Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА од Атина. Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија „Антена“ утрово посочи дека не треба да „залажува“ ...

На 12.02.2025 во 14.00 часот, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Џ.(23) од с.Желино, тетовско и А.А.(47) од Тетово. При претреси во нивните домови и помошни простории во с.Желино, Тетово и во с.Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за ...

Министерството за внатрешни работи се вклучи во едукативниот проект на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ кој што, согласно веќе подготвената динамика ќе се реализира до крајот на учебната година за учениците од прво до четврто одделение во низа основни училишта на територијата на државата. Се планира во наредниве месеци, почнувајќи од завчера, полициските службеници во ...

Македонија мора да функционира како правна држава, неопходни се коренити реформи во правосудството, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Функционирањето на Коцевски повеќе од 8 месеци е поразително. Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери од СДС и ДУИ. Љупчо Коцевски 8 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него. ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка е единствена точка на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, ...

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје утрото студено, во текот на ...

Според истражувањето спроведено на 68.000 луѓе – дури 59 проценти од нив признале дека не го наместиле креветот, додека 27 проценти имаат навика. Останатите 12 проценти рекле дека другите треба да го сторат тоа за нив, според истражувањето објавено на Психологија денес. Да се намести креветот не одзема многу време, но некои луѓе сè уште не го прават кога ќе се разбудат. Некои сметаат дека тоа е бесмислена работа и губење време затоа што и онака ...

Сите знаеме дека нашите податоци се собираат секој ден, особено од технолошките гиганти како Гугл. Но, дали некогаш сте се запрашале колку информации навистина имаат за вас? Сите знаеме дека нашите податоци се собираат секој ден, особено од технолошките гиганти како Гугл. Но, дали некогаш сте се запрашале колку информации навистина имаат за вас? Видеото на Тикток покажува како точно можете да ги дознаете сите информации што Гугл ги има за вас. ...

Дали гледате здравица со четврта рака? Ние сè додека не го видовме резултатот од оваа загатка … Сликата што деновиве е „френетично“ споделена на социјалните мрежи и која стана вирална за рекордно време, не е „вистинска“ оптичка илузија, бидејќи тие обично се популарни на Интернет. Повеќе би ја нарекле оптичка загатка, бидејќи безброј луѓе „треснаа со глава“ за да ја решат … Фотографијата на компанија како наздравува со минијатурни шишиња алкохол ...

Овен Ако постои знак кој е секогаш подготвен за борба, тоа е Овенот. Неговата енергија и храброст доаѓаат до израз во секој момент – без разлика дали се работи за борба за последното парче пица или за одбрана на пријател во неволја. Овенот не сака неправда и нема проблем да влезе во конфликт за да ги разјасни работите. Ќе кажат сè до лице, без двоумење, иако понекогаш звучи малку напорно. Но, Овенот не го прави тоа од злоба – тие едноставно ...

Близнаци Близнаците се многу дружељубиви. Нивниот живот е возбудлив и постојано исполнет со многу забава и пријатели. Ако чуете некој како ги раскажува лудите приказни што му се случиле за време на викендот на група луѓе, знајте дека се работи за овој хороскопски знак. Близнаците многу често знаат да стекнат нови пријатели додека чекаат на ред за во тоалет во преполниот ноќен клуб. Иако припадниците на овој знак секогаш се наоѓаат во центарот на ...

Советот за човекови права при ОН ги нарече „загрижувачки“ фотографиите на исцрпените израелски заложници и палестински затвореници ослободени во рамките на договорот за прекин на огнот во Газа, оценувајќи дека тие сведочат за тешките услови во кои биле држени. Изморените и бледи лица на ослободените лица привлекоа внимание по нивното ослободување изминатиот викенд, а американскиот претседател Доналд Трамп ги спореди заложниците држени од ...

Американскиот судија Џозеф Н. Лапланте е трет федерален судија, кој ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за укинување на државјанство кое по автоматизам се добива по раѓање на деца од лицата кои илегално се во САД. Лапланте наведе дека не е убеден во одбраната на извршната наредба на администрацијата на Трамп и оти подоцна ќе ја објасни својата одлука. Извршната наредба на Трамп за укинување на државјанството по право на ...

Научници од Кина и САД открија дека климатските промени предизвикани од човекот го намалуваат интензитетот на екстремните студови, објави Синхуа. Истражувањето, објавено во списанието Climate and Atmospheric Science, е спроведено од Институтот за атмосферска физика при Кинеската академија на науките, Кинеската академија за метеоролошки науки и Универзитетот во Олбани при Државниот универзитет на Њујорк. Студијата се фокусирала на силниот студен ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на Самитот за иднината на вештачката интелигенција во Париз најави нова иницијатива на ЕУ наречена „ИнвестАИ“, чија цел е мобилизирање на 200 милијарди евра за инвестиции во развојот на вештачката интелигенција, како и нов европски фонд вреден 20 милијарди евра за поддршка на овој индустриски сектор. Според неа, создавањето голема инфраструктура за вештачка интелигенција е ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ) на крајот на оваа недела, соопштија денеска организаторите. Тие изразија надеж дека форумот ќе биде искористен како „отскочна даска за напредок кон мирот во Украина“. На дипломатскиот настан кој ќе се одржи од петок до недела ќе учествуваат и претставници на владата на американскиот претседател Доналд Трамп. -Претпоставуваме дека дискусиите ќе ...

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираа од Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на настанот „Глобален женски појадок 2025“, што се одржа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Поврзување за одржлива иднина“. „Глобалниот женски појадок 2025“ го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, во рамките на иницијативата на IUPAC (Меѓународна унија за чиста и применета хемија). Се одржа по повод 11 февруари – ...

Денеска (12.02.2025) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага. Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат ...

Во текот на минатата година Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје во делот на превентивното работење во областа на безбедноста на сообраќајот реализираше, најчесто во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, но и со други локални или невладини институции, над деведесетина едукативно-превентивни активности (кампањи, трибини, работилници), вклучително и дваесетина сообраќајни поуки ...

Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. На претходното рочиште пред два дена сега осудениот Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева. Како што кажа тогаш, мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство. Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор за сторителот, бидејќи, како што ...

Во рамки на нашите засилени оперативни мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во изминатата недела реализирани се значајни заплени, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Овие резултати се потврда за нашата цврста и доследна заложба во пресекувањето на криминалните канали и ставањето крај на активностите што ја загрозуваат безбедноста и ...

ЈО Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава. МВР и другите институции покренаа десетици постапки, а реализацијата од ЈО е рамна на нула, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Иако имаше шанса од неколку месеци, да покаже дека може да работи по закон, тој продолжи да биде послушник на СДС. Граѓаните со право се разочарани од обвинителството и судството. Љупчо ...

Во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег. Како што најавуваат од УХМР, потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер. ...

Овен Денеска ве придружува енергија која носи нови можности. Можни се непланирани разговори со личност која може професионално да ви помогне. Бидете отворени за соработка. Бик Фокусирајте се на решавање на заостанатите долгови. Денес не е време за донесување големи одлуки, туку за анализа на ситуацијата. Одвојте миг да се одморите. Грижете се за важните работи за парите. Близнаци Комуникацијата е вашата најсилна карта денес. Лесно ќе се ...

Наутро студено, преку ден умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени. Во Скопје, утрото ќе биде студено, во текот на денот променливо ...

По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе одлука да ги ограничи маржите во трговијата на мало до 10 проценти и исто толку и во трговијата на големо. Извештајот на Државниот пазарен инспекторат покажа дека кај трговците на мало утврдено е дека имало над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи и над 30 проценти маржа кај средствата за ...

Кафуле во Париз, покрај вообичаеното кафе и кроасан, ќе Ви понуди и можност да си испратите писмо и разгледница до себеси во иднина. И, сѐ тоа – за доста пристапни цени. Пишувањето писмо до своето идно, поискусно јас, се вели, може да се искористи како алатка за самопреиспитување и личен раст. А, откако ќе го напишете писмото, може да го добиете и само за една, но и за пет или 20 години. Така, „гостите имаат прилика да си ги отворат своите срца ...

Симболот на Валентајн е римскиот бог Купидон прикажан со лак и стрела. Се смета дека тој кој ќе биде погоден од стрелата веднаш ќе се вљуби. Тој полупразник го добил името по ранохристијанскиот светец Валентин кој живеел во 3 век во новата ера. Меѓутоа, најпопуларната приказна е таа во која Свети Валентајн се наведува како свештеник кој тајно ги венчавал римските војници и нивните избрани невести. Во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба ...

Во биографијата што ја објави во 2012 година, Мајкл Даглас ја призна својата зависност од секс. Поради оваа зависност, тој исто така помина извесно време во клиника за рехабилитација, а овој проблем беше една од причините за неговиот прв развод. Во едно интервју, тој рече дека неговиот татко Кирк Даглас е горд на фактот дека неговиот син е зависник од секс. Сепак, тој не е единствениот. Многу холивудски starsвезди имале слични ситуации, додека ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
28%
1009
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
93%
1010
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
82%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1007
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.81
72%
1006
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
85%
1014
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
35%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
42%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
43%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
5.81
65%
1008
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
54%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
47%
1009
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58