Берлин, 27 април 2026 (МИА) - Соединетите Американски Држави се „понижени“ од Иран, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска, предупредувајќи дека конфликтот веројатно нема да заврши наскоро. „Иранците се очигледно посилни од очекуваното, а Американците очигледно немаат навистина убедлива стратегија во преговорите“, рече Мерц за време на посетата на училиште во Марсберг, град во неговиот роден регион Зауерланд. „Проблемот со ваквите ...

27 април 2026 Пратениците од Европскиот фронт известуваат за почетокот на иницијативата за обезбедување на потребните пратенички потписи за иницирање на уставни измени, како неопходен и одговорен институционален чекор за унапредување на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Европскиот фронт, што МИА го пренесува интегрално. Оваа иницијатива се заснова на уставната можност предвидена ...

Скопјр, 27 април 2026 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во периодот од 19 до 26 април 2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети вкупно 95 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар. Како што соопштуваат од претпријатието, возилата биле санкционирани поради тоа што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) – Со активности за деца, храна, игри и еколошки содржини, денеска во Градскиот парк во Скопје, во организација на Амбасадата на Кралството Холандија и Здружението „Go Green“ беше одбележан Денот на кралот на Кралството Холандија, по повод неговиот 59-ти роденден. Амбасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Озлем Џанел, истакна дека настанот е организиран со цел празникот да се одбележи заеднички со граѓаните ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на нова канализациона линија на улица 8 во населеното место Илинден со цел подобрување на комуналните услови за жителите. -Новата канализациона мрежа ќе опфати вкупна должина од 130 метри и ќе се поврзе со веќе постојната фекална канализациона линија, која се влива во Фекалниот колектор Илинден – Марино, а со нејзиното пуштање во ...

Дебар, 27 април 2026 (МИА) - Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земјава, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави за МИА, Ирсaл Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница. -Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - По трагичниот настан на територија на Општина Кисела Вода, во кој едно лице го загуби животот, а три лица се повредени, градоначалничката Бети Стаменкоска - Трајкоска изрази длабоко жалење и упати искрено сочувство до семејството на починатиот, и им посака побрзо закрепнување на повредените, информираат од Општината. Таа потенцира дека дека Општината иницирала вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелен, в среда (29 април) ќе престојува во официјална посета на државата поради што во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај - соопшти МВР. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на град Скопје. Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - На армискиот полигон Криволак се одржува Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“, на кој ќе присуствуваат претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и претставник од Командата на здружените сили на НАТО во Неапол. Скопје, 27 април ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Министерството за образование и наука засилено ги спроведува реформите во образованието. Во согласност со реформската агенда, до декември 2026 година имаме обврска да стигнеме до бројка од 700 компании вклучени во дуалното образование. Веќе сега таа бројка е надмината и над 800 компании се вклучени во стекнување практично знаење на учениците директно кај работодавач. И оваа бројка дополнително ќе расте затоа што ...

27 април 2026 ВМРО-ОКГ одбива да го усвои предлог законот со кој се забранува двојно државјанство за пратеници, членови на Влада и претставници на извршната власт, истакна на денешната прес - конференција членот на Извршен одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, што МИА ја пренесува интегрално. Зошто? Затоа што половина од нив веќе има бугарски пасоши. Министри, градоначалници, пратеници, директори на јавни претпријатија од ВМРО-ОКГ, сите тие се ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош за вкупно 525 пензионери од општината. Од локалната самоуправа информираат дека исплатата ќе се реализира по редоследот на поднесените барања и се очекува да заврши до крајот на оваа недела. Комисијата задолжена за процесот продолжува со работа со цел навремена и ефикасна реализација. ...

Денвер, 27 април 2026 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 50.000 долари за учество во тепачката на крајот од четвртиот натпревар од плејоф серијата во првото коло на НБА против Минесота тимбервулвс. Натпреварот заврши со победа на Минесота со 112:96. Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот, кога Џејден МекДениелс постигна кош со неговиот тим поведе со 14 поени разлика. По инцидентот, на Јокиќ и Џулиус Рендл им ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Македонската женска репрезентација се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје. Македонките денес во полуфиналето ја победија Турција со 30:22 (12:12 полувреме) и обезбедија најмалку сребрен медал. Во финалето македонските репрезентативките ќе се соочат со врсничките од Хрватска. Хрватките во денешното прво полуфинале ја победија Романија со 25:20. И македонската ...

27 април 2026 Венко Флипче секој ден повторува како неговиот став и на неговата СДС е членство во ЕУ, за ова зборуваше и викендов во рамки на дебатата во Собранието, но тој како да не сфаќа или не сака да сфати дека слугувајќи му на Зоран Заев не може во ЕУ, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, што МИА ја пренесува интегрално. Брисел не бара и не сака само реторика дека некој ја сака Европската унија, туку ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании добија 500 000 евра грант од германската и швајцарската амбасада, за поврзување на образованието со стопанството. Грантот е за реализација на проектот „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“. Со средствата е предвидено да се изгради и опреми современ центар за обука за преработка на млеко и месо, како и да се изработат ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Одржливото управување со ресурсите не е избор, туку императив во време на глобални енергетски и климатски предизвици - порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на UNECE Resource Management Week 2026 пред високи претставници, експерти и креатори на политики од целиот свет. - Се наоѓаме во период на длабока и неповратна трансформација на енергетскиот и ...

Дортмунд, 27 април 2026 (МИА) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матис Алберт, стана најмладиот Американец што играл во Бундеслигата. Тој вчера го имаше своето деби за главниот состав на тимот на возраст од 16 години, 11 месеци и 5 дена. Алберт, по потекло од Гринвил, Јужна Каролина, влезе на теренот во 88. минута од натпреварот од Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Фрајбург (4:0) во 31. коло. Американецот го сруши рекордот поставен од ...

Москва, 27 април 2026 (МИА) - Работник во нуклеарната централа „Запорожје“ загина во напад на украински дрон, соопшти денеска централата. „Како резултат на напад од дрон на вооружените сили на Украина на територијата на транспортната работилница, возачот е убиен“, се вели во објавата на платформата „Макс“, пренесуваат руски медиуми. Управата на централата вети дека ќе обезбеди помош и поддршка на неговото семејство. „Ова е ужасна и ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - 27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија.Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално. Во Собранието ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација. -Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со повикот се ...

Скопје, 27 април, 2026, (МИА) - Рочиштата на два кривични предмети за кои се известува во јавноста минатата недела беа одложени од истата причина - обвинетите ги менуваат своите адвокати. Овие два сигурно не се единствените во кои одбраната искористила ваква алатка, а постапката, барем за јавноста или оштетените, неразумно се одложила. Една од најголемите маки на македонското судство е токму бавната правда и судењата во неразумни рокови. Дали ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата - истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија. Како што соопштуваат од Народна банка, во обраќањето било истакнато дека со последните измени на ...

Цирих, 27 април 2026 (МИА) - Наградниот фонд за Светското првенство во 2026 година ќе биде зголемен откако некои национални асоцијации изразија загриженост за високите оперативни трошоци за финалниот турнир. Неколку европски репрезентации изразија загриженост дека учеството на турнирот во Северна Америка може да резултира со загуби, бидејќи се очекува трошоците да бидат значително повисоки отколку во Катар пред четири години. По ова, ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Објавена е книгата „Македонистички вознеси“ од Кристина Николовска, во издание на „Панили“. Станува збор за ново книжевно-научно и есеистичко остварување во кое авторката ја продолжува својата долгогодишна посветеност на македонистиката, современата македонска книжевност, македонскиот јазик, културата и творечката меморија. Книгата содржи студии, херменевтички толкувања, интерпретации, есеи и беседи за ...

Скопје, 26 април 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се четири лица, а поднесени биле вкупно шест пријави за семејно насилство. Како што информираат од МВР, утринава во 04:50 часот во СВР Куманово 49- годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Синоќа во 23:30 часот, 70-годишна жена од ...

Кочани, 27 април 2026 (МИА) - Во Кочани вечерва ќе биде прикажана премиерата на детската театарска претстава „Пипи долгиот чорап“ во сопствена продукција на НУ Центар за култура „Бели мугри“. Претставата ја раскажува приказната за најхраброто девојче кое живее по свои правила, а е работена во режија на Сања Гацовска. Во претставата настапуваат членовите на драмското студио при ЦК „Бели мугри“, меѓу кои се Илина Дојчинов, Викторија Наунов, ...

Битола, 27 април 2026 (МИА) - Интернационалниот фестивал на монодрама, вечер во Битола ќе биде домаќин на италијанската актерка Каролин Пагани која ќе се натпреварува со монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“. Монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“ е иронично, интензивно и визонерско шоу, но и наизменично остра комедија и поезија. Претставата е театарски крик против насилството од минатото и сегашноста, кој го враќа гласот и телото на ...

Загреб, 27 април 2026 (МИА) - Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот. Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми. Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и ...

Куманово, 27 април 2026 (МИА) - СВР Куманово и општинскиот совет за превенција на детско престапништво од Општината, одржаа едукативен настан со матуранти од кумановските средни училишта, гимназијата „Гоце Делчев“, средните стручни училишта „Перо Наков“, „Наце Буѓони“ и „Киро Бурназ“, на тема: „Матурска вечер без возило и алкохол“. Целта на оваа трибина е прославата на матурската вечер да се одвива безбедно, без нарушување на јавниот ред и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.99
50%
1021
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
69%
1022
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.5
70%
1021
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.19
52%
1022
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.02
75%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.45
84%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.36
61%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.56
52%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.4
49%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.47
72%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
84%
1019
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
6.41
91%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Платина

53756.05

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.48

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Злато

131337.93

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Паладиум

39545.42

Иридиум

253540.09