. - Така наречената војна против дрогата на Дутерте резултираше со убиства на илјадници цивли, а многу од жртвите беа деца - изјави обвинителот Маме Нианг на рочиштето за потврдување на обвинението. Според правилата на МКС, ...
Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повторно го нападна Врховниот суд, кој минатата недела пресуди против неговата програма за царини. Тој најави дека ќе преземе други ингеренции за царините и за „дозволите“, но не наведе детали. Трамп во објава на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ наведе дека Врховниот суд „случајно“ му даде повеќе ингеренции од претходно, а минато неделната одлука ја оцени ...
Киев, 23 февруари 2026 (МИА) - Украинските вооружени сили ослободија 400 квадратни километри територија и осум села во Олександровското боиште, на југот од земјата, соопшти Олександр Сирски, командантот на украинските Вооружени сили. На социјалните мрежи Сирски објави дека од крајот на јануари тие имаат постигнато напредок во борбите на фронтот, пишува Украинска правда. „Од крајот на јануари оваа година, на рутата Олександр, групата ...
Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – Војната во Украина предизвика директна штета во вредност од 200 милијарди долари, а реконструкцијата ќе чини милијарди повеќе, се наведува во најновиот извештај на Светска банка, Европска комисија, украинската влада и Обединети нации. Според нивните процени од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година до крајот на декември минатата година, вкупната штета изнесува 195,1 милијарди долари, а за ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска во просториите на Општината оствари средба со извршниот директор на Шведско-македонската стопанска комора, Самуил Наумовски Викиус. Како што се наведува во соопштението на Општината, оваа стопанска комора, која официјално започна со функционирање во октомври минатата година наскоро ќе ја отвори својата канцеларија во населбата Црниче, токму на ...
Кочани, 23 февруари 2026 (МИА) - Делегација од Амбасадата на Швајцарија, предводена од амбасадорот Кристоф Зомер денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата, како што соопштија од локалната самоуправа, беа разменети мислења за справувањето со последиците од трагедијата во „Пулс“, при што акцент беше ставен на преземените активности и научените лекции од изминатиот период. Во ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - На седница на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во петокот биле усвоени заклучоци за предложениоет нов закон за високото образование откако до крајниот рок, 16 февруари, биле добиени забелешките од сите единици во составот на УКИМ. Скопскиот универзитет денеска е домаќин на јавната дебата за пакетот три закони за високото образование, квалитет во високото образование и ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) – Дебатите ги одржуваме со цел да дојдеме до едно заедничко, по можност најдобро решение, затоа што Министерството за образование и наука не е спротивставена страна туку, напротив, во соработка со универзитетите МОН го почна и на ист начин и ќе го заврши законот, изјави министерката Весна Јаневска пред почетокот на јавната дебата за предлозите за нов закон за високо образование и за закон за квалитет на високото ...
Росоман, 23 февруари 2026 (МИА) - Општина Росоман организира бесплатен превоз за земјоделците на саем во Солун во март. Станува збор за еден од најголемите вакви саеми во регионот. Како што информира денеска градоначалникот Ѓорѓи Крстевски во изјава за МИА, станува збор за познат саем за земјоделство и сточарство, на кој може да се видат напредни технологии, вештачка интелигенција во сточарството, разни видови алатки и опрема. - Росоман е ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска се сретна со министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа. Како што информира ЦУК, на средбата се дискутираше за унапредување на заштитата на животната средина, справување со предизвиците од климатските промени и јакнење на системот за управување со кризи. - На средбата беше нагласена потребата од засилена ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Тековните реформски процеси во јавната администрација и нивното понатамошно усогласување со европските стандарди и принципи на добро управување биле теми на денешната средба на министерот за јавна администрација Горан Минчев и евроамбасадорот Михалис Рокас. Министерството за јавна админитрација соопшти дека во рамки на разговорите биле разгледани повеќе системски закони од клучно значење за функционирањето на ...
Скопје, 23.февруари 2026 (МИА) – Шпанскиот кошаркарски стручњак Жозеп Мариа Берокал, од денеска и официјално е селектор на машката македонска кошаркарска репрезентација. Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите: - Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во ...
Варшава, 23 февруари 2026 (МИА) - Полската разузнавачка агенција уапси осомничен агент обвинет за вршење шпионажа, соопштија денеска властите, пренесе ДПА. Белоруски државјанин во раните 40-ти години бил уапсен на почетокот на февруари, соопшти Агенцијата за внатрешна безбедност - АБВ (ABW). Истражителите тврдат дека од јуни 2024 година собирал разузнавачки информации за белоруските разузнавачки служби за воени објекти и критична ...
Куманово, 23 февруари 2026 (МИА) - Вкупната количина на вода во браната Глажња во липковско изнесува 22.800.325 метри кубни вода, а во браната Липково 950.322, соопштија денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ од каде потенцираат дека има празен акумулациски простор од 1.258.877 метри кубни вода. Викендов, екипите на претпријатието, извршија контролирано испуштање на водата од Глажња кон Липково, со што оставија ...
Струмица, 23 февруари 2026 (МИА) - На чист понеделник, кој се одбележува во рамките на карневалските празнувања во Струмица, со делење и јадење бел грав, кој се подготви на градскиот плоштад, беше означен почетокот на велигденскиот пост. Пред делењето гравот беше благословен од свештеници од Струмичката епархија, а градоначалникот Петар Јанков со соработниците прв го вкуси белиот грав. Одбележувањето на чистиот понеделник беше збогатено со ...
Куманово, 23 февруари 2026 (МИА) - Успешно е реализиран проектот за изградба на атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово, соопшти денеска Владата. Со изградбата на новата канализациска мрежа обезбедено е ефикасно одведување на атмосферските води, со што значително се намалува ризикот од поплавувања и оштетувања на коловозот и околните објекти. - Инвестицијата од 21.424.089 денари придонесе за подобрување на комуналната ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Жена (32) од Тетово пријавила дека била измамена од сограѓанин за сума од 3.000 евра. Во 2024 година таа се договорила со него да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија. Парите му ги исплатила во неколку наврати, но услугата не била извршена. Како што информира МВР, случајот е пријавен вчера во 20:00 часот, во СВР Тетово. Жената и кажала на полицијата дека кога стапила во контакт со лицето-посредник ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Она што најмногу се коментира за предлог-законот за високо образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме затоа што, по укинувањето со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува ...