Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Русија смета дека САД се длабоко вклучени во украинските напади врз руска територија и дека американската поддршка вклучува и разузнавачки информации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „До Стејт департментот упативме низа прашања, вклучително и за разузнавачките информации и фактот дека САД се многу вклучени во подготовката и изведувањето на напади врз цивилни цели длабоко на руската територија. Го очекуваме ...
Во Скопје денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лица со попреченост над 14 години, со цел да обезбеди сигурна, инклузивна и поддржувачка средина за корисниците и нивните семејства. Центарот, кој е отворен во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), беше посетен и отворен во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски . Во Центарот ...
Речиси 200 лица, меѓу кои и деца, биле спасени од морето во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот, додека големиот пожар беснеел на подрачјето на Омиш и Макарска. Според хрватското Министерство за море, сообраќај и инфраструктура, голем број луѓе, во страв од огнот, се засолниле во морето и на пловила. Акцијата за спасување започнала во 23:40 часот. Во спасувањето учествувале сите расположливи пловила на Капетанијата на пристаништата ...
Вкупно 40 лица повредени во големиот пожар што го зафати Омиш и околината биле згрижени во КБЦ Сплит во текот на ноќта и денеска, соопштија лекарите на прес-конференција. Од нив, 14 се хоспитализирани, а меѓу повредените има лица со тешки изгореници и повреди настанати поради вдишување чад. Седум пациенти се на респиратор, од кои шест возрасни и едно 17-годишно лице, според првично изнесените информации на прес-конференцијата. Кај најтешко ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, реагира на кривичната пријава што СДСМ денеска ја поднесе против него и против полициски службеници од СВР Струмица, поврзана со објавувањето податоци за лицата вклучени во инцидентот во Ново Село. Манасиевски вели дека во реакцијата на СДСМ има една многу важна работа, а тоа е што партијата не ги демантира информациите што тој ги објавил. „СДС не ги негира информациите што ги објавив. Што ...
„Skopje is calling!“ – со елеганцијата на балетот, ритамот на македонската традиција и препознатливите пејзажи на главниот град, објавено е промотивното видео за IDO European Championship 2026 во класичен балет, џез, модерен и современ танц. Од 21 до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа. Повеќе од 3.000 врвни танчери од 26 европски земји ќе настапат во Спортскиот центар „Борис ...
Полските власти спречиле руски план за убиство на американски државјанин од украинско потекло во Варшава, изјави полскиот премиер, Доналд Туск. Според него, ова е прв познат случај во кој Русија се обидела да изврши напад врз американски државјанин на територијата на друга членка на НАТО. Осомничениот, за кого се наведува дека бил регрутиран од руските тајни служби, е уапсен на 7 август и ќе остане во притвор три месеци. Туск рече дека ...
Американскиот Стејт департмент го задржа второто ниво на безбедносно предупредување за патување во Германија, со совет до американските граѓани да бидат „особено внимателни“. Главната причина за предупредувањето е зголемената опасност од тероризам. Во препораката се наведува дека терористички групи и поединци претставуваат постојана закана во Германија и Европа, а нападите може да се случат без најава или со многу кратко предупредување. ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август 2026 година, околу 15:30 часот, избувнаа прво во селото Маково, потоа нови пожари се појавија и во селата: Граешница, Кукуречани, м.в Ергела, Гнеотино, а најтешка беше борбата со огнот во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Интервенцијата на противпожарните екипи траеше до 14 август, до ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации. Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство на партијата си поиграа дури и со здравјето на ...
Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу покажала целосна неспособност во справувањето со состојбата. На прес-конференција, Маја Борозан обвини дека околу 5.000 граѓани завршиле во болница со здравствени проблеми, а има и нови случаи и реинфекции. „Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар сè уште, пет ...
Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија. Градоначалникот Дарко Костовски и директорот на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, Иван Митровски, извршија увид во заедничките активности на општината и претпријатието за чистење и одржување на канализационата мрежа. Од Општина Бутел информираат дека редовното и темелно чистење ќе продолжи во наредните ...
Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки, со што се олеснува заедничкото нарачување од ресторани без едно лице да мора однапред да плати за сè. Функцијата е достапна и на македонскиот пазар, во сите градови каде што е присутна мрежата на Wolt. ...
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Тој додаде дека значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос ...
Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години не се чувствувал подобро по Гренд слем. Ѓоковиќ се врати во Синсинати за прв пат од 2023 година, кога одигра едно од најспектакуларните финалиња во својата кариера токму на овој турнир кога го победи Карлос Алкарас. Српскиот тенисер потоа загуби сет и брејк, ја спаси меч-топката во тај-брејкот од вториот сет и ...
СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ВМРО-ОКГ ...
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот, велат од Влен. „Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, ...
Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се одржува во Париз. Италијанката стигна до златото со резултат од 26,56 секунди, што е воедно и нов светски рекорд. Французинката Мари-Амбре Молу го освои сребрениот медал (27,06 секунди), а бронзата ѝ припадна на Британката Лорен Кокс (27,15 секунди). Унгарскиот пливач Кристоф Милак го освои златниот медал во ...
Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна сопатничка на мотоцикл. Вчера во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл ...
Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје. Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од ...
Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка на НАТО и Европската Унија ги објавија информациите на платформата X. Кратко по инцидентот, воздушната закана што беше на сила во регионите што граничат со Русија беше укината, објави „Ројтерс“. Речиси истовремено, Финска, која исто така граничи со Русија, привремено го ограничи воздушниот и морскиот ...
Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и зафати некои туристички и угостителски објекти, изјави командирот на противпожарната служба, Славко Туцаковиќ, објави ХРТ. Борбата со пожарот траеше во текот на целата ноќ, како и евакуацијата на населението и туристите. Полицијата, Цивилната заштита и Црвениот крст учествуваа во грижата за луѓето, а дел од евакуираните ...
Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера, на новинарско прашање, лидерот на талогот во СДС, Венко Филипче, призна дека е на одмор на јахтата кај Зоран Заев во Грција, но кажа дека патем се однесувал одговорно и успат кон Грција бил и во Ново Село, каде се сликаше со насилниците и наркодилерите преку кои хушкаше инцидент на народен собир. ...
Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање. Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир ...
Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен, велат од Левица. „На 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со потпис на потпис на Берун Мустафа, излегува стручно мислење дека водата „одговара на законските и стручните прописи“. Во тој момент, и според подоцнежната обвинителска истрага, спорните пумпи веќе биле поставени и загадена вода веќе ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се соочи со сопствената политичка испразнетост, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС на чело со Филипче кога нема што да понуди создава хаос и сее паника помеѓу граѓаните. Најновиот обид на СДС да се претстави водата во Скопје како небезбедна за пиење е крајно неодговорен политички потег кој ја преминува секоја граница на политички ...
Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио Ана Стејскал, директорка на Црвениот крст на Омиш, пренесе Индекс.хр. Според неа, до полноќ биле регистрирани повеќе од 2.000 лица, но некои од нив оттогаш го напуштиле подрачјето или, доколку се локални жители, заминале кај членови на семејството. Стејскал вели дека службите се подготвени доколку има потреба од ...
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град, информира УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната ...
Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се борат за живот. „Поради повредите здобиени во синоќешниот пожар, во Сплитската клиничка болница вкупно 36 лица добија медицинска помош. По лекарската помош, 14 пациенти беа хоспитализирани, додека останатите беа пуштени на домашно лекување“, соопшти болницата, објави Индекс.хр. Седум пациенти се на интензивна нега и се во ...